Кажано е - мажот да ја сака жената како Исус што ја сака црквата значи целосна пожртвуваност, мажот треба да го даде совојот живот за неговата сопруга и семејство, треба да е спремен да умре! Поголема пожртвуваност од ова незз дали постои. Незз за каква хиерхија зборите, зборот не е пишан за така да биде разберен, туку објаснува ред и мир. „Мажи, сакајте ги своите жени, како што Христос ја сакаше црквата и се предаде за неа”. Нема многу мажи кои се повикани буквално да умрат за своите сопруги, но сите мажи се повикани од Бога пожртвувано да им служат на нивните жени. Ај сега да разбереме што значи да се биде глава на семејстовто. „Главата на секој човек е Христос, главата на една жена е нејзиниот сопруг, а главата на Христос е Бог “. За да биде навистина глава на неговото семејство, сопругот мора самиот да се предаде на Исус Христос. Неговата служба како глава, пред сè, се состои во неговата одговорност да биде посредник на љубовта на Исус Христос на неговата сопруга и децата. Ете што значи да си глава на семејстовот а не јас сум главен или поважен Ова погоре што го пиша Girllove го побарав по нетов не можам да најдам, ме интересира преводот на некои зборови, ако го имаш изворот сподели.
Не дозволувам жена да поучува?! Wtf?! Заради вакви глупости се уште има мислења дека машките се попаметни, заслужуваат повисока плата, а жените се грешни суштества, немаат мозок да размислат, па така треба да се потчинети на паметниот маШ. До кога ќе се велича машкиот пол, а понижува женскиот?!
Им служат исто колку што ти ,,им служиш" на твоите миленичиња со тоа што им даваш храна и вода. Ти може ги сакаш да бескрај, па дури и животот можеш да го дадеш за нив, ама останува фактот дека се оставени на твојата милост и немилост, под тебе се, не се твое рамниште. Впрочем, јасно е дека жената има улога на предмет и сопственост во христијанството уште во една од божјите заповеди, каде е ставена во ист кош со стоката, куќата и сл. Самата тврдиш дека мажот има улога на посредник меѓу Исус и жената со децата. Како може и покрај ова да заклучиш дека нема хиерархија? Да немаше некој ваков редослед на Исус-глава-подглава дури тогаш ќе можевме да кажеме дека сите се подеднакво божји чеда без разлика на пол. Самиот факт што постои глава, укажува дека некој е пред некој друг и тоа кажува доволно за цела религија. Сосем доволно да не треба ниедна жена да ја следи.
1. Зошто мора да има посредник меѓу Христос и жената?! 2. Зошто тој посредник да биде мажот, не може жената? Во христијанството секогаш мажите се доминантни. Христијанството само по себе вклучува полова дискриминација и хиерархија.
Не знам зошто не сакате да признаете дека постои таа хиерархија во Библијата. Малку смешно е да се преправаме дека начелата од пред 2000 години се исти со денешните принципи за еднаквост. Немам против кој сака да ги следи, но нема потреба од извртување на нешто што е јасно напишано.
Уф луѓе незз што да ви кажам а да не изгледам погрешно во ваши очи...стварно ме растажуваат овие коментари и гледишта... миленичиња, факти дека не се на исто рамниште...хиерахрија........ ако за некој го жртвуваш твојот живот значи го вреднуваш повеќе од својот! значи го ставаш пред сопствениот...каде тука гледате потчинетост?или дека жената има улога на предемет кога таа е центарот на семејството? мислам дека не ја разбирате сериозноста на оваа пожртвуваност! иначе ова прашањето за посредник, не сум баш најсигурна па да ти одговорам, да посветам повеќе време па да разберам
Не е спорно дека пишува такво нешто во Библијата, но таквите поделби не го објавил Бог како што тврдат теолозите, туку тоа се писанија на тогашните свештеници - мажи секако, кои си земале за право да му ставаат на Бога - Вечниот, зборови во уста. Исус покрај машките ученици имал и ученички кои ги сметал за рамноправни со мажите. За тоа дознаваме од современата Христова објава „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ примена токму преку жена.
Почнав да го читам Новиот Завет по Јован. Воодушевена сум! Бидејќи прв пат читам Библија, дали е во ред што почнав со Јован најпрво?
За тие што имаат култ кон светци и самопрогласени слуги Божји. Ако велите дека бајачите и гатачите се слуги на Господ и дека, лечат и гатаат со Божја сила грешете. Тој лечеше и воскресна мртовец без да побара дарови и пари. И самиот Тој кажа "Бесплатно ви е дадено, бесплатно давајте". А надвор ќе бидат маѓепсниците и повикувачите на духови, вражалците. Не верувајте на сонови каде што "ангели и светци" ви кажуваат кај кој бајач или гатач да одете. Затоа е познато дека Ѓаволот зазима лице на светец за да го измами човекот и да го фрли во заблуда. Напишано е дека "Оној што верува во сонови, прилега на човек што сака да го прегрне ликот во огледало и да ја фати сопствената сенка"
Сепак мислам дека со Патриција не е во прашање секта. Има ново видео каде објаснува како била во најголема депресија и се помолила за помош. Тогаш, Господ и дошол, почувствувала голема љубов и тој почнал да зборува преку неа, и објаснил зошто го преживеала тоа што го преживеала. Се е тоа океј, АМА обично луѓе кои ќе се конектираат со Господ на ваков начин, они највеќе не осудуваат, не наметнуваат туку се исполнети со љубов и ги оставаат другите да бидат такви какви што се. А она е спротивното..
Не е само религијата со таков став за жената, многу имало и меѓу самите научници. На пример, многу непријатно се изненадив од фактот што постоеле филозофи, меѓу кои дури и Аристотел и научници коишто жената ја ставале подолу од мажот хиерархиски, велејќи дека е недоволно развиена, а за докази се потпирале на физичкиот изглед и конституција, како и од фактот што прво се развиваат женски полови органи во утробата, па ако е машко дополнително се формираат машките. Хиерархијава била проблем на општеството во повеќе сфери, не само религијата.
Во која смисла мислиш на спротивното? Дека се гледа дека е фејк? Јас на пример само едно видео имам изгледано од неа, и ептен се приметува дека точно знае што прави што не е воопшто наивно. Буквално е копи-пејст на америчките пастори кои ги има по оние емисии со јавувања во живо или каде наплаќаат дебело преку праќања на СМС пораки за да ти кажуваат што да правиш во животот. Начинот на кој говори, гестикулациите, дури и текстовите ѝ се преведени до збор. Ако мора да погодам би рекла дека се работи за евангилисти или некоја помала секта која гледа потенцијал овде. Додуша ги имаме одамна но сега имаат други медиуми на располагање, како тинејџери-инфлуенсери со илјадници профили и рич.
Зошто е сунетот толку значаен? Се слави речиси како свадба, со колони возила низ град и свирење, со оро, со тапани, музика.
Никаде во муслиманската религија не пишува да се прави сунет со свадба и тапани, дури е подобро да не се кажува на никој дека се направило Ама нашите аздисани луге се ке си прават за нивни кејф
А вака за верата општо, какво значење има сунетот? Мислам, штом ете некои со толкава веселба го слават.
Инкорпорирано е во верата, но со намера да го заштитат населението од разни чуми и болести кои ровареле во одредени периоди. Она што е интересно и вреди да се спомне е дека во заедници каде се сече кожичката, претежно еврејски и муслимански забележано е дека нема случаи со рак на матка кај жените.