Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Хахах @EvAngelos зашто не одговориш на моето веќе трипати поставено прашање?
    Одговорот на сите ни е јасен, па затоа се обидуваш да ја промениш дискусијата во друг правец.
    Можеби според твојот никнејм треба да сфатиме дека евангелистите се изворно христијанство. Така? :rofl:
     
    Последна измена: 13 ноември 2021
    На Lady D ❤️ и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Директна линија имаат со Бог.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    10.213
    Пол:
    Машки
    Еве јас ти наброив не една, туку 15 (петнаесет) работи кои ги верува и практикува македонската православна црква, а не биле дел од учењето и праксата на изворното христијанство (запишано во Библијата).

    Повели сега ти наведи еве што поучува или практикува евангелската црква, а не е дел од учењето и праксата на Исус и апостолите запишано во Библијата?

    Ајде малку аргументирано да ја насочиме дискусијата, а не само како некои третооделенци што си довикуваат „ти си секта, е не ти си секта, ти си секта пута 10, не туку ти си секта пута милион! :D
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Сите религиозни институции се секти.

    Спиритуалноста е интимна побуда.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  5. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.958
    Што рачунаш за западна Европа? Франција? Шкотска? Ирска?

    Како и кога се признати директно од него?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Како знаеш дека не се дел од изворното христијанство?
    Знаеш дека Библијата може да се толкува на многу различни начини? Всушност најпрост пример ете меѓу протестантите, штом тие меѓу нив не се согласуваат со верувањата, логично е дека некој не е во право. Кој не е во право не може да се докаже.
    Вешто избегнуваш да одговориш кога ќе биде кажан аргумент против протестантството.
    Како знаеш дека баш евангелистите се изворно христијанство, а не баптистите?
     
  7. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    Чекаме да помине корона вирусот за да ги слушаме повторно проповедите од вакцинираните владици и свештеници кои носеа маски во олтар повеќе и од медицинските работници по болниците за тоа како Христос Воскресна и да не се плашиме од смртта.
    Да проповедаат дека Христос е Исцелител и Лекар како на душите така и на телата.( а не како сега да бараат да се вакцинираме за да се извлечеме и да живееме). Ни проповедаат со снажен и сигурен глас дека смртта е победана на Крстот од Христос.( а не како сега да се тресат како есенски листови на ветер од смртта). Да ни проповедаат дека треба да се оди редовно на Богослужби оти таму единствено можеме да го примиме Христос во нас преку Евхаристијата.( а не како Велигден кога си направија лотарија од пет души да можат да присуствуваат). Ни проповедаат дека во Путирот се Телото и Крвта Христова.( а не како денес да ја бришат лажичката после секоја Причест).
    Жално е човек да гледа како се прпелкаат поединци во маловерието. Сами си се издаваат преку своите дела и постапки. Во светото писмо се што пишува се се остварува и ќе се оствари.. Соблазната ќе почне од свештениците и ѓаволот ќе има моќ да влези и во црквата.
    Синот Божји говори ќе најдам ли вера кога ќе се вратам.

    Народот масивно се носи на кланица преку уцени и закани( читај вакцинација).
    Забрането им е на свештениците да држат беседи против вакцините, забрането им е јавно да го поведат народот против вакцините и за жал под уцените скоро сите подклекнаа.
    Тоа е така бидејќи ние во нашите срца наместо да ја живееме Света Тројца во која има Љубов , Жртва и Утеха ние го живеем западното свето тројство кое е некое божество безличносно и е соносним на кукавичлук.
    Кога си пастир ти гинеш за своите овци,со ревност одиш кон смрт без компромис и барање решенија преку отпаднатата логика ,одиш во смрт која Христос со смрт ја победи и на оние од гробовите( нам кои сме умрени пред да умреме) живот им даде. Поради ова денес нема пастири бидејќи сите сме заглавени во лавиринтот на книгата, учењето за Бог преку умувањето на богослвските факулетети кои се основен и прв критериум за некој да стане свештеник и таму ги учат да бидат интелектуалци, а не да се трудат да изградат личносен однос со Бог. Тоа е духот на запад кој дава кадар на интелектуалци кои знаат и умеат да тактизираат но за жал светост нема да видиме. Нам не ни требаат кукавици интелектуалци туку прости но свети свештеници.

    Треба да ни биде јасно дека во верата се потребни храброст и смирение. Храброста без смирение е дрскост, а пак смирението без храброст е кукавичлук.
    Имаме такви духовници зошто сме млаки во верата.
    @Orthophill синодот наш донел одлука да се носат маски,утре ќе донесе одлука како и во Грција дека не смеат да влегуваат христијани без ковид пасош и ти тоа го поддржуваш и сметаш дека е во ред? Дај те молам ова кажувај им го на тие кои ти го наметнале ова размислување и ти всеале страв. Мене во Божјиот дом никој неможе да ми нареди да носам маска, во такви храмови не влегувам. Патем целиваш ли икони со маска? Како се причестуваш чим се исплаши и во црква маска носиш?

    @EvAngelos ќе се чудиш кога ќе дојде судниот ден. Сега и така неможеш да ги перцепираш некои работи излези од сектата,покај се ,пости и причестувај се и ќе сватиш се што не ти е јасно.

    @Bitter-Sweet оди на сајтот на бигорски сама ќе се убедиш. Што има јас да те убедувам кога според твое гледање судам. Многу луѓе кои биле духовни чеда на Партениј ја осознале вистината и делата и нашле други духовници, незнам како не си слушнала за ова. Сестра Касијана уште малку и светица ќе стане а не ме чуди ни Партениј на икона ко светец да го видам. Само гордост и величење друго и не се гледа. И при очи јас да бидам ли слепа? Една солза негова, рајски дијамант?! Имаат ли страв од Бога???

    Што се случи со отец Дамаскин,зошто го тргнаа што мислиш? За жал останаа такви како поп Дуле,кој се изрекламира дека се вакцинирал и шири сатанска пропаганда,владиката исто проповеда дека треба да се вакцинираме,Тимотеј,Иларион,Пимен и тој незнае кај тера... Не се срамат и плашат за своите постапки. Ви всадија во глава дека ќе одите во пекол ако не се избоцкате,жално многу,жално...

    СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ ЗА ОПШТЕЊЕТО СО еретиците
    Но, секогаш кога ќе се појави погрешно учење внатре во Црквата, кога болеста на ереста ќе почне како смртоносен вирус да се шири внатре во Телото Христово, самото Тело, бидејќи е живо, почнува да се бори против болеста, и во таа борба се вклучени сите членови на Телото, односно Црквата. „Нашата војна против еретиците, – вели Св. Јован Златоуст, – не е војна која што живите ги претвара во мртви, туку мртвите ги носи во живот. Јас не војувам со материјално оружје, туку со зборот, не војувам против еретиците, туку против ереста; не го мразам човекот туку заблудата… јас не војувам против созданието Божјо, туку сакам да го исправам умот кој е расипан од ѓаволот. Како што лекарот лечејќи го болниот, не војува против телото туку ја остранува повредата на телото, така и јас кога се борам со еретиците, не се борам со самите луѓе, туку сакам да ја истребам секоја заблуда и да го отстранам трулежот. Јас сум научен да трпам гонење, а не да гонам, да бивам протеран, а не да протерувам… Често ви имам зборувано за безбожните еретици, и сега ве замолувам: немојте да имате општење со нив, ниту во храната, ниту во пиењето, не правете познанство со нив, ниту пријателство, ниту љубов. Ако пак некој прави такво нешто, тогаш тој се отуѓува од вселенската Црква… Спасението е во Христа, но тоа спасение и припаѓа единствено на Црквата, и никој неможе надвор од Црквата и верата да заедничари со Христос, ниту да се спаси. Свесни за тоа, ние знаеме дека безбожните ереси немаат никаква надеж на спасение, бидејќи немаат ниту најмало општење со Христос“.
    199537437_1954928017993589_1538451099003437650_n.jpg 191649752_1942187105934347_4302267541251473887_n.jpg 199962154_1957472077739183_4199886922886492766_n.jpg 240191417_2016065805213143_259444837720682448_n.jpg 200261960_1958346997651691_7054223205370374700_n.jpg

    Погледнете некое видео со Метрополит Морфски Неофит и ќе ви стане појасно.
     

    Прикачени фајлови:

    На sonuvana и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Добро, ајде да речеме верник не треба да ја практикува.
    Ама ОПШТО кога зборите вака за јогата, човек ќе помисли за некоја тешка дрога зборите.
    Јас вежбам нешто повеќе од година дена јога. Не осеќам никаква поврзаност со божества и религии, туку само со сама себе. Фитнес, јога и пилатес ми станаа лек за напади кои ги имам од 13 години.
    А како некој што се буди укочен и со болки у грб и рамена без разлика на колку удобен душек спијам, само јога ме размрдува и истега доволно да можам да го почнам денот. Ја вежбам оти физичкото од јогата го сакам. Многу јога пози кои се малку потешки ми помогнаа во core stability, - нешто што е многу важно во фитнесот, да не речам клучно.
    Ако верник не треба да ја практикува, океј.
    Ама вакви глупости коа зборите, смешни сте.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Народот масивно се носи на кланица преку уцени и закани( читај вакцинација). Wtf?
    Дали ова сериозно го мислиш?
    Девојче едниствен спас од пандемијата е вакцината.
    Зашто кога сте болни идете на доктор? Зашто не чекате Бог да ве спаси? Ете Бог им помогна на луѓето да направат вакцина и да се извлечеме со помалку жртви, а ти тврдиш дека вакцината е штетна. Дали има некаде статија која ја докажува штетноста на вакцината?
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    10.213
    Пол:
    Машки
    Така многу просто, сум ја прочитал неколку пати Библијата, сум ги поставувал истиве прашања со години, и на православни кои завршиле богословија, никој не покажал цитат од Библијата каде што ќе рече „Еве тука апостол Петар се поклонил на икона од Св. Јован Крстител или слично. Или еве тука овој апостол му се молел на тој светец итн.

    Прво треба нештото да го има во Библијата, за потоа да го толкуваш :)
    Според оваа логика, некој тука на форумов може да пише дека клањањето на марсовци е исто така дел од изворното христијанство, и исто така да рече „ама Библијата се толкува на различни начини“ :D

    Во 1 Тимотеј 2:3 пишува дека епископот треба да биде маж на една жена. И како можеш ова поинаку да го толкуваш? Зарем ќе речеш да, но во тоа време зборот треба, значело уствари дека не треба :D
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Само ова ќе го пишам. Поповите, монасите и владиците, можат да имаат различни мислења, ама кога Синодот ќе донесе одлука сите се должни да го почитуваат тоа. Се' друго е ѓаволска измама и прелест.
    @Selest сестро мила, одлуката на Грчката Црква е за секоја пофалба! Да се живи и здрави.
    @EvAngelos во Светото Евангелие Господ и Спасител наш Иисус Христос, му вели на свети Јована: Остави ги сега тие работи Јоване. И јас така сега така те замолувам, остави ги сега тие работи Евангелосе. Разумен човек си, те гледам и по фејсбуцине како се бориш со вашите протестантски корона неверници... Време е на пандемија, да го чуваме нашето и туѓото здравје. Ќе се расправаме во подобри времиња. И ќе си ги повторуваме по илјада пати истите муабети.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    А што ќе кажеш за протестанските секти кадешто може свештеник да биде жена? Или и тоа е изворно христијанство?
    Кое е изворно христијанство, баптисти, методисти или евангелисти?
    Библијата може да се толкува на различни начини. Доказ за тоа е постоењето на различни протестантски секти.
     
    Последна измена: 13 ноември 2021
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Јогата а и секоe друго учење и верување во натприродно кое е спротивно од библиското учење е забрането, така што од аспект на христијанин вистината е апсолутна и важи за сите а дали некој ја одбива и си тера по свое тоа си е негов избор.

    Во однос на темата маски, мислам дека треба да се носат маски, тоа не ја доведува индивидуалната верба во прашање.
     
    Последна измена: 13 ноември 2021
    На OmilenataZaNego му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    10.213
    Пол:
    Машки
    Така е, се сложувам. Одамна не сум се расправал за овие православно-протестантски разлики, ниту сакам во иднина. Одлична соработка имаме со многу православни браќа и сестри и борци против модерниве ереси со коронава, и со реформите на Царовска за воведување ЛГБТ родова идеологија во образованието на нашите деца. Ама ете, паднав на провокацијата на девојчево, нека е жива и здрава :)

    Во име на мирот, отстапувам од оваа неплодна дискусија @Just.do.it Еве признавам, ти си во право :hug:
     
    На Orthophill и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.831
    Пол:
    Женски
    Во ред. Така е, вистинска вера е во време на пандемија да не се носат маски, никаде, не само во црква. Вистинска вера е да не се бери гајле за здравјето, оти Бог ќе не' чува. Што и да направиме, можеме да бидеме спокојни, без страв, оти Бог нема да дозволи да ни се случи нешто. Ова е исто како човек кој не знае да плива да се поддржува да влезе во вода, сигурно нема да се удави. Или човек кој не знае да вози, да седне зад волан и да бидеме сигурни дека нема да удри некаде. Вера. (y)

    Кога Исус постеше 40 дена, Сатаната му рече: "Ако си син Божји, скокни долу, зашто во Писмото стои: На ангелите Свои ќе заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш некако ногата од камен." Исус одговори: "Напишано е исто така: Не искушувај Го Господа, Твојот Бог."
     
    На daylight, Indiegurl, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Па медитацијата и јогата се дел од религија.
    Башка, ти зборуваше за медитација и јога, јас само се надоврзав споделувајќи лично искуство.

    Не читаш добро, реков не практикувам јога, само медитација. Ај ете ти кажи која е позадинската суштина, сподели да научам.

    Аха, да, јас си го имам убедено така мозокот. А вие верниците доживувате специјални спиритуални моменти во црква, не дека така си го убедувате мозокот, ич не, никако.

    Нормално дека ставам акцент на себе си, зошто да не.
    Многу работи се минливи.
    Лично периодов не сум опседната со ништо конкретно.

    Ти зборуваш за контрола:

    Не јас. Како сум јас контрадикторна?

    Преку ова се обидувам да ти објаснам:

    Дека не медитирам поради нервоза, туку кога ќе ми се присака, без разлика како се осеќам, нервозна или спокојна. Бидејќи ти велиш дека луѓето медитираат кога се нервозни само.

    Пишав дека не е САМО за лечење.

    Да, ја практикувам затоа што ме прави среќна и ми помага интимно да се поврзам со себе. Тоа е лошо?

    Каде реков дека кога медитирам не размислувам ништо? Баш напротив, реков дека за време на медитирањето ги забележуваш мислите (и чувствата), ги прифаќаш дека се создале, а потоа ги анализираш. Тоа е една од убавините на медитацијата.

    Сигурна сум дека тоа ми се сопствените мисли и чувства.

    Што е факт? Дека медитацијата учи да не размислуваш воопшто? Дека поради неа губиш некаква контрола? Дека се медитира само кога си нервозен? Дека те врзувала да ја практикуваш секој ден инаку би мислел дека не ти е добро? Ништо од тоа не е факт, туку твоја перцепција, а твојата перцепција е само твоја вистина.

    Не сум навредена, зошто би била, разговараме.

    Имам доволно и истражено и прочитано за медитацијата, а најважно од сè, практикувано и доживеано. И пак ќе кажам, не медитирам секој ден.
    И не те навредувам, од кога појма немаш е навреда? |( Само еден куп невистини кажа, па ти објаснив од лично искуство дека тоа не е така.
     
    Последна измена: 13 ноември 2021
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Само медитацијата е дел од христијанството и не треба да се практикува како што учат денес, да не се размислува на ништо.

    Не пишав никаде дека се медитира само кога си нервозен, туку за да ти биде подобро и затоа нервозата ја земав за пример, а од истата причина и ти медитираш. Самата го пиша тоа. Не знам зошто ми наметнуваш зборови кои ги немам напишано.

    И полека не се нервирај, пак ќе ти пишам, не е моја перцепција тоа што го напишав туку факт и затоа црквата го забранува, и тоа е вистината. Темава е религија, го напишав тоа за да го прочитаат верниците, а не ти да се најдеш погодена.

    Акцентот на себеси што го ставаш јасен ми е уште кога видов дека на секоја реченица реплицираш, ама уствари ти можеш да практикуваш што сакаш, затоа што не си верник. Не го прифаќаш ниту почитуваш другото верување(мислам на религијата), а очекуваш да биде сфатено и прифатено како вистина твоето мислење.
    Имај слободна волја. :D
     
  18. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Ти праша дали не треба да ја практикува верник јогата, јас дополнително ја објаснив и причината.
    Тоа што сметаш дека се глупости, твој избор.
     
    Последна измена: 14 ноември 2021
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Како изгледа процесот на медитација во христијанството?

    Поентата ми е дека не се медитира затоа што можеби некогаш се осеќаш нервозен. Барем јас не. Не сум као, еј нервозна сум, чекај да измедитирам. Туку еве на пример, долг период медитирав наутро зошто сакав денот да го започнам со медитација. Еден период медитирав навечер, затоа што тогаш имав време. Нервозен или не, нема никакво значење, ќе медитирам без разлика како се чуствувам. Не е медитацијата лексилиум. Језда Се надевам ти разјаснив. Башка, не сум нервозна личност по природа. :D

    Посекако не се нервирам, ретко што може да ме изнервира.

    Ова е точно, јас зборував за другите нешта што ги спомна дека не се факт. Односно не е факт дека медитација налага да не размислуваш на ништо. Не е факт дека поради неа губиш некаква контрола. Итн.
    А зошто всушност црквата ја забранува медитацијата?

    Не се наоѓам погодена, јас само објаснувам за медитацијата од истата причина како тебе, бидејќи темата е религија (општо, не само христијанство).

    Again, да, акцентот го ставам на себе си, зошто да не го ставам. Иначе таков ми е стилот на комуницирање, реплицирам подетално за подобро да се разбереме. :D

    Како жити се не го почитувам другото верување, ако објаснувам за медитацијата? :wasntme: Не очекувам ништо конкретно, само објаснувам повеќе за медитацијата, без разлика дали некој објаснувањето ќе го сфати или не. Ама па би било добро да го сфати, за да знае за друг пат. :D
     
    Последна измена: 14 ноември 2021
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Се каам што воопшто ти вратив уште на првиот пост, бидејќи дискусијава се сведе на јас, јас, јас. У реду, твоето врховно ЈАС. :D

    Се што имаш препрашано по втор пат во постов го имам одговорено уште во првите два.

    И не се пишува чуствувам, туку чувствувам. Не те поправив првите постови иако го пиша илјада пати, ама веќе незгодно ми е.

    Последното прашање за тоа како не го почитуваш: епа вака, тоа е веќе забрането од црквата, не ја почитуваш нивната одлука ниту одлуката што треба да ја донесат верниците, ти текнува? :x
    Доколку сметаш дека не сум право и сакаш промени, оди во црква и кажи го својот став.
    Богот Шива е основач на јогата.
    Шива - хинду божество.