Воопшто не ми беше целта да се нарекува со погрдни зборови. Лошо е да му ставаш на некој зборови во уста. Јас лично многу непријатно се осетив гледајќи го видеото. Не мислам дека е контент погоден за нејзината публика. Мали деца, лесно подводливи го гледаат тоа. Тоа е и целта, за која и самата најверојатно не е свесна. За “сектата” во Куманово 500 одвратни коментари прочитав, а луѓето ниту убедувале, ниту се дереле, ниту “проколнувале” некој. Општо гледано, ми е страв за младината, и што се почесто гледам млади што слепо следат секта, без разлика која е целта на сектата, тоа не завршува добро. @Angie1432 Нема бројка, секој што се претставува и доживува како јавна личност споделувајќи содржина со цел истата да се шири низ јавноста, е јавна личност. Битното е дека е некој што може да влијае врз некој. Еве чим си ја знаела, и си и го гледала видеото, очигледно дека не е рандом лик, туку јавна личност. Според тебе колку реклами треба да има за можеме да ја коментираме? Ама само да се фаќало за нешто што не е ни поентата…
Абе види, јас не сум верник и мене ме нервира истото. Ама овде објективно ако гледаме, да, регилијата им налага и да ја проповедаат и на други. Бар оваа можеш да одлучиш да ја игнорираш и да не гледаш на интернет. Поентата беше дека не е нешто ново, неочекувано и толку шокантно што мораше да се сподели тука. Изгледа не сте налетале на хард кор верници во живо, ништо поразлично.
Добро, еве ќе речеме дека си загрижена за децата што ја гледаат. Зошто воопшто мислиш дека станува збор за секта? Јас, како што напишав поназад, имам мислење дека само го запознала Бога, во почетна фаза е на тоа верување, нешто научила ама недонаучила па мисли дека треба да го шири тоа верување. А можеби и не ни станува збор за тоа, можеби само ете од мерак, од љубов кон Бога споделува тоа што споделува. Како ќе влијае тоа на децата па да се плашиме за нив? Патриција вели "Бог те сака" и такви работи, што е тука страшно? Или начинот на кој го кажува тоа ти е страшен? Ах, да знаеш колку несоодветни работи има на ТикТок што навистина се за плашење... ама да, еве од Бога ќе се плашиме.
Ама јас и ти можеме, и е скроз океј да имаме различно мислење. Ако тебе не ти е чудно девојчето преку ноќ да се смени и од една типична тинејџерка што снима забавна содржина, да се претвори во ова, мене ми е. Не мислам дека е толку наивна ситуацијата и не ја протолкував наивно. И не вели Господ ве сака, туку “не” нарекува грешници, непокорни пред бога, непријатели се претставуваме христијани а срцето ни е од камен(со дерење). Ко на егзорцизам се осетив. Не се плашам од Бога, се плашам што одредени персони ги “замајуваат” децата користејќи го името на Бог. Тоа е моето мислење, секој има право на свое.
Каде мали деца гледаат? На национална телевизија ли оди видеото за мали деца да гледаат? Вие што ги споделувате им го билдате рејтингот, би можеле за промена да споделувате работи вредни за споделување, ама неее. .. Немам мислење за видеото ниту девојчето, немам време и живци за секој еден што се бара себеси на погрешно место.
Да дека ние сите сме од Марс паднати, и на сите децата исклучиво National Geography ви гледаат.. ТикТок? Ма непознат поим..
Поентата ми беше дека нема толкава публика врз која што може да влијае. Пола од луѓето што ја следат ја следат за сеир, не од што ја сакаат. Навредите што ѝ ги упатуваат не се во ред, мислам, 18 год има, пак е булинг. Тоа што проповеда и збори за ѓаволи, грешници и такви работи, тоа е сѐ дел од христијанството, она ништо нема измислено, само што го практикува на начин на кој што треба според религијата, а не на начин на кој што го прават сите други. Вие себе си се декларирате како (православни) христијани, ама ставате граница колку треба другите да навлезат во истата вера која што ја практикувате и вие. Иронично малку? Многу сте ми интересни како појава вака од страна гледано, озбилно. Да се разбереме, не мислам дека сето ова е комплетно нормално за младо девојче, само сакам да кажам дека објективно не прави ништо чудно во однос на религијата на која што ѝ припаѓа.
Не сакам да го користам тој израз, што е нормално. До утре сабајле може да праиме муабет што е нормално според тебе, а што според мене. Дали ми се допаѓа? Не, не ми се допаѓа. Ми делува исфорсирано сето тоа што го зборува, па дури и неискрено, како наметнато. Ама whatever, она си знае.
@Directioner005 Не ја наметнува никому религијата затоа што си постира на нејзин личен профил, твое е дали ќе ја игнорираш или ќе ја следиш.
Јас не сум верник, ама почитувам вера и верници. Ако почнеме да навлагаме кој колку е верник, ни 1% од тие “христијани” не си веруваат во она што верата им го налага во целост, туку така останало, повеќе традиција.. Ова не е христијанство, туку христијански екстремизам, кој девојче од 18 години, особено во оваа средина каде немаме ни црковни школи и такво учење, не може да го научи сама. Не е толку наивна ситуацијата..
Типична воодушевеност со американска верзија на некоја од протестантските цркви т.е. деноминации... Ако им посветувате внимание, давате енергија да се храни нивниот нарцизам и убеденост како се тие на вистинската страна, вие на погрешната, ете ѓаволот преку вас се обидува да ги искушува. Нека си верува што сака, со текот на годините можеби ќе го надмине и/или смени пристапот кон работите и начинот како се презентира себе си и своите верувања.
Ова го прочитав негде... Ама малку ми е чудно. Spoiler Свети Павле и Книгата на Откровението Мажот е образ и слава Божја, но жената е слава на мажот. Жената треба да учи во тишина и целосно поданетост. Не дозволувам жена да поучува или да има некаква власт над маж; таа мора да молчи. Ако има нешто што жената сака да знае, нека го праша сопругот дома. Зашто најпрво беше создаден Адам, а потоа и Ева. И не беше мажот тој што беше измамен, туку жената беше измамена и стана грешничка“.
Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ, зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос е глава на Црквата. Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело, па, како што Црквата Му е послушна на Христос, така треба и жените во се да им се послушни на своите сопрузи. Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа, за да ја направи света, исчистувајќи ја преку водното крштавање и преку Божјото Слово, да ја доведе пред Себе славна, без дамка, без брчка, без ништо слично, па да биде света и без мана. Така треба и мажот да ја сака својата сопруга. Да ја сака онака како што си го сака сопственото тело. Кога човек си ја сака сопругата, покажува дека се сака самиот себе. Никој не го мрази сопственото тело, туку го храни и се грижи за него. Тоа го прави и Христос за Црквата. А ние сме органи во Неговото тело - Црквата. Светото Писмо вели: „Заради тоа човек ќе ги напушти својот татко и својата мајка и ќе се здружи со својата жена, па тие двајца ќе станат едно тело.“ Тоа е голема мистерија, но ова што го зборувам се однесува на Христос и на Црквата. Затоа, ќе ви повторам уште еднаш: секој маж нека си ја сака сопругата, онака како што се сака себеси, а жената нека го почитува својот сопруг. Писмо од Светиот Апостол Павле до Ефесјаните 5:22-33
Сеа, имам др прашање. Ако почнам да постам дали пред тоа треба да одам до Црква па да ми даде да речам благослов попот. И освен правење и мислење лоши работи, откажување од секс. Дали барем смееме да се гушкаме со дечкото?
Најди си духовник и со него ќе разговараш на овие теми. Пожелно е ама не е неопходно да побараш благослов за да постиш, ама обавезно покајание и исповед пред Причест.
Одлична претстава за тоа како христијанството ја третира жената. И уште еден доказ плус дека религиите покрај другото се створени за контрола врз жените. Пазете на изборот на зборови тука: жената да го почитува мажот, ама он неа да ја сака. Обострана почит нема, зашто не можеш да почитуваш нешто што е под тебе во хиерархијата. Послушноста и подреденоста на жените е во прв план во текстот, а останатиот дел служи за мачкање очи демек вие слушајте нè, ние ќе ве сакаме. Ќе ве сакаме, ќе ве штитиме и ќе ве опсипуваме со љувов како што се сака и опсипува животно, а не некој еднаков на тебе. Не знам како не им е очигледно на повеќето луѓе дека пораките во Библијата за љубов, заштита и милост кон жената откриваат многу за тоа на кое рамниште ја гледаат. Таков однос и третман се дава на некој над кој имаш контрола, некој што зависи од тебе. Тоа е позицијата на која сме ставени во христијанството, зависност од љубовта и милоста на мажите. Според текстот жената соодветствува на Црквата, а мажот на Господ. Црквата се луѓето, што е многу јасно дека му се подредени на Господ. Оттука многу е лесно да се воочи кој на кој му е подреден во односот маж-жена според христијанството. И не знам како христијанките се океј со ова. Уште една од низата работи кои се игнорираат и се интерпретираат поинаку за да им одговараат на современите светогледи.
Покајание бараш во себе, значи да се каеш за своите гревови, па затоа да ги исповедаш. Ќе те изигнорирам оти некогаш не вреди да му ги отвораш очите на некој што сака да биди слеп.