Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Имаме слободна волја, како немаме? Само го носиме наследството на Адам и Ева кои згрешија, а со нив и сите ние, нивните наследници, станавме грешници. Зошто не ја прочита следната реченица? Јас имам слободна волја да ти помогнам кога ти треба помош, да те одминам или пак да направам да ти биде уште потешко. Тоа не е предефинирано.
     
    На Sky Daisy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Од Адамовиот и Евиниот грев се ослободуваме со прифаќањето на Христовата крстна жртва, односно преку светата тајна крштение. Потоа од гревовите се ослободуваме преку светата тајна покајание и исповед.
     
    На Sky Daisy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Адам и Ева, бе.
    (facepalm)

    Сакаш да кажеш тие што претрпеле силувања и брутална смрт имаат среќа?
     
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Зошто ние да сме виновни за нивната грешка?
    Нема логика. Тоа е исто со оваа ситуација, две деца, едното греши нешто, ти ги казнуваш и двете.
     
    На Ajronmen и daylight им се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Тие што се во прегратката на Пресвета Богородица се најсреќни.
    Затоа што тоа е цената што ја плаќаме за можноста да го разликуваме доброто и злото.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Класично секташки муабети, језа да те фати.
     
    На daylight и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    21.320
    Ако бог не е крив што некое дете е убиено, бог не е заслужен и за убавите работи. Значи накратко, бог не прај ништо. Или не сака или не може да направи.

    Нема погрд муабет да му речеш на некој спасен од болест или несреќа - господ те чувал, а тој изгубил дете/родител/другар/билокој. Што не ги чувал и другите?
     
  8. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Заради гревот и заради слободната волја на чивекот. Длабоките теми и прашања бараат длабоки размислувања, а пак одговорот може да биде едоставен. Ако само ја проучите генезата на гревот, или ја прочитате книгата за Јов од Библијата или изгледате една емисија на тема "зошто невини страдаат" работите ќе станат многу појасни.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.827
    Пол:
    Женски
    Тешко е и болно ама утеха може да се најде во Бог. Не очекувам да разбереш, еве си пишала секташки муабети биле. Некогаш човек навистина го чувствува Бог, неговата љубов, како ни дава помош да излеземе од проблемите, да ги надминеме. Некој што не ја почувствувал таа топлина, прегратката од Бога, секако дека ќе си тера мајтап, разбираме.
     
    На Босилче и mesecar им се допаѓа ова.
  10. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    Ti bas se imas procitano,NOV ZAVET, STAR ZAVET,cela biblija bez skrateni idanija pa vaka gi delis knigite za BOG?
     
    На mesecar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Искрено, понекогаш мислам дека луѓето со коментари ко погоре тераат мајтап. Како да не се сфати мајтап кога со толкава сериозност се праи муабет за Адам и Ева, како да се факт и одговор за било што освен фолклор и митологија? Или дека ако претрпиш неопислив хорор имаш среќа, затоа што идеш у рајот? Прво, тоа е отфрлање на животот, затоа што фактички сакаш да кажеш дека не е битен животот (и што ќе проживееш), туку тоа што можеби ќе ти се дешава откако ќе умреш. Второ, еднакво е на замижување и глумење дека сè е океј, негирање и бегање од реалноста.
    Не може да се најде утеха во бога или било каде, ако си утепан, мртов. Бога не може да ти помогне ако си киднапиран или продаден од родителите, и закључан у соба кој знае каде. Не може да го почувствуваш бога ако си утепан, мртов, не постоиш. Нормално дека тебе ти има логика сето тоа што го зборуваш, затоа што пред сè си жива, а потоа живееш колку-толку удобно и слободно. Имаш прилика да си фантазираш за царства, рајови, топлини, љубов, итн.
    Кога слушаш розеви приказни и оправдувања, сфаќаш колку нечии мозоци се испрани. Затоа велам секташки муабети, ама кога си длабоко навлезен у тоа, не ни гледаш дека е така.
    За едно си во право, а тоа е дека постои зло. Постои добро, постои зло. Постои среќа, постои несреќа. Постои задоволство, постои болка. Постои живот, постои смрт. Постоиш, непостоиш.
     
    На Angie1432 и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    23.502
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам дека за некој што не го почувствувал Бог, тешко е да ја види поголемата слика и да има мир во врска се што се случува. Не го мислам ова деградирачки, туку едноставно сфаќам, мене ми беше многу тешко да „бидам океј“ со се што се случува на светов се додека не ми „кликна“ и почнав луѓето да ги гледам првично како духовни битија чие физичко искуство е само мал дел од нивното целосно искуство.

    Нефизичкиот свет е чиста љубов, физичкиот е замислен да биде поларитет инаку не би бил физички. За да знаеме што е љубов, мора да постои страв, за да знаеме што е безбедност, мора да постои небезбедност, за да знаеме што е здравје, мора да постои болест итн. Мене ова ми донесе мир и разбирање.
     
    На Angie1432, theowndemon и love is illusion им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.827
    Пол:
    Женски
    Добро, јас пишував за тие што претрпеле насилство а останале живи, дека сепак можат да најдат утеха колку и да е тешко. А тие што се убиени, мртви, како што викаш, мачеништвото во текот на животот и маченичката смрт се карта за во Царството небесно, за вечен живот, но претпоставувам ти не веруваш во живот по смртта? Не би рекла дека е среќа да се доживее таква смрт, не би се изразила така, луѓе можат и да проживеат се', да доживеат длабока старост па да се упокојат во Бога, тоа би било идеално според мене, тоа би било среќа. Но, и да се случи тешка, мачна смрт, утехата на душата е живот покрај Бог. Да, ќе боли, но секоја болка нели поминува?
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    За вакви осетливи теми ако не се знае, подобро да не се коментира.
    Секоја болка поминува, не знам баш. На никој не му посакувам да искуси болка која доживотно ќе го следи. Знаеме примери кадешто дете умира, сигурно родителите не живеат исто како кога им било живо детето. Значи од почит кон нив, со вакви коментари ништо не се постигнува.
    Зошто мора некој да се мачи за да го добие царството небесно? Не може тука на земјата рајот да го живееме? Класична манипулација од страна на свештениците. Ако ти е убаво, ако се препуштиш на задоволства, директно во пеколот идеш.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.827
    Пол:
    Женски
    А од каде знаеш ти дека јас немам преживеано нешто што ме погодило и ми било тешко? Или дека коментирам со љубов кон Бога, мислиш дека мене ми било и ми е мед и млеко во животот? Сум била и јас разочарана и гневна, ама се сменив. А некои, за жал, остануваат разочарани и гневни. И не, не значи дека само страданијата и маките се патот кон Бога. Патот кон Бога е тесен, така вели Словото, но тоа не значи дека секогаш е и толку мачен како што го замислуваат некои, меѓу кои и ти.
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Не верувам во живот после смрт, затоа што не си жив, не живееш живот. Ако тоа е живот, што е ова? Ако тоа после смртта е живот, тогаш ова треба поинаку да го викаме. А зошто па и мора да има нешто после смртта? Зошто мора да бидеме "бесмртни"? Со приказните за рај и пекол испаѓаме баш тоа, бесмртни - продолжуваме да живееме живот после смртта на друго место.

    Можеш да најдеш утеха во религијата, односно во филозофијата која ја нудат религиите. Тоа ми е сосема разбирливо. Ама да веруваш во Адам и Ева? Сериозно? Па и во пекол и рај. Буквално фолклор и митологија.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Основата на правниот систем.
    Религијата ја имала баш таа улога, легислатива.

    Сега имаме секуларен правен систем, религијата е опсолитна.

    Религииите треба да се адаптираат на денешницата.
    Спиритуалноста е потреба, организираната религија не е.
     
    На Angie1432 и daylight им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    21.320
    На темава за казнување, баш пред некој ден ми излезе пост за трагедијата во Берово 96та (мислам таа година) на 29ти август. Громови удриле во дворот на црквата и 9 души загинуваат, 50 повредени.
    И тука нормално луѓето си коментирале дека тоа било божја казна зашто славењето на голема богородица не било регуларно во среда, 28ми, туку во четврток како непосен ден.
    Да, замисли за таа причина да заслужуваш да умреш.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fairy123

    Fairy123 Нов член

    Се зачлени на:
    17 септември 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво. Нова сум на форумов ама одамна ве читам и решив сега да направам профил со цел да добијам одговор на прашањето што подолго време си го поставувам. Се извинувам ако ова не е соодветно место за моето прашање. Веќе подолго време немам партнер а годините си минуваат а сакам да имам дете. Ќе си помислите "оваа уште нема никого во животот а размислува за деца". Но тоа не е темата. Запознаена сум со целата постапка за замрзнување на јајце клетки и нивно користење понатаму во животот. Размислувам да го направам тоа ама некако не ми дава мир прашањето дали е тоа грев. Верата во Бога ми е нешто најбитно во животот и Тој ми е секогаш на прво место. И најневоцрковениот човек знае дека грев е сѐ она што не одделува од Бога, тоа е наједноставната "дефиниција" за тоа "што е грев". Секако дека има аргументи зошто е грев и зошто не е (да не образложувам оти постов ќе биде предолг), буквално СИТЕ аргументи ги имам размотрено, ама не знам, можеби грешам, мене најмногу ми преовладуваат оние "зошто не е грев", бидејќи како може да е грев да му дадеш љубов на едно човечко суштество. Знам дека пред оваа постапка би требала да се консултирам најнапред со духовен отец и тоа ќе го направам кога ќе бидам цврсто решена на оваа тема ама ме интересира и ваше мислење. Поинаку е кога ќе прочиташ разни гледишта и кога ќе слушнеш разни размислувања на било која тема. Без да навредам никого, најмногу ме интересира мислењето на @Orthophill, (секако ако сака да даде мислење на оваа тема) неговите одговори на овие теми ми изгледаат најсоодветни но сакам да чујам повеќе мислења.
     
    На Босилче му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Црквата носи одлуки следејќи ја акривијата или икономијата. Акривијата е строгото исполнување на канонските правила и одлуки, икономијата е донесување на одлука во согласност со потребите на човекот.
    Биоетичките проблеми во последните децении предизвикуваат големи дебати во Црквата и за среќа или несреќа се` уште нема донесено конечни одлуки по овие прашања, за разлика од римокатолиците. И најчесто се попушта. Во МПЦ последно што се има дискутирано од биоетика е вонтелесното оплодување со генетски материјал од двајца сопружници и за големо чудо, митрополитот Петар беше на страната за негово дозволено правење, а професорите од Православниот факултет беа против.
    Јас би те посоветувал прво да поразговараш со гинеколог и да се виде реалната потреба да го извршиш замрзнувањето на јајце-клетките. А дури потоа да разговараш со духовник. Но, би те замолил не со монах, туку со поп, кој може да го разбере и разреши твојот реален проблем.
    Јас би те поддржал во таа одлука, доколку има реална потреба, а да не биде само трошење на пари.
     
    На Босилче и Fairy123 им се допаѓа ова.