Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Не само што е суеверие, туку е и многу погрешно, затоа што душите на сите нас во очите на Бога се живи, без разлика на телесната состојба. Смртта на душата треба да заплашува. А, шерот, од телесно живи лоши луѓе побргу ќе те снајде.

    Кога се венчав во црква на пример, сите ме разубедуваа да не палам свеќи за упокоените, јас секогаш палам свеќи за сите, за мене душите на сите ближни се подеднакво скапоцени.

    Бог би претпочитал кај нас да влезе човек којшто пред да намине си спомнал за душата на ближниот, отколку некој којшто пред да влезе кај нас дома направил некој голем грев кон друга душа.
     
    На IRBBB, Orthophill и sonuvana им се допаѓа ова.
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Сакав да прашам што значи ,, геена,,? Го читам Катехизисот дел по дел, Јован Златоуст, поточно книгата,, Зошто не бива да му помислуваме зло на другиот,, и ме интересира.
     
    На Orthophill и sonuvana им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Геена е место на вечен оган и се поврзува со душите на непокајаните завидливци....како дел од адот...како што постојат места во кој царува најдлабока темнина , места каде непокајаните се борат со демоните и сл..така постои и геена огнена...
     
    На Need for Speed, BlackNight и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Геена е идниот пекол, кој што ќе биде востановен после Страшниот Суд. Како што сегашниот рај е привремен, така и сегашниот пекол е привремен. Конечните пекол (геена) и идниот рај (Царството Небесно) ќе бидат востановени по Второто Христово Пришествие и сеопштото воскресение.
    Од привремениот пекол, со помош на молитвите и добрите дела на Црквата (т.е. на секој од нас, кои сме дел од Црквата) може да се излезе. Но, од геена огнена нема излегување.
     
    На BlackNight и sonuvana им се допаѓа ова.
  5. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    На sonuvana и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    На веб сајтот на Јеховини Сведоци (немам врска со нив, само сметам дека имаат интересно објаснување за поимот) го даваат следното објаснување:
    Грчкото име за Долината Хином, јужно и југозападно од древниот Ерусалим. Пророчки се зборувало за место каде што ќе се расфрлаат мртви тела. Нема докази дека животни или луѓе биле фрлени во Геена за да бидат запалени живи или измачувани. Така, местото не може да симболизира невидлив регион каде што човечките души се вечно мачени во буквален оган. Наместо тоа, Исус и неговите ученици ја користеле Геена за да ја симболизираат вечната казна „втората смрт“, односно вечното уништување (Откровение 20:14; Мт 5:22; 10:28). (крај на цитат)
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Многу милостив е овој бог. Ако не си му по ќеф, на крајот
    А. те поништува да не постоиш повеќе
    Б. ти одредува вечни маки и страдања во оган

    На верникот е да одбере во која верзија ќе верува.

    А можел семоќниот Бог едноставно сите луѓе да ги направи добри и среќни, кои нема да прават гревови и така штом нема грев, ќе нема казна, ќе нема патење.

    Нешто озбилно не штима во христијанството... но следбениците како маѓепсани не увидуваат.

    Само се надоврзувам на погорните мислења, ништо повеќе. Немам прашања.
     
    Последна измена: 4 октомври 2021
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Зошто Марија Магдалена сакаа да ја 'наместат' дека била жена на Исус?
    Дали вие навистина верувате во тоа?
    Мислите дека е со цел да се оцрни довербата кон религијата и општо кон тоа што е напишано во Светото Писмо?

    Во тоа време најзастапено било името Марија.
    ^прашањава се поставени само за верниците.
     
    На daylight и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Света Марија Магдалина е жената, која била секогаш најблиску до Христа заедно со Пресвета Богородица. Жена, која многупати била многу похрабра од сите апостоли. Жена, која не се исплашила од Римјаните и разбеснетите Евреи, за време на распнувањето и погребението Христово и жена, која храбро Го следела Христа до Голгота. Жена, која со Пресвета Богородица, рано наутро отрчала на прво утро кај Господа. Жена, на која ангелите први и` ја соопштиле најрадосната вест, дека Христос воскресна... Воскреснатиот Христос и` се јави нејзе, пред да им се јави на другите апостоли.
    Жена, која собрала храброст и пошла дури кај императорот Тивериј да се жали од Понтиј Пилат, за неправдата која Му ја нанесол на Христос!
    Гледајќи ги сите овие нејзини подвизи и нејзината горешта љубов спрема Христа, зарем ѓаволот нема да сака да и` наштети на оваа чесна и голема жена? Нормално, дека сака и го прави тоа постојано. Прв кој што се дигнал против оваа света и сечесна жена бил римскиот папа, кој ја прогласил за блудница и ја избришал од диптихот на светии. Но, тоа е најголема лага! Света Марија Магдалина (или Марија од Магдала) била целомудрена и поштена жена, веројатно вдовица или стара мома, која поседувала голем имот и со сите свои сили и материјални средства послужила за ширење на светото Евангелие. Но, за да се покаже силата Божија, таа била опседната од 7 демони, кои од неа ги истерал Најблагиот Христос. Уште тогаш тие демони ја мразеле и и` наштетувале, и сега тие демони одат меѓу луѓето и ги буцкаат да хулат на оваа светица и апостолка.
    За жал не се само овие измислици кои се насочени против Христа, Црквата и Светото Писмо! Секојдневно гледаме на разни емисии, поседно на Неш`нл Џиографик, каде разни јудини следбеници, жедни за пари и слава, измислуваат и искажуваат разни глупости, и ги поврзуваат работите во стилот на: свети апостол Павле му пиша писмо на Гоцета Делчев, за да ја ослободи Македонија. Жално е што имаат публика, зашто ѓаволот во сите нас, не` поттикнува да бидеме богоборци и богомрсци исто како што е тој од искони.
    Света апостолке и мироносице Марије, секогаш моли Го Христа Бога за нас!
     
    На tessie, IRBBB, orevokrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Ти благодарам за одговорот, ми објасни се што не ми беше јасно. :)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Grimlinko

    Grimlinko Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    375
    Знам за католиците дека еден од најголемите борци против зелената попусница(greenpass) е Monsignor Carla Maria Viganó. Ме интересира дали и во православието има некој што слично така се бори и го подржува народот и слободата.

    https://www.google.com/url?sa=t&sou...o7QBegQICRAF&usg=AOvVaw3_fWxMlBtgneRpSNo8O07W
     
  12. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Што е ова зелена попусница?
    Го пуштив видеово ама ствр не го разбирам нема ни превод на англ, ни ништо :D
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    За жал има и во Православието. Тоа е Неговото Преосвештенство митрополитот на Морфу г. Неофит.
     
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Ако црквите во недела и за празник се полни и ретко кој носи маска...ако луѓето се причестуваат,а свештениците си ја работат својата работа, дали тоа зборува дека се преќутно против зелените пропусници?
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Ако сите владици (барем македонски) се вакцинирани, ако скоро сите свештеници се вакцинирани, ако голем дел од разбраните верници се вакцинирани, зарем треба уште да им се восхитуваме на оние, кои си играат и со своето здравје и со здравјето на другите!
    И попови и владици изумреа, и епископи лежеа по болници... Да не се занесуваме, туку да си го гледаме своето и туѓото здравје. Да не бидеме проповедници на убиства и да не учествуваме во своето самоубиство!
     
    На tina2018, Amellie13 и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Зошто се оставаат пари во црква?
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Оти на Бог му требаат неоданочени пари.
     
    На Ugly Duckling, Just.do.it и Sandman им се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Какви се тие пари?
    Што ќе му се?
    Што ќе купи со нив? На оној свет има продавници, пазари?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Се зафркавав.
    На институцијата и' требаат пари, не на Бог.

    Што значи институцијата не е гласноговорник на Бога.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Добро....но,јас не прашав за вакцината,туку дали е оправдано црквите да работат нормално или сметаш дека верниците треба да се воздржат од причест и гужви,бидејќи и покрај вакцините може да се заболи?