Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Обрежувањето кое низ балканскиве земји се нарекува сунет правилно се вели тахир што пак на арапски значи прочистување.
    Се наведува како закон во изреките кои му се припишуваат на пророкот Мухамед. Муслиманите пред молитва треба да се прочистат, па се смета дека вишокот кожичка на половиот орган можел да задржи капки урина односно нечистотија. Но во разлилчни земји обичајот се спроведува на различна возраст и со различни обреди. Во некои земји се прави во пубертет и тоа означува дека детето станало возрасен маж, но во други земји муслиманите го прават веќе неколку дена или недели откако ќе се роди машкото бебе.

    Религиозните евреи исто така го држат овој обичај бидејќи се спомнува во Стариот Завет, но го имаат веројатно превземено од древниот Египет каде некогаш биле робови пред пророкот Мојсеј да ги изведе од таму.

    Интересно што Куранот воопшто никаде не го спомнува обрежувањето и оние муслимани кои строго се држат исклучиво само до Куранот и само Куранот, не го практикуваат. Што се однесува до хигиената, денешно време поради напредок на технологијата таа сосема лесно може да се одржува.
    Ова е мит, нема вистински докази (освен нарачани квази студии) дека обрежувањето спречува такви болести.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Квази студии?! Не е ова од вчера, баш така им текнало од никаде да си ги сечат. Биле доста образовани ама не можеле на општото население да му докажат дека е добро за нив освен преку религијата и тоа е тоа.

    https://www.webmd.com/cancer/cervic...circumcision-cuts-womens-cervical-cancer-risk
     

    Прикачени фајлови:

  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Па во тоа е проблемот, не е од вчера туку од древен Египет, уште античките историчари пишувале за нивната практика - секако, од хигиенски причини. Таа ја превзеле евреите и ја инкорпорирале во своите верски списи, небаре Бог тоа го наредил. Исламот пак се појавил на арапскиот полуостров каде што се движеле и многубошци и евреи и христијани носејќи ги своите верувања но и практики. Куранот меѓутоа нникаде не бара такво нешто, напротив убаво си стои дека човек е создаден така да не треба ниту нешто да му се додаде, ниту да му се одземе.
     
  4. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.384
    Пол:
    Женски
    Неточно,
    и во Библијата и во Куранот се препорачува обрежување.
     
    На OmilenataZaNego му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Во Библијата да, но во Куранот никаде нема такво нешто. Ако мислиш дека во Куранот има, повели цитирај точно во кој стих го вели тоа.
     
  6. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.384
    Пол:
    Женски
    Тората позната како прв дел од Библијата (т.е првите пет книги од Библијата) не е дел и од Куранот?
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Не. Куранската објава е засебна книга.
     
  8. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.384
    Пол:
    Женски
    Го немам читано Куранот но колку што знам дел од Тората го имаат земено од Библијата.
     
    Последна измена: 14 јули 2022
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Следбениците на исламот, т.е. муслиманите, ги признаваат старозаветните пророци плус Исус од Новиот Завет. Сите тие биле, барем според преданието во Библијата, обрежани и за тоа се фаќаат голем број исламски теолози. Но во самиот Куран таква заповед или потврда на истата нема, туку напротив во 95:4 вели:
    „...дека човекот, секако, Ние го создадовме во најличен изглед,„ и оние исламски теолози кои се држат строго само до Куранот велат дека ако Аллах сакал мажите да бидат без кожичка што го прекрива половиот орган, тогаш Аллах би ги уредил така работите да уште во матката така се зачнат работитe и тн.

    Еве ја нивната аргументација на линков на англиски јазик (има и на турски и други јазици):

    https://www.quranicpath.com/misconceptions/circumcision.html
     
    Последна измена: 14 јули 2022
  10. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
     
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    16.476
    Дали смее да се слуша Литургија дома и која?
    Мислев колку е достојно тоа.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    4.675
    Пол:
    Машки
    Смее да се слуша, зошто да не? Сепак, тоа не значи, дека е исто и да слушаш дома и да бидеш в црква. Но, кога не може да се појде в црква, подобро е да се слуша/гледа некоја литургија во живо.
    И за уживање може да се слушаат литургии. На јутјуб има безброј литургии и студиски снимени и во живо.

    За време на ковидов еден благочестив дедо си гледаше служби на таблет. Ќе се дотерал, исто како за в црква, ќе ја пуштел службата и ја следел исто како да е в црква.
     
    На Cosmic Girl, kuc и GirlLove им се допаѓа ова.
  13. Dorita

    Dorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Vo naseto pravoslavie cesto se zboruva za razlicni cuda, izlecenija, sto se slucile od strana na svetci, nivni mosti, molitvi. No vo ponovo vreme retko slusame za takvi cuda. Dali znaete nekoj sto mu se slucilo takvo cudo ili ste slusnale od nekogo i dali mislite deka takvite cuda se vistina?
     
    На tessie, GirlLove и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    16.476
    Јас имам прашање, можеби е глупаво, но сакам да знам.
    Одам во црква со точакот,но нема каде да го заклучам.
    Видов некој го имаше заклучено на железната врата од целата, мене ми е шубе така.
    Дали смееме тоа или против црковните правилата мл
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Од неодамна почнав со читање на псалми од Псалтирот, пред зората 5, 89, 100 ( тука малце знам и да забушавам ), во 9 сабајле 16, 24, 50, после на пладне 53, 54, 90, во 3 поручек 83,84,84, на залез сонце 102 па после тоа по избор читам неколку псалми, во 10 навечер 50, 69, 142, на полноќ 50, 120, 133.

    Распоредот ми е тој ( не секогаш успевам да се придржувам до него) и тоа ми е едниствено нешто што ме одржува со чиста глава цел ден без грешни мисли и да ми биде тешко на душата. И многу ми помага да бидам смирена, скромна, без страв, понизна и во покајание, а притоа да си извршувам обврски и да си живеам растеретено без проблем. Имам среќа и фала му на Бога што работата моментално ми е од дома.

    Секако пред да почнам го читам воведот во Псалтирот што ми е ( си имам книгичка ) и со поклон, голема метанија по Исусова молитва, и кога ќе завршам со читањето на трите псалми пак поклон.

    Е сега сакам да прашам дали некој случајно да не знае, кога ќе бидам во период на менструација, дали ќе смеам и дали ќе биде богоугодно да го практикувам истото :?:

    П.С. Да не знаете некој добар канал, линк, што и да е, да е веродостојно и во духот на православието да можам да си ја изучувам Библијата чекор по чекор, вака некој добар извор онлајн на таа тема, некој блог и сл.? :wasntme:
     
    На eliesaab, KittyAgnes, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    23.736
    Пол:
    Женски
    Сигурно има, но верата е таа којашто се намалува. Покрај тоа, такви сведоштва се не ретко цел на напад, исмејување, распит како во станица, затоа и со право е одлучено да не се објавува. Мое мислење. Оти, навраќајќи се наназад, мојот живот многупати бил проследен со ситуации коишто би се нарекле чудо. Всушност, Господ нѐ демантира низ нашиот пат, сѐ додека не стигнеме до она совршенство ,, знам дека ништо не знам ". Пријателот го прави крвник, душманот пријател, преживуваме кога мислиме готови сме и паѓаме кога ќе помислиме за мене зима нема. Всушност чудото е токму тоа. Самото наше постоење.
     
    На Dorita, Orthophill и sonuvana им се допаѓа ова.
  17. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Ќе ви се вмешам малце, и ќе се надоврзам на овие постови.
    Баш синоќа пред спиење, ми излезе предложено на јутјуб, отец Предраг кој зборуваше токму за тоа во видеото, за чудата во нашето православие. Многу убаво и поучно видео, може да си го погледнете, ем што е многу пријатен за слушање и доста разбирливо објаснува.

     
    На GirlLove и tessie им се допаѓа ова.
  18. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Од теолошка гледна точка мислам дека смееш да го практикуваш зашто во тек на циклусот не сме ниту нечисти ниту грешни и не правиш ништо лошо оти никогаш не можиме да бидиме безгрешни и совршени за да му пристапиме на Бог. Такви не створил и како такви ни дозволува да Му се молиме и да Го сакаме. Како тогаш младите монахињи можат да ги исполнуваат нивните послушанија? :)
    Линк за изучување и јас барам ама никаде не можам да најдам, имам прочитано дека тоа може да се прави и помеѓу верници, да дискутираат за одредена глава или стих, така било најлесно ама немам со кого да дискутирам. Ако те интересираат некои теми од православието, можам да ти предложам профил на Инстаграм. Девојката е дипломиран православен теолог, можеш да ја најдеш под името Verouciteljka. Јас сум пријавена и на нејзиниот newsletter и искрено, работите ги објаснува да може да ги разбере и лаик кој не е толку упатен во верата а богами и вистински верник да се запраша зошто на одредена тема размислувал толку ограничено и не ја гледал пошироката слика и дека не е единствен кој така размислувал или се чувствувал на некоја тема. :)
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Многу, многу ти фала за профилов. Баш нешто така си барав, на современ начин, пристапно да биде, искрено многу ме радува што е жена, некак многу попристапно ми е. Стварно многу ти фала. И јас би и се претплатила, само сега да удрам едно турбо разгледување на контентот што го има. Фала ти :l:
     
    На Босилче му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    @Цунами разгледај го каналов, мене многу ми се допаѓа. Меѓу другото има и проповеди каде што се толкува светото писмо.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.