Да дискутираме за некое девојче кое не го ни познаваме? Ај малку запрашајте се дали е нормален целиот булинг што го добива...зашто да, булинг се сите коментари на нејзина сметка, без разлика дали ни се допаѓа тоа што го збори или не. Дали е ментално здрава(претпоставувам на тоа алудираш) не е никаква работа што треба јавноста да ја пресуди.
На девојчето сите тиктокови и се осуда, сите ги нарекува следбеници на ѓаволот и никаква позитивна порака не споделува со нејзините тиктокови. Не е мала, има 18 години, а и да немаше, сеедно. Не би и упатила навреден збор ама тоа што го зборува и проповеда е срамота, далеку од нормално. Ме грижи кој и ги наметнал таквите екстремни мислења затоа што самата не е сигурно. Имам слушнато, дека порано била во секта и за да се оттргне од тие верувања навлегла во христијанството. Очигледно девојчето има потреба да оди во екстрема со тие верувања, во случај да е вистина ова.
Ма и да била и да не била во секта, се што оди во екстрем не е нормално. Во ред е да имаш свои убедувања и верувања ама не е ок кога го наметнуваш на друг или во случајов ги гледа другите како поинакви.
Имам познаници што се верници и олку не тупат зашто тоа е само еден дел од нив, не ги дефинира целосно. Девојчево и слични луѓе се баш второто, верата целосно ги дефинира и секоја ситница од животот ја поистоветуваат со бог, со виша сила. Е тука веќе не можам а да не помислам дека се некако изманипулирани и некој им пере мозок или некој психички проблем ги натерало да отидат толку далеку.
Сектите, или поблаго да ги наречам организации, зошто во случајов нели ектремно христијанство па затоа е се супер, да беше друго први ќе критикувавте,, токму вакви млади и бараат. Популарно девојче на тикток, порано снимаше глупости, денсови, како и секој останат, има инфлуенс над помалите, наеднаш се менува и почнува со вакво нешто. Сама по себе? I don’t think so. Муабетот ми е што има многу мали дечиња што ја гледаат, секој во свој проблем, секој со потреба да се пронајде, ќе и пишат, ќе им го “испере” мозокот како што го испрале нејзиниот. Ова не е верник, ова е екстрема.
Почитувам верници и верувања ама ова веќе не е верник туку испран мозок.Девојчево не сака да прифати нешто поразлично од нејзиното, а сака нејзиното да биде прифатено. Во едно од нејзините видеа викаше 'Откажи се од себе и предај се на него'. Никаква добра порака не испраќа ниту ја покажува добрата страна на религијата со вакви постапки. Нека си верува во што сака нејзино право, не осудувам, ама постојано рекламирање и постирање на вакви работи е надвор од сите екстреми.
Мислам дека заборавате дека оваа Патриција не е никаква јавна личност туку обично девојче што постира своја содржина.
Не е нешто шокантно што изјавила. Така налага религијата. Буквално е водич како да го живееш животот од секој аспект. Не за џабе е толку страни. Да знаеш само колку верници што се понавлезени изјавиле дека на прво место им е Господ, па потоа децата и семејството. Девојчево личи на секој хард кор верник. Само што е уште тинејџерка, па се е малку подраматично изјавено, како што прават сите тинејџери.
Што подразбираш под јавна личност? За мене јавна личност е секој што јавно ја споделува својата содржина. Што ја прави Миа, која моментално работи само со постирање на своја содржина на инстаграм, поразлична од Патриција што тоа го прави на ТикТок?
Никаков проблем не ми претставува нејзиното лично верување туку тоа што истото го наметнува врз другите. Верувај ама не убедувај и друг да верува.
И не е само убедувањето. Цитирам: Ѓаволот ми го брише видеото, ѓаволот не сака да го слушнеш ова. Мртва сериозна и лута. Јас сфаќам верување во Бог, ама што е многу многу е.
Хахаха па Миа заработува од инфлуенсерство, тоа ѝ е работа. Патриција е тинејџерка што само си споделува на тикток, исто како секој друг.
Тогаш дај и за Љубица од Инстаграм да коментираме на форум какви слики објавува или Зоран какви статуси има на Фејсбук. Не може за баш секој што јавно споделува содржина вака да се пишува по форуми ама ај.
Можеби вие не ја знаете, ама Патриција е добро позната помеѓу децата. Со Динев, исто Тиктокер, се појавуваа по портали, рекламираа работи етц . Значи не се работи за рандом лик, напротив лик што има по 5000 лајка и 90к прегледи на видео. Има инфлуенс врз децата. На Зоран статусите не му ги гледаат 90к луѓе. Тоа што не ве таргетира вас како публика не значи дека не е позната помеѓу најмалите. Еве не знам..
Ја знам Патриција и уште пред да го отворам линкот поназад, знаев дека таа ќе биде. А знам и што ти беше целта на постот воопшто. Нека се понапише еве уште некој коментар дека е забегана, ненормална и дека оди во екстрим. Eве модераториве нека кажат дали е Патриција јавна личност за коментирање во темава @Lella @RainBow
Ја знам, не е до толку позната. Колку пати рекламирала, еднаш, два пати? Тоа не ја прави јавна личност. Како што кажа @Bezimenka90 она го прави тоа што налага религијата, не знам што ви е толку шокантно. Или не сте баш добро запознаени со догмиве.
Прво викаш дека јавна личност е секој што јавно ја споделува својата содржина, за после да пишеш дека бројот на прегледи има улога. Еве според тебе, за да е некој јавна личност, колку следбеници треба да има? Која е бројката што одредува дека некој е јавна личност и инфлуенсер, а не обичен лик што го следат многумина?
Она самата вели дека има пораки за нас од Господ, а кога и ги брише тикток тие пораки вели дека ѓаволот ги брише за да не допре до нас... Целта и е да проповеда и не сфаќам зошто да не коментираме. Не е дека збори на нормален начин туку се дере и осудува и не проколнува на пекол.
Мислам дека се' шо се промовира на ТикТок е малце "забегано" и деца гледаат, ретко има нешто креативно и интересно. Секоја нова платформа е полоша од претходната. Се оди во крајности. Малку офтопик, ќе бришат како и да е.