Океј де, нека не е целта да се занимаваат со науки, не прашував во тој контекст, не очекувам научно објаснение од религија за било кое прашање. Повеќе ме интересираше општо, бидејќи ме интересира генерално кажано астрофизика, сè што е поврзано со планети, галаксии, појави во универзумот, па сакав да дознаам дали воопшто има некакво мислење за овие работи во христијанството.
Zivotnite isto kako i lugeto i site ostanati bitija mozat da reinkarniraat vo razlicni formi i svetovi na postoenje zavisno od karmata a na krajot na postoenjeto site svetovi od covecki bitia, zivotni, gladni duhovi i bitija od pekolot ke bidat unisteni i vrateni vo elementarna forma a zemjata povtorno sozdadena
Господ Саваот = семоќен/над војските. Сион = планината на која се наоѓал храмот во Ерусалим. Има уште многу епитети во библијата користени за Бог... Некои звучат архаично бидејќи преводот на македонски е таков.
Бидејќи оваа тема е општа и поврзана со сите светски религии, нормално, дека секој смее и треба да си го каже своето мислење и верување. Но, ние Христијаните го чекаме воскресението на мртвите и животот во идниот век и тоа е еден од основните верување на кои се темели Христијанството, без општо воскресение нашата вера ќе биде празна и лажна. Воскресението и реинкарнацијата се две спротивставени концепти. Зашто, ако постои реинкарнација, тогаш со кое тело ќе воскреснеме? Еден е животот кој го живееме, еден е привремениот суд за нашите добри и лоши дела, суд на кој апелации се сите молепствија кои Црквата приватно или заеднички ги принесува за прошка на гревовите на покојните, и еден е конечниот Суд кој ќе биде при Второто Христово доаѓање.
Телото не може да воскресне, душата може. Верување во ''воскреснување'' на лешеви спаѓа во некрофилија/ Сатанизам повторно, може кој во што сака да верува, но бар нека го артикулира адекватно. https://en.wikipedia.org/wiki/Resurrection In its epistemological and psychological senses, moksha is freedom from ignorance: self-realization, self-actualization and self-knowledge.[4]
И телото ќе воскресне! И тоа најсликовито ни го објаснува светиот пророк Езекиил. Оние што не веруваат во воскресението на телата не можат да се наречат Христијани, а во никој случај да не се дрзнуваат да се причестуваат! Од пророштвата на Езекиил (37,1-14), читање: И би раката Господова врз мене и Господ ме изведе преку духот, ме постави среде полето а тоа беше полно со коски, и ме проведе околу нив, а таму имаше многу, многу коски во полето и тие беа наполно суви. И ми рече: „Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?" И реков: „Господи Боже, Ти го знаеш тоа." Па ми рече изречи пророштво за тие коски и кажи им: „Коски суви, чујте го словото Господово!" Така им вели Господ Бог на оние коски еве, Јас ќе внесам во вас дух и вие ќе оживеете. Ќе ви дадам жили, ќе направам на вас да израсне месо, ќе ве покријам со кожа и ќе вдахнам во вас дух, па ќе оживеете и ќе познаете, дека Јас сум Господ. Јас го изреков ова пророштво како што ми беше заповедано, и кога пророкував, се чу шум, и, ете, движење, па почнаа коските да се зближуваат, секоја коска до својата коска. И видов, ете, имаше жили на нив, и месо израсна, кожа ги покри одозгора, но дух немаше во нив. Тогаш Он ми рече изречи пророштво за духот, изречи пророштво, сине човечки, и кажи му на духот, вака вели Господ Бог: Дојди од четирите ветра, Духу, и дувни врз овие убиени и тие ќе оживеат. И јас го изреков ова пророштво како што ми заповеда Он и влезе во нив дух и тие оживееја и се исправија на нозете свои многу, многуброен народ. Тогаш Он ми рече сине човечки, овие коски се сиот дом Израилев. Ете, тие велат: „Се исушија нашите коски, и загина нашата надеж ние сме истргнати од коренот." Затоа изречи пророштво и кажи им вака вели Господ Бог: „Еве, Јас ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши и ќе ве воведам во земјата Израилева. И ќе познаете, дека Јас сум Господ, кога ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши. Ќе вдахнам во вас од Мојот дух и ќе оживеете, ќе ве населам во вашата земја, па ќе познаете дека Јас, Господ, го реков тоа, и го извршив, вели Господ."
Во однос на создавањето на светот и космосот, убави емисии и предавања има од владиката Јован Вранишкоски. Истите можат да се гледаат овде:
Со задоволство, не ме интересира да сум добар христијанин, ме интереесира да сум добар човек. И овие другиве заблудени и изгубени души што веруваат во ова (дека се попосебни/најпосебни и за нив важат други правила) наводно божји, а притоа плукајќи се божјо. Како и и латентен сатанизам исто не ме интересира. (Овде не ги сметам СИТЕ христијани, само овие ''посебниве да не речам ''најпосебниве'') Слепци водат слепи. Секти и такви ми ти ствари. Tale as old as time...
Ниту Езекиел го слушал господ, ниту ништо од ова има смисла. Во човековата природа е љубопитноста, без оваа карактеристика нема да сме тоа што сме денес туку ќе си бевме како животните. Значи претставници на религијата ти викаат верувај ми слепо што ти проповедам иначе господ нема да те прими. Значи ако господ нѐ створил љубопитни и да прашуваме и да го истражуваме светот, нема да нѐ сака такви какви што нѐ створил, туку мора против сопствената природа да одиме и да му веруваме на некој мрсен дебел чичко, само зашто се нарекол пророк?! А бе ајдее.... Излезе ли овој од затвор? Или ужива уште во Белград со милионите што ги украде од верниците што мислат дека еден ден ќе воскреснат?
„Го послал Он северот над празнината, ја закачил земјата на ништо.„ Стар Завет, Книга на Јов (праведникот) гл.26, стих 7 „Тој престолува над земниот круг, жителите се како скакулците пред Него. Како завеса ги простре небесата, ги оптегна како шатор за живеење.„ Стар Завет, Книга на пророк Исаија гл.40, стих 22
Ај што ги изнесе парите него неможам да сватам дека некој уште што го прате овој така наречен владика
Ај некои не се за да ги коментираш, ама ти како верник, треба да знаеш дека МПЦ-ОА стапи во канонско и литургиско единство со СПЦ, а со тоа и ПОА. Толку. Скоро МПЦ-ОА и ПОА ќе се соединат. Владиката Јован повторно ќе биде владика на МПЦ-ОА.
Нема да биде поглавар, но ќе биде владика во МПЦ-ОА. И сите оние, кои се членови на МПЦ-ОА мора да го почитуваат. Толку.
И да не поставуваат превише прашања. А за останатите може потпрашања, ама тогаш нема гозба во рајот, па видете си. Толку. А овие на иста журка и гозба ќе бидат во рајот? Спојлер: .