Мене ме натера да прогуглам.Не знаев дека можеме сами. Пиши how can u get cancer on purpose Не знам зашо има вакви болни работи на интернет, ама океј
Како може... па ќе правиш работи што штетно влијаат на тебе и така ќе се разболиш. На пример видов на гугл како може да се заболи од рак и ми излезе да бидеме нонстоп на телефон со јака радијација и ќе имаме рак на мозок. Како и да е.. Чекам одговор на тоа што прашав.
Не постои човек кој не прекршил ниедна Божја заповед, за жал ние луѓето сме толку слаби и лесно грешиме, без разлика што имаме верба во нас. И не смее никој да се разболува намерно, да си штети намерно, тоа е исто како самоубиството, Бог те создал здрав, прав, а ти си креваш рака врз себе, нели нашето тело и Дух се на Бог, и по создавање и по верба. Те молам, не помислувај веќе на вакви работи.
Благодарам за искрениот одговор. Лошо се изразив, секако дека сите сме грешни на овој свет, за жал... Со тоа "не прекршува ниедна од Божјите заповеди" сакав да кажам дека не краде, не убива, не изневерува, не лаже итн итн, но сепак пак сме сите грешни.
Сакам да донирам облека во манастирот близу моето село. Ми кажуваат дека носена облека не се носела во манастир? Дали е точно тоа и зошто?
Кој би ја носел таа облека? Зошто не ја донирате во Црвен Крст или во некоја хуманитарна организација? В манастир се донира тоа што е потребно. Облека не верувам дека има потреба да се донира.
Инфо: Во моментов пренос на Мтв1, ќе има премиера на документарниот филм "1000 години Сведок на Светлината".
Зима или лете, во црквите кандило свете! Маслото в црква се носи како принос за кандилата што горат пред иконите. И маслото кое се купува од црквите треба да се користи за палење на домашното кандило.
Дали денес, прв ден Велигден, се оди во манастир онака за релаксација? Не шетаме многу по гости па сакаме да одиме.
Здраво. Господ по втор пат ми ја исполни најголемата желба и бескрајно сум благодарна, сакам да одам во црква но не знам што се прави бидејки секогаш одев само за празник и тоа е тоа....
Јас пак цело време си мислев за здравје се носи... Арно шо кажа. Не знаев дека до толку немат пари црквите, па и масло треба да му купваме. Сега, ко шо е поскапено...
Слободно можеш да одиш, можеш да оставиш дар на било која икона (зејтин, пепкирче ново, пари) да се помолиш и да се заблагодариш во молитвата, да запалиш свеќа во црква, но пред се треба да влезеш со голема верба во Бога..
@WildMk Се носи за здравје секако и не само маслото- зејтинот луѓе носат и оставаат и други дарови во црквите, да половина од тоа масло што ќе се остави се става во кандилцата а останатото кој сака си зема од црква за дома за да се става во домашните кандилца, како што се прави и за другите дарови, пешкири, кујнски крпи, чорапи....
Сакаш да одиш како "благодарност" за исполнетата желба? Ако е така, најдобро е како благодарност да ги запазуваш заповедите, да имаш поцврста вера, почеста молитва и почеста причест. А за одењето во црква, кога сакаш можеш и за некој дар ете ако имаш желба, масло, вино, крпа...