Може е глупаво прашањето,но ајде...дали во собата во која се спие може да има икони?Јас имам 2 мали на полица ми стојат но сега ми рекоа требало да ги тргнам од собата.
ако се светени икони, мораш да ги извадиш, тоа ти е исто како во црква да спиеш ( знаеш на што мислам)
A со кого спиеш во собата? Ако спиеш со својот црковно венчан сопруг, нема проблем да ти стојат иконите, особено ако се молиш пред нив пред спиење. Половите односи со венчаниот(ата) сопруг/а, не се грев, баш напротив тие се обврска и светиот апостол Павле препорачува истите да се одржуваат. (Единствено е голем грев да се осквернат иконите со телесна течност.) Половите односи вон бракот се голем грев, па макар биле и на најскришното место на светот, на одалеченост од милион светлосни години од било која икона!
Не сум мажена,мала сум хаха. Сама спијам инаку и не се молам пред спиење. Ме збуни тоа okcenzi што го кажа(или јас не сфаќам)....
Епа чувај си ги иконите и пред спиење кажувај си ги Отче наш и Богородице Дево. И прости за тоа што ти го напишав. Спојлер Во името на Отца и Сина и Светиот Дух! Амин. Отче наш, кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници; и не нè воведувај во искушение, но избави нè од лукавиот. Амин! Богородице Дево, радувај се благодатна Маријо, Господ е со Тебе, благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба, зашто Го роди Спасителот на нашите души. Амин. Слава на Отца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Здраво девојки, редовно ве пратам на скоро сите теми на форумот и се регистрирав специјално за на оваа тема да прашам нешто. Значи сакам да знам што мисли Господ и какво е религиското гледиште, дали е грев желбата за знаење, желбата да завршиш факултет секако со твој труд и чесно? Исто така желбата на родителите за нивните деца да завршат факултет, добро да се вработат и слично? Јас некаде прочитав дека се е добро и правилно се додека не заборавиме на Бога, на човечноста како и на добрите дела. Ве молам некој што убаво знае да ми објасни. Поздрав
Само по себе тоа не е грев, сè додека знаењето не се злоупотреби за да се „изигрува„ господ. На пр. може да се студира биологија. Доколку стекнатото знаење се употреби за генетски инжинеринг тоа е веќе „играње господ„ и сите учесници во тоа соодветно својата сеидба ќе си го пожнеат тоа што го предизвикале. Но доколку истото знаење се употреби за да им се помогне на луѓето и природата тогаш тоа е добро. Инжинерот или архитектот на пр. може своето знаење да го употреби за да направи инфраструктура која ќе биде од корист за луѓето а истовремено еколошки во хармонија со природата. Но може и да го употреби за да конструира разни видови оружје поради кои многумина луѓе и животни би можеле да страдаат. Секој има слободна волја дали, што,како и колку ќе направи - но слободата подразбира и одговорност. Важно е исто така да се знае дека интелектуалното знаење само по себе не нè прави подобри или повредни луѓе во однос на другите, и дека знаењето кое произлегува од читање многу книги (па макар биле тие духовни, религиозни) не нè прави авотматски и помудри. Бог и мудроста не може да се студираат. Тнр. студија на теологија или филозофија се всушност студирање на туѓите некогашни човечки мнениа за Бога или животот. Тоа не значи дека автоматски е сето тоа лошо, но тоа само по себе не може да го доведе човека до спознание на Бога и Животот. Тоа исто така само по себе не е лошо доколку во сето тоа нема присила и наметнување. Родителите треба да се свесни за тоа дека нивните деца се само телесно произлезени од нив но дека тие деца носат во себе самостојни души-индивидуи кои имаат свои сопствени таленти и способности кои ги донеле со себе во ова сегашно отелотворување и кои треба да ги развиваат и применат за големата целина, за општото добро (а тоа ги вклучува и луѓето и природата). Родителите во тоа треба да се пример но никако контролори и планери на туѓите животи. Што вели Духот Божји на оваа тема може да се прочита во книгата Лиобани: Јас советувам - прифаќаш ли? (достапна и на македонски, изд. Универзален Живот) Кон ова еден извадок од текстот „Младите и пророкот„ каде е пренесен разговорот меѓу група млади луѓе кои имаа разни прашања за божјата пророчица на сегашноста: Спојлер Младиот: Еден друг пријател го поставува следното прашање: Се наоѓам пред избирање на професија. Секој вели нешто друго кое би требало да го правам. Ниту самиот не сум сигурен. Како да постапам правилно? Одговор на пророкот: Вообичаено е другите да ни советуваат кое занимање да го одбереме. Добриот совет не секогаш е несебичен, што ќе рече дека исклучиво добриот совет е помош. Честопати советодавачот сака својот непогоден избор на професија, своето идеално звање, да го види остварено кај друг, на пр. во својот син, ќерка, кај добриот пријател или пријателка. Токму кога се работи за изборот на професија младите би требале самите постепено да го развиваат осетот кои надарености и способности лежат во нив. Во времето кога младиот стои пред изборот на своето занимање, активни се и одредени таленти, способности и склоности. Животниот ритам на секој поединечен човек го донесува со себе тоа. Не би требале да дозволиме да се присилиме од ништо и од никого. Добрите совети додуша можеме да ги прифатиме, но истовремено би требале да одмериме кои склоности или дури способности и таленти ги имаме. ... извор: линк Човечноста и добрите дела се растегливи поими. Низ историјата луѓето се убивале во име на Бога и во име на добрите дела. Би било попрецизно да се каже дека сè додека тоа кое го планираме, мислиме, зборуваме и правиме е во склад со Божјите закони и Исусовата Беседа на Гората е во ред. Есенцијата на тоа е златното Исусово правило: Она што сакаш тебе да ти го прават, прави им го на другите - и, она што не сакаш тебе да ти се прави не им го прави ниту ти на другите бидејќи што човек сее тоа и ќе жнее.
Фала многу. Значи како едно резиме желбата за знаење, за успех и слично се додека не е од деструктивна природa во никој случај не е грев. А она за родителите мислев да го насочуваат детето кон вистинскиот пат, да ги сака книгите, знаењето на тоа мислев, а не тој да сака едно а тие да го тераат на друго. Сепак фала што се потруди
И само уште да прашам во ред ли е на пример да уживаш, да си релаксираш, да си среќен за твоето постоење, да уживаш во животот? Знам дека на некој ќе му звучи смешно, но, стварно сакам некој што знае да ми потврди. фала
Нормално е дека можеш да уживаш и тоа е во ред се` додека со своето уживање не му наштетуваш на другиот или себе си. Пример: Разговараш со некој член на семејството, учиш, градиш, напредуваш, се дружиш со луѓето, се смееш, да даваш, да помагаш итн. Сите овие уживања се благословени од Бога. Контрапример: уживаш да омаловажуваш и навредуваш некого (особено ако е омаловажуван од целата околина), уживаш во вонбрачни и противприродни полови задоволства, уживаш во седење на компјутер место да учиш, да земаш, да одмагаш итн. Овие пак уживања се гревови и од истите треба да се клониме. Бидејќи праша и за учењето, ќе ти дадам примери од житијата на светиите. Најголемите Христијански светители, биле учени и тоа многу. Да почнеме од светиот апостол Павле, тој прекрасно го познавал Законот Божји (Светото Писмо на Стариот Завет), но исто така ја познавал и елинската философија. Светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, знаеле дека богословието е кралицата на сите науки па затоа прво ги изучиле сите светски науки па потоа се зафатиле и со Божјата. Слични биле и светите браќа Јован Дамаскин и Козма Мајумски кои биле најучените, но и најпобожните луѓе во своето време. Во времето на Ромејското Христијано-православно Царство (т.н. Византија) делувала Магнаварумската Школа - првиот голем Универзитет во Европа. Таму професор бил светиот патријарх Фотиј покрстителот на Словените, чиј најдобар ученик (по модерно првенец на генерацијата) бил светиот Константин Философ - Кирил Солунски. И братот на свети Кирил, архиепископот Методија, бил многу учен човек. Ги познавал пред се воените науки, но и лингвистиката. Кога свети Климент, ученикот на свети Кирила и Методија, ја утврдувал верата во нашите краишта и тој самиот покрај што поучувал на Словото Божјо подучувал и на световните науки. Науката не може да биде лоша, бидејќи таа е Божја. Но, постојат и лажни науки кои го отргнуваат човекот од Бога(а тоа не се ни физиката, ни математиката, ни хемијата, ни биологијата, ни јазиците). Од нив треба да се клониме.
Имав желба да го прочитам Куранот и го побарав од една другарка муслиманка и требаше да го добијам но подоцна добив одговор дека ако сум сакала да го читам ќе сум требала посебно да се мијам нешто молење ова она затоа што сум била христијанка а каква врска има тоа јас не сум од нивна религија па да се мијам по 3-4 пати и да кажувам нешто пред читање....не ми е логично. и уште нешто..како е правилно Куран или Коран?
Имам нешто начуено, а ме мрзи да гуглам, па еве мене одамна ме интересира дали стварно при процесот на сунет кај муслиманите, со вишокот од процесуираниот орган се зачинува гулашот наменет за гостите. После тоа, според нутриционистичката вредност на состојките во чинијата, се пронаоѓа среќниот добитник кој е со статус број 2 на забавата, веднаш после славеникот. Вистина, мит или некој добро се зафркавал со мене? Ако е вистина во што е смислата на целиот проект, нормално од религиска гледна точка. Ако се имаат сознанија не е лошо да се објасни и од гастрономски, нутриционистички и здравствен аспект. Фала.
^ И јас ова го имам слушнато и тоа од еден соученик од клас кој беше муслиман. Ми дојде многу нелогично, чудно, се запрепастив, се згадив, и на крај ми дојде да се изнасмеам. И во цело бунило ми беше срам да го препрашам дали е вистина или си играше мајтап со нас како и што знаеше многу пати. И сега цела сум прашалници и уште не сум дошла до сознание. Ама сепак мислам дека е некоја измислица, ми нема смисла и е премногу голема крајност. Да се надополнам. Мислам дека и на еден документарен филм го имам слушнато, ама навистина не сум сигурна.
Можеш да го читаш преводот на Куранот на македонски или босански (или на било кој друг јазик) без никакви исламски ритуали. Доколку разбираш босански подобро е да го земеш на босански многу е поубаво преведено отколку на македонски. На македонски јазик го имаш и на интернет на пдф формат, можеш да го симнеш од интернет, повели линк за секој случај http://www.islamski-centar.org/web/inde ... 4uVXvmSy24
Пред 10тина дена ми почина близок роднина кој живееше во Словенија. Желба му било тука да биде погребан, но и да биде кремиран. Беше кремиран во Словенија и процедурата за да го донесат тука траеше неколку дена, а кога го донесоа мајка му сакаше да има погреб со поп. Разговарале со поп, тој рекол дека доколку бил кремиран за да се забрза транспортот, би можел да биде погребот со поп, а доколку било тоа лична желба - не. На погребот немаше поп. Не ми е јасно, во некои случаи кремирањето е прифатливо? Или самиот поп одлучува за тоа?
Икосот од заупокоениот канон пее: На црковнословенски: Сам Једин јеси Безсмертниј, сотворивиј и создавиј человјека: земнии убо от землји создахомсја и в землју тујужде појдем, јакоже повелел јеси, создавиј мја и рекиј ми: јако землја еси и в землју отидеши, аможе вси человјеци појдем, надгробноје риданије творјашче пјесн: аллилуија, аллилуија, аллилуија. На македонски: Само Ти, Господи, единствено си Бесмртен, си го створил и создал човекот. Ние, пак сме земја, од земја сме создадени и во истата земја ќе појдеме, како што Ти, Создателу мој си заповедал и си ми рекол: „Земја си и во земјата ќе појдеш“, каде што сите ние луѓето одиме, творејќи надгробно ридање(редење, оплакување) и песна: Алилуја, алилуја, алилуја. Бидејќи неразделен дел од заупокоената служба - опело и парастос е овој икос, тогаш нема ни логика телата на луѓето кои се кремираат да бидат опеани, или пак да им се служи парастос, или да им се вадат частички на литургија. Единствено што може за вака спалени луѓе да се направи е да се служи трисагија (блудец, спевање, мал помен), но и тоа само со дозвола од локалниот владика. Опело над лице кое што има тестамент во кој пишува дека не сака да биде кремиран по смртта, а сепак по волја на роднините биде кремиран, може да биде опеано, ако за тоа даде дозвола локалниот епископ - владика. Но, доколку лицето само изразило желба да биде кремирано, тогаш како разорувач на храм на Духот Свети - телото човечко, не може да биде опеано. Кога човекот бива крстен, тој бива и миропомазан со свето миро, кое е печат на Светиот Дух. Со тој печат, телото на новокрстениот постанува храм на Духот Свети, а кој разори храм на Светиот Дух, него Бог ќе го разори! Подобро(но, не и добро) е и една црква да биде запалена, отколку да биде запалено тело на покоен. Ниту еден светител, ниту еден маченик не бил своеволно запален, ниту пак биле запалени неговите свети мошти. Дури и чуда се случувале при палењето на моштите. Ете, на пример, нашите голем маченик и пример за секој Македонец, светиот Георгиј Кратовски, бил жив спален на клада, Бог Семилостив ја примил неговата света душа во рајските населби, ама не дозволил неговото тело да биде изедено од огнот, туку го сохранил за да биде честно погребано и да биде вратено во земјата од која било земено. Мајката на покојникот, нека прати молба до локалниот владика да даде дозвола за покојникот да се служат трисагии и колку е во можност нека дава милостиња на сиромасите. Молете се и вие, Бог да му прости што тој решил да напорави такво нехристијанско дело. ПС: Баба ми има 6 браќа - сите покојни, но само еден го жали и оплакува - брат и`(почина на 80 години, скоро најмногу поживеа од сите браќа), кој живееше во Словенија и кој беше кремиран.
Верата треба да соединува, не да разединува.... 'Božja kuća' u Berlinu: Sinagoga, džamija i crkva u jednom
таа не е муслиманка штом незнае да ти објасни оти муслиманите не јадат свинско сакам да прашам,чисто од љубопитност : 1.дали некој знае зошто марја богородица е претставена со шамија/хиџаб на иконите,нели христијанките не носат хиџаб ? 2. зошто русинките,украинките,молавките кога влагаат во црква ставаат шамија?
^ Тоа не е хиџаб. По правило (за жал, ретко кој го почитува и го знае ова), православните Христијанки кога одат во црква треба да носат марама на главата и облека која не им ги открива облините. Значи и со тесни панталони не е пожелно за жена да оди во црква. За жал, ретко кој го знае ова правило. Затоа Русинките кои си ги видела носеле марама.