Поклонување на Сатана е поклонување на злото, а поклонување на Мамона, на Алах, на Кришна и не знам ти кој друг, е поклонување на друг бог, нехристијански. Човек за бог може да се смета и самиот себе или некој предмет. Затоа, сето тоа се коси со христијанството. Возљуби го својот Бог со сето срце, сета душа и сиот разум, тоа важи за нас.
Твое мислење, јас не би се согласила. Во Куранот се спомнува Исус како месија ама не свој, не може за едни да биде Син Божји кој правел чуда а за други да биде обичен човек, ако еден е Бог или сите ќе го признаеја Исус како син Божји или сите ќе речеа само обичен месија е. Во исламот јасно е дека Алах е сосема друго божество.
Без разлика што мислеле за Исус, Бог е Бог. Семоќен, сезнаен И кај нив Јахве е Бог. Пошто го делиме Стариот Завет, не е тешко да се претпостави, дека за еден Бог станува збор. Религиите се само различни начини за 'пристигање' до Бога.
По ова познавајте го Духот на Бога: секој дух кој исповедува дека Исус Христос дојде во тело, од Бога е; 1 Јован 4:2 а секој дух кој не исповедува дека Исус Христос дојде во телото, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте чуле дека иде, и сега е веќе во светот. 1 Јован 4:3
Точно еден е Бог, но исто така не може секој да има различна интерпретација за Бог затоа што постои само една апсолутна вистина.
Бог, создателот на светот е еден, тоа е точно. А од сите верзии, некои, како што велиш, се обидуваат да ,,стигнат" до Бог на сличен начин т.е со слични верзии ама некои и се косат една со друга. @WildMk И ќе едитирам овде, поантата ти ја сфаќам и многу пати сум го слушнала тоа од луѓе ама исламскиот бог и христијанскиот бог дефинитивно не е еден ист. Да, фала што го додаде и ова.
Да, морам да го додадам затоа што се знае дека Исус воскреснал од мртвите третиот ден по распнувањето на крстот и е Син Божји. Се останато што се претставува како Бог се спротивставува на неговото учење.
Интерпретацијата за Бог е иста за сите религии. Начинот на кој треба да постапуваш, за да 'стасаш' до Бога е различен во секоја религија. Едни велат треба да се молиш, другите велат треба да медитираш (пример) Бог е семоќниот создавач на Универзумот и се' во него. Сите во исто веруваат.
Значи убаво реков - Не смее верник ниту после цел ден на компјутер да стане да се истегне и размрда оти случајно ќе напраи некоја јога поза со која се поклонува на друго божество, иако намерата била сосем друга и самиот ништо друго не осетил освен олеснување во грбот. Ќе го вметнам мислењево од Бендер напишано баш на таа тема за јогата и медитацијата (иако не е веќе активен член)
Шива и создавањето на светот исто ли е со Јахве и создавањето на светот, исто ли е учењето на ведите и учењето на христијаните?
Па ти можеш да веруваш во било што, јас немам проблем и го почитувам тоа.Проблемот е кога одите и им викате на луѓето дека се поклонуваат на сатани и демони со цел да ги одвратите од тоа што го прават.Тоа го зборам од прееска.
Ама исто е. Природата е семоќна е и сезнајна. И не ги знаеме сите нејзини тајни, затоа имаме 'чуда', како Dark matter
Исус Христос е тој што е семоќен, а не природата. Како може природата да биде семоќна? Навистина ме интересира, што те наведе на тоа да мислиш дека природата е Бог?
Не @Tan4ence , спорна е намерата, кога некој сака да биде и христијанин ама и да рече Сакам да медитирам и да практикувам јога оти ми е задоволство. И тоа не значи дека треба тука да се расправаат луѓе и лично да сфаќаат некои работи, кој не е религиозен и си сака јога, ок. Нека си прави секој тоа што го исполнува.