Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    И тоа одговорно однесување е? Тоа е исто ко јас да се качам на некоја кула и да одам по ивица и да им давам пример на другите, гледајте ме колку сум храбар и тргнете по мене! Ако паднат и се отепаат кој ќе биде виновен?
    Саканото или несаканото ширење на зараза е грев! Ние треба да направиме се` што е во наша моќ, да не ја шириме заразата, во спротивно сите што глумиме лудило, на Страшниот Суд ќе одговараме за масовни убиства!!!
    В Црква и прашина се собира, и пајаци и инсекти се размножуваат, и птици влегуваат, и глувци поганат!!! Ако тие видливи животинки влегуваат и прават бељи, зошто невидливите со голо око не би го правеле тоа.
    Неносењето на маски в црква е само гордост и себичност. Ете, гледајте ме и чудете се, колкава вера имам, мене Господ ме сака, затоа ќе ме чува, другите се грешници и затоа се заразуваат.
     
    На OmilenataZaNego, Elenpelen, daylight и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet ако за Партениј немој да ми раскажуваш те молам, ако за тебе е најдобар духовен водач за некој друг не е. Бугарофил со тапија,еретик. Досега требаше да биде рашчинет да немаше и политика вмешано во МПЦ.
    Папата целива рака на хазарите-евреи ,вартоломеј целива рака на папата ,а партениј целива на вартоломеј и чува слика на вартоломеј змијата во неговите ,,одаи ,, во бигорски ,па кругот на целивање е затворен , едно споменување на еретик на молитва е губење на благодат ако не си знаела ( за ова има пример од св Оци ) . Бог дава знаци за сите кои сакаат да почнат да мислат за свое прогледување на совеста ,па знаците се гледаат, на крај ке видиме кој сака да прогледа.
    Партениј е тој кој само што стави омофор на своите плеќи го направи најголемиот раздор помеѓу православните христијани во МПЦ-ОА, ширум цела Македонија, мешајќи се во туѓи епархии, прогонувајќи свештеници, клеветејќи архимандрити и бркајќи верници од своите работни места само затоа што изустиле збор два за комодитетот во манастирот и неправилностите.

    138717998_1887195191418462_2373761893321366460_n.jpg
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.827
    Пол:
    Женски
    Имаш подетални информации и докази за ова за кое го обвинуваш и му судиш?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    Гледај си за себе драга Енџи,ти посакувам да прогледаш во скоро време. А за мене не се грижи, јас не патам од тоа дали некој од страна ќе ми се смее. На судниот ден сите ќе одговараме за своите дела!

    Баш поради тоа што маската е парче материјал мислиш дека ќе те заштити од смртоносниов вирус? Венко,Шител и Анал 5 ви го програмирале мозокот.

    @Orthophill друже и скафандер ако сакаш облечи твое право е, можам само да се молам за сите вас кои сте слепи при очи и глуви при уши да прогледате и да чуете. Господ да ви прати достојни духовници кои ќе ве однесат на прав пат.


    Колку за појаснување ...
    Пред 2300 години, пред исламотАрапите откриле дека принудувајќи ги луѓето да ги покриваат носот и устата, ја кршат нивната воља и индивидуалност и ги обезличуваат. Тоа ги прави покорни! Затоа наметнаа на секоја жена да носи крпа на лицето. Исламот потоа го претвори во женски симбол на послушност кон машкиот господар на харемот. Модерната психологија го објасува ова Без лице не постоиме како не зависни суштества. Дете се гледа во огледало на возраст од две до три години и се открива како независно суштество. Маска е почеток на отстранување на индивидуалноста.

    Жални ми се оние кои мислат и веруваат дека маската го спречува вирусот да помине. Тоа ти е исто како да веруваш дека низ одбојкарска мрежа неможе да помине комарец. Срам за човечката инелегенција.
     
  5. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    На никој не судам Господ ми дал очи да гледам и разум да расудувам. Господ е тој кој ќе ни суди на сите.
    Каков доказ сакаш?

    @Orthophill споредбиве ти се генијални,дури почнале да ти лајкаат луѓе кои се спротиставуваа со тебе до пред некое време :rofl: И атеистиве ти се истомисленици.
    На страшниот суд стварно мислиш дека ќе одговараш што не си носел крпа на лицето:o

    Кај го прочита ова те молам просветли ме:lol:
    Баш слатко ме изнасмеа. Еве во недела ќе го прашам отецот дали на судниот ден ќе ме мачат со вакви небулози :D
     
    Последна измена: 12 ноември 2021
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Од каде ти се овие информации? Извори?
    Иначе се чудам како ги поврза медицинските маски со марамите и хиџабите. Едното со другото нема врска. Никој не те тера на отворено да носиш маска, ниту кога ќе помине пандемијата. Едноставно нема врска едното со другото.

    Ова не е точно. Вирусот нема крилја па да лета сам. Тој се пренесува преку капките вода (аеросоли) како медиум за транспорт, а тие тешко може да поминат низ добро поставена маска.

    Според кого тоа е хула на Светиот Дух? :^)

    Епа тогаш скокни од 10-ти спрат и верувај дека ангели ќе те пречекаат пред да паднеш. Ако веруваш, не треба да се плашиш така?
     
    Последна измена: 12 ноември 2021
    На Elenpelen и daylight им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.827
    Пол:
    Женски
    Судиш, како не судиш. Ама повеќе клеветиш. Дали знаеш кој е еретик? Еретик е оној што отстапува од црквата и учењето за Бог. Тврдиш дека Партениј е еретик, па повели, таков доказ барам, кога бил против Црквата и учењето? Доказ дека направил некаков раздор, каков раздор, немам слушнато. Доказ дека прогонувал свештеници, клеветел архимандрити, бркал верници... Велиш дека на судниот ден ќе одговараме за нашите гревови, епа пази си ги твоиве. Претпоставувам дека вакцинава ја сметаш за жиг на ѕверот и дека сите што ја примиле дека се еретици и треба да се разрешат.
     
    На Elenpelen, Orthophill и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Врска немаат овие работи, и не дека со овој екстремистички мајндсет ти е гајле во друг контекст за женска непокорност или детска индивидуалност, само небулози да се трескаат.
    За носењето маска во пандемија има научно издржана причина и важи за сите без разлика на пол, националност, раса - исто како што од порано докторите и медицинскиот персонал на работа ги носеа соодветно за да се заштитат од инфекции.

    Колку и да не се согласувам со религиозните принципи, го поддржувам правото на верување и молитва на разумен начин кој не повредува никого, затоа и ми е на место конкретно во случајов ова што го вели Ортофил. Можеби во суштината на христијанството има куп застарени и опресивни патријархални поенти, но ваква негрижа за свое и туѓо здравје не е една од нив. Ова твоево, Селест, нема врска со религија, ова е размислување на култ без трошка осет за ничија безбедност.
     
    Последна измена: 12 ноември 2021
    На Anne Boleyn, daylight, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Жено Божја! Отецот твој не е Господ, не е ни Црквата! Црквата ја води Светиот Дух, преку одлуките на Светите и Свештени Синоди. Разни попови и попомонаси можат да си мислат што сакаат и да кажуваат што сакаат, но ако тоа што го кажуваат е спротивно на Свештеното Писание, на светите канони и одлуките на Свештениот Синод, таквите не треба да ги слушаме, туку да им укажеме, дека нивното поведение е за осуда! Синодот наш повика да се пазат мерките за заштита од короната! Оние кои се противставуваат на одлуките се схизматици!
    Господ ќе ни суди, ако ја загрозуваме нашата и туѓата безбедност и нашиот и туѓиот живот. Се докажа, дека носењето маска го намалува ризикот за ширење на ковидот. И ако ние не се жалиме себеси, да ги жалиме другите и да не ги изложуваме на ризик.
    За лајкањето, многу ми е гајле кој ми лајкнал, а кој не. Не сме деца да си ги броиме лајковите. :)
    Уште ова, отецот Партениј има милиони слабости, но да се обвинува некој за ерес, само затоа што го мразиме е срамно и недостојно. Покажете докази, дека е еретик... Дајте го на црковен суд... А прикаски од типот Партениј е еретик, само оти го мразам и му завидувам не се убави, ни богоугодни. Истото важи и за Сесвјатејшиот! Патем леб немаш јадено во Бигорскиот манастир?
     
    На OmilenataZaNego и Just.do.it им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Mене ми текна нешто во врска со она што беше со јогата пред неколку години што излезе дека тие што практикувале јога се поклонувале на некои хинду божества и дека прав верник не треба да вежба јога.
    Онака ме интересира дали уште важи тоа или не се замараат верниците? :D
    Исто така побитно - Многу јога пози се добри за истегнување и размрдување на грбот, рамената, вратот итн. И сега дали ако некој верник случајно при истегнување после долг ден седејќи примени некоја јога поза, всушност ненамерно се поклонува на тие божества иако првичната цел му била да го истегне грбот?
     
    На Just.do.it и Indiegurl им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.569
    Пол:
    Женски
    Каков црн Венко, маски не постојат од вчера од како почна пандемијава (facepalm).
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Значи јас во мојот мал живот,треба да следам што одлучил Светиот Синод , а да ги занемарам поповите во мојата црква ,кои ми беа добри до вчера и уште истите да ги пријавам или да ги опоменам.
    Или да не одам во црква,најдобро хмм...
    И на сите оние верници,кои ги довеле и своите деца,да им укажам колку се неразумни и да ги осудам.
    А притоа да занемарам дека единственото место каде моментално не постои страв е токму таму...
    И голема сила ми дава...психичка стабилност...како тоа погрешно може да биде?
     
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Погрешно ќе биде ако не носиш маска.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Како исповедаме кога го читаме Верувам? Верувам, во една света, соборна и апостолска Црква. Тоа значи дека ние не сме протестанти. Кај протестантите секој пастор можи да си прај заедница, ние Православните треба да си ја слушаме Црквата - Синодот, владиката и на крај поповите и монасите. Тоа е послушанието! Не е послушание да садиме кромид однопаку.
     
    На Elenpelen и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.569
    Пол:
    Женски
    Па сега до некаде има вистина во тоа.Јас на пример не го карактеризирам хиндуизмот како "сатанско" бидејќи тоа е крајно безобразно и игнорантно, ама точно е дека јогата не е само истегнување туку дел од верување и начин на живот.Затоа би било нелогично некој што е длабоко навлезен во христијанска религија, или не знам ислам, да практикува јога.Само што јогата денес благодарение на Американците-кој друг ако не они, е искомерцијализирана и е рекламирана само како истегнување, кога во реалноста е духовна практика.И малку е реално и навредливо кон хиндусите нивната долгогодишна практика што трае од антиката да биде сведена на 10min yoga workout покажувана од страна на фитнес инфлуенсери поради општата неинформираност и популарност.:)

    Мислам секако не кажувам дека ние од другиве култури никако не смееме да повежбаме малку, еве јас лично сакам јога од време на време поради физичките придобивки - но исто така јас не сум традиционален православен верник.Од нивна перспектива е реално контрадикторно.
     
    На Tan4ence, daylight, OmilenataZaNego и 2 други им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Јас како јас не сум битна...го напишав соодносот на оние со маска и оние без,попови и верници подеднакво.

    Ако јас носам маска и имам послушание кон Синодот, како велиш дека треба,не е ли и тоа гордост колку сум "исправна", повеќе дури од свештениците кои треба пример да ми бидат?

    И да занемариме што многу верници и не знаат што вели Синодот,туку си го следат локалниот поп.

    Зошто Црквата дава слобода на избор во пракса , ако е толку едноставно?
    Зошто не го замени локалниот поп кој покажува непослушност?
    Која е логиката на маски,ако делиме иста лажичка?

    Ти се извинувам инаку @Orthophill , премногу бев изненадена од твојата строгост во однос на ова прашање....не сакам да делуваат овие мои прашања како провокација...само ја споделив својата реалност...
     
    На Selest му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Е пошто се закачкаш со протестантите, сега ја ќе ти поставам неколку прашања :)

    1. Која една света, соборна и апостолска? На латински јазик зборот „католичка“ значи соборна и католиците ќе речат дека тоа е Католичката црква. Вие ќе речете не, тоа е православната.

    2. Која православна? МПЦ, СПЦ, бугарската, грчката, руската, украинската итн? МПЦ на пример не е признаена од поголемите православни цркви.

    3. Кои владици и попови? Секој владика и поп си има свои уникатни погледи и сфаќања, честопати и контрадикторни едни со други. Не ме терај да ти наоѓам и јавни преписки каде што си пишувале едни контра други. А за поповите па што да ти кажам, секој поп си е самостојна прича.

    4. Што е со оние владици кои во нивното време биле признаени и непослушноста кон нив била сметана за грев, а после два века од нивната смрт биле прогласени за еретици. На пример Ориген. Во негово време (3-ти век) неговите учења биле прифатени од Црквата и луѓето ги верувале, но 2-3 века подоцна неговите учења се осудени за ерес и анатемисани на 5-от вселенски собор. И сега, каде ќе одат душите на тие што го следеле неговото учење? Дали ќе одат во рајот затоа што биле послушни на тогашната официјална Црква, или ќе одат во пекол затоа што следеле еретички учења? :)

    Кај протестантите е мнооогу поедноставно: Само Светото Писмо (Библијата) е врховен авторитет и непогрешлив Божји Збор, а секој друг човечки збор проверувај го и не го земај здраво за готово.

    Во една прилика, апостолите побарале од Исус да му забрани на еден верник да проповеда, пази молимте затоа ШТО НЕ ОДЕЛ СО НИВ (ев. Лука 9:49-50, Библијата), затоа што не бил дел од нивното елитно и ексклузивно друштво. Исус не само што не ги послушал, туку им рекол да го остават да си проповеда. Така што ова е шах-мат директно од Исус за сите оние институционализирани цркви кои мислат дека тие и само тие се „вистинската црква“ и само тие се препознаени од Исус и само тие ќе бидат спасени итн.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Поедноставно? Затоа постојат различни протестантски секти: евангелисти, методисти, баптисти. Како е ова поедноставно?
     
    На Lady D ❤️ и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Не треба верниците да практикуваат јога и медитација. Медитација може да практикуваат ама христијанска и само на оној начин како што е запишана во Светото писмо. Треба да медитираат размислувајќи за Бог и неговиот збор.

    Ќе размислувам за Твоите повелби и ќе ги разгледувам Твоите заповеди.
    Псалми 119:15
    Книжниот свиток на Законот нека биде на твојата уста: размислувај за него дење и ноќе, за да пазиш верно сè што е напишано во него: само тогаш ќе бидеш среќен и ќе успееш во потфатите. Нели ти заповедав:
    Исус Навин 1:8

    Денешната медитација и јога учат дека не треба да се размислува воопшто додека се практикуваат, но тоа е многу опасно. На тој начин дозволуваш околината и се околу што се наоѓа да привлечеш со отварањето на чакрите. Ја губиш контролата врз себе и сметаш дека јогата те смирува а она што го прави е токму спротивното. Те врзува да го правиш секој ден тоа притоа мислејќи дека нема да бидеш добро доколку не медитираш или практикуваш јога. Пример, кога си нервозен велиш дека одиш да медитираш или практикуваш јога за да се смириш, а откако ќе завршиш при следната ситуација си понервозен и тонеш и така во круг.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Секти :D Муабетов ти е како во мрачниот 15-ти век, кога секоја црква која не била дел од институцонилизираната официјална црква, била нарекувана секта, ерес. Зарем има позатворени гледишта во историјата на човештвото од тие во мрачниот среден век?

    Интересно е што во развиените земји (западна Европа, Америка, Австралија) каде што денешнава младина од Македонија сака да се пресели, таму протестнатите се мнозинство, а православните минорно малцинство, тук таму по некоја малечка празна црквичка и тоа најчесто грчка правослвна црква.
    Па сепак, па СЕПАК протестантите таму не ги нарекуваат православните секта, туку ги почитуваат рамноправно, покажувајќи почит, па дури и интерес да научат повеќе за нивните верски гледишта.
    Тоа само покажува која е километарската разлика во прогресивноста на христијаните протестанти таму, и православните овде. Ете затоа ќе ви бегаат младите во „протестантските земји“, затоа што виделе голем аир од православието овде.

    Иначе, евангелисти, методисти, баптисти, тоа се само историски имиња кои им биле залепени (значи од други наречени) овие заедници, најчесто етикетирани од католиците. А во суштината нивните верувања се исти, со незначителни разлика во некои третостепени верувања.
    Ние пред пандемијата, секој месец заедно си имавме славителски вечери, каде заедно сите евангелисти, методисти, баптисти и останати протестантско-евангелски цркви се молевме едни за други, со музички песни го славиме Бог, организираме еднаш годишно и фестивал на македонска христијанска музика (во големи објекти како Дом на АРМ, МКЦ и сл), го празнуваме заедно и денот на Реформацијата на Европа итн.

    Кажи ми кога последен пат се собрале заедно МПЦ, СПЦ, ГПЦ и БПЦ да се молат едни за други, да го слават заедно Бог? Ајде покажи ми го практично тоа заедништво, а не само единство во фирмата на црквата (православна).

    Нејсе, јас и многу други протестанти, си имаме одлучно заедништо и со ПРАВОСЛАВНИ верници, ама прогресивни верници, со широки гледиште, некои на кои им е поважна Исусовата мисија за евангелизација на неверните и неспасени луѓе, отколку промоција на нивната деноминација/фирма.