@Аргентина * ако дојде до војна, не те прашуваат патриот си или не си. Едноставно вршат етнички чистења. Те мапираат дека си од другиот табор и те тероризираат. Не мислам дека војните настануваат од многу патриотизам, туку од силеџиство, надмоќ. Кај што има сила нема правдина. А кај нас во нашиве краишта да имаше патриотизам толку многу, државиве ќе изгледаа и функционираа подобро. Никаде и никогаш не е правилно да се гине, ама луѓето гинат кога веќе немаат избор, не оти сакаат да умрат во име на кауза.
Денес да иде да гине за национална кауза може некој што е изманипулиран од системот точно елитите ги искористуваат националните чувства на луѓето и на таков начин ги хушкаат народите едни против други да војуваат во војни што се однапред режирани и однапред се знае исходот. А современото општество е најголемо зло тој што знае малце теологија знае дека моментално ни се случува морална декаденција феномен кога се случува најголем разврат и одвојување на луѓето од бога и суштинските вредности што како повеќе прогресира така повеќе се наближуваме до судниот ден. Луѓето пред 100 години живееа многу поморално за разлика од денес па од таа перспектива биле многу поблиски до бог за разлика од сега. Секое одвојување од бога и самоволие е чекор поблиску до општествен колапс и генерална деструкција и се поблиску до универзалниот крај. И точно на почетокот немало толку јазици, народи и различности помеѓу луѓето бидејќи мнозинството живееле по божјите закони. Како што продолжил светот морално да назадува се појавија сите тие феномени а во библијата добро пишува кој ги разделува луѓето и прави да војуваат едни против други. Самиот Исус јасно кажал дека со овај свет владее сатаната па затоа цело човештво почива на војни и крвопролевање од незнаење и одвојување на луѓето од бога
А зошто мора секогаш да се иде од крајнст до крајност ? Ако сакаш да ги негуваш своите корени и веруваш дека Бог ги створил народите еднакви, одма автоматски значи си хардкор патриот спремен да гинеш во војни, за илуминати и такви ми ти свари? Се копаат аргументи само и само да се испадне во право за да се ''нокаутира'' спротивната страна, ко да животот(читај егото) ти зависи од тоа, без да и се даде можност и да се согледа спротивно мислење и гледиште. А чекај сега кога сме веќе тука, егото од Бога беше дадено? Црно или бело, вмро или есдеес, верници или атеисти, патриот и непатриот, бирај страна и не ја пуштај па што сака нека биде и не заборавај што и да биде твојата е секогаш најдобра. Oти бе се мора да искомплицирате до неповрат? Конечно нешто што ги објаснува стварите. Според циклични верувања,ова се дешава на отприлика 2000 години, дали тоа значи дека сега сме во иста фаза со распадот на Бабилон? Professing themselves to be wise,they became fools, во тој стил мислиш?
Одприлика во таа фаза се наоѓаме. Буда предвидел дека 2500 години по неговата смрт ќе настане губење на dharmata(неговите учења) што ќе доведе до морален и цивилизациски колапс на човештвото проследен со глад, болести, убиства, злоба сексуална депривација а сето ова ќе биде само претходница пред универзалниот крај кога ќе бидат уништени сите светови од човечки, животински, гладни духови, битија од пеколот се до Brahmaloka( рајските и божји светови) од кои ќе бидат створени новите луѓе во Сатја Југа(новата златна доба) кога земјата ќе биде повторно створена
Не се согласувам дека во новиве времиња се живее потешко и полошо отколку пред векови и милениуми. Такви ставови се омасовија откако се појави короната кога фолијаши со слаби нерви комплетно полудеа и почнаа да обвинуваат се живо, а за жал на Балканот се повеќе луѓе ги прифаќаат тие мислења, поради разочараноста својствена за овие простори која датира од многу поодамна. @Tanjamm Од човечки квалитети зависи како изгледа општеството, нема врска патриотизам, патриотизмот никого не направил подобар човек. Можеби поттикнал некого на подвиг, ама не е неопходен, луѓето во многу други нешта наоѓаат мотивација за унапредување на сферите на живеењето, пример заслужни умови како Никола Тесла, Ајнштајн, Толстој итн. биле критичари на патриотизмот и не го гледале во иднината, можам да должам уште но оваа тема е за религија, доволно беше офтопик.
Разликувај полошо во материјална смисла и во духовна. Ако гледаш во материјална смисла сега се живее подобро. Но ако гледаш од духовна се живее многу полошо. Постои морална декаденција а се што е материјално го уназадува духовно човекот. Луѓето пред 100 години и векови уназад живееле можеби посиромашно и постојано гинеле во некакви војни но морално и духовно биле многу поквалитетни за разлика од денес. Секој еволуциски скок во смисол развој на наука, технологија е чекор назад на духовно ниво и го одалечува човек од бог и од својата исконска природа. Тоа е таа морална декаденција што никој не ја гледа луѓето си мислат одиме напред цивилизациски но во суштина се случува обратното.
Е сеа ме замисли. Спојлер: . https://en.wikipedia.org/wiki/Prometheus Во христијанството што име има трикстер типацов што прави ''трикови'' и му смета Божјата креација, да не речам зака да ја уништи и замени со своја,да не речам алтернативна,''подобрена'' по негов имиџ? Нешто као надчовечна или транс-човечна, трансхуманистичка ваљда би бил најдобар израз? (Иначе заслужен за потопот, спомнат и во Библијата, сигурно сте слушнале, а исто така познат и како падот на Атлантис во некои кругови) Добро сега чим тоа го расчистивме, ваљда... Ај сеа да го преведеме ова на атеистички. Мудрециве кои би биле сега? Научнициве или супермени во бели мантили што се професираат за мудреци (да не речам богови) и си експериментираат така малце со едитирање гени и генетски модификации, ''стварање'' луѓе со три родители, хуманоиди, вештачки ''интелегенции'', ''облаци'', виртуелни реалности, да не речам алтернативни универзуми и такви ми ти ствари...и оние што им веруваат слепо, да не речам наивно, па да не се они? Зошто играње Бог од не-богови не може да заврши неславно ваљда...нели?... Нели?
Со воведување на еволуцијата како теорија за настанокот на човекот и отфрлањето на креационизмот успеаја да индоктринираат генерации и генерации со атеизам. А атеизам во превод значи одсуство на морална одговорност или морален релативизам ако нешто за мене е неморално за друг не е и тоа треба да се прифати како нормален начин на однесување иако одстапува од божјата промисла и божјите заповеди. Кога на човек еднаш ќе му ја одземеш верата во бога потоа станува лесен плен за манипулација и перење на мозок од овие елити, станува заморче во нивните злокобни планови и агенди. Дали ќе биде трансхуманизам или нешто сосем друго небитно за жал успеаја да го изманипулираат цело човештво и да го отргнат од бога. А една од причините зошто го прават сето ова е прикриениот страв од второто доаѓање на Исус. На повисоките ешалони на масонеријата постои длабок окултизам и комуницирање со богови и нивното верување е дека нивниот бог Луцифер ќе им овозможи да владеат со овај свет вечно, да живеат вечно, да бидат богови... и според нивната изопачена логика што повеќе луѓе отргнат од религијата Исус нема право да се врати повторно тоа е една од причините зошто го прават сето ова. Сакаат да го направат светот по своја креација или по креација на Големиот Архитект на универзумот како што обичаат да го нарекуваат нивниот бог.
Хаха, така ти се чини. Зависи меѓу какви луѓе одбираш да се движиш, а и од местото на живеење, да ти кажам право. Јас се обложувам дека тебе трн во око ти е тековната еманципација на жената како и фактот што денес не се само мажите слободни да прават што ќе посакаат со своите тела. Таков е секогаш случајот со твоите истомисленици. Целата библија изобилува со неморални примери, (во Тајланд беше забранета, или со назнака 18+, не се сеќавам точно, под објаснување дека содржи експлицитни прикази на секс и насилство, мислам дека од делот со Лот и ќерките имав трауми), that is, неморалот не се појави во 2000-та година. За какви случки сум слушнала од пред 100 години, детскиот мозок во 21. век тоа не можеше да го свари. Ама сега иде крај на светот, ОК. Не се потребни тајни друштва да го расипат човекот, човекот си е расипан и пред нивното формирање, т.е. зависи од поединецот и како е тој воспитан. Не си ти еден од ретките праведници на земјава, олабај малку.
Евидентно тебе библијата ти е трн во око девојко но јас не застапувам ставови исклучиво од библијата сум истражувал и други религии и концепти и секогаш кога давам мислење тоа е е синкретистичко спој од повеќе концепти и стојалишта. Дали веруваш во Христијанство или друга религија или си атеист не е важно правилата на игра се исти за сите му се допаѓало тоа некому или не. Околу тајните друштва не планирам да се убедувам со тебе си имаш свој став задржи си го слободно секој може да верува во што сака ако ти е полесно да веруваш дека не постојат тогаш еве не постојат биди си рает
Море, повратнику. Примерите од Библијата (нели таму постојано некој е опоменет/казнуван/посочуван за неморал) ти се спомнати како показател дека неморал имало пред многу повеќе од 2000 години и дека не е ништо ново или од 18. век, кога официјално е формирана масонеријата. *ова затоа што во секоја тема пишуваш како од 18. век тргнало човештвото во неповрат, а особено денес се расипало. Никаде не напишав дека не постојат тие организации, како може да не постојат Научи да читаш со разбирање пред да реплицираш.
Па од 18ти век човештвото со засилено темпо оди во неповрат тоа што ти не забележуваш тоа е друга работа. Имало неморал и пред 100 и пред 1000 години но никогаш до тој степен како последниве 60-70 години тоа се вика морална декаденција добро го објаснав феноменот погоре не може порано да било исто или полошо од денес ниту па во иднина ќе биде подобро од сега. Во Kali Yuga или ерата на Сатаната you name it човештвото етапно деградира се до судниот ден а тајните друштва само го убрзуваат процесот на деструкција а на крајот ниту тие нема да бидат спасени од нивниот лажен бог како што веруваат
Отсекогаш ми бил најинтересен овој момент кај теориите на заговор, како тие што го држат во раце светот и сиот профит, уредуваат општества и креираат текови се глупави, а некој лик на интернет знае подобро од нив во што треба да се верува.
@Аргентина * , те разбирам јас што сакаш да кажеш, ама пак мислам дека во војна го тепаат послабиот, а не патриотот. Твојата констатација е точна за овие што се тепаа на 27 април под превезот на „патриотизмот“, а беа изманипулирани. Тоа па и не е патриотизам, туку наивност. Штотуку еден Русин ми пишал дека мир во Украина ќе има само ако си ја спојат со Русија, е тоа веќе не е патриотизам, туку фанатизам, болен национализам.
Јас ти ја сфаќам поентата дека за теоријата за еволуција и дека колку повеќе се оддалечуваме од Бога повеќе страдаме. Но не мислам дека сите атеисти се морални релативисти, нити дека на верниците/религиите моралниот релативизам им е страна појава. Исто како што и религијата е користена за манипулација на народите. Гледаш, според ова 80“% од светската популација се верници/ припадници на религија и сепак си и маме проблем со моралниот релативизам и се тераме у бестрага, што ти кажува ова?
Ми кажува дека луѓето само декларативно се изјаснуваат како верници а во пракса не почитуваат никакви морални закони и прописи. Пак позадината е во еволуцијата и индоктринирањето на луѓето со атеизам и релативизирање на моралните вредности. Религијата во последните 60 70 години е во драстичен пад и луѓето само паушално си ја толкуваат и следат некои начела како што им одговара, останатото пиши пропало премногу екстремно и строго им е да се придржуваат. Јас лично израснав со идеја дека човек во својата божанска природа е моногамно суштество и може да биде со еден партнер цел живот. Како што станував повозрасен почнав да гледам како луѓето стануваат се поразвратни и склони кон самоволие и промискуитетност. Едвај неколку парови познавам што останале уште од средно заедно и сега во брак и им се поклонувам на таквите. Рестото не се знае кој на колку столици седнал и колку кревети сменал, неверства на секој чекор, се повеќе разводи а се помалце склучени бракови и т.н.. Тоа е сликата на модерното општество денес. А сето тоа си има корен децениска пропаганда на елитата во сенка за одстранување на сите морални вредности и табуа во врска со сексот, промовирање на секаков вид на перверзии и деструктивно однесување и прифаќање на тоа како нешто нормално. Резултатот од тоа го гледаме денес а како ќе одминува времето работите само ќе прогресираат кон полошо бидејќи сме веќе доволно одвоени од бог и се наоѓаме во некоја завршна фаза на Kali Yuga a тоа значи дека од ден за ден се наближуваме се повеќе до универзалниот крај на планетава. Па за крај само би рекол бог нека ни е на помош мада животниот пат си го избираме самите и секој за себе одлучува на која страна ќе застане. Инаку точно порано луѓето се манипулирале со религијата за остварување на разни империјалистички цели религијата се користела како воена доктрина за војување и освојување на територии и држење под контрола на народот. Но денес се користи сатанизмот за истото и се манипулира со народот на многу пострашен начин одколку во средниот век.
@Wideperpetual Голем удел за ова и зошто сме доведени до овде не е атеизмот, туку нихилизмот.Како атеистичкиот,така и религискиот. Како и хиперболичкиот (да не речам, ама и ќе речам фиктивен/измислен морал) одвоен од реалниот/Божји морал. Како и одвојување на Бог од неговата креација(повторно фиктивно); луѓето,планетата Земја и Универзумот што се создадени по Божји имиџ и принципи ( пантеизам и панентеизам). Што значи Бог Е и може да се бара и најде во сите( и од сите нив) и се, не само таму негде во облаците и задгробниот живот. Како и деморализирање, девалуација, деградација на животот/ Божјата креација (луѓето/овај, грешниците де, жената, природата). Или со други зборови (јудео-христијански) религиски нихилизам (повтоно, ниџе везе со пораката на Исус). Како и причината што атеистите не сакаат ништо со религија (и јас лично ги разбирам). И причината што денес неможеме да се разбереме што е што (и што не е што) и од Бога. Стварите се прилично едноставни иначе, едино може да ги комплицира до неповрат некој на кого не му одговараат како такви и си измилува фиктивни/алтернативни реалности и морали( и секако традиционално пробува да ги наметне на други). Спојлер: . За кривење на Илуминатите за исти, види јас лично мислам дека им придавате превише значај и моќ. Ако луѓето одлучат да речат НЕ на се она што они го нудат/искушуваат они би биле небитни и немоќни зар не? Јас мислам попаметно ни е да се посветиме во барањето на корен- причината и превземање нешто околу тоа, (како и прифаќање одговорност за не/учество во иста) него ли кукање над сопствените судбини како мали деца.
Tвојов став многу наликува со New Age движењето популаризирано во шеесетите чии основоположниците беа теозофите во 19ти век кога сите светски религии освен Христијанството ги преклопија во едно движење као демек една светска религија само пази ова е уште едно од низата на измами на елититите да ги осакатат луѓето духовно. Имаш големо познавање и капацитет на овие теми само пази на изворите од каде ги црпиш информациите
E фала ти на просветлувањето. Само што јас не го исклучувам Христос уопште, уште тоа да сфатеше, нити имам проблем со него и неговата порака, камо ли повеќе луѓе навистина да ја сфатеа и живееја, можда светот подобро место ќе беше. Познат ми е тој светоглед и не се совпаѓа со мојот, нити она што го пишувам. Јас би ти преопорачала помалку замарање со владарите од сенка и малце повеќе освтрт и фокус кон/ верба во Бога и можда и видиш од каде ги добивам информациите. Среќни празници посакувам !
За какви завршни фази зборуваш? Lasting for 432,000 years (1,200 divine years), Kali Yuga began 5,123 years ago and has 426,877 years left as of 2022 CE. Kali Yuga will end in the year 428,899 CE. А Бог е во моногамен брак за божествената природа на човекот да биде моногамна, или како? Во ред, ти можеш да веруваш во што сакаш, ама вреди да се напомене дека верувањето ти нема логичка поткрепа, кога веќе им префрлаш на другите. Јас лично не гледам што има за поклонување кај парови кои се заедно од деца, такви постојат еден тон, сите познаваме, и не значи дека се верни во бракот, или дека се коректни луѓе во други сфери на животот.