Во секоја религија е исто, не само кај православните. Тоа е и целта на религиите, да воспостават контрола врз народот. Абе нека читаат и научници, ама тоа пак не ја прави наука, туку си останува религија. Верувањето е индивувално, природата не е. За сите исти закони важат.
Не го знаев ова за мисионерскава поза. Другоно убаво ме насмеа, ама па да тоа е кога човек си придава толку големо значење да изиграва Бог и преку таа улога контролира и ограничува нешто што е сосем природно.
Она со потцртаното воглавно намерите не им биле лоши. Во тие времиња на маси неедуциран народ, не знаеле ниту за основно обавување хигиена итн. да не набројувам дополнително, немало друг начин на едукација и водење на народот кон некоја посветла иднина. Е сега како луѓенца со сите недостатоци особено кога ти е дадена преголема моќ па тие се мултиплицираат, внесени во црквата на раководни позиции севозможно и сеостварливо им било да го толкуваат и преработуваат божјиот збор како им чини. И тука е тој дел со преработката и преадаптацијата на светото писмо што не требало да застрани до толку и делува како индоктринација. Ама ја утнале раб. во сам старт.
Не им биле 'лоши' намерите, само Рим сакал да вопсостави контрола врз цела територија на Римското царство, па го прифатиле Христијанството и го направиле национална политика. Политичка била одлуката, не 'духовна'
Било кого. Ако знаеш барем малку психологија, било кого можеш да контролираш. Немој да мислиш дека сите идеи кои ни се моткаат во глава ни се 'оригинални'.
Не се сите идеи оригинални, можеш да знаеш колку сакаш психологија ама јас ако не дозволам да ме контролираш ти ако сакаш биди експерт по психолија па нема да ме контролираш
Ама кај реков, дека не можат да се причестат секоја недела? Можат и треба доколку сакаат. Ако не сакаат, јас кога би имал деца не би ги присилувал. Сум гледал ситуации, ги молкнат децата в црква, а тие ги зеле мобилните и си гледаат цртани или си играат игри и пукаат од досада. Тоа е неприфатливо за мене и не претставува ништо друго, туку малтретирање на децата! Од друга страна има многу деца кои доброволно доаѓаат в црква и сакаат активно да учествуваат во богослужбите. Таквите е милина да ги гледаш во храмот Божји.
Така е како што си пишала, ама политиката секогаш не значи дека е лоша, всушност се во животот е политика и дипломатија. Пишав што е лошо кога моќта на поединци им ги мултиплицира недостатоците, пороците, маните па се од старт што било со добра намера оде како воз у кукуруз.
Библијата не е учебник по астрономија, ниту светите отци се природни научници. Свети Јован Дамаскин во 8/9. век во својот учебник за теологија кажува дека земјата има совршена форма и е или топка или конус. За ѕвездите и месечината, тврди, дека светлина црпат од сонцето. Свети Василиј Велики 4. век, кога го толкува шестодневот вели да се остави идните научници и истражуваци да се занимаваат детално со науката.
Скоро идентично како во астрономијата, дека има други планети, галаксии, исто и светови каде што живеат суштества кои не погрешиле. Сатаната и останатите паднати ангели имаат пристап во универзумот но немаат пристап до небесниот свод каде што е Божјиот престол а тоа е вон универзумот.
Океј, само ме интересираше општо во христијанството што се збори на оваа тема. Бидејќи лично многу одговори наоѓам тука, затоа сакав да видам дали ја делам истата перспектива.
Целта на Христијанството и на Црквата е да не' спремат за идното Царство, да не' научат Кој е Бог. Не е целта да се занимаваат со останатите науки и метанауки. Ова е како да прашате што мисли Црквата за Питагорината теорема или за Големата теорема на Ферма... Што има да мисли? Тоа се докажани факти, а секое спротивставување на Вистината е хула на Духот Свет. Еве уште ова да го спомнам. Во псалмите пишува, дека земјата е основана врз цврсти темели и таа нема да се разниша. Уште во 4. век великите Атанасиј и Василиј, независно еден од друг тврдат, дека темелите всушност се Божјите и физичките закони.
Дали некој знае зошто Јудита (лик од Стариот Завет за кој има и книга) му ја отсекла главата на Олоферн?