Збунувачки се тие ритуали за време на погреб и слични случувања, затоа што немаат само религиска, туку и културолошка позадина, некои некогаш од незнаење се помешани со празноверие. За некои обичаи слушам првпат баш поради тоа. Поради тоа можеби и се предизвикува збунетост на темата. Ова со младите девојки во невестински фустани првпат го слушам и (нека ме поправи некој ако грешам) повеќе ми личи на некое суеверие, отколку на религиозен обичај. За бањањето, веројатно така останало од време кога луѓето сами ги подготвувале умрените, кога немало погребни претпријатија како што има денес. Долго време сме живееле тежок живот и голем дел од работите сами сме ги извршувале, за подоцна да станат дел од некоја наша традиција. Пак ќе речам, ако грешам, нека ме поправат. Не сум ни присуствувала од таа фаза на некој погреб.
Моето некое лаичко објаснување: постои разлика помеѓу религија, традиција (која често е испреплетана со суеверието) и помеѓу "жива" вера. Религијата е по мене нешто мртво, нешто што некој се одлучил да прави механички, мислејќи дека ете така треба за да му удоволам на Бог, Алах, Кришна или кој и да било друг каде некој себеси се пронајдел. Традицијата нема врска со религиозни правила, закони и канони, тие некои верски прописи или слично, туку повеќе нешто што се пренесува од генерација на генерација, поради верување на некој си прапрапра дедо, и е тотално извртено и често помешано со суеверни работи, пагански обичаи (во христијанството пример) и поради недоволно знаење и познавање на религијата, народот воведува свои правила. Тоа е оно: сто села, сто обичаи. "Жива" вера, така јас љубам да ја нарекувам, е вера која доаѓа од вистинското познавање на Бог, од човекот кој е посветен на Бога и се што прави - прави од и со вера. Тој е оној што Господ му е во срцето, не само во устата. Многумина денес ќе се исповедат како верници, религиозни, ама тие се религиозни само за исполнување на црковни правила, ама нивниот вистински живот е далеку до побожен и богобојазлив. Затоа за мене, кога некој за себе ќе рече, јас сум религиозен, знам дека тоа е само еден собир на црквени правила и закони, кои всушност немаат врска со вистинската вера, барем не онаа која ја учи Библијата, која патем би требало да биде основа на христијанската вера. Во примерот кој Имелда го наведе со погребот, воопшто не знам од каде влече корен тој обичај. Јас не го познавам, ниту имам слушнато за слично. Мислам дека е премногу суеверен, и дека по правило не би ни требало да биде одобруван или нарекуван како христијански. Дури мислам дека поповите треба да го забранат, ама знаејќи колку и самите тие се упатени, прават нешто што ни самите не знаат зошто. Тоа отсекогаш ме нервирало, кога некој прави некои работи а не знае зошто ги прави. Само затоа што така требало? Каде пише дека требало? Што ако не направиш поинаку, онака како мислиш дека би било логично и едноставно? Само бабини преданија и пагански обичаи.
свињата е забранета, затоа што се смета за нечиста наводно мухамед рекол дека демонот влегол во свињата и уствари не е цела забранета, туку само еден дел од свињата, ама записничарот заборавил кој дел и пишал дека цела свиња е забранета инаку оригиналниот куран непостои, туку има повеке верзии на постари курани ( мислам дека беа 4) каде има некои контрадиктросности и битни разлики прогуглај ке видиш Ви се забранува мрша, крв, свинско месо и тоа што е заклано во нечиедруго име, а не во Аллаховото, и тоа што е задавено и убиено, и што при паде загинато, и со рог забодено, или од ѕвер начнато, освен ако сте го заклалепред да умре, и што на жртвениците е жртвувано, и ви се забранува гатање сострелички. “ (Ел Маида (Трпеза), стих 3) „ 172. О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Мублагодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате! 173. Тој навистина ви ги забранува: мршата, крвта, свинското месо и тоашто е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото. А на тој што ќе бидеприморан без своја волја и алчност, тогаш не е негов грев. Аллах навистинапростува и Милостив е. “ (Ел Бекара (Крава), стихови 172 и 173)
Доколку постои вистинското стваралаштво или Бог сметам дека тој божествен систем е многу покомплексен од начиниот на кој некои од вас го опишаа. Не ја негирам пред - егзистенцијата на душата, ниту дека Универзумот е создаден од некој мрачен креатор кој најчесто е замислуван како ѕвер со рогови. Тоа е можеби така бидејќи луѓето предводени од материјалното морале да претстават слика за злото да го опишат во човекова или животинска форма за полесно да го протумачат она што се случувало околу нив. а, поколение на поколение веројатно станал како општоприфатен тој модел за тоа како треба да изгледа чудното и страшното. Јас мислам дека Универзумот е бесконечен, тој нема свој почеток, и не завршува никаде а сепак е насекаде околу нас, и иако не можеме сетилно да го опипаме, туку само интуитивно да го доживееме како креација настаната сама по себе. Е сега, ние луѓето сме многу ограничени. Па, оттука произлегува главниот проблем, неразрешливоста околу бесконечното. Ние го замислуваме како огромно пространство кое не опфаќа, бидејќи ПОВТОРНО е тоа општо прифатено и дадено у рамка како такво. Втора битна ствар е дека не може да им веруваме на сетилата. Тие не лажат! Замислете само за момент (ви праам mind fuck малце чисто да имате претстава за шо зборам), место тие мали точкички горе што ги гледаме во ноќта и велиме дека се ѕвезди, бидејќи тоа е она што го воочуваме преку нашите очи, всушност сосем трета да е вистината. И тие истите да се некакви тајни портали што на врв од прст се ,,опипливи'', и водат кон безброј нови димензии кои ние не можеме да ги видиме со голо око, како ни да пропатуваме од димензијава во која сме заковани. Фактички да сме заглавени у секој поглед. Па, и заглавени сме јебига, реално онака... Не можеме да се движиме никако поинаку освен линеарно, не можеме да лебдиме, телепортираме, или помрднуваме ствари. И тоа е можеби така бидејќи не е дека немаме потенцијал туку не сме се усовршиле во праксата. Не сме вложиле напор у мозгање и вадење надвор на скриените потенцијали. Е сеа еден нов mind fuck - Замислете и АСТРАЛНАТА ПРОЕКЦИЈА да е производ на нашиот ум и да е најнормална состојба која ние само ја замислуваме нарекувајќи ја духовна преобразба или ,,премин'' а тоа да е всушност светот во кој треба да живееме. Иако е астрална, а астралот како таков е многу негиран како недоволно испитан простор каде душата може да се стекне со вистински познанија и е до некаде ,,прелажана'' од неговата убавина, нивоа и магичност. Сл. пример направете си и со Небесата. Или у краен случај кога умираме, нешто живо да останува во нас што не е душа ни светлина ниту темнина, нешто сасвим трето што ние не можеме да го замислиме а ни праи проекции и не заглавува. И што ви е гаранција дека тоа не се случува сега? Што ако сме сите мртви, а во некој паралелен универзум жалат по нас некои други луѓе, суштества, креатури како сакате наречете ги, а ние сме всушност оние турени во матриксот и мислиме дека е ова реалност а тоа е далеку од вистината? Вака можам до недоглед! Ептен далеку отидов со хипотезиве, и се извинувам за тоа. Но, запашрајте се, преиспитувајте се, со еден збор - будете се луѓе. Светотот можеби не е онаков каков што ни кажале дека е. Оваа Земја можеби од секогаш била само КОЛОНИЈА и никогаш не била матична како што ни е кажано. Пред нас се доселувале милион други цивилизации од други планети и ни оставиле богатство ама немале в предвид дека повеќето од нас ќе бидат прости и после толку време уште ќе се чудат за кој кур ги напраиле пирамидите и како тие соодветствуваат со одредени координатни точки кои се поврзани со соѕвездието Орион ако не се лажам, простете ми ако грешам и која била нивната главна намена. Што ако вонземјаните само добиле ново име у овој new age crap систем а всушност повеќето од нив се чиста демонска манифестација, или директна манифестација на злото? А се претставуваат како топли браќа кои сакаат да шират љубов на планетава и да создаваат убави вредности? А во суштина сакаат контрола да воспостават, и истата да фура дволичен режим, и го НЕГИРА Бог во потполност? Патем забележав уште една недоследност околу битието а некои од вас ја користат. А тоа е дека на битието не можеме да му придаваме атрибути! Нема човеково битие, ниту душевно или било какво. Тоа е така бидејќи битието никој сеуште не успеал да го дефинира.
Збунувачки е она што се дешава со астралната проекција, сосем друг поглед дава на духовноста, сосем друго укажува од тој аспект, што е чудно тоа што на се повеќе луѓе им се случува, такви случаеви кај кои самата им се случува, значи без нивен напор за да ја реализираат.Постои опишување на паралелни светови, што вака кога ќе слушне човек, делува како научна фантастика, демек „ што збори човеков“. Имаше една книга Патот на душите, пишувана од психолог, каде вели луѓе кои доживеале некаква несреќа, после несреќата, го напуштаат телото и го гледаат случувањето, како ги спасуваат, лекари, станува збор за луѓе кои никогаш не чуле, а нити пак сами ја правеле астралната проекција.Религиски се зема само Библијата, како единствено точно тврдење, што е сосем во ред, но овие работи сосем друго говорат за духовноста на човекот.Познавам дел од тие луѓе на кои што им се случило ова, сум била изненадена сто пати, уште толку ме ставиле во мисла за духовноста на човекот.Религијата не е само што кажал Исус, што правел и толку, туку многу повеќе е од тоа да се кажува некому што и како е според религијата.Морам да напоменам само, штета е ако човек мисли дека нема духовност, душа, бидејки тоа се дознава во моментот пред да умре човек, евентуално некаква несреќа, од која човек се спасил, а до тогаш милион прашања, негација на истите ќе си има, а и нивна верификација.Во сооднос на ова, поради начинот на животот денес, тешко е да се верува во тоа, што е сосем разбирливо, бидејки сме во ситуација кога човекот е преоптеретен со материјалното, со своите амбиции, исполнет со егоизам, каде секој си прави што сака, без разлика на тоа што и како би се чувствувал другиот, значи безмилоснот, бездушност, чувството на омраза, одмазда и тоа е тоа, и тука се губи духовноста, верување во Бог.Човека се откажува од Бог, го негира и сл., само поради претходното што го спомнав пред малку. Ретко кој се прашува за ова, многу ретко.
Одкога покојникот ќе испушти душа,се прават припреми за покоп. Најпрвин покојниот се бања,бричење (ако е маж) и облекување на покојниот. Порано тоа го правеле дома и нормално ако покојниот бил маж го облакале мажи и обратно. Денес е оставено на воља на живите. Во зависност каде ќе умре покојнот се плаќа на установата каде што починал ако сакаат тие да го облечат. Погребално Бутел ги средува мислам за цена од 1500 ден со тоа што таму ги бањаат,бричат,сечат нокти итн. и ги облекуваат, со тоа што ќе донесат некој од живите. Кога покојниот ќе го облечат,десната рака му се става преку левата на гради и му се врзуваат со потенок пешкир или марамица,му се врзуваат и нозете околу глуждот и главата испод брада околу темето со завој,а очите му се склопуваат. Сувишни обичаи се они каде што се купуваат венци и се даруваат оние кои ќе го копаат покојниот (кај нас се даруваат со пешкири и чорапи) ,тоа се све измишљотини и не се по верата ,но нажалост ние ги практикуваме. Има толку многу суеверни обичаји како на пример да се покриваат огледалата дома да не се огледал мртвиот или она ставање на пари ,огледалца,новчаници, и што ти не во гробот со покојниот. Најбитна е молитвата посебно до 40 дена. Се друго е сувишно. Обично пред крај човекот не е во состојба да се грижи за себе,па според тоа е должноста останува на живите (на поблиските) за да преминот во другиот свет биде смирен и христијански.
Не знам дали тука спаѓа прашањево... но ненајдов посоодветна тема. Знам дека православните свештеници за да ги именуваат во чинот треба да се женети. Но ме интересира дали пред добивање на чинот, а и потоа (освен за создавање семејство), треба да се во целибат?
За да стане некој свештеник, не мора да биде женет. Но, откако ќе прими ѓаконски чин, не смее да се жени. Е сега ако е женет, тој може да си општи со својата невеста.
јас колку што знам кога некој се одлучува да стане православен свештеник, треба да си одбере едно од двете: да се жени или да се замонаши. Во вториот случај би останал во целибат до крајот на животот. А во првиот, само до венчавката (и истото би требало идеално да биде и со неговата идна жена), а откако ќе се венчаат може да стане свештеник и секако се очекува да биде близок со својата жена и да имаат еден куп дечиња . Иако има случаи во православието, како на пример Св.Јован Кронштадски од Русија, кој што по договор со жената живеел како брат со сестра.. Друго нешто е што сите православни луѓе (а пред се свештениците), например за време на пост, пожелно е да се воздржуваат од телесни односи.. Меѓутоа се тоа мора да биде во согласност со двајцата, и мислам дека се додека не користат таблети против бременост или слично што не се оправдува од Црквата, би било во ред - зошто и во Библијата пишува дека мажот и жената не треба да се одделуваат еден од друг освен по согласност, за да немаат други искушенија .. http://agapi.mk/sveto-pismo/nov-zavet/prvo-soborno-poslanie-apostol-pavle-korintjanite/#anchor6 1. А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена. 2. Но, за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена, и секоја жена свој маж. 3. Мажот да ја има спрема жената својата должна љубов, а исто така и жената – спрема мажот. 4. Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената. 5. Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување. 6. Ова, пак, ви го велам како совет, а не како заповед. 7. Оти сакам, сите луѓе да се како јас; но секој си има свој дар од Бога – еден ваков, друг инаков.
Една од Божјите заповеди е „Не прави лик или слика од она што е на небото, долу на земјата или во водата“ (или нешто слично, мака ми е да гуглам). Зошто тогаш имаме икони? И ги бакнуваме и му се молиме на Св. Ѓорѓија или Св. Никола?????? Црквата продава бројаници за на рака... А тоа не е тотем? Исус ги искршил сите тезги пред домот Божји со цел да покаже дека не е храмот место за пазарење, а денес поповите за пеење на едно лепче земаат 300ден, крштевка 3000 итн... Каси дури има во црквите каде ако бакнеш икона треба да оставиш пари. Јас сум Православна христијанка ама некако многу работи не се испочитувани во Православието. А и многу ме интересира зошто се прекрстуваме??????? Сум слушнала неколку варијанти ама не сум сигурна која е точна.
Во врска со првото, иконата само претставува како изгледал светителот, ништо друго, со тоа што се бакнуваат иконите и се поклонуваме пред нив, тоа не го правиме ради иконата, како предмет, бидејки и не е само во иконата или црквата која сме ја посетиле, иконата која сме ја бакнале. Инаку, за другото, тоа е по избор, нема потреба пари да се оставаат пред икона, ниту пак е морално да се остават пари. Се согласувам, не е црквата за тоа, особено ниту пак за создавање галама во истата.
Па од каде тогаш потребата од кутија специјално наменета за оставање на пари, заклучена со катанче? Сега изговор ќе се најде дека тоа е за хуманитарни цели, ама за такви цели има стаклена кутија со конкретно наведена причина за собирање пари (ма да не знам и овие колку завршуваат хуманитарно)
Пред две недели бевво Св. Наум Охрид, кога читам пред влезот во црквата дека 30 денари е влез за ученици и странски туристи а 50 за домашни..... ШТО ПО ЃА....ТЕ??????????????? И си ставам јас марамата на глава си влегувам внатре, одам на гробот и се нервирам. Си кажав молитва и си почнав да си се мислам, какви демони владеат кај нас. Ок излегувам надвор и чекав секој момент тој намќорот да ми рече нешто па да го направам попара, кога евети група туристи од холандија и почнаа да ме замараат со прашања. Помислија дека сум во служба на црквата, поради марамата на глава и замотана од глава до пета, а тие во шорцеви со цицките надвор, со апарати се изнасликаа. Е КАКО БРЕ ДА НЕ СЕ НЕРВИРАМ. Да не бев во толку свето место имаше цел ден да ги пцујам идиотите кои наплатуваат за влез и што дозволуваат цицки во божји храм. Ако сакате да си наполните водичка и тоа се плаќа 20 денари, ама валда ми ја сватија пораката од погледот, па ништо не рекоа. На крај си зедов иконче за мајка ми и ни 1 денар не дадов, освен за свеките кои беа по 10 денари ( најефтините). А обично кога одам во црква секогаш гледам да оставам пари, но не на икона, туку кога земам свека давам многу повеке од колку што е цената. Во св.Сава ( центар на Белград) има такви кутии за да си остави кој колку сака, за возобнување на црквите ( подари бомбардирањето и оваа беше срушена) но за свеки, босилек, пеење лепче не се наплатува. Јас одамна и кажав на мајками кога иде попот за велигден да не му дава колку тој бара туку колку таа сака и ако сака, ако не сама ке си кажам молитва, која сигурно ке биде поискрена од неговата.
Верник сум, да. Но некако многу работи искрено не ми се појаснати. Како ние ја величиме црквата како Божји дом кога домаќините не го почитуваат Бога. Со мм одлучивме да земеме куќна слава и еве веќе пет години даваме и ручек и вечера. На тој ден ни доаѓа поп за да пее лепче и ете доаѓа лани попот и јас му давам 100 денари. Човекот ни срам ни ништо си застана, ги виде 100-те денари и ми вика „По 300 е од лани!“ И застана да чека да му дадеме уште 200. Јас во земја потонав бидејќи немав ситно. Ми викам Попе јас ситно немам и тој онака ладнокрвно ми вика ќе ми врател кусур. Извадив јас 20 евра и му ги давам и човекот се роша под мантијата и ми врати 1000 ден. Ми се крена косата искрено да ви кажам. Неможев повеќе да го трпам и му викам дај ми фискална кога веќе одите по ценовник. Се збуна и тој, не знаеше како да реагира. Исто и кога почина баба ми и одиме на гроб со задуша и ете попови фрчат од сите страни да ги пеат гробовите, па се туркаат кој побрзо да стигне за да земе некој денар повеќе, ги прескокнуваат гробовите, да ти се згади . Од тогаш мајка ми си пали свеќа на гроб ама не чека да пее поп. Верувам во Бога, и се трудам да не ги кршам начелата кои се општо познати во сите религии. Си ја држам душата чиста, не правам зло и зло не мислам. Ги почитувам моите родители и мажот. Не правам прељува и не го посакувам она што е туѓо. Се поклонувам пред Бога и му се молам скоро секој ден. Не барам ништо од него освен здравје за моите деца. Ама не сакам да одам во црква, не сакам да бакнувам икони со светци (бидејќи го величам само Севишниот). Не сакам да оставам пари во црква и не го почитувам она што е кажано од поповите.
Види, не работам во црква па да знам сигурно од каде и зошто им е потребата за таква кутија.Изговор немам кажано, ниту сум барала изговор.Кутијата е таму каде што е, колку што сум видела кога сум била во црква, до сега милион пати, никогаш и никој не ми рекол од одговорните во црквата „ мораш пари да оставиш“, со тоа ми е јасно дека никој никого не тера со сила дека мора да остави пари.Пак и ако остави човек, нит ќе се збогати, нит ќе се осиромаши на крајот на краиштата, нити пак има одредено колку треба да се стави, нема ценовник за тоа, колку има човек, толку ќе даде.Разбирам каква е ситуацијата со поповите, дека за се треба да се плати, но и тие се луѓе, секако дека треба од нешто да живеат ако си го определиле животот за тоа, ќе речете „ ама тие се претставници на христијанството, треба да бидат чисти“, тогаш каде видел некој човек безгрешен? Нормално е тие да грешат, исто така, се согласувам дека не е добро и така, за се ценовници, но така се поставени работите, ако има некој што ќе промени и направи поинаку да биде, арно. Можеби и ги даваат за хуманитарни цели, од кај да знаеме? Не може да се суди некому, за нешто во што не е сигурно дека е така.
Точно така. Заради таа заповед, евреите никогаш не ставале икони во своите синагоги или храмот. А ниту христијаните во првите векови немале икони. Впрочем во 1-от век христијаните биле нарекувани атеисти од страна на паганите, затоа што во нивните собиралишта немале никакви сакрални предмети на кои што се поклонувале. Во тоа време секој „бог“ си имал своја материјална претстава (идол) и да немаш идоли во својот храм, значело да немаш бог. Па затоа и христијаните ги нарекувале атеисти, бидејќи немале никакви идоли и слики во местата каде што се собирале Во целиот нов завет не се спомнува ниту една икона. До тристата година по Христа и христијаните не употребувале никакви ликови во црквите. Елвирскиот собор во 305г. во 36-тото правило ги забранил ликовите (сликани, леани, делкани) во црквите. Свети Јован Златоуст, иако во проповедите споменува за многу современи обичаи, ништо не кажува за иконите. Пред крајот на четвртиот век почнале да се украсуваат црквите со некои изобразби на историски личности од Библијата. Ама се уште не правеле икони. Епифаниј, саламискиот епископ, кој умрел во 404 г., кога на старост одел за Ерусалим, во едно село на завесата на црквата видел човечки лик. Го раскинал ликот и со голем револт рекол: „Беше спротивно на Светото Писмо да виси човечки лик (слика) во Христовата црква!“. Уметничка татковина на иконите е древниот Египет (особено погребните портрети на елинистичката епоха). Византија, како наследничка и подадена рака на Елада, е татковина на христијанскиот иконопис. Затоа и иконите се насликани во Византиски стил. Во петтиот век во црквите се почнало со правење изобразби (форми) на мачениците и нивните страдања. При крајот на шестиот век почнале да ги целиваат (бакнуваат) тие изобразби, да им кадат и да се поклонуваат пред нив. Во седмиот век направиле икони од восок, од сребро, од злато, а некои биле и леани од бакар. Во осмиот и почетокот на деветиот век (од 726-842г.) имало голема расправија за иконите (иконоборството). Четирите Цариградски собори во: 731, 754, 815, и 829 година ги отфрлиле иконите. Во 754г. императорот Константин Петти свикал собор во Цариград и на тој собор учествувале дури 338 епископи. Тие изјавиле дека "Обожавањето на иконите се противи на науката на Светото Писмо", притоа донесувајќи повеќе одлуки со кои се забранувало изработување на икони и нивно користење во богослужбите На овој собор исто така биле анатемисани поборниците на иконите, меѓу кои и Германус од Константинопол и Јован Дамаскин. Но во 842г. победила партијата што се залагала за икони, под покровителството на царицата Теодора. Оттогаш досега иконите се употребуваат во Источно-православните цркви. Во Католичките и протестантските цркви нема икони. Во Светото Писмо се запишани околу 100тина молитви и сите овие се упатени до Бог и само до Бог. Не постои ниту една молитва во Светото Писмо која е упатено до некој друг освен Бог. Исто така е важно да се забележи дека апостолите не одобрувале да им се поклонуваат. Па така кога Корнелиј му се поклонил на апостол Петар, Петар го укорил: „А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна велејќи: „Стани! И јас сум само човек!“ (Дела 10:26, Библијата) Исто така има пример и каде што ангел исто така одбивал да му се поклонуваат. „И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој што ми го покажа ова. Но тој ми рече: „Стој, немој, оти сум и јас слуга како ти, и браќата твои – пророци и оние, што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!”“ (Откровение 22:8-9, Библијата) Да, и јас мислам дека бројаниците се користат како тотеми, како фетиши, со еден куп суеверија. И верувам дека кога Исус повторно би посетил еден таков храм каде што се прави бизнис, повторно би направил еден камшик од јажиња и би ги испревртил тезгите на трговците. Не знам точно од каде поттекнува оваа пракса, но сигурно знам дека не е од Исус и апостолите, бидејќи такво нешто не е спомнато во Новиот Завет, ниту во ранохристијанската литература.
Почитувана Анина, да сте ги прочитале и книгите Царства од Стариот завет ќе дознаевте дека кога цар Соломон го градел старозаветниот храм, насликал и херувими и палми. Фрески и икони имало уште во ранохристијанските цркви. А дека иконите не се идоли потврдил и Светиот ДУх на Светиот 7. вселенски собор. Плус, иконите се сведоштво дека светителите постоеле како физички личности, но уште повеќе дека и самиот Христос, Овоплотеното Слово Божјо постана вистински Човек. За пеењето на попот и земањето на пари, па и тој е жив човек и тој има фамилија и тој треба да им однеси дома храна на попадијата и на дечињата. Со тие пари се одржува и храмот, со тие пари се одржува богословијата, со тие пари се помага Богословскиот факултет... Секоја верска заедница се финансира на некој начин и тоа е нормално. Некои се финансираат од десетокот што го собираат од верниците, некои сеуште не вовеле десеток бидејќи Македонија им е земја за мисионарење, па сеуште ги плаќаат од странство. Патем ти кога ги целиваш иконите не мора да оставаш пари, кој те тера? Целивај ги и замини си. Крстејќи се ние исповедаме дека Бог Света Троица е на Небесата и дека се почнува од Отецот(ставање на прстите на чело, Во имја Отца), дека Бог Синот слезе на земјата симнување на раката на стомакот (и Сина), дека Светиот Дух ја исполнува целата вселенае од десното рамо на левото (И Свјатаго Духа). Притоа се крстиме со трите споени прста исповедајќи дека Бог е Единица, а Троица. И со уште два споени прсти исповедајќи ја двојната, Богочовечка природа на Господ Иисус Христос. (Да не се разбереме погрешно, од Отецот е роден Бог Синот, и изходи Бог Светиот Дух, но тоа не значи дека некогаш Отецот бил сам. Не, Бог е Љубов, а за да има некој Љубов, треба да има Кого да љуби). Целивајќи ја иконата, ние го целиваме Господа Бога, Мајка Богородица или светителот кој е изображен на истата. А што подразбирате под галама? Црквата треба да плати данок, треба да плати струја, греење, вода, телефон, да набави олтарски свеќи, богослужбени садови и облеки, богослужбени книги. ВО црквата работат клисарите Ристе, Наде, Раде итн, на богослужбите пее псалтот Мартин. Зарем не треба тие да земат некоја пара за нивниот труд? Зарем не треба да се исчисти црквата, да се обнови? Зарем кога ќе дојде тетка Васка и ќе побара 1-200 денари за леб треба да биде вратена? Епа гледате кому му се наплаќа, на оние кои што се облекуваат во стилот на Вашата профилна слика, на оние кои не се православни, на оние кои не се крстени. Мене никој не ми побарал пари за влез во ниту една охридска црква... Ама црквите не сум ги посетувал како турист, туку како поклоник. Најчесто за време на богослужбите, реалното време и кога се оди в црква. Кога сме кај висината на цените на требите, доколку тие ви се високи можете да се обратите кај вашите парохиски свештеници, кај вашиот архијерејски намесник, па дури и кај вашиот епархиски архијереј - владика. Гледам се вратил на форумот мисионерот на “баптистичката“ заедница, така наречена “Радостна вест“ - Евангелос и со сета сила повторно се труди да ве збуни. Пазете, во евангелието по Матеја, гл. 18, 18 стих, Господ им дава власт на своите апостоли, а подоцна тие истите им ја даваат власта на епископите. Станува збор за следнава власт: „Вистина ви велам се` што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на Небото; и се` што ќе разрешите на земјата, ќе биде разрешено и на Небото“. Оваа власт ја имаат владиците, а поради нив и поповите и кога крштеваат, и кога венчаваат и кога умрен опеваат; и кога анатема фрлаат и кога даваат благослов, и кога разрешуваат гревови и кога воведуваат пости и правила и кога ги разрешуваат истите правила. Оти тие имаат власт во земната Црква, преку Светиот Дух, Кој ја води Црквата. Светиот Дух слезе на апостолите кои беа собрани заедно на молитва. Е, тогаш се оформи Црквата, која до ден денешен постои. А оние кои не се наследници на оваа Црква, наследници се на Симеон волхот! Пред да паѓате во замките на мисионерот Евангелос, прашајте го како тие, односно неговата заедница, го зачувале наследството од првата Црква. Второ прашање што треба да им се постави на следбениците на овие заедници е по кој Часослов се молат. Зашто и Црквата, и оние кои иако отпаднале од Црквата, но сепак го имаат апостолското преемство имаат часослов, исто како што и светиот цар Давид имал часослов, па седум пати на денот станувал да го слави и моли Бога. Дури и Мухамеданците имаат часослов. Некоја спомна за тоа дека мајката ќе си одела на гробишта, ќе си палела свеќи, ќе си раздавала, ама поп немала да вика. Жалам, но ни мајката ја нема силата да разрешува гревови... Кога се спомнаа иконите, природно се спомна и светиот Јован Дамаскин, кој бил најучениот човек во своето време. Не само верски туку и световно (бил премиер во тогашниот исламистички арапски калифат, баш ко овој сега што се формираше). Е тој човек, покрај тоа што ги бранел светите икони, познат е и по тоа што ја напишал најубавата богослужбена творба - пасхалниот канон. Исто така го збогатил Часословот, создавајќи го Октоихот - неделниот богослужбен круг (за осум последователни седмици, во осум гласа, што значи создал богослужби за 8*7=56 денови), напишал канони за повеќето големи празници и големи светители, тој е и првиот догматичар, кој во своето дело „Точно исповедание на Православната Вера“, ја систематизирал целата Православна наука... Овој човек, бидејќи ги бранел светите икони, од ромејскиот еретички цар, бил наклеветен дека му работел зад грб на калифот. Тогаш калифот му ја отсекол раката со која наводно му пишал писмо на грчкиот цар. Свети Јован измолил да му ја дадат раката за чесно да ја погреби, па отрчал дома и клекнал пред иконата на Пресвета Богородица Трирачица (во тоа време Дверачица), цела вечер се молел на Господа Бога и на Мајка Богородица. Утрото кога се разбудил раката му била на место, здрава и права, само останал белег на местото каде што Пресвета Богородица ја зашила. Подоцна, бидејќи бил богат дал да се изработи сребрена рака и истата ја поставил на својата икона. Сфаќајќи ја овоземната суета, истиот Јован Дамаскин отишол во манастирот свети Сава Осветени, каде што поради едно негово непослушание, му било наредено да ги исчисти нужниците и септичките јами од манастирот, со голи раце. Светиот Јован тоа без да приговори го извршил. И сега се најде некој си Евангелос да пишува глупости против свети Јован Дамаскин, како бил анатемисан и слично. Му посакувам да го стигне во делата, па макар и во својата заедница па после нека го напаѓа светиот Јован Дамаскин по форумиве. Ама тоа е невозможно... Друго нешто што упорно го прави како и секој нововерец, кој сака да ги поколеба верниците и членовите на Телото Христово, се лагите за непочитувањето на светителите, кажувајќи ви делумна вистина, а делумната вистина е полоша од секоја лага. Ќе се задржам на извадоците од Новиот Завет кој овде ни ги потурнува, а кои ако човек добро подразмисли се против неговата кауза. Светиот апостол Петар и ангелот кој му го објавувал Апокалипсисот на светиот евангелист Јован Богослов, не сакале да им се поклонат од скромност. Ама ете, гледаме дека светиот евангелист Јован Богослов се поклонувал (не им се клањал како на Бог, но ги почитувал) на ангелите. Од друга страна пак кријат и не објавуваат што пишува во Дејанијата на светите апостоли 5,15 или пак за Дејанијата на светите апостоли 19,11-12. Во дел.ап. 5,15 читаме: „така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сенката негова да осени некого од нив“. Во дела 19, 11-12 читаме: „А Бог правеше многу чудеса преку рацете Павлови, така што врз болните полагаа крпи и шамивчиња за пот, што го беа допреле неговото тело, и болестите ги напуштаа, а злите духови излегуваа од нив“. И за беседите на свети Јован Златоуст ве лажи! Бидејќи во својата беседа за светиот маченик Мелетиј Антиохиски, свети Јован Златост го кажал ова: „Мнозина од вас го имаат исцртано неговиот свет лик (на свети Мелетиј) на прстени, камења, чаши, ѕидови од собите, за не само да го слушаат светото име, туку и везден да го гледаат неговиот телесен лик“. Што значи не само што не бил иконоборец како што некои потикнати од ѓаволите сакаат да го претстават, туку немал ништо против и за икончињата на разни џиџи-мимиџиња... А утре кога ќе ви пишува против почитувањето на крстот и кога ќе му смета крстот во Аеродром или на Водно, знајте дека и ова го кажала златната уста православна: „... крстот го изобравуваме насекаде во домовите и плоштадите, на планините и ридовите, по корабите и оружјата, по брачните чертози, на ѕидовите..“. Кога сме кај соборите што ги спомена Евангелос, најчесто станува збор за разбојнички собори, слични на оние кои го расчиниле свети Јован Златоуст, и нивните улоги како такви се поништени од страна на Светиот Дух и следните вистински вселенски собори. А анатемите што се фрлени на вистинските собори си важат до ден денеска. Па така пазете, одејќи по умот на Евангелос, да не бидете и вие дел од оние кои се анатемисуваат... (Непочитувањето на светите икони, мошти и сл. е анатемисано на 7. Вселенски Собор; оние кои не сакаат да ја нарекуваат Пресветата Дева Марија, Богородица, се анатемисани на 3. Вселенски Собор.)
Вие што подразбирате под галама? Прашањево ви е непотребно воопшто, а не дека не ви е јасно.Сте биле во црква, знаете како треба да се однесува човек кога е таму.
Има една анегдота, за галамава. Си бил еден човек од сите вери надвор, но се запознал со Светото Писмо и сакал да се крсти. Во градот во кој живеел имало Православна Црква, Римокатоличка и протестантска заедница, и како во различно време во недела се собирале решил некое време да оди во сите три и да реши на крајот каде ќе се крсти. Кај протестантите ред голем, си читаат од Библијата, си пеат песни. Си седат. Кај римокатолиците подобра богослужба и исто така голем ред и поредок, сите во исто време стануваат, седнуваат, заедно пејат... Пошол кај православните што да види. Еден поп служи в олтар, друг крева лебови, трет се расправа, некои баби подучуваат, други се караат... Прав хаос. Одел некое време, и на крајот пошол кај попот православен и побарал да се крсти. Попот се зачуди и го прашал: „Добро, како од 3 заедници ја избра вистинската, Православната?“ Човекот одговорил: „Оти во овој “хаос“ луѓето може да доаѓаат само ако и Бог е со нив“.
Бог е Дух, затоа треба да му се поклонуваме во дух и вистина, а не како што мнозина се поклонуваат од незнаење на празни обичаи и традиции.