Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Па доколку станеш свесен за тоа, можеш да го промениш.
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Абе ако бараш нешто што посакуваш да го најдеш, ќе го најдеш сигурно. Тоа е моќта на сугестијата. Се кладам дека истите нешта можете да ги најдете и во други религии. Ако доволно барате. Еве јас на пример, горе-доле истите нешта за кои вие зборувате ги имам пронајдено во сосема друга работа која не е религиозна. Нели е тоа чудно? Мене тоа ме тера да мислам дека на нас луѓето во природа ни е да бараме извор на спокој, на одговори, на утеха, на чувство на сигурност. И во природа ни е да бараме начин на живеење (еден вид на lifestyle), принципи кои ќе не' водат низ животот, нешто што ќе те тера да си цврсто убеден дека токму така е "правилен" начин како да се живее.
    Тоа е доволен доказ дека човекот сè што сака е да најде посебна смисла за своето постоење и надеж дека ако прави така и така, ќе добие нешто повеќе. И најискрена да е таа надеж, сепак постои тој мотив, мотив за награда, мотив за "сè ќе биде во ред", мотив за "јас сум специјален и мојот живот е специјален и ако се однесувам специјално, ме чека нешто екстра специјално". Инаку зошто би вредел животот?
    Јас го разбирам тоа пронаоѓање во одредена религија. Таква е човековата природа и јасно ми е. Но не можам да разберам правдање на сè и сешто со религија. Не може за сè да се каже "така господ сакал, а затоа што он е праведен, знае што прави, а ние не треба да се сомневаме во неговите дела какви и да се, затоа што ние сме ограничени, а он знае најдобро", итн. Тоа е веќе перење на мозок, ама сериозно. Не го кажувам со непочит и желба да навредам, туку тоа е толку глупаво и смешно, што во најмала рака ја валка религијата.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе освен овој дел.
    Сепак тоа е нивна вера и не треба да се осудува во тоа што им дава утеха и надеж.
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Зошто да не ако го кажуваат тоа нешто како да е крајна вистина?
    Барем да се сложиме дека е само нешто што им дава утеха и надеж. Тоа е сосема во ред.
     
  5. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Неточно. Постои апсолутна вистина. Law of attraction e многу глупа теорија инспирирана од ведите и хиндуизмот која патем е сатанистичка религија за да се тргне фокусот од вистинскиот пат.
    Погледни само какви карактеристики развива тоа учење, себичност, гордост, лакомост буквално ти вели ти си Бог и од тебе зависи каков ќе ти биде текот на животот значи апла сатанизам.
     
    На mesecar, sonuvana и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    За нив е крајна вистина и нека е. Мене многу ми смета тоа наметнување на религија.
     
  7. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Можеш да си христијанин и да применуваш автосугестија или забрането е?
    Зарем Библијата не не' учи да негуваме добри мисли ?
     
    Последна измена: 28 август 2021
  8. Bordo bordo

    Bordo bordo Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Затоа што тоа и е крајната вистина. Така пишува во библијата. Исус е вистината.
    John 14:6
    “I am the way, the truth, and the life. No one comes to the father except through me.”
     
    На Snowflake97 и Need for Speed им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Апсолутна вистина може да биде само една единствена вистина еднакво застапена насекаде низ светот кај сите луѓе. Од таа причина, твојата религија не е апсолутна вистина, туку е само твоја лична вистина.

    Во одреден момент и тебе ти се има десено тој law of attraction бидејќи не си роден со тоа убедување и знаење, туку си го барал, си се интересирал, си читал, си слушал, те привлекла токму таа религија.

    Ова е ништо повеќе од предрасуда. Можеш и без религија да си несебичен, нелаком, да не се сметаш за некаков си бог. Можеш без религија да се стремиш да бидеш добро човечко битие, да не штетиш никому, да не наоѓаш радост во материјалните нешта, итн. Мене многу пати ми имаат кажано дека не само што размислувам (спонтано), туку и дека живеам многу христијанско. Што за мене е доказ дека позитивните нешта од религијата можеш да ги стекнеш и имаш и без религија.

    Нека е.
    И мене ми смета наметнување на религија. Во реалност, ретко разговарам на оваа тема, токму од таа причина. Но дека е форум, па ајде. Патем, знаеш што следи секогаш од христијани после "ти живеј колку сакаш добро и човечки"? Следи "на крајот ќе идеш во пеколот".
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bordo bordo

    Bordo bordo Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Која е апсолутната вистина според тебе?
     
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Од кој аспект? Веројатно религиозен, сепак разговараме во религиозна тема. Не можам да зборам за апсолутна вистина во религиозен контекст затоа што за мене религиите се еден вид на фолклор, дел од етнологијата/антропологијата/историјата на човекот. Таа е минлива, таа се менува. Зависи од условите и работите што се случуваат во одредени период на планетава. Како што денес разговараме за религиите на старите народи, така еден ден ќе се разговара за сегашните религии.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bordo bordo

    Bordo bordo Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Те прашав тоа затоа што ме интересираше во што веруваш. Религиозен контекст или верување во нешто натприродно за да ја спознаеш вистината која не секогаш ни е препознатлива. Зависи од условите и работите што се случуваат, но не секогаш можеш вистината да ја поврзеш со истите. Зошто инаку би се прашувал која е вистината?
    Кои стари религии?
     
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Зошто мора да се верува во нешто натприродно? Единствено нешто во што верувам е дека сме сè уште примитивни битија кои ги чека многу еволуирање да би ги спознале работите кои сега не ни се познати.

    Условите - еволуцијата и сè поголемото откривање на нови нешта во разни области ја менуваат вистината.
    Порано имало луѓе што верувале и му се клањале на богот на сонцето, денес тоа ако не е смешно, барем е интересно како историски факт.

    Па ете на пример она во што верувале Египќаните.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Зарем те прашува некој дали сакаш или не сакаш?
    Имено пишуваш:
    Ако тоа би било вистина, тогаш ти нема што да сакаш или да несакаш да живееш таков живот, туку би го живеела како што ќе ти се каже од другите членови на форумот, бидејќи ете (наводно) немало слободна волја.
    Тоа е во ред, но за тоа има или може да се отворат засебни теми. Тука темата гласи:
    Сè што сакате да знаете во врска со религија
     
    На mesecar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Коментаров ти е смешка, затоа што членовите на форумот се само битија, исто така без слободна волја, не па да ја наметнат во истиот момент на други.

    Јас сум тоа што сум затоа што така сум програмирана. Ко и секој од вас.
     
    Последна измена: 28 август 2021
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.688
    Допаѓања:
    79.818
    Пол:
    Женски
    Мислев дека слободната волја ја поврзуваш само со верниците, во смисла има одредени закони кои треба да се почитуваат, но ако сериозно мислиш дека општо не постои слободна волја...
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Тоа се нарекува детерминизам и бидејќи ми се докажал преку искуства во животот, јас го имам инкорпорирано во моите лични верувања. Прочитајте нешто настрана од поуки од православните отци (или панданот од соодветната деноминација/заедница на која припаѓате) и нема да ви бидат чудни некои размислувања, ниту прв пат да ги среќавате на форум.

    https://mk.eferrit.com/објаснување-на-хард-детерминизмот/

    Овде неколку пати рекоа дека сум атеист. Јас атеист и да сакам моментално не можам да бидам јер, "слободна волја". Понекогаш желбите ни се поклопуваат со состојбата, а некогаш.... то е што е.
     
    Последна измена: 28 август 2021
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Дали "причестата" е задолжителна?
     
  19. Bordo bordo

    Bordo bordo Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Затоа што на Земјата не ни се познати сите вистини на светов. Еве сепак ти веруваш во нешто, пример еволуцијата иако немаш видено ниеден доказ за тоа и мислиш дека сите живи организми еволуирале??
    Смешно е да го споредиш Богот на сонцето со Исус Христос, затоа што Исус бил роден и живеел, во тоа веруваш?
     
  20. Bordo bordo

    Bordo bordo Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не е задолжителна.