Одговоров вака даден, не баш, но оваа книга е сериозна https://kupikniga.mk/product/pravoslavna-psihologija/ Зборува за депресијата и христијанството. Мнг корисна книга, провери ја ако те интересираа овие две теми и како се поврзани.
Не е грев да си депресивен. Грев е, како што рече оној од сликата, кога немаш никаква цел во животот и ништо не правиш, односно мрзата е грев.
Грев се суицидни мисли, омраза кон животот, чувство на очај, омраза кон себеси, кон другите, неверието, безнадежноста итн. Сето тоа е дел од депресијата.
Здраво, не знаев каде да го поставам прашањево. Утре е св. Елена и се паѓа петок, а сакам да ги почестам колегите нешто благо. Дали мора да е посно?
Јас како некој којшто верува во Господ, ќе ти кажам, верата е совршена, оние коишто ја практикуваат не се. Како што не се ниту атеистите. Жив чоек. Христијанството, според мене најмногу нѐ учи на непоколебливост и оптимизам. И умереност, но тоа не е тема сега. За непоколебливоста.Верување и движење и постапување во таа насока е на некој начин стремеж колку е во наша можност да се оттргнеме и отстраниме што повеќе од нешта коишто би нѐ втурнале во грев. За оптимизмот. Во самата Библија, има дел дека кога се молиме, треба да бидеме сигурни како веќе да ни е услишено. На темава, тој што одговорил, не само што нема познавање од религија, не ја знае ни точната дефиниција за депресија. Но, можам да претпоставам на што алудира. Едно од најсилните оружја на лукавиот против нас е очајот. Во Библијата како пишува на неколку наврати кога Исус помага на паднати луѓе: ,, Оди и не греши повеќе. " Значи, грев е откако ќе дознаеш дека си во кал да одлучиш да не се избориш да станеш. Љубов и труд е клучот. Зошто Господ работел 6 дена да го создаде светот? Тој е Семоќен. Ова е мое гледиште, може и не мора да е точно, преку создавањето на светот ни покажал дека многу малку нешта се невозможни кадешто има љубов, труд и вера.
https://vm.tiktok.com/ZMN8q7CrP/ Ај погледнете го профилов.. особено видеово:https://vm.tiktok.com/ZMN8qbA1L/?k=1 На нормално ви личи ова? Баш сакам да продискутираме.
Овде на форумов има конзилиум на психијатри кои ја следат темата и Вие барате мислење од нив? Како не Ви е срам? Пред се` станува збор за веројатно малолетно девојче од некојаси протестантска деноминација, фасцинирана од некојси амерички проповедник. И сега го глуми истиот. Наштетува некому? Не! Си наштетува себеси? Не! Со овие Ваши прозивки ја изложувате на потсмев! Да бевме нормално општество изложувањето на потсмев на малолетна личност, па и на полнолетна, ќе беше казниво со закон!!!
WTF? Ај те молам посочи ми кај гледаш тука потсмев? Јас сум буквално исплашена и за неа и за децата што ја следат токму малолетни, а има многу. И те како наштетува, не за џабе и го бришат видеото. Ова што го зборува е еквивалентно на секташко однесување. Ѓаволот и го бришел видеото… Да искочи утре некој и да проповеда за Сатан, одма ќе ви смета што е нормално. Јас сфаќам и верници, и ептен верници, ама ова е страшно. Толку имам да кажам. А потсмев никаде немаше, видеото е јавно и го споделив затоа што најискрено, најдлабоко ми е страв во какви води се има впуштено, и којзнае колку деца ќе и пишат за да се “пронајдат” себеси. А ова она сама не го прави, цела организација е..
Немој да се грижиш ти за неа, ништо страшно нема. Девојчево сигурно сега скоро се запознало со христијанството и почнало да учи за него па сака да допре и до другите.