Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Според Христовите објави примени преку пророчицата за оваа денешна епоха (Габриеле) постојат 3 типа на вселени - духовна (наречен и Царство Небесно или Апсолутност) делумно материјална и потполно материјална вселена.

    Во последниов, потполно материјалниот космос - припаѓа и планетата Земја и луѓето а настанати постепено како долгорочна последица на отпаѓање од нашата првобитна божествена состојба во духовниот космос. Отпаднатите битија кои поради постепеното згуснување добиле физички тела кои пак можеле да егзистираат само во одредени услови, имале потреба од станбена планета погодна за тоа. Така планетава е дар на милост од Бога до сите нив за да имаат свое привремено живеалиште, но истовремено преку светот на природата тоа живеалиште да ги асоцира на изворната татковина - Небото, односно духовниот космос. Злоуптребата на тој дар (преку загадување, користење на животните за исхрана и забава, генетскиот инжинеринг, нуклеарните проби и тн.) допринесува само кон натамошно страдање на човештвото. Животните кои се јадат меѓусебно, штетните вируси и паразити се исто така последица од некогашната злоупотреба на тој дар.

    Околу Земјата има секако безбројни други планети и ѕвезди.

    Ѕвездите меѓу останатото имаат духовна функција на џиновски компјутери - еден вид вселенски датотеки. Од безбројните други работи, во нив се складира сето она што луѓето го чувствуваат, мислат, зборуваат и прават. По одредено време кога ќе се најдат во соодветна констелација, тие складирања ги зрачат назад кон (најчесто несвесните) испраќачи - луѓето. Луѓето во својот духовен примитивизам тогаш мислат дека ѕвездите им се наклонети или ненаклонети, или пак мислат дека сè е само случајност.

    На бројните планети исто така има живот, но не во материјално-биолошка смисла на зборот па така тој не може да се регистрира со материјални инструменти. На различните планети ширум материјалната вселена живеат несовршени бестелесни души (некогашните отпаднати битија) кои сè уште не можат (и честопати не сакаат) да се вратат во духовната вселена, во Небото. Тие можат како луѓе да се отелотворат (инкарнираат) на Земјата. Дали и како таа можност ќе ја искористат тие бестелесни души, понајмногу зависи од нивната слободна волја. Луѓето кои починале или ќе починат, заминуваат од овдестраното во отадестраното како бестелесни души на оние планети кои им соодветствуваат на нивната вибрација. Накратко кажано тоа е царството на душите наречено уште и астрални светови (астра=лат. ѕвезда, бидејќи се составени од ѕвезди и планети). Спротивно на некои хинду но и њу-ејџ верувања, човечките души не можат да се инкарнираат на други планети бидејќи соодветни услови за тоа постојат исклучиво на Земјата.
    Исто така реинкарнирањето нема да биде трајно достапно. Кога ќе се случи второто Христово доаѓање (во Духот), духовниот магнетизам на планетата Земја ќе ги опфаќа само оние души кои се посветли (мирољубиви, кои не се властољубиви и тн.).

    Планетата Земја слично како луѓето има своја душа. Еден ден, во мошне далечната иднина, Земјата ќе се ослободи од својата материјална обвивка и ќе се врати како духовна планета во духовниот космос. Истото ќе се случи и со остатокот од материјалниот универзум. Тој постепено ќе биде асимилиран во првобитната прасупстанција - Духот. Една од функциите на тнр. црни дупки е таа - трансформирање на материјата. Мерено од наша временска точка тоа се енормно долги процеси, но гледано до Апсолутноста тоа и не е толку долго.

    подетално за сето ова во книгите:

    012340.jpg SvemirskoJedinstvo.jpg S007kr.jpg
     
    Последна измена: 27 октомври 2022
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Фала на исцрпниот одговор. Доста креативна замисла, до некаде дури и се сложувам/пронаѓам со размислувањата. Долго време веќе си мислам дека ако има нешто после смртта, мора да е поврзано со целиот универзум, зошто дел сме од него, живееме во него живеејќи на Земјата. Па така, одамна си замислувам дека ако има душа/дух/енергија која се издвојува од телото по смртта, тогаш веројатно патува/постои низ универзумот.
     
    На Mikha4 и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Долг ти е постот да го дисектирам, вака ќе те цитирам. @daylight

    ''
    Спротивно на некои хинду но и њу-ејџ верувања, човечките души не можат да се инкарнираат на други планети бидејќи соодветни услови за тоа постојат исклучиво на Земјата.''


    Ова на њу ејџ/њу ејџ хиндуизм круговите повеќе ми личи, ако на тоа мислеше? Во стариот хиндуизам инкарнација во други дименнзии/планети соѕвездија со тело исто не може.

    Христијански/унитарни универзализам беше ова така? Знам се сложува дека има вистина во сите религии и Христос, но и ги критикува христијанството/црквата/свештеници. Исто постои верба во реинкарнација возможна само од човек во човек беше (и ова исто го има и во [стариот] паганизам)
    И исто има пантеистички верувања (Бог е [идентичен со/ во] природата и универзумот) за разлика од Христијанството? Ова беше углавно мислам, кои беа другите сличности/ разлики, сложби/несложби со другите религии (Христијанство,Хиндуизам, пагански итн...)?
     
    Последна измена: 27 октомври 2022
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Хиндуизмот има бројни школи. Според некои не може според некои може - за ова има бројни примeри во обемниот индијски еп Багавата Пурана (се сретнува и под насловот Шримад Багаватам).
    Заедницата во која дејствува пророчицата се нарекува Универзален живот. Меѓутоа името не e изведено од класификацијата која ја спомна, туку со Бог - сèприсутниот живот, универзалниот живот.
    А инаку според класификацијата технички може да се вброи таму бидејќи вели дека еден ден, порано или подоцна сите души ќе се вратат дома во Небото т.е. духовниот космос.
    Знаењето дека душата може повторно да се отелотворува, повеќе или помалку било и е присутно во разлчини култури. Во посочените наслови се вели дека човековата душа може да се реинкарнира само во човечко тело, не и во животинско. Животните исто така можат и се реинкарнираат, но како дел од еволуциски циклус.
    Не е идентичен, туку Неговото струење ги прострујува сите форми, Тој е сèпристуниот, универзалниот живот. Слично како што да речеме водата од океанот е присутна во телата на морските суштества, но тоа нив не ги прави ниту вода ниту океан.
    Има многу, учењето за реинкарнација, дека на човештвото денес му се открива сета вистина онолку колку што е тоа возможно да се изрази со зборови и букви. Библијата е збирка на божествени вистини но и митови изразени со јазикот и глобалната свест на тогашното време, оттаму таа не се зема како врвен авторитет. Нема свештеници, церемонии, членства, иницијации, крштевања... на луѓето им е препуштено дали ќе веруваат во објавените вистини и ќе се трудат според нив да живеат, или не.

    Различните источни ментални техники повеќе одмагаат отколку помагаат, по избавителскиот чин на Голгота (Исусовото распетие) трајно е запрена опасноста од дезинтеграција на создадените духовни форми (духовната вселена не се создава и уништува во бесконечни циклуси) а задачата на некогашните вистински источни учители е завршена и ниту еден пат не води кон Апсолутноста без Христос, избавителот на сите души. Денешните источни „учители„ имаат други себични цели, а не водење на душите во вистинското дома - Небото.

    Што се однесува пак до паганските религии тие исто настанале како последица на оддалечување од Бога. Колку сè повеќе се стеснувала духовната свест кај отпаднатите битија и луѓето дотолку помалку ги разбирале причинско-последичните врски и збиднувањата околу нив, вклучувајќи ја ѝ природата. Така се формирале представи дека некаде постојат натприродни битија и богови кои на луѓето им доделуваат добро и зло и дека истите требало да се задоволат со разни жртви. Тоа делумно се пресликало и во монотеистичките религии. Човек кој вистински сака да напредува кон Бога потребно е да се ослободи целосно од таквите погрешни представи за нештата.
     
    Последна измена: 27 октомври 2022
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    ''Не е идентичен, туку Неговото струење ги прострујува сите форми, Тој е сèпристуниот, универзалниот живот.''


    Тоа е тоа, само ме интересираше ова за пантеизмот, значи не постои верување.
    Ова ме интересираше знам дека имаше проблем со паганските и источните. Они веруваат/ле во пантеизмот односно дека боженствената креација е идентична со животот, Боговите како што веќе имам пишувано биле планетите и соѕвездијата.
    Нешто слично како ова

    ''Ѕвездите меѓу останатото имаат духовна функција на џиновски компјутери - еден вид вселенски датотеки. Од безбројните други работи, во нив се складира сето она што луѓето го чувствуваат, мислат, зборуваат и прават. По одредено време кога ќе се најдат во соодветна констелација, тие складирања ги зрачат назад кон (најчесто несвесните) испраќачи - луѓето. Луѓето во својот духовен примитивизам тогаш мислат дека ѕвездите им се наклонети или ненаклонети, или пак мислат дека сè е само случајност.''

    Како и се што опфаќа животот и постоењето (љубов,среќа, итн.)Еве романските ќе ги земам за пример, кога велат (бог/жица на) љубовта се мисли самата
    сила/љубовта и нејзината моќ и улога во животот/постоењето.


    И дека Бог е (запишан) во секој од нас и можеме да го откриеме со самоспознавање, живеење во хармонија со природата, како и посматрање на природата и универзумот, живеење морално, како и едноставно со живеење.

    Е сега проблемот што го имам со ова е што она тврди дека овие информации ги добила од контакти/ентитети преку канализација, прво што скептична сум за овакви ''контакти'', друго повторно исто како и во Библијата се зависи од информации од друг и нема простор за потпрашања. Со тоа што тие контакти можат да бидат и од нискофрекфентни битија (ако постојат тоа е) од каде можеме да бидеме сигурни дека не се со цел манипулација и оттргнување од вистината и Бога. Има доста примери во Њу ејџ круговите околу овие контакти кои на почеток биле love and light & positivity а потоа се претвориле во кошмар. @daylight
     
    Последна измена: 27 октомври 2022
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Но има за лично искуство. Со примена на духовното знаење примено преку пророчката реч, човек може да се увери низ лично искуство во тие нешта.Сакам да речам нема догми и конфесии.

    Она што мене ми се допаѓа е почитувањето на слободата на избор и ненаметливиот јазик и пристап во тие објави.
    Можат, затоа и не е сè едно дали пораките стигаат преку божјите пророци или како канализирање. Теоретски секој може да прима пораки, прашањето е од каде и колку примените пораки се чисти односно колку содржат примеси од астралните подрачја но и од свеста и подсвеста на каналот. Дури и да биде некој чист канал, ако не е пророк, пораките се однесуваат исклучиво на поединецот примател, никако за јавноста дури и ако звучат како да се наменети за друг или трет. Пророк не се станува, пророкот е. Тоа е битије кое доаѓа од небесата со таков налог (мисија) и низ повеќе отелотворувања се подготвува за задачата со цел да се обезбеди чист канал за пораките. Еден од критериумите за вистинскко пророштво е дека примателот не е во транс, не се соопштуваат датуми (Бог со тоа би се наврзал на временското), ниту се ословуваат директно луѓе по имиња, ниту се нарушува слободната волја на луѓето. Исто така пророк како и вистински исцелител не може да биде професија. На пр. Исус од Назарет бил столар, занаетчија а за духовната служба и беседи не наплаќал влезници.

    Јас лично немам проблем со спомнатите објави преку Габриеле, но секој треба да одлучи сам за себе. Во Духот Божји нема присила, бидејќи една од божествените особини е слободата.
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Има да и со голем дел се сложувам, само зборот ми беше исто како и останатите организирани религии/Христијанството/Библијата (што ги критикува) исто има спастрена верзија на изволте и зависиме од друг за откривање на тајните на животот и универзумот наместо на самите себе( пантеизам)
    Друго ова што спомнав. Знам постоеше исто верување дека Бог створил (засебни) нации ( и нивните култури) и дека глобализмот е желба на Антихристот(не знам дали ова беше името, ако сум грешка поправи ме)
    но во исто време не верува во нации и самата е глобалистичка(иначе исто какои Христијанството) и ги критикува примарните религии на народите(хундуизмот како и останатите пагански). Друго, како што веќе пишав.

    Ова нема смисла, како тоа ''Боговите '' ги воделе кон оттргнување од Бога кога нивните (примарни)богови биле ова погоре.

    Е сега меѓу народ кружи и верзија, да не речам теорија постоела можност ''боговите'' на кои се мисли да се како последица на тие ''контакти'' и тие ентитетеи што се претставувале како ''богови'' да се уствари паднатите анѓели кои барале човечки и животински жртви како и физички ствари(злато и сл.) и во чие име почнале да прават оргии, вклучително и педофилија ( читај Бабилон ствари спомнати во Библијата),
    Што има смисла пошто и во Библијата се спомнува дека ова не се ствари кои Бог ги бара од нас, туку лажни ''богови'' и демони, ''нискофреквентни'' ентитети (кои вероватно се претставувале како Богови, па оттука и забуната и ''расипаниот'' телефон).
    Па тоа да не е. :?:,

    Е сега зошто Бог/ови што го створиле универзумот би имале потреба да бараат од нивната креација /луѓето вакви ствари како и денес ако се веровати да со ''абдукцииве'' од ''ванземајци''? Кој би знаел да каже,
    ама се шират гласови нели.:?:Hence the scepticism за овакви ''контакти''.:?:

    Тоа и се поклопува со верзијата со Анунаките богови/џинови во физичка форма кои наводно ''не створиле'' (Enter Дејвид Ајк територијa).
    Иако повторно примарните Анунаки биле само месопотамска верзија за (имиња) на планети и соѕвездија(Во Библијата они се наречени чувари на Рајот/hosts of heaven)
    https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Mesopotamian_deities

    И понатаму исто ова се користи како причина во ''расипан телефон'' стајл и демонизација на пантеизмот и паганствотои за што е наводно оправдано (глобалната)замена со one and only ''богом дана''
    јудео-христијанска/абрамска и од тогаш патот ''до Бога'' се само и само избраниците...наместо нели ...Бог. ама што се мора мора се :!: ...ваљда.:?:

    (А притоа и се продолжува со барање на човечки и
    животински жртви од страна на one and only ''Јахве''во Библијата и ова се оправдува од христијани, ама добро подобро ''Јахве'' да бара, бар помалце ќе има за овие другиве...ѓаолите де:whew: )

    А да и ''избраниците'' и ''водачите до Бога '' се овие...

    Извинете се распишав, многу ствари ми лежат на душа. :whew:
    (Од вчера) @daylight
     
    Последна измена: 28 октомври 2022
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
  9. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Ne ja orfrluvam i hristijanskata teorija vprocem so site religii se soglasuvam vo nesto i site religii se slicni edna so druga barem ako gi gledame osnovnite moralni nacela i principi. Dali ke bide toa voskresenie dali reinkarnacija i ne e tolku bitno na sekoj na krajot ke mu se sudi spored delata. Vo hristijanstvoto e prisuten linearen koncept na veruvanje samo vo 1 zivot. Vo istocnite religii toa odi ciklicno niz poveke zivotni ciklusi se dodeka ne uspee duhot da se oslobodi od stegite na materijalniot univerzum i da migrira na povisoka forma na postoenje. A sudniot den e zastapen vo site religii i kazuva deka ima kraj. Nie hristijanite veruvame vo vtoroto doagjanje na Isus i voskresenie dodeka dharmickite religii veruvaat vo evolucija na dusata preku karma i poveke ragjanja a krajot e slicen kako i vo Hristijanstvoto samo bez voskresenie kazuva deka site svetovi od covecki, zivotinski, gladni duhovi anti bogovi i bitija od pekolot ke bidat unisteni a zemjata povtorno sozdadena i naselena povtorno od bozenstveni bitija ili angeli kako sto nie gi narekuvame vo Hriatijanstvoto cii sto dusi uspeale da migriraat povisoko vo rajski svetovi i povtorno od niv ke bidat otelotvoreni novite luge
     
    На INNERBEAUTY и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    @INNERBEAUTY гледам ме означи, но прости не разбирам што ти се прашањата доколку беа упатени до мене.
    Верувања и филозофии за светот и векот има такаречи безброј. Наш слободен избор е во што ќе веруваме.
    Мое мислење е дека духовноста треба да има практична вредност, нешто што ќе го подобрува моето секојдневие. Другото (интелектуалното филозофирање) ми е млатење празна слама.
     
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Се надоврзав на твојот пост со ова поточно, затоа те тагнав.

     
    Последна измена: 30 октомври 2022
    На daylight и Mikha4 им се допаѓа ова.
  12. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    1 Мојсеева 2.7 "А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа." Правот земен (телото, кој по смртта повторно се распаѓа во прав) и духот животен (тоа што телото го движи и по смртта се враќа кај Бог кој го дал) се составни делови на жива душа. Кога настапува смртта тие две нешта се разделени што значи дека душата веќе не постои. Нема концепт за бесмртност на душата во Библијата. Тоа е библиското толкување.
     
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.969
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
  14. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Ова е далеку од Бога, со вакви магиски практики и сквернавење на светијата само во душите може да си отворите врата за демонски сили и после ќе си гледате циркузи во животот. Со вакви работи не сакате да си имате работа!

    Видов и слика од Куранот, и во исламот знам дека имаат вакви „демек оџи“ кои се занимаваат со вакви практики, ама секој што си ја познава верата ќе ви каже дека и таму тоа е далеку од Бога и учењето на верата. Секој што се занимава со вакви практики се покорува на сатаната и тоа е единственото нешто што треба да го знаете за тие работи. Сите оние кои шират вакви информации, се занимаваат со вакви работи, сите тие се слуги на сатаната, без разлика на верска определба (ако овде воопшто и смеам да зборувам за верската определба на ваквите).

    Ова се многу опасни работи и со ова не смее да се игра! Баш пред некој ден гледав и католички егзорцист кој зборуваше за тоа дека во денешно време здраво за готово си ги земаме ваквите магиски практики, кои се многу опасни за душата на човекот. Пробуваат луѓето да експериментираат и после не можат да се откачат од проблеми во животот.
    Епа проблеми. А каков друг резултат и да се очекува од практикување магии? :)


    Чувајте си ги душите, тоа ви е најголемото богатство. За секој праведен човек Бог знае кога и што му треба, нема потреба толку очајно да се посакуваат вакви работи, се во свое време ќе си дојде, ако тоа е по Божјата волја.
     
    На KittyAgnes, Anah, OmilenataZaNego и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Да прашам дали некој знае од припадниците на исламската вероисповест, кога постите, на крајот од денот дали кажувате молитва во која има наведено дека тој ден го имате испостено по своја сопствена воља, без никој да ви врши притисок, и дали воопшто постои таква практика за кажување на молитва кога постот го прекинувате вечер, и ако можете да ми преведете или да ми кажете како гласи таа молитва (или дуа, не знам точно како ги нарекувате, не ме фаќајте за збор), кога го прекинувате постот, ако постои таква практика. :)
     
  16. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Преубаво кажано.
     
    На Anah, INNERBEAUTY, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    |(
    На овие на пример.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Northern_Crusades
    И на овие (вклучувајки го и хиндуизмот). На оние чии религии ги нарекува лажни, што е еврејската и јудео-христијанството над сите овие (освен што сама така си се прогласува ) ?
    https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_mythologies

    Прости ми аристократијо, грешев. |( Ова го потврдува и фактот што Библијата е пишувана од аристократи (кралеви и свештеници)
    А притоа продолжува Старозаветниот Бог да го прави/бара она што е наречено еретично во спротивните(пагански, нативни, народни) ?
    Барање човечки и животински жртви ко на пример?
    Оти он е посебен и му се може?



    Грешнициве види ги бе , како се осмелуваат!
     
    Последна измена: 13 ноември 2022
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Иначе за ''цивилизацискиот'' аспект, вредно е да се спомене дека Библијата е единствената книга што им била дозволена на афричките робови од нивните робовласници откако биле донесени од Африка.
     
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Дали тоа исто можда важи и за ова? :) @sonuvana

     
    Последна измена: 13 ноември 2022
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна каков одговор бараш....ако е дали сметам дека позади секоја војна стои духовен принцип,т.е борба меѓу добро и зло одговорот е Да.
    Војната и мирот се со Божја промисла и во негови раце.Тоа не значи дека немало војни во негово име, а предводени од темната страна.
    Во врска со разните многубоштва,ти напишав еднаш што мислам.....тие се само човечка потрага по Бога, но по доаѓањето на Божјиот Син јасна станува огромната разлика во вистината која ја нудат во споредба со христијанството.
    Сепак и Евреите не го прифатиле Христос и покрај сите чуда што ги сторил за нив, така да....