Мислам дека треба да повториш што значи зборот теорија.И колку чекори се поминуваат за да се постави научна теорија. Искрено од вакви догматски мислења ми станува одбивна организираната религија.Поточно следбениците.Без навреда.
Единствено мислење кое не е издржано е твоето. Смешно е да се вели нема докази за еволуција и биг бенг кога во реалноста ниту едното од нив не е една реченица туку опфаќаат помали теории со многу многу ситници и докази за кои може да се збори цел ден.Ама само затоа што гласи "теорија" се фаќате за името, како името да е релевантно. Во науката, прво треба да се поминат сите чекори на поставување хипотеза, барање докази итн итн. за да се постави некоја теорија, не е тоа туку така, ми текнало-ќе напишам. И да, не е сѐ од еволуцијата комплетно точно ама нема поента ни да се зборува за тоа тука кога уште не можеме да се разбереме што е научна теорија како дефиниција. Спојлер
Ме зезаш?Бидејќи за многу од нив има докази можеби? Ајде да напишам тогаш за секоја можна теорија што спаѓа во доменот на еволутивна биологија, бидејќи е наука што се развива и да го дадам своето "стручно" мислење за секоја хипотеза што се тестира.Прашањава ти се апсурдни.
Не знаеш зашто веруваш во еволуција и биг бенг? Не мора за секоја, било што од тие теории образложи зашто го сметаш за валидно кога веќе имаш став за одреден домен ваљда треба издржан да ти е.
Па редактирав горе, штом има повеќе докази за нешто го сметам истото за валидно.Не знам што повеќе очекуваш да се објаснува?
Да образложиш со примери и докази со кои располагаш, на пример? Спојлер пр. Мене кога ме прашуваат за став против/за вакцина велам немам став, немам никакви познавања од тој домен нема на што да се базира тој став или треба да кажам има докази дека вакцината е валидна пошто сум прочитала негде на интернет (или нема докази) за моето мислење да биде издржано? Ваљда треба да го образложам ставот.
Фосили најпрво, компарација на анатомија и ембриологија на различни видови и најдени сличности меѓу нив, рудиментирани и хомологни органи меѓу различни животни, понатаму развојот на молекуларна биологија и генетика која што укажува на сличностите меѓу генетските материјали(на пример гените на човек и шимпанзо) и генетски варијации, мутации и промени во тек на време...да не заборавиме на природната селекција и микроеволуција која ја гледаме околу нас, како на пример развивање на резистенција на бактериите кон антибиотици...и интересно е што ништо од ова не мора да биде во спротивност со верата, ама со митски приказни да.
Нема докази за преминување (еволуирање) од еден во друг вид. Сите автомобили имаат волан, мотор, кочници...и сите еволуираат во сопствените марки, не може од Ауди да стане Опел. Не може од морско прасе на настане коњ. Такви фосилни докази нема.
Како може еден месечар да има слободна волја? Не се зафркавам со членот, туку сериозно прашувам. Станува во сонот и не е свесен каде оди, што прави... наредниот ден кога ќе му кажат дека месечари во сон, тој се плаши.... и каде е неговата слободна волја? А што е со дементните? Концептот на било каква слободна волја се коси со постоењето на луѓе кои имаат најразлични потешки ментални заболувања.... Како може тие да прават слободен избор и да носат одлуки, објаснете. Не е изводливо.
Слободна волја се однесува на донесување свесни одлуки а одредени состојби и болести (ментални и физички) се последица на гревот. И точно е дека не се пронајдени фосили во прелазна форма ниту во зачеток на прелазна форма туку буквално секое суштество е само по себе уникатно.
Мислев, одма откако ќе се врати од погреб. Знам дека прво се мијат рацете надвор на чешма па се влегува дома. Колку е и тоа точно? Каде можеме да ги најдеме сите овие одговори, кај поповите или Библијата?
Нема да ги најдеш тие работи ниту кај поповите (ако се искрени и чесни), уште помалки во Библијата зашто се чисти суеверија и бесмислици. Рацете повеќе се мијат заради хигиенски принцип, а не некои мистични работи, и што кога ќе се врати од погреб, зар на часовник треба да се гледа колку минути поминале откако се вратил. Нема смисла.
Ај тие што живеат у куќи имаат чешма у двор ќе се измијат. Шо ќе праат другите шо живеат у зграда и морат да влезат дома да се измијат????