Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Машки
    Не ме чуди студијата воопшто.
    Со оглед на тоа дека СИТЕ религии себеси се сметаат за правата/вистинската/оригиналната/најстарата, се сметаат за најблиску до Бог и до вистината, и се сметаат за супериорни во однос на другите религии.

    Колку поделечна е идеологијата толку повеќе се едни против други.
    Иако истото не е невозможно и за сродни религиозни деноминации.
    Пример за тоа е не така далечната војна во Ирска меѓу протестантите и католиците (иако се христијани). Исти примери има и во муслиманскиот свет.
    Освен тоа, сите религиозно свети книги иако во некои моменти говорат за мир, скоро секогаш учат дека тој мир доаѓа по уништувањето или изумирањето на другите религии. А и генерално има премногу извештаи запишани во нив во кои е објаснето како биле убивани неверниците, односно верниците на другите религии.

    Така да, иако директно никој не се поучува на нешто лошо, сублиминарно е поучен на религиозна нетрпеливост која потоа се шири на нетрпеливост кон било кое лице спрема кое дотичниот/дотичната се осеќа супериорен на било кое поле од животот.

    Не генерализирам за сите религиозни лица. Секоја чест на оние кои си ја тераат верата на некој, да речам, чист начин и со љубов.
    Ама генерално организираната религија мислам дека води до вакви појави како што е наведено во студијата.

    Би напоменал само и дека на сето ова влијае веројатно и концептот на грев/грешка и казна, кој е според мене религиозна творба.
    Бидејќи природниот тек на работите води кон идејата - грешка односно одредена постапка и нејзина последица.
     
    Последна измена: 3 октомври 2022
    На Angie1432 и Lella им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    А како би ги спознале, ако не преку организирана религија?
     
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Машки
    Кого да спознаеме?
     
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    21.314
    Па од атеист, неверник уатевр нема да чуеш за загинато дете - "господ така сакал" или "на подобро место е сега" што ми е апла безобразно да го кажеш.
    Видете само и дека баш дека сиромашните држави и тие што се најнедемократски, се со најрелигиозен народ. Оти веруваат дека страдање, смрт, сиромаштија се нешто добро јер ..од господ е.
     
    На Otavinea_ и Angie1432 им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Тие примери на чиста вера и љубов.
     
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Машки
    А зошто би требало да ги спознаеме?
    Доволно е нивните постапки и однесување да бидат одраз на таа вера и љубов.

    Ама на крај краеви, верата не е нешто со кое што некој треба да се фали и истакнува.

    Додека пак љубовта се гледа од постапките на луѓето, независно од кои побуди се покажува.

    Така да не гледам зашто е потребна организирана религија за да видиш кој е добар човек а кој не.
     
    На INNERBEAUTY и daylight им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Организираната религија ја јакне вербата. Духовна наука,нели? Преку примери од минатото се учи , слично како што функционира и световната наука....да не навлегувам колку е и опитот битен, како пракса во школо.
    Инаку добар човек може и верник и неверник да биде. Лош исто така.
     
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Примери од минатото колку сакаш, еве најпресен :clap:
     

    Прикачени фајлови:

  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.568
    Пол:
    Женски
    Единственото нешто за кое што им е потребна организирана религија на луѓето е тоа што сите сакаат да припаѓаат во заедница и да имаат нешто со кое што цврсто ќе се идентификуваат. Не викам дека тоа само по себе е лошо, ама колку лоши работи имаат излезено...да не набројувам.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.094
    Пол:
    Женски
    За љубов меѓу Христијанка и муслиман што ќе кажете?Дали е стварно одење против Бог оти така се тврди од верниците.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    7.997
    Пол:
    Женски
    Нема ништо лошо. На Господ му е мило кога двајца се сакаат. Само општеството и семејствата скоро секогаш лошо реагираат.
     
    На Цунами и hermosa им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.094
    Пол:
    Женски
    Прашав оти поодамна ми се допаѓаше муслиман а поблиски луѓе мои одма коментари против верата одиш,што правиш и остали чуда.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    7.997
    Пол:
    Женски
    Би било одење против верата, само ако си ја смениш. Вака не. Проблем е, бидејќи скоро секогаш децата се викаат и се презиваат според религијата на таткото. Така да, јас лично не би се омажила со муслиман, бидејќи сакам моите деца да имаат муслимански имиња. Православна Христијанка сум и сакам моите деца да имаат православни имиња. Ќе неможам детето во црква да го крстам. Ги разбирам блиските до негде. Проблем е, да, теоретски, но не и верски. Лошо се изразуваат. Но, штом го сакаш, на блиските не им останува ништо друго освен да те поддржат.
     
    На Rama и hermosa им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.040
    Допаѓања:
    36.352
    Пол:
    Женски
    Дали женски одат во џамија?
    Дали во католичка црква се палат свеќи?
    Дали православен "смее" да оди во католичка црква?
     
  15. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    26.297
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Не ги прашуваат на влез луѓето од која религија се. И дали воопшто се религиозни.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.094
    Пол:
    Женски
    Брат ми само знае а инаку ништо сериозно немаше меѓу нас тој сакаше авантура јас го засакав и тука заврши приказната.Разбирам и јас вера не би сменила тоа никако но ете животот се може да донесе
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.040
    Допаѓања:
    36.352
    Пол:
    Женски
    Мислев според некои религиозни правила дали смее?
     
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.294
    Допаѓања:
    33.597
    Пол:
    Женски
    Да влезе туристички што би се рекло, да може, да учествува во служба, поклонување, обреди, не.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    941
    Пол:
    Женски
    Во сиромашните држави не дека народот е најрелигиозен, најчесто така се декларира, а е во суштина суеверен, па и кај нас за жал може истово да се каже, зашто небо-земја е разликата меѓу човек што верува и човек што кажува дека верува, а е длабоко суеверен (да не речам често и злочест).
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.