Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.827
    Пол:
    Женски
    Сакам само да надополнам на темава, нешто непосакувано/лошо кога ќе ни се случи, не значи дека е баш казна и дека одма треба да речеме Бог е лош, Бог ако беше добар и милостив немаше да ми се случи ова. Не е казна, јас би рекла повеќе е освестување. Да сфатиме дека нешто сме погрешиле, да сфатиме дека треба да се приближиме кон Бога оти Бог ќе ни помогне ако Го повикаме. До неблагодарно срце тешко е да допре. Ние поблиску до Бога - поблиску и Тој до нас. Ние подалеку - подалеку и Тој.
     
    На babygirl20, Босилче, Sky Daisy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Никаде не реков дека не е праведен.
    Туку потенцирав дека многу од свештениците го користат Божјото име за да ги манипулираат верниците. Си земаат преголеми права за да се мешаат во туѓи животи.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    За тоа што свештениците се мешаат во животот на верниците и го пикаат носот каде што не им го бери, прво се криви верниците. Си ги замислуваат свештениците како којзнае што да се. Не се! И свештениците се грешници како нас, но се носители на апостолското преемство и преку нив Светиот Дух ги извршува светите тајни. Со свештениците треба да се консултираме за важни работи кои се однесуваат на нашиот Христијански живот, за важни работи што го тиштат нашиот живот, но не и за глупости. Пример: која боја на кола да купиме, што фризура да носиме, дали во смоките има сало, дали да појдиме денеска на манастир на служба или в црква... Ова последново се вика гуруизам и тоа е незрело однесување. И за жал сум го забележал, дека некои си ги иткаат дечињата духовни, нормално првенствено за да добијат некоја корист.
    Свештениците се како жиците низ кои тече струја. Еден апарат да работи му треба и жица и струја. Струјата е благодатта на Светиот Дух. Жиците се свештениците. Жиците можат да бидат р`ѓосани, ама ако се приклучени на изворот на благодатта, т.е. се дел од Црквата тогаш ќе тече струја.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    На што се повеќе поклоници православните свештеници, на Стариот, или на Новиот Завет?

    Во Стариот, Бог е одмаздољубив и суров; во Новиот, повеќе се проповеда љубов и разбирање.
    Најблиску до хипи што има во религија е Новиот Завет.

    Генерално сум за 'Кумбаја' сценарио. :inlove:
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Вистината е комбинација од двете. Бог е љубов и спремен да прости на оние, кои бараат прошка. Оние, кои остануваат во состојбата, која е оддалеченост од Бога и кои немаат потенцијал да се покајат и да бидат едно со Христос, останува да си ги добиваат наградите за добрите дела на овој свет, а казната (најголема казна за Христијанинот не е пеколот со огнот, црвите и другите маки, туку разделеноста од Христа) да остане за идниот век.

    Пред неколку дена слушнав една прекрасна вистинска случка на еден Христијанин. Но не можам да ја кажувам во детали, бидејќи немам дозвола за тоа. Но на кратко. Прво живеел христијански и свет живот, потоа се соблазнил од некои ситуации и луѓе, кои се декларираат за претставници на Црквата, паднал, се откажал од Бога, завлегол во ереси и богоборство и потоа Христос пак го повикал на чудесен начин... Таков е Христос ги љуби грешниците, ги бара загубените овци и пак ги враќа во своето трло. Ама, секому дал слободна волја и никому не ја нарушува. Никого на пример не Го приморува да верува и да Му служи Нему. Но, не сум сигурен и дека му се мили (евангелието го потврдува спротивнто), разните глумци кои в црква глумат светост и високопреподобие, а надвор од црквата се полоши од незнабошците.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Не, не се криви верниците. Свештениците треба да ги поучат и да објаснат за што можат да бидат прашани, за што не. Исто така ако некој не сака да се консултира со нив, нема ништо лошо во тоа, а не верниците да бидат заплашувани со разни глупости.
    Голем дел од тие свештеници прво не се ни стручни да даваат совети кои не се поврзани со религија.
    Значи треба секој да си го знае своето место каде му е.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Нонстоп слушам за дечиња кои се киднапирани, силувани и убиени. Какво освестување им дава ним?
     
    На Munchmallow20 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Не сте виделе што се` не има во Црквата. И тоа е убавината на Православието! Една верничка (млада, со високо образование!) во текот на изминатиов пост, бараше од поп да и` кажи рецепт за благо без масло! И што да прави во таков случај попот? И` вика: Побарај си на интернет, имаш илјада рецепти. Таа: Ама оче, тебе што ти е најубаво? Нормален беше попот, мудро си избега.
    Од друга страна има верници, кои мозокот си го пуштаат на пасење и очекуваат духовникот да им го живее животот. Не сакаат ништо да се научат (таквите уште и свети Павле ги спомнува во посланијата) и цел век се недоучени и што ќе им рече духовникот тоа прават...
    Се сложувам, нормален духовник треба да ги вразумува таквите, а не да им ги чеша ушите и уште толку да ги будали. На сите Бог ни дал ум и разум за да си ја научиме нашата вера и така правилно да ја практикуваме. Но, на некои им одговара, да глумат послушни. На пример, ќе најдат некој духовник, кој ќе им дозволува се`, па ќе си го прашаат: „Отец, може да блудствуваме со нашите невенчани партнери?“ Тој ќе им одговори: „Да, може, вие од љубов тоа ќе го правите!“ Ама ваквата поука е спротивна на светото Евангелие, и на Христовите заповеди и ги носи во пропаст и духовникот и чедото.
    Сепак, поради нечесниот свештеник Ристо, ние не смееме да се откажуваме од Себлагиот Христос, од Мајката Црква и од светите тајни, кои истиот свештеник Ристо ги извршува.
     
    На Sky Daisy и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.827
    Пол:
    Женски
    Не се' што се случува е само од Бога. Гревот и последиците од гревот се секаде околу нас, а секоја несреќа му се препишува на Бог како одговорен за неа.
     
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Каков грев имаат направено штотуку родени бебиња за да починат веднаш после раѓањето? :drunk:
     
    На Munchmallow20 и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Најголемиот проблем е тоа што поповите зборат едно, а живеат сосема спротивно на тоа што го зборат. Треба да живеете скромно, се вели во христијанството. Гледаме како скромно живеат свештениците и владиците и со каков возен парк располагаат.
    Така што, немаат воопшто право да кажуваат како треба некој да го живее животот.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.827
    Пол:
    Женски
    Не викам дека бебињата имаат направено грев. Општо, злото е насекаде. Ако некој човек полуди и се обземе од зло и бес, па фати да убива, да силува и слично, за тоа не е Бог виновен, тој не допуштил ништо, туку обземениот.
    Едит: ти за друго прашуваш, јас поврзав со од членката поназад коментарот. Ако бебето почине по раѓањето, тоа е од некоја компликација. Дали да мешаме тука божја волја, не знам искрено, подобро да не грешиме душа.
     
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Океј, и за него ќе има казна според христијанството.
    Ама каква утеха е тоа за настраданите?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Нивната цел е да го проповедаат светото Евангелие. И треба да го проповедаат. И треба да го кажуваат, она што и Христос Го кажал. На Страшниот Суд ќе си одговараат и според делата и според лицемерието.
    Ние да го гледаме Христос и светото Евангелие, а на оние кои го знаат Светото Евангелие и не го исполнуваат Христос построго ќе им суди! Ама нам нема да ни го земи за мерка попот Ристо (ова име го зедов за пример) туку и на Риста и нам мерка ќе ни биде Евангелието.
    Ако одиме в Црква да бараме светии, сме се зафркнале. Единствениот Кој е свет е Господ Иисус Христос, сите ние другите сме грешници. Дури и светците правеле гревови. Нашата цел со одењето в Црква и исполнувањето на заповедите Божји не е да ги осветиме поповите или другите грешници, туку да се осветиме самите себеси. Да покажаме и докажеме, дека Христос и заедницата со Него ни е побитна од се` што е земно. И нормално, да не се приврзуваме за ништо земно. Треба да живееме достоинствен живот според потребите, а секое луксузирање е само сељачење. Нормален човек, а уште повеќе Христијанин не се луксузира.
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Ај да размислуваме како да бидеме добри луѓе и добри Христијани, а не да Му се мешаме на Бога во работата. Зошто се случило нешто, или не се случило ќе разбереме кога ќе застанеме пред Христа Бога. Нашите судови се носат врз основа на она што мислиме, дека го знаеме. Господ знае се` и затоа Неговите судови се совршени.
    Вистински Христијанин, кој има љубов и страв (стравопочит) кон Бога, никогаш не би направил злодело против било кого, а најмалку против некое детенце.
     
    На Sky Daisy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    За сè имаш објаснение/мислење, а сеа викаш "глеј си работа, не прашувај многу-многу, не му се мешај во работата".
    Оукеј.
    Ама пак ќе прашам, што е со детенцетоооо? Не ме интересира психопатот, не ми е гајле за него. Прашувам што е со малите детенца во кои пенетрираат возрасни гадови, ги тепаат, убиваат и се отарасуваат од нивните телца ко ќесичка од бонбона? Која му е намерата на господот тука?
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Децата што го преживуваат тој терор, ќе одат во прегратките на Пресвета Богородица, заедно со дечињата, кои мајките ги искасапиле во своите утроби. Дури и да не се крстени, мачењето што го доживеале ќе им се смета за мачеништво.
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Зошто? Зошто не им дал прилика да стигнат до таму преку живеење подолг и добар живот? Зошто од старт им е одземена таа шанса? Пресудено им е предвреме.
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Затоа што Адам и Ева предвреме каснаа од плодот на дрвото за познавањето на доброто и злото, а со тоа донесоа одлука за целото човештво. И со тоа добија слободна волја да прават што сакаат. Така човечкиот род стана братоубиец уште од искона. Првиот криминал беше Авеловото убиство, кое го изврши Каин.
    Кога би бирал да го живеам овој живот со милијарди маки и да бидам во прегратките на Пресветата јас би го избрал второто. Сега треба да се лутам што Господ ме оставил да се мачам во овој свет и не ме зел уште како бебе? :)
     
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Значи според ова немаме слободна волја. Значи целосно погрешно зборат свештениците.