Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Исто е смешно да споредуваш Бог, со еволуција.
    Едното е догма, другото е научна дисциплина.
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Токму тоа јас го велам, многу работи не ни се познати, но со тек на време со истражување и еволуирање ќе ги дознаеме.

    Лол, што? Како тоа не постои доказ за еволуција?

    Ммм, не. Не ги споредив богот на сонцето на Египќаните и Исус. Реков дека порано верувале во таков бог како да постоел, но денес знаеме дека тоа не е вистина. И така нивните верувања полека изумреле. Истото ќе се случи и со денешните религии, со тек на времето.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Воглавно постојат два начини, две мислења, две теории (ако сакате) за настанувањето на светот и животот. И двете имаат докази и недостатоци (зависно од толкувањето на доказите), и научниот свет е поделен по тоа прашање. Тоа што во конвенционалната наука е прифатено изучувањето за настанокот на животот преку еволуција не мора да значи дека е точно, зашто многу научници и докази ја "соборуваат" теоријата на еволуцијата. Библијата која е извор за настанувањето на животот по едната теорија не е во спротивност со науката. Со црквените догми да, ама со науката не.
     
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Кои црни научници, онаквите од калибарот на нашиот форумски самопрогласен научник Евангелос?

    Библијата оди рамо под рамо со науката ? Дај не тропај жити се.
     
    На MissChievous, WildMk и KateKane им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.442
    Допаѓања:
    60.717
    Пол:
    Женски
    Така е, Мојсеј коа ја цепел водата за да може да помине, не се коси тоа со науката.
    Никако.
     
    На asdas, Someonespecial, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Површното објаснување и недостигот на информации не ги објаснуваат нештата за кои треба отворен ум и истражување. Религијата е едно, црквата е друго. (Многу чудно како тоа од сите живи организни само човекот има разум)
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Нема ни еден доказ за Креационизмот, а има мал милион докази за Еволуцијата.

    Оти не е еволуира се' со исто темпо и во ист правец.

    Башка, има и други интелигентни животни, освен човекот.
    Делфини, октоподи, мачки, кучиња, мајмуни, гаврани.

    Од кај знајш дека за 50.000 - 100.000 илјади години нема и некое друго животно да еволуира на интелектуално ниво како што е човекот?

    И што ако има интелигентен живот и на друга планета?
    Мислиш дека ќе бидат хомо сапиенси?
     
    На ElenaOfRivendell и MissChievous им се допаѓа ова.
  8. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Абее па ти, библискиве приказни имаат метафизичко толкување.
     
    На KateKane и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Не е проблем да ги толкуваат метафизички, проблем станува кога мислат дека е буквално така како што е напишано во некоја религиозна книга.

    Бог го создал универзумот и се' во него за 7 дена.
    6 у ствари... на 7от, одмарал
     
    На Angie1432 и daylight им се допаѓа ова.
  10. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Кажи еден доказ?
    Науката е дел од креацијата.
     
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Сериозно?
    На пример, човекот?
    Или сакаш да кажеш дека човечкото битие и целосно исто од пред 300.000 години, 50.000 години, 8.000 години и сега?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    D32.jpg
    Да сериозно кажи доказ.
    Верувате у нешто за кое што самиот Дарвин кажал дека нема докази.
     
    На mesecar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Бидејќи не знам дали ме заебаваш, па за да видам на што стоиме со муабетов, кажи според тебе какво било човечкото битие пред 300/200.000.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Во Библијата исто така пишува дека за Бог еден ден е како илјада години и илјада години како еден ден. Бог не е во временските рамки како човекот, и не е ограничен со време.
    Така да, нештата кои ние ги мислиме дека се пример 7 дена, кој знае колку е всушност.
    Ама, мене пример, тоа не ми е битно. Јас верувам дека Тој е Создателот, без оглед на времето.
    Тој е вечен, значи нема саат да му отчукува ко нас.

    Малку фатив од претходниот муабет, сакам да се надоврзам, јас мислам дека луѓето се секогаш исти биле. Библијата вели нема ништо ново под сонцето. Секогаш постоеле големи умови и прост народ, ко и денес всушност. Можеби се менуваат и напредуваат некои работи како технологијата, ама тоа не не прави попаметни. Се се врти во круг. Едно дојде, друго пројде, секоја генерација мисли да е попаметна од она другана, ама дали е тоа вистина така или само изнајдоа начини да прават исти работи на подруг начин. Па само во Библијата кога читате какви архитекти имало, какви занаетџии. Може и да погледнеме наназад еве пример во архитектурата стара, колку се преубави, интелигентно направени итн.
    Оној што верува во Бог како Создателот на се, верува дека од Него доаѓа и знаењето и науката и се, Тој е изворот на сите нешта.
     
    Последна измена: 30 август 2021
    На _Schmetterling_, christinnn, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Не постојат две теории. Постои една научна теорија (највисокото можно потврдување што може една научна идеја да го добие) и постојат купишта антички митови за настанувањето на светот, меѓу кои и тој за Адам и Ева. Најголемо потфрлање на образовниот систем е што дозволува да се ставаат во иста реченица Адам и Ева и еволуцијата, а со тоа да имплицира дека воопшто има простор за дебата на ова прашање.
     
    На WildMk, Someonespecial и MissChievous им се допаѓа ова.
  16. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Да две тероии се Big Bang и evolution theory и двете се само теории, недокажани.
     
    На sonuvana, Snowflake97 и mesecar им се допаѓа ова.
  17. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Ниту некој бил присутен на настанокот на животот ниту пак е повторен експериментално за да биде потврден и научно докажан. Се додека не се повтори и докаже експериментално е само теорија. Предности и недостатоци има и во двете главно теории, а сигурно и сите научници што ја застапуваат едната или другата не се глупави, туку нешто значат во научниот свет.
     
  18. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    200000-300000 години се само измислици да се покрие период кој е несфатливо долг и кој прави проблеми на другите докази за староста на земјата. Никој неможе да проследи толку долг период ниту пак да се знае дали динамиката на промените во природата е константна. Само малку (радиоактивни) процеси се непроменливи, кратки или долги и оставаат појасни траги во природата.
     
    Последна измена: 30 август 2021
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Физика...
    Значи Бог е пандимензионално битие?
    Не знаев дека ова го пишува во Библијата.
    Знаеш дека кога го набљудуваш небото, колку подалеку е некое небесно тело, толку поназад во времето гледаш?
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не мора да се коси со науката воопшто, зависи како го сфаќате тоа предание.

    Можеби имало земјотрес, а Мојсеј покажал со стапот допирајќи ја почвата на плажата рекол нешто отприлика: „еве од тука ќе поминеме низ морето кон другата страна„.
    Под дејство на земјотресот се случува цунами, водите се повлекуваат (или расцепуваат, зависно од теренот) но на очевидците впечатокот им бил дека Мојсеј тоа го го сторил на некаков волшебен начин.
     
    На WildMk и Angie1432 им се допаѓа ова.