Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    не е хиџаб а што е марама,ајде ке го остаиме арабскиот збор настана и ке ја викаме марама :) .. епа исто како и кај муслиманките,носат облека која им ги покрива облините.. ама прашањето е ЗОШТО нели христијаните несе исти со муслиманите... сепак кога убаво ке се разгледа од мн гледни точни имам мн заеднички работи мегу исламот и христијанството
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Колку што знам, под поимот хиџаб не се подразбира само марамата, туку и самиот религиозен кодекс на облекување кај Муслиманите, вклучително и за мажи и за жени. Има пошироко значење од марама за глава. Поправете ме ако грешам. :)

    И двете религии укажуваат на вредноста на доблесната и скромна жена. Тука не постои голема разлика.
     
  3. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    Во Русија и други православни земји има таков обичај според посланието на самиот апостол Павел кој пишува
    4. Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава;
    5. и секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто сеедно е – како да е истрижена.

    (видете тука http://agapi.mk/sveto-pismo/nov-zavet/p ... /#anchor10)

    Најобично објаснување е дека е убаво за жената да си ја покрива главата и да биде скромно облечена за да не привлекува излишно внимание и да не ги соблазнува другите луѓе... Во Русија во црква се оди и со сукња долга или под колена..

    Секако оваа традиција нема ништо поврзано со хиџаб, во најмала рака зошто ап.Павел живеел во 1 век од нашата ера, а муслиманството настанало во 7ми век :)

    А сега прочитав дека ова послание на ап.Павел е пишувано кон Коринтјаните, а накратко таму живееле некои блудници кои што биле со бричена глава - и ако тие се покајувале и го примале Христијанството, а косите не можеле да им израстат веднаш - се покривале со шамии во црква.. а за да не биде очигледно кој е кој на некој начин настанал обичај сите жени да носат шамии..
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Треба да се обединиме сите, но само во Вистината. Секое друго обединување е лажно и демонска замка.
    Само да знаеш каков обединител ќе биде Антихристот... Е тој ќе ја обедини сета (не)вера на Земјата, ама не во Вистината, ами во лагата, а се знае кој е таткото на лагата.

    1.Коринтјани 11,
    3. Сакам уште да знаете дека глава на секој маж е Христос; а на жена глава е мажот; на Христа, пак, глава е Бог Отец.
    4. Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава;
    5. и секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто сеедно е - како да е истрижена.
    6. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е срамно жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива.
    7. И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто и образ и слава Божја, а жената е слава на мажот.
    8. Оти не е мажот од жената, туку жената од мажот;
    9. и мажот не е создаден за жената, туку жената за мажот;
     
    На aerodrom и Serafima им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Тоа е само објект кој има и дел-црква, дел-џамија и дел-синагога. Не се наметнува поинаква вистина од онаа во која верниците веќе веруваат.
     
  6. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    точно е дека хиџаб значи религиозен кодекс на облекување но само кај жените,хиџаб на арабски значи нешто што покрива но сепак има различни гледања на ова,пример во тунис кога ке кажеш хиџаб сите мислат на марамата што ја покрива главата.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Затоа велам, зборот има потесно и пошироко значење.

    The word hijab applied to both men and women in terms of protecting both their private lives from outsiders and to protect one's own honor, not in specific relation to one's sexual activity or desires

    RHS има многу убаво објаснето за мажите Муслимани и облекувањето. И тие се покриваат, само не на истиот начин (од папок до под колена ако не се лажам).
     
  8. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    абе и јас го прочитаво ова и го прашав дечко ми,тој ми рече дека хиџаб се однесува само на жената оти мажот не ја покрива главата и облините,туку само интимните делови

    а види на википедија што пише is a veil that covers the head and chest, which is particularly worn by a Muslim female
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Па тоа ти го викам цело време. Има потесно значење и пошироко значење, зависи во кој контекст ќе се употреби.

    Ај нека ми е честито јубилејно 4.000-то мислење. :D
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Така се почнува. Прво ќе бидат во ист објект, па ќе си одат на гости, па ќе си одат на служби, па ај малку ќе почнат да си веруваат дека Христос е Бог, малку дека е пророк, малку дека не е ништо... И ете ти ги плодовите на екуменизмот, ама важно е дека сите од едно тенџере манџа ќе сркаат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Многу ми се допадна оваа идеја, религиозните објекти да бидат една до друга. Така верниците од сите три вери полесно доаѓаат до информации за другите вери, како резултат на тоа се рушат многу бариери и стереотипи и повеќе ги зближува луѓето.
     
  12. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Некој заинтересиран да ми одговори или послабо :?: :?: :?:
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Трета книга Мојсеева (Левит) глава 11. За разликата меѓу чисти и нечисти животни.
    1. И му рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејќи:
    2. “Кажете им на синовите Израилеви и речете им: ова се животните што ги има на земјата, кои можете да ги јадете -
    3. секое животно што има раздвоени копита и длабок рез меѓу копитата, и кое прежива, тоа да го јадете.
    4. Но од оние што само преживаат или само што имаат раздвоени копита, како што е камилата, да не јадете, бидејќи прежива, но нема и раздвоени копита; таа е за вас нечиста.
    5. И питом зајак, бидејќи прежива и нема раздвоени копита, нечист да ви е,
    6. и див зајак кој прежива, а нема раздвоени копита, нечист да ви е,
    7. и свињата, бидејќи има раздвоени копита, а не прежива - нечиста да ви е.
    8. Од месото нивно да не јадете, ниту, пак, мршите нивни да ги допирате - тие се за вас нечисти.

    Ама во Дејанијата на светите апостоли читаме:
    глава 10:
    9. На другиот ден, кога тие патуваа и наближуваа до градот, Петар околу шестиот час се качи на рамниот покрив од куќата, да се помоли.
    10. И бидејќи беше огладнел, сакаше нешто да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес,
    11. и го виде небото отворено и некаков сад да слегува кон него, како некое големо платниште, врзано за четирите краишта, и се спушташе на земјата,
    12. во кое ги имаше сите четвороножни животни, ѕверови, лазачи и птици небески.
    13. И се чу глас кон него: “Петре, стани, заколи и јади!”
    14. А Петар рече: “Никако, Господи, оти никогаш не сум јал погано или нечисто.”
    15. И повторно се чу глас кон него: “Она, што Бог го очистил, ти не го сметај за нечисто!”
    16. Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    не јадат свинско оти го сметаат за нечисто месо,оти нели свињата јаде се па дури и измет,за разлика од другите животни крава,коза кои се хранат почисто
     
  15. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Orthophill и N.Kety. Фала многу. :) Конечно,некој да ми објасни :)
     
  16. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Во Исламот свинското не е дозволено поради неколку причини:
    1.Свињите немаат врат, и не можат да се колат за да им истече крвта. Кога колат животно мора да истече добро крвта, затоа што ако не истече тоа се згрутчува и не е здраво да се консумира. А најдобро истекува кога се сече вратот
    2. При уринирање свињите исфрлуваат само 2% уриник ацид додека 98% останува во телото
    3. Свињите јадат и од својот измет, и живеат во многу нечиста средина
    3. Свинскотот месо е многу мрсно и нездраво месо, и е предизвикувач на многу срцеви болести.

    Освен свинското муслиманите не смеат да јадат месо од животни што умреле само од себе, животни што немаат врат, месојадци, и месо што е заклано во друго име а не во име на Господ.

    Во куранот е наведено во второто поглавје, Сура Бекаре/173:

    Он ви забранува,навистина, и мрша, и крв, и свинско месо, и месо што е заклано во друго име, а не во името на Аллах. А оној што ќе биде присилен, не со желба и не од навика, тогаш, нема грев. Аллах, навистина, е Просутвач и Сомилосен

    Се надевам дека ти објаснив убаво :)
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    ^Да фала.Сега повеќе знам и од другарка ми која е муслиманка.Таа не точно зошто.Само тоа третото ми го кажа. :/
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ме интересира ритуалот на погреб. Мене толку лично не, колку што ме прашуваат луѓе на кои им е чудно како тоа ние сами ги спремаме телата за погреб, без да ги праќаме во погребни претпријатија а не знам да им објаснам, традицијата не си ја знам. Велам традицијата оти јас не сум религиозна. А погреб =поп, па тука прашувам.
    Знам жени бањаат жена, мажи спремаат маж, блиските го чуваат телото, машко носи крстот напред на поворката, тие работи отприлика ми се јасни. Ама ме фаќаат на бањање, а јас како млада што сум не сум присуствувала на такво нешто. Со што го бањаат телото? Само со вода со оглед на тоа дека нема долго да се чува? Мора да се избања веднаш пред ригор мортис да настапи? :?:
    И друго конкретно, млади немажени обавезно се облекуваат во невестинско или само по желба на домашните?

    Знам, морбидно е, ама дел од религијата е... а и еве ме интересира. :?:
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Δ
    Никој? :^)
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Некој да дојде да рече било што против било чија религија и ќе се дигне ааа уууу аааа хааа, цитати од библии и свашта од 10 страни плус. Очигледно народ во МК не мрие :^)
    И како да ве свати човек озбилно, кога еден секојдневен чин нема никој да ми објасни :?: