Нема за што. Баш така, попристапно е што е жена оти баш околу жените има недоразбирања во некои теми во православието. А девојкава и тоа како знае кои се и како да ги објасни. Мило ми е ако ти биде од корист профилов.
Да си го заклучуваш точакот ако не можеш да го заклучиш, внесувај го в црква (нормално ако има место за него). Многу се радувам што Псалтирот се актуелизираше и многу го читаат истиот. Особено ме израдува што ги читаш часовните псалми. Нормално, дека и за време на менструалниот циклус можеш да се молиш и да метанисуваш (доколку не ти е проблем). Сепак ќе го поставам и распоредот на читање на пслами во текот на денот. БОГОСЛУЖБЕНИ ПСАЛМИ И ПЕСНИ Утрена: (утро) Почетни (царски): 19, 20. Шестопсалмие: 3, 37, 62, 87, 102, 142. Полиелејни: 134, 135 (и 136 во неделите пред Великиот Пост) Непорочен псалм: 118. Пред канонот: 50. Првите десет библиски песни (9. и 10. се читаат заедно) Хвалитни: 148, 149, 150. Часови: Прв: 5, 89, 100. (7 часот по наше време) Почасие на првиот час: 45, 91, 92. Трет: 16, 24, 50. (9 часот по наше време) Почасие на третиот час: 29, 31, 60. Шести: 53, 54, 90. (12 часот по наше време) Почасие на шестиот час: 55, 56, 69. Деветти: 83, 84, 85. (15 часот по наше време) Почасие на деветиот час: 112, 137, 139. Изобразителна (Литургија): 102, 145. На крајот од изобразителната: 33. Вечерна: (зајдисонце) Предначални: 103. Блажен муж: 1. Господи, возвах: 140, 141, 129, 116. На крајот од вечерната: 33 и 144 (само во Великиот пост). Големо повечерие: 4, 6, 12, 24, 30, 90; 50, 101, 2Лет. 37; 69, 142. (По вечерата) Мало повечерие: 50, 69, 142. (По вечерата) Полуноќница: 50, (118 од понеделник до петок, или 64-69 во сабота), 120, 133 (во недела само 50) (Полноќ или рано на утро пред утрената) 12. псалми: 26, 31, 56; 33, 38, 40; 69, 70, 76; 101, 2Лет. 37. (Ноќни псалми кои се читаат по повечерието) Пред причест: 22, 33, 115. Погреб и парастас: 90, 118 и 50. Молебни: За болен: 70. Благодарствен: 117. Нова година: 64. Патување: 120. Прозбен: 142. Царски часови: Бадник (Коледе) а) 1. час: 5, 44, 45. б) 3. час: 66, 86, 50. в) 6. час: 71, 131, 90. г) 9. час: 109, 110, 85. Водокрст (Нејатка) а) 1. час: 5, 22, 26. б) 3. час: 28, 41, 50. в) 6. час: 73, 76, 90. г) 9. час: 92, 113, 85. Велики Петок а) 1. час: 5, 2, 21. б) 3. час: 34, 108, 50. в) 6. час: 53, 139, 90. г) 9. час: 68, 69, 85. Сепак не мора сето ова да се чита од нас кои живееме во светот, но за оние кои живеат во манастирите е препорачливо.
@Orthophill Ти благодарам. Не знам дали точно се изразив. Некој го имаше заклучено точакот на вратата од црквата. Пошто и немаше каде. Тоа ми беше шубе.
@Цунами во однос на толкувањето на Свештените Писанија убави предавања има овде https://liveanewlifeinchrist.org/ (на англиски) На српски може да се најде овде https://svetosavlje.org/biblioteka-index/ , во одделот СВЕТО ПИСМО И ТУМАЧЕЊА
Ти благодарам многу и за распоредот, и за сајтот, посебно тој на српски што е, веќе си најдов одговор на 2 прашања кои ме мачеа Плус ти благодарам за тоа што сподели во колку уствари се часовите по наше време. Мене првиот час ми беше проблем, дека станував на изгрејсонце ( колку пати успеав да станам... ), а последниот го читав на полноќ, тоа лесно идеше. Ама сепак си имам цел ден обврски, па потребен ми е сонот. Иако морам да кажам дека со читањето на псалмите секојдневно, исполнета сум со таква енергија и со таква леснотија ги извршувам обврските, и плус ова морам да си го признаам - многу полесно и од срце правам добри дела, и подобра сум со луѓето околу мене и мноогу посочувствителна Таква емоција човек и да сака сам не може да ја доживее искрено со срцето, само со помош на Бога. Нити па енергијата што ја имам со елан да си ги исполнувам обврските. Нити план за исхрана, нити редновна физичка активност ( не велам дека тоа е лошо и човек треба да се тргне од здрави навики, да не ме сфатите погрешно ) не може да те исполни со таква сила во духот. И да, 103 псалм го читам на зајдисонце ( во мојот псалтир се еден назад, па е 102 и гледам се имам збунето и погрешно сум напишала ) Ако имам некои работи за да те прашам околу тоа, се надевам нема да ти пречи да ти пишам лична порака и убаво да ти објаснам и да те прашам некои детали, секако ако не ти е проблем. А може и подобро би било овде, па сите да можат да си прочитаат што ги интересира ( освен ако не ја спамираме темава ).
Најбитно е да не се биде роб, дури ни на времето. Може и малку подоцна и малку порано да се прочита нештото, но најбитно да се прочита. Може и овде да разговараме, може и во приватна порака.
Најважно е се' да се прави со мерка, ама онаа мерка којашто душата ни ја поднесува за да извршиме нешто со љубов. Една од моите грешки. Си влегов во филм дека сум за големи подвизи само затоа што Господ ми покажал некој пат и решил да се смилува на душава што всушност е како мравка, да ја дувнеш ќе ја снема и претерував. Ќе ми се каже на пример, доволно е ова да го прочиташ, јас двапати повеќе. А духовникот за тоа постои, оти те знае подобро од самиот себе си и потоа како последица еден период станав многу апатична кон сите овие теми и едвај си се вратив во колосек. И минимумот да е, исполни го со љубов и благодарност, не е малку ни да речеш ,,Ах Господи" ако душата ти е полна со љубов којашто би испишала најубави псалми . Со тек на времето и ќе си растеш во подвизите и полека полека ќе си користиш од сите извори коишто ги наоѓаш сега. Не е маратон, начин на живот е и верувај , секој чекор, макар и најмал е нешто посебно .
Imam slusano deka dokolku covek dade vetuvanje deka dokolku mu se ispolni nekoja zelba ke stori nesto na pr. ke poseti crkva, manastir, ke kupi nekoja ikona, pa duri i lugje sto vetuvale deka ke izgradat crkva i slicni vakvi stvari ——- deka zelbite sekogas im se ispolnuvale. No i deka dokolku ne go ispolnat vetuvanjeto se slucuvalo nesto loso. Sto mislite?
Знам дека Бог ни заповеда да си ги исполнуваме ветувањата, а дали ќе ти бидат исполнети сите желби... Бог ќе ти ги исполни само доколку се добри за тебе и твојата душа.
Не е лично за мене.. Прашувам за братучеда... Таа е претходно венчана,се разведи по 7 години повторно се мажи. Имаат закажано свадба во октомври. Сакаат и да се венчаат бидејќи зетов е ерген претходно не бил венчан. Што е потребно за да се венчаат, благослов да се добија или како што се информирала да се развенча? Некој во ваква ситуација да икажи искуство или што знае
Како што постои црковна венчавка, така постои и црковен развод. (Ова не постои од вчера и некни, туку уште во 13. век, блажениот охридски архиепископ Димитрија Хоматијан, си имал интересни судски бракоразводни процеси, чии парници до денес останале запишани.) Треба да појде во црквата во која е венчана, да се обрати кон попот што служи таму и да каже, дека сака да се разведи. Нормално треба да го знае датумот на венчавката. Потоа попот ќе ја упати што треба да се прави понатаму. За секој случај нека носи фотокопии од црковна венчаница и документ за граѓански развод.
Ветувањата треба да се исполнуваат. Никој сосила не не` тера да ги даваме. Но, ако не сме во можност да ги исполниме (пример да се изгради црква, а нема пари), тогаш треба да се појде кај свештеникот, да се исповеда даденото ветување и неможноста за да се исполни, а попот ќе прочита молитва за ослободување од ветувањето.
Многу од свештените лица не знаат да го толкуваат христијанството правилно. Најчесто заплашуваат дека Бог ќе ги казни тие што грешат. Па како, кога од друга страна, Бог е претставен како личност која простува? Се знае зашто на овој начин се толкува христијанството, за да се држат народните маси под контрола. Како можеш најлесно да го контролираш некого? Се разбира, со страв, исплаши го, и нормално тогаш станува послушен и покорен.
Бог е љубов! Тоа ни го кажува Светиот Дух преку устата/перото на светиот апостол, евангелист и прв Богослов на Црквата Јован. Бог и простува, кога ќе побараме прошка и ќе ветиме дека нема да го правиме гревот, а ќе почнеме да правиме дела спротивни на тој грев. Но, Бог е и правда и праведен! Без разлика дали тоа го нарекуваме казна Божја или правда Божја или користиме некој еуфемизам, сепак таа постои... Кога ќе видиме, дека некого Бог казнил, ние не треба да се ситиме, туку преку примерот што ни го дава, преку тие фиљан луѓе, да се научиме да не грешиме. Постои една народна изрека: Господ не плаќа секоја сабота, ама никому борчлија не останал! (било за добро дело или за злодело) Се согласувам, дека низ историјата имало лоши примери, кога верата се злоупотребувала, па дури и сега се злоупотребува, но тоа не значи дека Бог не е праведен и дека нема да биде најголемиот Судија на Вселената во идното Царство. Во овие дни, ние живееме комплетна слобода. И да веруваме и да не веруваме, дури можеме и да бидеме богоборци, можеме да се информираме и поучиме на нашата вера кога и да сакаме, можеме и да останеме тотално незаинтересирани за Бога, ама сето тоа е на наш ризик. Не значи, дека платата нема да си ја добиеме. Ќе си ја добиеме.
Поклоништвото на Новиот Завет, ми се бендисва. Гледам и ти си од нив. Ме интересира, каков поглед има Православната Црква, како институција? ... ако знаеш де...