Не треба да бидеме посматрач на гревот, треба да укажеме и предупредиме кога некој греши. тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови. Јаков 5:20
Ти овде си проповедник и спасител? Фино, ама не оди тоа така. Сум го поминала јас твоево, убедував на времето што е вистина и што (не) треба да се прави, разговарав и со мојот духовник на оваа тема. Ми рече, ако некој не побара совет, ако не те праша, не се мешај, повеќе гнев ќе навлечеш. Верувам дека како што мене Бог ми го покажа патот, ќе им го покаже на сите, сами ќе сфатат тоа што треба да сфатат, мешање во нечиј живот не е ништо добро, без разлика со каква намера. Подобро и покорисно е да се одјавиме и да се посветиме на нашите практики отколку овде, на форум, на некоја дискусија да се трудиме да бидеме во право.
Tи кога го поминуваше моево, се сметаше себеси зa проповедник и спасител? Се сметаш дека си над мене бидејки веќе го имаш поминато тоа и се имаш откажано, тоа е гордост. Инаку, прашањето беше поставено не наметнав јас директно свое мислење.
Форумот е идеално место за искажување ставови без да те праша некој за совет, во дискусија или на дадена тема изнесуваш мислење никаде не видов наметнување мислење или делење совети, оној кој смета дека е добро да медитира веројатно и ќе продолжи, тоа што сметам дека практикувањето јога е погрешно е верување базирано врз христијанството.
Пренеси му на твојот духовник дека доколку апостолите и првите ученици на Исус го следеле неговиов совет, христијанството ќе замрело со нив и немало да се прошири ни метро повеќе од Јудеја. Апостолите и првите ученици, следејќи ги Исусовите инструкции активно се дале на проповедање на евангелието, патувајќи дури и стотици километри. Сети се на онаа случка каде што Исус ги пратил седумдесетмината, двајца по двајца да одат и да го проповедаат евангелието. Впрочем и тоа е последната заповед на Исус пред да се раздели од Своите ученици: „Одете и од сите народи направете Мои ученици, крштевајќи ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух, учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал“ (ев. Матеј 28:19-20, Библијата) Те сфаќам и тебе, и секако дека не треба да ја наметнуваме нашата вера, но нема причина зошто да не ја споделуваме активно. Ако видиш денес, секој насекаде и гласно си ја споделува својата вера. Гласно се промовираат јога и медитации. Гласно се промовира атеизмот, родовата идеологија. Проповедање на разни филозофии и животни стилови буквално имаш 24/7 на фејсбук, инстаграм, тикток... и нормално, некои од нив нема да признаат дека споделуваат верски убедувања, ама фактички тоа го прават. Дури и оние што споделуваат 10 начини како да бидеш среќен или да имаш исполнет живот, дури и тие проповедаат. И смешното е што баш тие ќе ти замерат зошто зборуваш за Исус, па тоа било наметнување на религија, па ова она, а они 10 пати повеќе и почесто од тебе го прават тоа Затоа, кој ги шиша, ако ние веруваме дека евангелието може да ги спаси луѓето и ако навистина ги љубиме луѓето и не сакаме да ги видиме утре во огненото езеро, наше дело на љубов е да им кажеме за Спасителот Исус
Има разлика од тоа да искажеш став, гледиште, ама цитирања до недоглед па и силење, агресивност, наметнување, тоа не. И после зошто викаат верниците не чинеле, па наместо со љубов, со омраза биле полни. Оти, пазете, има и такви случаи. Смирение, ненаметливост, љубов, тоа е христијанство, а не вперување со прст.
Еве ова е тоа. Зошто не се смириш и зошто не престанеш да цитираш? Веќе почнуваш да се расправаш. Се осеќа негативна енергија од пост на христијанин. Јас тука ја завршувам дискусијата оти оди во друг правец.
ова е мнг убаво кажано и компленто се сложувам....но ете не може да се примени секаде и со секого и тоа е лекција што уште ја учам.... напишав реферат како ова е форум и дрн дрн дрн, небитни работи, за тоа колку вакви дебати треба очи во очи да се водат дрн дрн дрн...го избришав тоа и се решив да го пишам само моето искуство и мислење за цитатот погоре бидејќи верувам дека тоа е најправилно....... најубаво според мене е кога ова погоре пишаново го примениме 100% за нашите најблиски, фамилија, пријатели.... секогаш искрени и дирекни кога станува збор за Божјите заповеди и нашите најблиски... јас искрено освен фамилијата имам само една другарка која дирекно и строго ме има искорегирано кога вршев сериозно страшен грев....и мнг ми помогна... е сега имав и други другарки кои мислев дека се искрени кон мене бидејќи кога грешеа, јас ги исправав и бев тука за нив, но кога пред нивни очи јас тргнав и идев по погрешниот пат (ОД КИЛОМЕТАР се гледа дека е погрешен пат, а не различен животен стил незз што) тие ме оставија, не се мешаа, си имаа свое мислење но никогаш искрено не го споделија со мене...не ме подржаа дирекно, но само ќјутливо беа сведоци за мојата пропаст... е сега замисли, со последниве сум подолго време другарка и повеќе имаме поминато, со другава другарка помалку се имам дружено а нашите дружби секогаш биле поквалитени и секогаш имало некаков плод (заклучок, помош. критика) така да јас лично во однос на цитатов- тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови. Јаков 5:20 функционирам вака- -секогаш проверувам како ми е семејството и најблиските, душевно како се, што се случува умствено и како чекорат по нивниот животен пат (дирекна сум и доколку треба споделувам критики и помош) - познајници исто така при дискусија, доколку човекот е отворен се помош и тргнал по погрешен пат, споделувам помош (значи прво помош па после некоја блага критика) и не се осмелувам мнг да критикувам -се друго, дебатирање, кој кажал вака, итн итн го оставам на крај и не се инволвирам мнг. Некогаш е добро, да се брани верата, да се сподели добрата вест и твоето искуство но доколку отпорот е поголем, јас се повелкувам, ништо на сила. Кога премнг се забегува во детали, или ми треба доказ реален опиплив, тука твојата сила е премнг мала.. Имај верба дека Бог ќе помогне а ти моли се за нив. мнг ми се допаѓа цитатов од Библијава па затоа го споделив моето искуство
Како што ме наведе? Има природни закони кои не можат да бидат прекршени. Луѓето умираат поради физичкиот закон за ентропија. пример...
Истото искуство за другарките го имам и јас, со исклучок што прекинав контакт кога сфатив дека сум единствената личност која се грижи. Имам друга другарка, атеист, која многу подобро ме разбира и ме предупредува пред да направам нешто каде таа смета дека се губам себеси. Првата со која прекинав контакт претходно укажував на грешките кои ги прави (го вараше дечкото) но, по нејзиното сведочење и издавање (дури мислам дека и ме поддржуваше) за мојот проблем одлучив да не зборувам за грешките на другата другарка атеист бидејќи не сакам да судам никому. Со најблиските секогаш се предупредуваме и досега никој не се нашол повреден. Напротив, нема ништо поубаво од тоа некој да даде свое мислење и друга перспектива за ситуацијата, зашто често ни се губи перцепцијата поради други искуства од минатото. Мило ми е што сподели сопствено гледиште за ситуацијава и ме потсети дека ова сум го правела претходно и јас, но го имам заборавено. Конкретно, во овој случај, сакав на верник да помогнам затоа што ми беше жал како го отфрламе напишаното а прифаќаме мислења од луѓе гледани од сопствена перспектива, но ете испаднав дека се силам, наметнувам, агресивна сум и полна со омраза. Сфаќам дека тука отпорот е поголем и треба да се повлечам, како што напиша ти и ти благодарам многу. God bless you.
Прашањево е контрадикторно само по себе. Библискиот Бог не е создаден, Тој е вечен и постои отсекогаш. Значи, Тој не е ограничен ни од просторот ни од времето.
А кога тоа сум барал такви податоци? И бдв кој си ти? Не се сеќавам да сум дискутирал со тебе на темава. Да не си по грешка логиран со вториот профил?
А македонскиот збор Бог како се вели на арапски, знаеш ли? Еве ги истите тие библиски стихови на арапски (со латинична транскрипција), јасно си е наведен зборот Алах: 2 بهذا تعرفون روح الله. كل روح يعترف بيسوع المسيح انه قد جاء في الجسد فهو من الله. وكل روح لا يعترف بيسوع المسيح انه قد جاء في الجسد فليس من الله. وهذا هو روح ضد المسيح الذي سمعتم انه يأتي والآن هو في العالم. bihadha taerifun ruh allahi. kula ruh yaetarif biasue almasih anah qad ja' fi aljasid fahu min allahi. wakulu ruh la yaetarif biasue almasih anah qad ja' fi aljasad falays min allahi. wahadha hu ruh dida almasih aladhi samietum anah yati walan hu fi alealami. извор: Библија на арапски јазик