Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Дали има значење каква боја е кечето кај муслиманите? Забележувам некои носат бело, другите, црно.
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.595
    Пол:
    Машки
    Не. Душата на животните е земја и затоа штом умрат истата се распаѓа. Само човекот при создавањето директно е создаден од рацете Божји и му е дувнат дух Божји. Затоа и само човечката душа е бесмртна.
     
    На Rama, Elenpelen и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Дали според православната теологија тоа тогаш значи дека во Небесното Царство нема воопшто животни?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Зошто вака?
    И животните се sentient beings

    Чудно ви е верувањето...
    Нема.
    Само луѓе во бели чаршафи, со харфи во рацете и ореоли околу главите :angel:
     
    На Pax му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Децата до 7 години можат секоја недела да се причестуваат без никаква подготовка, нека дојдат децата кај Мене и не ги попречувајте, зашто е такво Царството Божјо ... И ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благослови ( Марко10, 13-16)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Индоктринација.

    Шо разбираат деца до 7 години кога им се кажува дека им се простени гревовите, освен тоа што ќе носат товар цел живот дека се грешни?!
    Толку ли црквата ги мрази децата?
     
    На Lady D ❤️ и WildMk им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Не се нервирај бе.
    Не сфаќат така, џабе е...
     
  8. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    А тогаш не сум јас за таму...
    Ваква голема животиња, нема место за мене натаму.
    :D

    Не е дека ги мрази децата или кој и да е туку се темели дека сите сме зачнати преку грев од имањето односи. Затоа што кога Адам и Ева добиле свест дека се голи нели тие го прекршиле божјото правило да не јадат од овошјето на мудроста што им дало свест за тоа дека се голи, а подоцна и за половиот нагон и начинот на нивното размножување во иднина, земско нели и базирано на грев, влегле по добивањето на таа свест во живот со стартен грев.
    Изгледа само вонтелесното можеби било божјо, совршено или безгрешно, што знам нека подобјаснат постручните во врска со верските записи на оваа тема.

    Финтава со религиите и кај оние скиентолозите мислам ова е главно втемелено е што функционираат на принцип набивање на вина и простување на гревот од вината преку покајание.
    А всушност кога станува збор за водењето љубов и зачнувањето ниту е грев ниту ништо друго опасно што всушност и самиот Исус проповедал дека е вака. Ама се е тоа видоизменето за подјармување на широки народни маси преку грев, исповедање и покајание.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Веруваш во Адам и Ева?
     
  10. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Не ама најдобрата другарка од основно, тогаш да. Се надевам досега сфатила дека се вистинити и реални ликови колку што е Дедо Мраз. :D

    Шала настрана фанатични верници и те како веруваат. Страшна работа е ова со фанатичната верба во многу нешта во верскиве записи кои од авион се гледа дека не се баш така како што се наведени.
    Мислам Библијата само е пишувана и препишувана од машки раце, тоа си е додавано, филувано, преадаптирано...

    Иако почитувам многу нешта во неа, ама слепо да верувам во се не бре, не сум јас таа среќлика со таква слепа верба во се од тоа. :D
     
    На Mikha4 и WildMk им се допаѓа ова.
  11. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    [QUOвдахTE="daylight, post: 6373931, member: 51160"]Дали според православната теологија тоа тогаш значи дека во Небесното Царство нема воопшто животни?[/QUOTE]
    Според библиската теологија точно човекот е направен од божјите раце и му е вдахнат животен дух, создаден според образот божји што не е случај со животните. 1 Мојсеева 2.7" А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа" што значи дека душата е создадена од два елементи, "правот земен" и "духот животен". По смртта правот повторно станува прав, телото се разпаѓа, духот животен се враќа кај Бог. Душата веќе не постои. Во Библијата нема концепт за бесмртност на душата после смртта. Секако дека ќе има и животни, Бог ќе ја уништи и обнови земјата повторно и ќе има и животни.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    човекот не е создаден од прав
    освен ако не мислиш на Карл Саган кога вели "We are all made of stardust" ?
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    според библиската теологија е. А за Карл Саган ништо не мислам. Секој има слободна волја да верува во што сака. Но главно се два концепти и на крај изборот е меѓу два концепти. Тоа е веќе друго прашање.
    (Бог е мртов, рече Ниче. Умре и Ниче, рече Бог).
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Остај шо рекол Ниче.
    Саган бил физичар.
    Тие што ја пишувале Библијата биле пропагатори на одредена политика, нема веза со наука, туку со индоктринација
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    И Њутн и Паскал и Ајнштајн и Тесла многу други биле физичари и научници пачитале Библија или биле религиозни ама вакви изјави на сезнајковци и толкава суета немале. Голем број научници и денес се религиозни.
     
    На Rama и Elenpelen им се допаѓа ова.
  16. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Кој ги мрази зошто ги извртуваш тезите?
    Што не свакам цитатот од Библијата можеби не го сваќам?
     
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Машки
    Не си од поголемиве... православен или католик и тн...
    Што си?
     
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.576
    Пол:
    Женски
    Pardon me, but this is some anti-life sentiment aka satanism, ама им се може на нив они се богом дани да го просветлат човештвото така да може специјално за нив да го наречеме divine satanism.:)

    Исто така не им кажувај (оти и онака нема да регистрираат) дека Бог се погрижил и за тоа, елем на светов патешествието на секој започнува со пукањето на водењакот на мајката = крштевање во нов земски живот.. Ама жената рековме проклетаи нечиста беше, па мора бог-ванаби свештеник (маж!) уште еднаш да ''просветли'' оти они нели попаметни се од Бог шо и ја дал оваа ''задача'' на жената.

    Иначе fun fact: Мисионерската поза го добила името кога мисионерите иделе по грмушки и гледале како луѓето се љубовисуваат во различни позиции и се вџашиле они божјите посланици кои биле пратени да го просветат светот (со манијачење од грмушки) дека мисионерската е единствена божја и препорачлива.:)
     
    Последна измена: 23 октомври 2022
    На Pax, WildMk и Mikha4 им се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    А во христијанството се зборува за вселената во било кој концепт? Како е објаснета планетава? Што има околу неа?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не се нервирам воопшто. Сакам некои овде да си ги постават овие и некои други прашања. Црквата буквално се однесува према верниците исто како насилник спрема жртвата. Најлесно ќе покориш некој кога ќе го омаловажуваш заради работи за кои самиот си немал избор.
    Интересно е што овие тактики се најзастапени кај православните, не се толку кај другите христијани.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.