Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Не знаев баш кај да го поставам прашањето и еве тука нека биде.
    Роденден ми е на 15ти април, и се паѓа во вторник.Али не сакам да го салавам во вторник, туку на 19ти во сабота.А одма на 20ти е велигден.А колку што знам денот пред велигден е многу строг ден, и не треба да се јаде ништо мрсно, туку првото нешто мрсно што е да биде јајцето во црква после полноќ.А јас планирам да идам на пица, значи ќе си јадам пица кај 10 саат вечерта, а цел ден планирам ништо мрсно да не ставам во уста, бидејки сакам да си постам таа недела, али ако не смее и така не ни мора да постам.
    И сеа, дали ќе биде грев или лошо ако напраам така? :)
     
  2. Ilarija

    Ilarija Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира, дали некој кој сака да стане свештеник, смее да биде оженет со девојка која не е девица до брак?
    Ме интересира за припадниците како на нашата Македонска Православна Црква така и од Грчката Православна црква.
    Ви благодарам
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Според каноните не смее да биде примен во клирот ако неговата невеста не била девица. А уште помалку ако тој не бил девствен.
     
  4. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање.Дали ако не си крстен во црква,не смееш да влегуваш таму,да оставаш пари на иконите и не смееш да ги бациш? Ова го слушнав од едни девојки,баш чудно ми звучеше,би сакала да знам дали е точно.
     
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Prvin se izvinuvam za latinicata, ama nekoj virus me ostavi bez makedonskata poddrska.

    Anabelle.Amorette, ubavo si slusnala. I voopsto ne e cudno, zatoa sto ti nemas vera. Znaci ti si ista vo koj bilo verski objekt i da vlezes, nemas gospod, pa taka bilo vo crkva, dzamija, sinagoga, da vlezes nema da ima nikako znacenje.
    Sega, go razgleduvam ova od aspekt deka, koga nekoja licnost ke bide krstena, znaci taa ja prifakja taa religija za svoja, a popot so samiot cin ja povrzuva so Gospod.
     
    На sweet-star и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  6. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Секако дека смееш Анабела, да влезеш во црква, и да се помолиш на бога ако си верник.
    Во црквата нема забрани кој смее а кој несмее да влегува, не е забрането дури ни за припадници од други вери, божјата врата е секогаш ширум отворена за сите добронамерни луге. Крштевањето е еден чин кој од поново време се прави во првите месеци по раѓањето, но порано не било така се крштевале лугето на 33 години колку што имал Исус Христос, кога бил распнат на крстот Но подоцна црквата го сменила тоа правило со образложение да ги внесе верниците во вера уште од мали како не би лутале подоцна одредувајки се во која вера ќе припагаат.

    Вероисповеста е лично чувство и не се наследува од родителите туку ти бираш дали и во што ќе веруваш. Значи по правило во верата треба да се воведе верникот во подоцнежните години кога ќе може самиот да одлучи дали сака или не а не да неговите родители одлучат за тоа.

    Но да не должам , главното е дека верата е личен избор дали ќе веруваш или не, и доколку Анабела, е верник слободно може да влезе во црква да запали свеќе, да се помоли на бога, бидејки бог е милозлив и им ги проштева гревовите и на нај грешните, па така негледам причина и вина кај Анабела зошто не би можела да влезе во црква.

    Најбитна е верата во бога а дали некој ги помиал тие процедури на крштевање и венчавање е помалку битно.
     
    На Twinkles, bubamara12345, Silver.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не ќе те врати Господ назад. :lol: Малку шала.

    Колку ги има крстени, па пак не личат на верници. :!:

    Ако ти со искрена намера си влегуваш во Црква, тоа Господ најмногу го цени и сака, и немој да се устручаваш.

    Иначе јас имам шетано многу по други верски храмови, од ексурзии и одмори кога сум била, тоа е најнормална работа, божјиот храм е отворен за сите. :)
     
    На Twinkles, bubamara12345 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  8. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да знам зошто муслиманите не јадат свинско месо?Имам другарка муслиманка не знае да ми објасни,па вие што знаете,ако сакате кажете ми.. :D
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.462
    ^Го сметаат тоа за грев,свињата за нечисто животно,зашто е омнивор-сештојад..
    Од кога ова е вообичаено во црквите наши?
     

    Прикачени фајлови:

  10. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Ваква е работата- не знам дали е за овде прашањево, но ако некој знае нека ми напише. Значи јас лично не знам, ниту мојата мајка што означува и што е тоа покадување??? што означува овој збор, јас колку што разбрав од личноста што ја слушав за овој збор-означува носење погача или лебче во црвка кое после се сече за нафора. Дали ова го означува тој збор. Навистина не знам и немам кого да прашам.Ако може некој да ми објасни ако знае, се надевам дека има некој таков.
    Друго дали некој може да ми објасни што како треба да се прави ако сакаш да однесеш погача во цркава. Кој ден се носи, кое време итн. Благодарам.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Кадење е палење темјан во кадилниот олтар (покадување) и не претставува носење лепче во црква. Можеби дека лепче се носи во црква обично за празници, куќни слави па запалиле темјан и сте си го поврзале со лепчето.
    Отидете едно неделно утро на литургија во некоја црква и прашајте свештено лице за се што ве интересира.
     
  12. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Благодарам за одговорот уххх конечно разбрав што значело. Искрено не знев што е, а за почадување со темјан да сум слушнала и мајками чади темјан понекогаш. Значи тој збор тоа означувал. Јас пак мислев лебче нешто за нафора, знам се носи во црква ако сакаш и си во можност. Така разбрав од лицето што го слушнав, ама не ми беше јасно и затоа реков да прашам-сигурно некој знае. Како и да благодарам, ми помогна да знеш. :) :)
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Од моментот кога е воведена требата осветување на возило.

    Погача (и вино) се носи в црква за слава или именден, или за свети Фануриј. Инаку подобро е да се однесе петтолебие (пет поскури-просфори, пет свеќи и по малку вино, масло и пченица). Петтолебието е најдобро да се однеси в црква на вечерната богослужба(иако може и на утро) во очи некој празник или недела, а погачата се носи на денот на празникот(нормално може и на вечерната, или ден порано, ако не ви доаѓа дома поп). За погачата е задолжително да биде посна ако се пее за време на пост.
     
    На bubamara12345 и Abeja им се допаѓа ова.
  14. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Дали жените-муслиманки одат воопшто некогаш во џамија?
     
  15. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас имам прашано другарки муслиманки и ми го кажаа следново:-Порано не оделе жените во џамија,ама во последно време,некои жени оделе :)
     
    На Maria.Vampire му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Одат. Во мојот град одат.
     
    На Maria.Vampire му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Смее ли да се шиша бебенце додека не е крстено или мора да се чека додека не се крсти? Незнам дали е ова верување или наметнат обичај па би сакала да ми одговори некој кој знае.
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    :)
    Само ако ножиците се поголеми од тие што се в црква. :D

    Па нормално дека може. Можеби ова било некој благочестив обичај во времето кога бебињата се крштевале до 40. ден. Сега кога, за жал, крштевката се сведува на пропратен обичај на првиот роденден, нормално е во меѓувреме да се потстрижи бебето. Нормално пред крштевката е пожелно да нема лустер фризура, бидејќи и попот треба да стригни малку коса. :)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали бремените жени во првото,второто и третото тримесечие од бременоста можат да одат во црква да палат свеќи,земаат крстена вода од црквата и да бакнуваат икони и оставаат пари на иконите и дали тие можат да се причестуваат?
     
  20. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Христос Воскресе!

    Утре е трет ден Велигден, во четврток и петок не перевме, во саботата да, вчера и денес не. Ми се собраа доста алишта се прашував грев е утре (трет ден) да пуштам машина :^)