Што се тиче мене, и јас понекогаш сметам дека можеби подобро ќе било Бог да ги направел луѓето како роботи, без слободна воља, без можност да згрешат и да се упропастат самите себе. Ама па кога ќе размислам, колку „жив“ може да биде еден програмиран робот без слободна воља? Замисли да имаш дечко/маж кој што е програмиран да те сака. Го прашуваш дали те сака, а он без размислување како некој робот ти одговара „Да те сакам“. Или ти се смее и ти вика: Какво е тоа прашање? Зарем имам избор да не те сакам? Јас морам да те сакам, бидејќи така сум создаден. Зарем не е поискрена љубов онаа кога типот има слобода да не те сака, а сепак одлучува да те сака и да ти биде верен и лојален? Кога знаеш дека неговата љубов е чин на негов личен избор. Кога знаеш дека од сите девојки таму, тој те избрал тебе.
Ako Gospod gi napravil lugjeto, Zemjata, zvezdite i se' drugo. Koj go napravil nego? Vo "nistoto", nisto. Prasanjevo e slicno na " sto e popravo napraveno, kokoskata ili jajceto?"
Баш привлечноста и вљубувањето не се избор и производ на слободна волја. И споредбата не е соодветна, сите девојки на светот кои одбрале да не бидат со тебе, нема белки да ги казниш и уништиш. Често луѓето ја споредуваат љубовта на Бог кон луѓето со родителската, но кога би било така, Бог по секоја цена би ги спасил сите луѓе и би се погрижил на сите да им биде добро.
Тоа е само изговор кога нејќеш да промениш нешто. Како јас која бев бисексуална повеќе не ме привлекуваат женски, да не сум можда медицински феномен?
Не е, барем не свесен. Избор може да речеме дека е впуштањето во врска или во односи (ма да колку луѓе биле во принудни бракови, не им се знае број, или остануваат во токсични врски од што мислат дека не може подобро, т.е. не се научени на подобро), ама тоа што води до таму дефинитивно не е избор.
Повели, сподели го со јавноста твојот метод за конверзија? Инаку, немам јас потреба од изговори. Реално, не е твој избор тоа што некој го задоволува твојот вкус, т.е. ти се допаѓа физички и е ОК личност и добро постапува со тебе, со што ти задржува внимание. Не твој лично де, под "твој" подразбирам нечиј, еве мој.
Верба во Бог, молитва и одржување континуирана врска со Бог. Тука нема простор за никаква сексуална страст дури ни кон спротивниот пол но сепак привлечноста кон спротивниот пол е присутна но кон истиот исчезна а беше дури и повеќе присутна отколку кон спротивниот пол, многу интересно како на хармоничен, мирен начин Бог ги услишува моите молитви, желбата за промена и прифаќањето на христијанството зависеше од мојата одлука и слободен избор, моите молитви Бог да ме изведе на прав пат и да ме заштити од демонско влијание даваат резултати у многу сфери од мојот живот пред се анксиозноста и стравовите кои исчезнаа благодарение на Бог.
Сексуална ориентација не е избор. На ниту еден геј не му текнало вечер додека глеа ѕвезди дека од утре бира да биде геј. Така е роден. Тоа што ти си била бисексуална, а веќе велиш не си, тогаш најверојатно си поминувала фаза на себепронаоѓање. Си ги испитувала своите вкусови. Сметам дека ако не сите, барем поголем дел од нас се соочиле со ова
незз дали некој друг се чуствува како мене... од време на време имам чуство дека не ми се простени моите гревови (ова зборувам за моето минато, пред да се препуштам на Исус) Знам дека Бог простува и дека кога бев на исповед свештенок кажа дека е простено и избришано..Знам дека оние што се каат за своите гревови може да имаат чиста совест. Знам дека откако се покајав како да добив нови очи и Бог ми врати се што буквално изгубив (моето семејство, домот, работата, мирен сон, итн да буквално сите овие работи ги изгубив) Знам дека гревовите ни се или во целост простени и избришани, или ќе се вратат како тешко бреме да нè притиска, прогонуваат и осудуваат. Или не сносиме ниту една заслужена казна за нашите гревови, или ќе се соочиме со целокупната нивна тежина и казна. Јас некако мислам дека не сноснив заслужена казна (или можда сносив не можам да бидам сигурна но знам дека се што ми врати не го заслужив) Од време на време ми помнува таа мисла дека не ми се простени но верувам дека ме искушуваат темни сили па не и дава значење...Но некогаш е толку тешко кога ќе помислам што сум правела, како сум размислувала и какво било моето минато што ми доаѓа да ја отворам земјата и да ме проголта, сакам да ме снема зошто не мислам дека има спас за моите злодела... Некогаш премнг ми тежи моето минато и голема болка имам кога ќе се сетам а живеам живот што не го заслужувам.... Дали очекував ако ми се простени греовиве, дека товарот ќе стане полесен па затоа некогаш помислувам дека не ми се простени...незз...
Јас мислам дека се искушенија од лукавиот за повторно да се навраќаме на нашите гревови и да ги преживуваме истите. И мене ми се случило и ми се случува (особено за време на пости, пред исповед, пред Света Причест). Ама од една страна добро е да се јавуваат и тие искушенија за да го засилиме нашето каење и молитвата.
Ако на пример ти и другарка ти аплицирате за иста работа и двете се молите за истата позиција.На кого треба Господ да ја исполни желбата?И како би било фер? Ако сите наши желби беа исполнувани со молитва, како ќе живеевме? Многу похаотично најверојатно.
Еден грев е простен кога: 1) ќе сфатиме, дека е грев 2) ќе се покаеме што сме го правеле 3) ќе го исповедаме и ќе престанеме да го правиме 4) ќе почнеме да правиме дела спротивни од тој грев Толку. Се` друго е само замка од ѓаволот.
А луѓено што се родиле у војна и живеат цел живот така па бел ден немаат видено не се молат со цело срце? Или не заслужиле? Не знам, многу ми е контрадикторно ова со молитвиве.На моменти себично, особено од страна на луѓе што мислат дека се центар на светот а се многу многу нечесни.Јас мислам дека сѐ ни е детерминирано и може да имаме само мали девијации од тој пат.
глеј, избегавам да коментирам у темиве, пошо попрво ќе се смират оние про и антиваксерине него атеисти и верници. не знам на кој јазик да објаснам дека религијата е ДУХОВНО верување. Шо барате логика у религија, не знам. Ако поентата ви е да ни` ги побиете мислењата за Господовото постоење, мене одминувајте ме пошо многу сум безобразна на темава. Ја никогаш нема да пробвам да ве убедам дека Господ постои, и да ве терам да почнете да верувте, така шо скокајте ме пошо глеам дека другите тоа не го почитувате. ќе се дружиме у други теми овде не. пошо претерувате
Хахахаах знаев дека вака ќе ми вратиш бе феминке. Од кај да почнам, прво не сум атеист, второ многу е глупо кога избегнувате да коментирате на вакви прашања поради "претерување и обид за убедување дека Господ не постои"...Зошто не сте спремни за прашања подлабоки од површината?Религијата е и филозофија, не само догма.