Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене. ”Јас Сум Алфа и Омега”, почетокот и крајот, - вели Господ Бог, Кој е и Кој беше и Кој иде - Сèмоќниот
Ме интересира какво е гледиштето кон другите религии од христијанска перспектива, зашто еве конкретен пример читав мислења тука дека хиндуизмот, јогата се сатанистички работи.
Една од заповедите е ,,Да немаш други богови освен мене". Во цела Библија воопшто е опишано кој пат да се следи, каков е тој пат, што носи. Гледиштето е дека само преку Бог и Господ Исус Христос добиваме спасение и вечен живот. Останатото е застранување од тоа спасение. Значи погрешно и погубно за нас самите.
па наједноставен одговор е дека никој не тера на сила ништо, ниту Исус терал ниту се наметнувал. Така да секој има право на мислење но не на присилување а следбениците се водат од кажаното ,,Да немаш друг Бог освен мене"! Затоа според нив не е во ред да се практикува јога. Малце подлабоко е бидејќи според историјата мислам дека јогата е комуникација и величење со различни богови од Индија итн итн итн Има секакви религии и секакви луѓе и не смееме да ги осудуваме, тука сме да ја споделиме добрата вест и да го доближиме нашето сведоштво за Исус а доколку приметиме длабока гревовна природа во тој човек да му го покажеме добриот пат, но ништо со осуда или наметнување и без поделби на ние/тие. Сега ни ова не е толку едноставно да се направи ама во глобала мислам дека ова е гледиштето.
Викаат демек не чинело, нечиста ќе си влегувала во црква, бла бла, нема ништо да биде иначе, само не кажувај на никого за да не ти зборуваат блиските, иначе ништо не е.
Немој. Влези во црква, помоли се, запали свеќа, целивај икони. Не смееш да се причестуваш за време на менструација.
Логична причина зашто не смее? Сите свештени лица велат забрането е. Никој нема објаснето логички зошто не.
Затоа што пред повеќе од 1700 години никој не се осудувал да се побуни за репресијата која се вршела над жените на секој можен начин од страна на црквата. Дури и тоа што сме биолошки склони кон крварење еднаш месечно во служба на продолжување на човечкиот род не било пречка за секакви идиоти да се изживуваат над секој што ќе им се најде на патот.
Искрено не ја знам конкретната причина, никогаш не ме заинтересирала. Веројатно е поврзано примањето на крвта и телото Христови преку Светата Евхаристија со крвотечението, ама конкретно не знам да ти одговарам.
Ништо нема да се деси. Објснувањето е ова: Крвта Христова ја осветува нашата крв и мора да се избегнува нејзино пролевање. Толку.
Значи овде стопати имам објаснето зошто не смее жена во циклус да се причести. Мислам имаше и посебна тема, те молам побарај ја. Ако ти заврши циклусот на Божик, причести се тогаш. Ако не ти заврши причести се во еден од трите божикни денови, на Василица, во неделата по Василица, или на Водици. Но, кога се причестуваме некултурно е неспремни да пристапиме кон светиот путир. Прво треба да знаеме со Кого се причестуваме. Второ треба да се подготвиме и со молитвите пред светата причест. Трето треба да појдеме од почеток на светата богослужба (освен за родителите со мали деца и други кои имаат оправдани причини), а не само кога се дели причесната. Тоа едноставно е некултурно! Како да појдеме негде на гости и да речеме дајте ни ја вечерата, да се налапаме и да заминеме. По причесната треба да Му заблагодариме на Бога, читајќи ги молитвите по светата причест.
Причест има сега на Бадник, на Божиќ и стандарно во неделите. Нема за што да ти е криво, ќе појдеш, како што ти рекоа, можеш и до Василица да продолжиш да постиш и да се причестиш. И да, нека не биде одењето само причест да земеш, биди дел од богослужбата од почетокот.
Не можи да пости до Василица! Како што на Велики Петок и Водокрст е забрането да се мрси, така на Божик е забрането да се пости. Тие што не можат да се причестат на Божик, нека постат до празникот, после нека мрсат. А, за причестување ќе си се причестат после Божикот. Еве јас сум во доброволна изолација и нема да се причестам за Божик, ќе се причестам за Василица или за Богојавление. За Божик ќе мрсам.
Да, не се сетив на тоа. Сакав да и' укажам дека не треба да и' биде криво, може да се причести понатака. Ништо не е изгубено.