Бог не го создал злото, и Бог не казнува. Бог само ја тргнува заштитата и допушта нешто да се случи за да се испита нашата верност, за самите нас, за Божјата праведност (дали ќе не спаси или не) и нема пекол, има крајно уништување за оние што живеат секојдневно со грев. Последиците од гревот се толку очигледни и повторно водат во смрт, во самоуништување, тоа нема да трае вечно, еден ден Бог ќе го прекине и се ново ќе создаде. Пред тоа ќе се види за секој еден зошто е спасен и за секој еден зошто е изгубен. Може е полесно вака. Секој човек има направено грев,макар и најмал, нема безгрешен. Бог е љубов и Бог е безгрешен. Ги сака сите луѓе, го мрази гвевот во нив. Во Божје присуство гревот гори. Оној што нема да се покае за своите гревови, да го прифати Христос како спасител и ги "испере" своите гревови преку него ќе биде уништен од гревот што го има во себе од Божјата слава кога Бог ќе дојде. А тој ден не е далеку. Знаците во сите полиња на животот се појасно го најавуваат. Кој има ум нека разбере.
Нема никаква слободна волја во таа приказна за постанокот. Адам и Ева биле сосема невини и несвесни, неискусни. Тогаш ѓаволот и го испрал мозокот на наивната Ева, а таа влијаела врз наивниот Адам, што довело до грешката. Кој се разбира од религии, знае дека ѓаволот има силни убедителни моќи, просто хипнотизира, но и тоа не може да го направи без дозвола од Бог. Каде е слободната волја тука, ја нема. Изгледа христијаните слободна волја гледаат само кога некој ќе згреши и ќе направи нешто лошо. Кога ќе се случи нешто убаво, тогаш е "фала му на Господ", без разлика кој се е заслужен.
"...само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!" Не требало ни да се допираат до тоа дрво, ниту да се доближуваат. И што ли барала Ева таму, сама? Бог не ја натерал да оди, своеволно отишла, своеволно го допрела и го вкусила. Ниту ѓаволот сосила ја натерал, ниту Бог. Наспроти тоа што секојдневно разговарале и среќавале со Бог доволно им било објаснето да не се доблиѓуваат до тоа дрво (до искушението).
Бог ги создал такви Адам и Ева, не многу бистри кои го немаат знаењето и нема да разликуваат добро од зло. Крај на дискусијата.
Бог ги создал Адам и Ева совршени со слободна волја и ги предупредил. Е сега они сами одлучиле да не го послушаат Бог, а да го послушаат сатаната и своеволно јаделе плодови од тоа дрво. "И виде Бог дека е МНОГУ ДОБРО сѐ она што го беше создал. И би вечер, и би утро – ден шести." Не пишува дека ги создал не многу бистри и глупави, туку спротивно од тоа. Совршени и свети, кои и многу повеќе го користеле мозокот од нас и не биле декградирани од гревот. Во оргинален превод и израелската традиција и писменост од тоа време уште појасна е смислата на МНОГУ ДОБРО.
Полесно е да немаш одговорност , се е до Бога . Тешко ти е да прифатиш дека како што постои физичко наследство , така постои и духовно. Но и едното и другото можат да се корегираат, помалку или повеќе , но труд треба. Зошто инаку молитва? Зошто " покајте се " ? Зошто на исти доделени карти едиот станува убиец , а другиот светец ?
Ти седна и ја прочита Библијата од последниот пат кога ме цитираше како што вети, или повторно вадиш толкувања од ракав по желба?
Веќе модератори, подфорумов Религија преименувајте го во God's fan club. Ништо тука не видов освен напади на оние кои се надвор од црквата. За жал мн малку вистински христијани постојат кои се толерантни. Само за инфо, Исус седел со безбожни и си поминувал убави моменти, а храмот на хипокритите го кршел. Во Библијата пишува дека е подобро да се дружиш со неверник, отколку со лицемер кој е дел од црквата, а не живее согласно учењето и ете со тоа се согласувам (иако е пишано да се седи со неверници со цел да се врбуваат, сепак)
Колку не е далеку тој ден? Пошто во овие 2000 години, минимум толку предвидувања за суден ден имало и ниедно не испаднало точно.
Не ми е јасно каде виде напад. Никаква желба за напад немав. Ти си полна предрасуди кон црквата,јас не сум кон неверниците,бидејќи сеуште сум преблагодарна што ми се случи милост. И не се сеќавам да сум ти рекла да одиш во црква ,нити на било кого...споделуваме искуства,зошто мислиш дека е лицемерно ццц
Ти поставив прашање, не ескивирај. Јас немам предрасуди кон црквата, носам објективни заклучоци. Православната црква по некои точки се разидува со библијата и за да ги следиш двете истовремено, треба да си неупатен. Тебе ако ти се случила милост, што и да било тоа, на милиони им е ускратена. Ама убаво е верувањето дека си сакан и посебен нели, и за тоа време другите не се важни, а ниту фактите.
Ма како извлече заклучок дека другите не се важни? На кое прашање одговор сакаш?....дали брзопотезно ја прочитав Библијата?....па ја читам , а и порано ,кога ќе ја сожвакам скроз , ќе ти дадам отчет. Не смеам да те цитирам до тогаш? Чекаш да се појави некој достоен соговорник?
"А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот." Марко 13.32 за контекстот има пред и после конкретниот стих. Никаде Христос не кажал кога ќе биде тој ден, само ќе се препознава времето по знаците што ќе се случуваат. Секое предвидување кога че биде судниот ден не е произлезено од Бог, туку е заблуда и лага.
Аргентина * колку што паметам ти си имаш посебен свој систем на морални верувања и оперираш сосема различно од Христијанските верници. Чим тоа функционира за тебе, одлично искрено ми е мило. Незз зошто се чуствуваш нападнато, кога луѓево исто како и ти, си ја прикажуваат својата вера во вашиве дискусии. (при тоа ствр не видов никаде напад но јас него читам твоето срце или ум) Мислам дека дискуриравме за соговорник, дека ти препорачав твоите прашања да ги дискутираш со свештено лице бидејќи сериозно тие можат најубаво да те упатат и да ти објаснат и сосема е различно отколку да си се допишуваме на форум. Зборуваш за толерирање и дискутирање, гледам мнг луѓе ти обрнаа вниманије и пробаа да ти дадат одг, но ништо не те задоволи (дали поради начин на кој што е пишано, или не се доволно дирекни или темата е преопширна ) и тоа е ок. Затоа спомнав, одг. можат да се побараат на други места на поинаков начин. Толку од мене.
Исус лечел и правел разни чуда во присуство на луѓе но скептиците кои биле сведоци на лице место не верувале, не им верувале на сопствените очи барале начини и смислувале разни обиди за побивање на вистината, скептикот всушност не бара одговори и докази тој уште на почеток на дискусијата оди со став на неверување и го знае крајниот исход без разлика на приложените докази и одговори. Кога некои од атеистите имаат доволно време и енергија со години да се спротиставуваат на Христијанското учење зашто не се обидат да започнат лично да го применуваат христијанството и да ги забележат промените и засекогаш да се ослободат од дилемите еве кој е мојот предлог, почнува со искрено каење и барање прошка од Бог во името на Исус Христос и прифаќање на Исус Христос како спасител макар имале и зрно верба во Бог за почеток би било одлично и тогаш Бог лично може да учевствува во вашата промена, почнувате со читање Библија, молитва и почитување на Божјите закони што во суштина бара откажувања и дисциплина но уверувам дека за кратко време нема да гледате на тоа како обврска туку како желба за живот по Божјите заповеди.
Не убедувам никој на крај секој одлучува за себе но гледам од исти членови интерес во темите за религија. Живеењето по Божји заповеди е пат кон вистинска среќа. Непријателот преку разни механизми успеал да вкорени длабоко во општествата лажни критериуми на среќа кои водат кон деструкција и кои се илузија но многумина наседнуваат. Mark 8:36 "For what shall it profit a man, if he shall gain the whole world, and lose his own soul?"