Здраво на сите! Во која црква во Скопје може да се купи свеќа-кандило за на гробишта? ...или маркет, освен Кам и Стокомак.
Дали има некој правено исповед во скоро време? Кога може да се направи, во смисла дали има одредени термини или кога и да отидеш?
За исповед треба прво да се подготвиме, да знаеме што е грев и да преиспитаме кои гревови ги имаме направено. Гревовите треба да ги запишеме на ливче, за на исповедта да не заборавиме некој од нив. Исповед може да се прави секогаш. Но, најдобро е да се консултирате со вашиот парохиски свештеник, за термин кога да појдете и да си се исповедате.
Јас кога отидов прв пат, им кажав дека сакам да се исповедам и ми рекоа само да почекам, да заврши со исповед тој пред мене. Си бев спремна. Ако има слободен свештеник, истиот ден можеш да се исповедаш, ако нема, ќе ти кажат за друг ден кога можеш.
Во која било црква или манастир има, во маркети не сум видела такво нешто. Треба да се договориш со Отецот кога сакаш да се исповедаш. Имам јас книга каде што пишува се околку исповед, ако сакаш да ти ги сликам страниците пиши ми.
Со задоволство ќе ги објавам страниците овде, но колку да се знае, не е баш книга, малечка книга е и пишува само за Подготовка за исповед. Не ми дава повеќе да прикачам, изгледа само до 10 може да се прикачат
Морам во друг пост да ги објавам останатите, не може повеќе од 10 слики да ставам во претходниот пост, се извинувам.
Постои верзија според Библиските списи околу причината зошто жена не треба да оди на причест во свет храм за време на циклус. Јас ќе се обидам што е можно подобро да објаснам, иако мислам имаат пишано на темава. Причината е што менструалната женска крв се смета за нечесна од првото каснување на Ева на забранетото јаболко во градината. Од тој ден, бидејќи паднала во искушение да гризне од јаболкото и прогледа, е проколната да се мачи секој месец така што ќе крвари и раѓа во болки. За да не ги заборави нејзините гревови и искушенија, тоа свое ,,проклетство" го пренесува како потсетник за стореното на цела женска лоза/генеза. Затоа, секое девојче кога станува жена крвари, и секоја жена што е нејзин директен потомок ѝ се случува истото. E сега, во Еврејската литература на пример на ,,змијата" се реферира како на директен потомок на Лилит која според некои учења била првата жена на Адам. Се смета дека таа ја предизвикала Ева да направи грев, трансформирајќи се во змија. Од таму потекнува и таа народска изрека дека жена на жена е најголем непријател. Инаку, да се вратам повторно на темата. Менструацијата според Бог не била планирана при трансформацијата и развојот на едно девојче во жена. Но, заради гревот на Ева, секој месец жената најчесто менструира со болки и подоцна раѓа со болки. Токму по таа аналогија, кога се оди во Црква, или за време на голем празник како Божиќ или Велигден на пример, Свештените лица бараат од жената ,,чиста" да му пристапи на Бога. Во некои Цркви во Македонија се дава на жената да прочита житие или псалм пред да влезе во Црква, доколку е 'во тој период' од месецот, и ако веќе инсистира и не сака да се врати. Но, тоа според Свештениците не е правилно, и затоа некои го практикуваат, некои не. Јас не се согласувам со овие теолошки поставки, меѓутоа така учев и така пренесувам.
Се обидував многу пати во животот да најдам 'објаснување' зошто жената се смета за 'не пожелна' во најмала рака, или ужасниот епитет 'нечиста' кога има донбиено да оди во црква. Еве и тука гледам, има некои објаснувања, барем врз основа на што се заснива тоа. Тврдењата во некои списи дека тоа е 'казна' за мене се небулозни, Бог не казнува, Бог не нанесува болка, ниту го отежнува ниту го олеснува патот кон него. НИТУ едно образложение до сега не ме убедило дека жената е нечиста кога има добиено, и секо објаснување кое сум го сретнал се коси со основните фундаменти за чиста ДУША (а не маж или жена), избор (сигурно не ви текнало на сите да добивате), еднаквост пред Бога итн. Црквата, за жал или за волја на вистината, нема 'легитимитет' да каже кој е чист а кој не, тоа е Господова работа, барем според мене. Искрено, тоа тврдење и дегрдација на жената, за мене е прифатливо исто колку што е прифатливо да платиш, по ценовник, детето да ти биде крстено! Религијата, па и нашата, е само рамка, патоказ, упаство како да се соединиме со Бога. Често, ова го појаснувам со воспитувањето на децата во периодот кога проодуваат и сакаат да се качат на сиот мебел околу нив, па на различни начини ги спречуваме во намерата, кој со објаснување, кој со заплашување, кој со ќотек, кој со баба рога ... се додека не станат сами свесни за опсаноста и последиците од таа нивна намера.
Тоа е навредливо нели, а кога една девојка го изнесе своето мислење на форумот што велеше се сеќаваш? Се сеќаваш кога напиша дека кога ќе се стегнеме ние девојките во тесни фармерки дека зрачиме со "сакам с*кс"? Тоа е нормално да го зборуваш, нели, а тоа што не го дозволува црквата не ти е нормално. Свашта...
Те молам не вади од контекст, и пред да коментираш нешто, особено ако лично се обраќаш, добро да прочиташ. Направи разлика помеѓу баби и жаби, и немој да ми импутираш твое мислење, ако го имаш на темава, кажи го, ако не ...
Ја знам јас разликата помеѓу баби и жаби. Чудно ми падна како така ти се лоши од фактот што ние жените не треба да целуваме икони и не треба да се причестуваме за време на циклус, а толку сочно кажуваше во друга тема дека тие со деколте, кратки суќни, тесни фармерки, "сами си го бараат". Поздрав.
Не не ја знаеш разликата, и поим немаш што сум кажал таму а што тука, ни 'суќни' ни фармерки сум спомнал. Не, јас никаде не реков дека треба или не треба да целувате икони. Јас само кажав дека ако имате добиено тоа не ве прави нечисти! барем според мене, и образложив зошто.
Така било планирано, жената да се развива и денес како што се развива но, без циклус. Односно без мачење, крварење. Е сега, колку е тоа биолошки реално свесни сме сите, меѓутоа религијата е сепак религија, не е базирана врз научни и биолошки факти. Плус временската дистанца ако ја земеме во предвид.