Здраво на сите, незнаев каде да го поставам прашањето па ајде реков да пробам тука. За некој месец ако даде Господ, очекуваме бебче. Прашањето ми е, странство сме, а тука нема Македонска православна црква, што е паметно да се прави во врска со молитвите кога ќе се роди и на 40 дена? Да го носам во Српска црква или некако да видам во Македонија дали може нешто да се направи во наше отсуство?
Да го однесите во било која православна Црква. И тоа по следниов редослед: Македонска, Бугарска, Романска, Антиохиска, Грчка, Украинска, Српска или Руска. Која ви е најблиску во таа.
Ако можеш да ми објасниш која е разликата? На пример меѓу Македонска и Српска? И дали редоследов има врска?
Редоследов има единствена врска со начинот на кој не` третираат овие помесни Цркви. Српската Црква за жал е најнационалистичката црква во целиот свет. Ако слушнете проповед на било кој српски поп или владика, секој втор збор му е браќо Срби, ми смо избрани народ, нељуди су нам преотели Косово. Косово је срце Србије. Македонците за нив се најголема ерес! Уште сонуваат за големи Србии. Руската Црква од друга страна е целосно предадена на ширење на рускиот поглед на светот и ширење на руските политики! Како и да е, одете во Црквата која ви е најблиску!
Не знам каде да прашам Денеска бев на црква и запалив свеќа и си ставив пара и го бакнав крстот И си зедов лебче и излегов и чекав и отв тел и гледам нешто сум имала на чело Дали е тоа благослов?
Здраво девојки. Дали е грев ако не целувам икони, раката на Отецот и крстот? Да не помислите дека ми се гади од нив заради тоа што многу луѓе ги целуваат, не, заради ситуацијата со корона ми е страв да целувам работи што којзнае колку луѓе целувале, а ситуацијата со корона сите знаеме каква е. Инаку до сега целував.
Ако одиш во црква не треба да се плашиш од ништо. Цела пандемија бацувам икони, дури у најголемиот пик се причестив и здрава и права сум како и моето семејство. Не е грев да не ја бациш иконата ама грев е да мислиш дека ќе ти се деси нешто.
Во црква сме најбезбедни, точно, но ако има некој заразен што ги целувал иконите? Патем, реков дека и јас до сега ги целував иконите и се што треба.
На влезот од секоја црква пишува: задолжително носење маски. Значи правилно правиш што не ги бакнуваш иконите. И во црква може човек да се зарази со корона. Имаше и свештени лица кои починаа од корона.
Јас сум здрава и права и моето семејство, а притоа не бацуваме икони, уште помалку туѓи раце, кои малтене освен на своите раце што може да веруваш дека се чисти, не може за друг да го кажеш истото. Би ти верувала, доколку црквите се стерилна комора и има зрачење за уништување на микроорганизми. Да имаше, кожата ќе ти ја спржеше и на очно со приоритетен ќе отидеше. @tel-ef Црквата и Библијата се два различни поими. Грев е да лажеш, да крадеш, да убиваш, да правиш лоши работи. Не е грев да се заштитиш себе си во услови на пандемија. И да, ние сме сите луѓе кои зависиме од своите хигиенски навики за да се заштитиме од микроорганизми.
Искрено подобро. Ама барем не ги пишувај работине од погоре заради почит кон мртвите, од кои голем дел исто така целивале икони ама ја немале твојата среќа.