Уште малце да надополнам; Според нив, горенаведената самопрогласена аристократија, повотрно Исус ова нигде не го вели.
Ако е во Турција (уставна република), начално затоа што така сакаат, а така сакаат затоа што се така воспитани. Во Турција се бањале и разголени и по танги. Во Иран кое е теократско општество плус друга варијанта на верата, тоа тешко дека ќе помине. Но гледај на тоа вака: Ти зошто се бањаш во купаќи (не ми оди литературно да кажам) а не само горен дел мајца, пенисот убаво да си виси? Затоа што така сакаш или така ти наметнуваат?
Кога ќе препрочитам што си напишала, а што јас,смешно ми е Никако разбирање. Не дека сакам да се расправам , само изгледа дека не знам да објаснам, бидејќи слабо со теологија стојам. Знам само дека овие грчки,римски,словенски,хинду итн.богови ми личат на луѓе, бидејќи слабости имаат,не ми се пример за моралност,далеку се од пример кој треба да се следи,никаде совршенство кое се очекува од Бог кој е над сите нас и кој создал совршен свет и кој треба да ни даде надеж и смисол. А и ружни се,далечни,никаква емоција не ми будат. Тоа оживување на словенскиот неопаганизам, или грчкиот, нордискиот...тоа може во нацизам да одведе...словенски,грчки,нордијски....
Повторно, мислиш како што јудео-христијанството што има правено ? Не може само една(твојата ) да биде најдобра и исправна затоа што е твоја, а и ова е религиска дискриминација(колку и да е завиткана во паковање на љубов, Христа и такви ми ти ствари). Истото правило важи за сите. Иначе целата филозофија околу ''многубоштвото'' е оваа.(Освен ако не знаеш да читаш англиски кажи, можам и на македонски да пишам) Со тоа што сите имаат еден примарен бог( Брама, Род, итн...) и можат и монотеистични да се наречат. Исто како што и христијанството(Отецот, Синот и Сцетиот Дух) можат политеистични да се наречат. Човечки слабости викаш? Погледни малце во својот двор. https://puls24.mk/lukaviot/
Си ја читала " Ударац руских богова " ? Да,не ме ошамари таа книга можеби никогаш немаше да го побарам Христа...сакам да кажам познати ми се овие теми...
Не реков дека не се сложувам со тебе по ова прашање, знам и јас сум запознаена дека тоa може и на тој начин да се користи само зборот ми беше и (јудео)христијанството се има служено со ова и за исто може да ( и се има) користено. Тоа ми е зборот, мене сите ми се боженствени и го гледам убавото во нив но и најпозитивното нешто(како пример пораката на Христос) може да се изврти и искористи во спротивна насока и да даде спротивни резултати( наместо ширтење љубов, ширење омраза и сл.) и со тоа се оправдуваат грознотии (у име Љубави, у име Христа, итн.)
Ама не е суштината во називот,туку што ти е блиско во нив...да ти затрепери срцето...да ти ја разгори верата?
Да, тоа ( Бог ) како и Христовата порака што е за христијаните јас го гледам и може да се најде во сите нив.
Абе не знам дали ти е и колку е искрено ова но добро нека е. Да се надоврзам само, истото го мислам и за Христијанството( за пораката на Хрисотс)
Да и да разоткривам лаги ( и лажњаци). И со ова на пример исто многу се сложувам( вклучително важи и за такозвани побожници и христијани у име љубави и '' Христа'' што ја ''сфаќаат'' Христовата порака као) Толку. По делата и плодот ќе ги познаете навистина (и што сеат дал омраза, или љубов).
Не ја препорачувам. Мене ми беше шокантна и спротивен ефект ми предизвика. Воглавном плукање по Евреите,по Христос....многу одамна ја читав...
Во нивна одбрана па и имаат до некаде право(до нормални граници, ова за плукањето по евреите/ јудео-христијантвото мислам, ја немам читано ). https://en.wikipedia.org/wiki/Northern_Crusades Наравоучение(изгледа); Никој нема право да се потставува над друг(народ/народи) и себепрогласува себеси како и својата религија како посебен/а, небитно дали се тоа евреите/јудео-христијаните, дал словените.
Се согласувам со наравоучението. А за крстоносните војни, водени во име на Христа, секако дека не ги оправдувам. Цитатот што го постави е исто јасен...искривено може да го толкува злонамерен само
Потполно се согласувам, или исто така изгубени души што сеуште не го нашле Бог и покрај сите свои тврдњи, во сета своја изгубеност проектираат на други како го немаат пронајдено.
Црквите се тие што проповедаат етнофилетизам, иако продуховеност со патриотизам нема благе везе. Нигде Исус не говори да се биде патриот и не се занимавал со тоа. Баш напротив, учел дека Бог е за сите луѓе (не само за Евреите). Знаејќи дека Евреите не ги сакале Самариќаните, ја раскажал приказната за добриот Самариќанец. Не го подбуцнувал народот ни против Римјаните, како што некои очекувале. Од овие причини најголем дел Евреи не го прифатиле Исус.