Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Тоа не е вистина. Баш медитацијата учи да ги пречекуваш мислите и чувствата кои ти се создаваат, да ги прифатиш како такви, а потоа да ги анализираш, сè со цел подобро да осознаеш што се случува со тебе и полесно да надминеш нешта кои треба да ги надминеш. Медитацијата (верувам и јогата, бидејќи медитацијата е мал дел од јогата) учи да живееш во сегашноста и да го сакаш животот, да бидеш присутен во секој момент најмногу што можеш.

    Практикуваш јога? Можеби ти ја губиш контролата врз себе и можеби тебе лично лажно те смирува и ти го прави спротивното.

    Уште една невистина. Како некој што медитира повеќе од 2 години, да споделам искуство:

    Прво, не медитирам секој ден. Понекогаш поминуваат и неколку недели без да медитирам. Од никоја посебна причина, може да сум едноставно презафатена, да немам време, да заборавам, да сум фокусирана на нешто друго.
    Второ, "Мислејќи дека нема да бидеш добро"? Не знам во кој контекст ти е кажано ова, но ако мислиш дека медитацијата служи само за лечење на нешто, појма си немаш. Медитирам и кога се осеќам тажно и кога се осеќам весело и кога сум под стрес и кога сум чил и кога сум нервозна и кога сум спокојна, итн. Медитирам било кога, било каде, едноставно: прави да се чуствувам добро (физички и психички), прави да сум интимно поврзана со себе и добро да се познавам, ми создава самосвест за важноста на сегашниот момент бидејќи животот се случува сега и не сакам да го пропуштам поради небитни нешта.

    Пример, кога сум нервозна понекогаш медитирам, ама само понекогаш. Почесто не медитирам кога сум нервозна. А ако медитирам кога сум нервозна, при следната ситуација не сум нервозна. Всушност, никогаш после медитација после не сум била нервозна, без разлика дали сесијата сум ја почнала нервозна или спокојна. И не тонам во ништо, што и да ти значи тоа.

    Ете, чисто да споделам лично искуство со медитацијата, бидејќи секој може само од лично искуство да каже како му влијае.


    Иначе, еве ги моите омилени јутубери со нивната лична животна приказна. Израснати како хардкор евангелисти го живеат тој живот на кој биле научени од нивните родители и блиската околина речиси целиот свој живот. После 30 и кусур години живеење таков живот, доживуваат нови искуства и учат нови нешта. Поинакви. Перспективата целосно им се менува и споделуваат во овие пар видеа:



    Зошто повеќе не се евангелисти:

     
    На Tan4ence и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Тотално беспотребно мислење за темава зашто е религија, а не јога и медитација, ама нејсе. Не заслужуваш и воопшто да ти вратам нешто на ова бидејќи ми пишуваш дека немам појма, а ти како двегодишен познавач и практикувач на јога ме чудиш како ништо не знаеш за нејзината позадинска суштина. Тоа што го практикуваш не е интимно спознавање на себеси, и нема никаква врска со тоа. Така си го имаш убедено мозокот. Преголем акцент ставаш на себе и опседнадност со работи кои се минливи.

    Од друга страна, пишуваш за контрола, а ти е потребна медитација кога си нервозна. Многу си контрадикторна. Пишуваш дека не е за лечење на нешто, но ти ја практикуваш затоа што те прави среќна и интимно поврзана со себе. :drunk:
    Напиша и дека ти помага да ги анализираш работите уште во првата реченица, а додека медитираш не размислуваш ништо, буквално дозволуваш да те контролира ''медитацијата'' и да ги анализира работите наместо тебе со самото пречекување на мислите и чувствата како што имаш напишано. Не знам дали си сигурна дали тоа ти се сопствените мисли и чувства.

    Не е тоа мое мислење што го напишав туку факт (за оној кој верува) кој исто така го пишува во Светото писмо затоа и е забранета јогата од страна на црквата. Доколку си атеист (по мислењето очигледно да) те разбирам дека си навредена од мојот пост, ама не значи дека не е точно тоа што го напишав.

    Те замолувам најпрво да истражиш и прочиташ повеќе за тоа што го практикуваш секој ден, а потоа да ме навредуваш дека немам појма.
     
    Последна измена: 13 ноември 2021
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Да, секти се. Иако сакате да се развиете во црква и имате тенденција да ги викате цркви, всушност се секти.
    Не ги викаат православните секта, бидејќи е организирана во црква, значи е православна црква. Така и за католиците, католичка црква. А кај протестантите не постои црква зашто се поделени во секти. Значи се секти.
    Младите не бегаат во странство заради православното гледање, туку поради неможноста да се најде работа. Не можеш иселувањето на младите да го припишеш на "заостанатото православно гледиште".
    Велиш дека најглавните верувања се исти, но со незначителни разлики во третостепени верувања. Значи не е исто да си евангелист и методист или баптист, бидејќи во суштина сепак има разлика во верувањата. Штом има разлика значи не се само историски имиња.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.569
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека не знаеш што пишуваш.Какви туѓи чувства, какво контролирање?Каква опседнатост со себе си?
    Знаеш што е медитација за луѓе што рекреативно си медитираат? Седиш 10-15 мин обично при што се фокусираш на дишењето и го одмараш мозокот.Тоа е тоа.Настрана религијата, медитацијата е научно докажана дека го смирува телото и помага за концентрација.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  5. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Ако само мислиш, онда океј. :mm:
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.569
    Пол:
    Женски
    Не разбрав што сакаш да кажеш?
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Истава конструкција на реченици може да се напише и за православните цркви. Еве:

    Да, секти се. Иако сакате да се развиете во црква и имате тенденција да ги викате цркви, всушност се секти.
    Во развиениот свет не ги викаат протестантските цркви секта, бидејќи се организирана во црква, значи е протестантска црква. Така и за католиците, католичка црква. А кај православните не постои црква зашто се поделени во секти. Значи се секти.

    И? По што ќе одредиме кој е во право? :D
    По бројност? Православни во светот има околу 250 милиони, а протестанти скоро три пати повеќе = 800 милиони.
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Може да се напише било што, но фактите друго говорат. Православната религија е организирана во црква и нема разлики во верувањата. Протестантизмот се јавува во XVI век. И во рамките на протестантизмот има повеќе секти: баштисти, методисти, евангелисти. Ќе се повторам од претходното мое мислење, зашто тоа гледам го игнорираш, велиш дека нема разлика меѓу погореспоменатите, но имало разлика во третостепени верувања. Штом има разлика, значи не е исто и не се само историски имиња. За разликите меѓу овие има и на интернет. Младите не се иселуваат поради "заостанатите православни гледишта" , туку поради тоа што не можат да најдат работа.
    Тенденција ви е да се организирате во црква, но засега е секта.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Има разлики и меѓу православните верувања меѓу владиците и поповите само од МПЦ ако гледаш, а не па со другите православни цркви.

    Протестантската реформација на Црквата се јавува во 16-ти век, но не и верата на протестантските христијани. Тие не донеле никакви нови учења, туку едноставно се вратиле кон изворното библиско христијанство - проповедано од Христос и апостолите, очистувајќи ја тогашната забегана црква. Затоа и во светот, Денот на Реформацијата (31-ви Октомври) се празнува и како државен празник, значи неработен ден е. Не затоа што се појавила „нова црква“, туку затоа што се реформирала дел од постоечката. Еве ти со дијаграм за подобро да ја разбереш реформацијата на црквата:

    Copy of Church history timeline1.png

    Каде и да отидеш во Америка, западна Европа, Австралија и да прашаш човек на улица да ти покаже кај има најблиску црква, ќе те однесе најверојатно до протестантска црква. Така што светски гледано тие се општонародно признати за цркви, а најважно признати се од Оној на кој му се послушни - Исус Христос кој е главата на Црквата.
    Ги заболе уво протестантите во светот што една шака луѓе таму на балканот не ги признаваат за црква :D
     
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    За какви разлики збориш?
    Очигледно е дека има огромна разлика меѓу протестантските секти. Различни се верувањата, а не некои третостепени неважни верувања. Значи штом има разлика, логично е дека не се само имиња.
    Не донеле нови учења? Докажано е некаде дека се вратиле на старите? Историските факти говорат дека се јавуваат нови учења во XVI век и револт кон католичката црква, па така се раѓа протестантизмот.
    За дијаграмов не сакам ни да коментирам. Воопшто нема врска со реалноста тоа што е прикажано на дијаграмов. :rofl:
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Self-serving prophecy ти е графиконов.
    Што освен твоето тврдење е доказ дека Протестанството е 'Враќање кон зборот Божји'?
    Ништо.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Ајде повели наведи барем ЕДНО ново учење кое се појавило кај протестантите, а не било дел од изворните верувања на Исус, апостолите, првите христијани, т.е. од она што е запишано во старата добра Библија :)

    А јас потоа ќе ти наведам ако сакаш десетина новотарии што си ги вовеле православните, а не биле дел од учењето и праксата на раните христијани.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Оние што каменувале 'грешници'?
    Таму сакаш да се вратиш?
     
    На Lady D ❤️, asdas и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Паааа на пример тоа што нивните верувања и пракси се основани на зборот Божји (Библијата)?
    Што друго би можело да значи фразата „враќање кон зборот Божји“, ако не е тоа „враќање кон зборот Божји“?

    п.с. Бидејќи и сама знаеш дека не си баш упатена у темиве, ќе те игнорирам за кратко, за да не ми ја дефокусираш дискусијава со Just do it, затоа што стана баш интересна :)
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Ти тврдиш дека има разлика во православната црква. Те прашувам кажи кои се разликите.
    А како знаеш дека баш протестантските секти се изворното христијанство?
    Сигурно и знаеш кои се разликите меѓу протестантските секти. Штом има разлики значи не е изворно христијанство. :rofl:
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Не го избегнувај ова. Или барем доблесно самокорегирај се :)
     
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Која од протестантските секти е изворно христијанство? Евангелизам, методизам или можеби баптизам? :rofl:
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Арно ти шо си упатен, па ќе не' просветлиш :inlove:
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Ок, очигледно е дека се фати во стапица, па не сакам и по трет пат да те прашувам и измачувам.

    Ајде сега, мојот предизвик за тебе:

    Покажи ми каде Христос или апостолите осветувале вода?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на покојни верници?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на Мојсеј, Авраам, Исак, Јаков, Ное, Лот, Илија, Еремија, Исаија, Јован Крстител итн?
    Покажи ми каде Христос или апостолите користеле икона од некој од горенаведениве?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се поклонувале пред икони?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се поклонувале на лешевите од верниците (мошти)?
    Покажи ми каде Христос или апостолите принесувале свеќи за живи, за мртви, за здравје и сл?
    Покажи ми каде Христос или апостолите и се молеле на Марија? Каде ја нарекле најголема, пресвета, преблагословена, владичица?
    Покажи ми каде апостолите дозволиле да им се поклонуваат? (А од друга страна има јасни цитати каде што апостол Петар и ангелот Габриел одбиваат поклонување!)
    Покажи ми каде на апостолите им бацувале раце?
    Покажи ми каде Исус и апостолите користеле ценовници во црквите?
    Покажи ми каде апостолите носеле свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив?
    Покажи ми каде Христос или апостолите проповедале етнофилетизам?
    Покажи ми каде Христос или апостолите се прекрстувале со рацете?
    Покажи ми каде Христос или апостолите мафтале со кандила?
    Покажи ми каде во Светото Писмо има забрана за епископите да се женат? А јас ќе ти покажам каде точно се вели „епископот да биде маж на една жена“ (1 Тимотеј 3:2; Библијата)
    Итн.

    Покажи ми каде во Светото Писмо Христос или апостолите направиле било што од горенаведениве и јас уште од вечерва ќе го правам тоа :) А ако не најдеш ништо од тоа во Светото Писмо, тогаш немој да ме судиш затоа што се држам до изворното, библиско, Христово и апостолско христијанство.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Една книга имате и околу нејзе не мојте консензус да напрајте.
    Да беа поќе, кузнај шо ќе испаднеше
     
    На Lady D ❤️, Indiegurl и Just.do.it им се допаѓа ова.