Уште да се знаеше точно тој Хинду календар каков начин на сметање на годините има добро ќе беше. Па види ги само карактеристиките на Kali Yuga и спореди ги со другите доби во Хиндуизмот а и во Библијата го имаш истото јасно се гледа дека постои морална декаденција и како што одминува времето сето тоа само прогресира кон полошо и така се наближуваме до универзалниот крај. Сеа ако сакаш ти точен датум за крај на светот тоа никој не може да ти го каже. А божанската природа на човек да биде моногамен ја дал бог во своите заповеди како и многу други начела и принципи кои луѓето денес не ги почитуваат.
The Hindu texts give a length of 12,000 divine years, where a divine year lasts for 360 solar (human) years. Моногамија не е никаква божанска природа, туку практичен начин на живот. Биди благодарен на сатанистите што ти дозволуваат да ги критикуваш. Да живееше во некоја царштина пред 200-300 години, младоста ќе ти останеше во темни зандани поради лош збор за власта. Може и на справа за мачење ќе те ставеа "побожните".
Хахах како јас да сум некаков фактор што ги критикувам па да ме ликвидираат. Нека проба некој на повисоките ешалони што е некаков авторитет да ги критикува па да видиш како ќе си помине има безброј примери тргни од нашава држава само како беа направени два атентати на претседатели. Мислиш во демократија живееме секој има право на слободно размислување ах бе девојче колку си наивна само ти завидувам дури али океј е убаво е да се живее во бајка барем ти е пуштен мозокот на пасење што има да се замараш како нас теоретичариве на заговор што зборуваме тука глупости за владари во сенка воа ноа терај во супер време живееме никад боље није било
Ајдеее, од погрешно сметање на хинду календар, за Киро и Борис Трајковски стаса да исправа дрини Јас ако сум наивна, ти си со дијагноза, ама не е тоа темата. Не ми е мене мозокот на пасење, ти кажав еднаш да не коментираш во што јас верувам зашто немаш поим... туку пишуваш небулози низ темиве и кога некој ќе те соочи со аргументи, почнуваш неповрзано, или го коментираш соговорникот, што е дно.
Па ти ми велиш дека сатанистите ми дале право на слободен говор јас ти дадов одговор колку даваат слобода на говор кога некој им се спротивстави. Што се тиче хинду календарот па тој календар не можат да го протолкуваат ни астролози и врвни теолози познавачи на хиндуизмот кога започнал и во која година сме денес бидејќи не содејствува со теоријата на еволуционистите дека човекот настанал пред 200 илјади години. Според хиндуизмот луѓето се создадени на планетата пред повеќе од 4 милиони години. И за кои аргументи зборуваш дека си ме соочила извини вака да те прашам. Јас не видов никаде твои аргументи освен што ми одиш контра за се и сешто и си кажуваш некои твои субјективни ставови на размислување што не содејствуваат со ниту една религија. Еве слободно изјасни се какви аргументи имаш ти во што веруваш па да дебатираме ко нормални луѓе а не да ми ставаш капаче и да ми одиш контра на секое напишано мислење без никаква основа
Јас имам прашање. Ако се случи било каква несреќа каде меѓу настраданите има луѓе од различни вери (христијани, муслимани и остали), чив бог е крив за несреќата?
Затоа што овај физички yниверзум е заснован на дуалност постојат добро и зло, среќа и несреќа/страдање и тоа се природни законитости а несреќи се случуваат постојано нема тоа никаква врска со богови ниту па е некаква божја казна. Едноставно така функционира светот.
Значи и кога нешто убаво ти се случува, не е до бог туку до околностите? Па зошто веруваат тогаш луѓе во бог? Зошто е семоќен?
Па добри работи може да ти се случуваат поради околности или личен труд а може да биде и резултат на добра карма од минати животи или да ти се случува страдање поради негативна карма а сите овие процеси се регулирани од Бог
Ама погоре велиш сѐ е резултат на околности и случајни настани а тука велиш сѐ е регулирано од бог. Ај одлучи се.
Па сега можи да се сопниш и да погинеш а да не биди резултат на карма ама може ни крива ни должна некој лудак да те ограби и убие на улица и да биди резултат на карма ако во минат живот си одзела нечиј живот па во овај да го платиш. Има и во оваа теза дуалност значи постои слободна волја или случувања што не се условени од карма и такви што се директно условени како последица на лоши дела од минати животи
Бог е еден, различните религии различно го објаснуваат и именуваат. Она што и самите религии најчесто не го разбираат е дека Бог нема ништо заедничко со несреќите на луѓето. Тој е споредлив со сонцето кое непрестано свети. Земјоделецот (луѓето) е тој кој одлучува дали, кога, колку и какво семе ќе засади во нивата на животот, дали истото ќе го негува, запостави или искорне. Секое семе меѓутоа, освен ако благовремено не се искорне, носи плод соодветен на својот вид. Семињата од жито носат жито, семињата од трња носат трња. Некои семиња никнуваат порано (во текот на овој живот) а некои никнуваат подоцна (во текот на некое следно отелотворување). Никој при здрав разум не би прашал зошто сонцето дозволило да никнат трњата наместо овошје. Наместо тоа причините треба да се бараат кај тој што ги садел. Садењето момжело да се случи свесно а понекогаш несвесно. Со други зборови тие процеси се причина и последица, а не награда и казна. Кога се случува такво нешто како од твојот пример тоа нема врска со Бог, туку со колективните причини (тнр. колективна карма) кои благовремено не биле намирени и почнале да дејствуваат носејќи им ги последиците на сторителите. Но тоа воедно значи дека и секој поединец и група имаат слобода на избор во мислењето и дејствувањето односно дека секој е градител на својата судбина или ковач на својата среќа. Доколку луѓето би обрнувале внимание на знаците кои миговите од денот ги носи и го сменат своето мислење и однесување благоврмено кон подобро, тогаш многу нешта кои биле посадени како лоша сеидба уште во минатите животи, воопшто не би никнале бидејќи коренот бил отстранет (без потреба да се знаат деталите кој, кога и како правел во минатите животи). Повеќе за овие работи во книгата на Габриеле: „Живеј го мигот и ти се гледаш и препознаваш себе си„ како и во Христовата објава „Причина и настанување на сите болести - што човекот сее, тоа ќе жнее„.
Како децата што нивната фамилија на 10 години ги продава на 50 годишни мажи си ја градат самите својата судбина? Ова значи дека постои реинкарнација или грешно имам разбрано?
Веројатно е вистинска тема. За св.Никола лепче во црква може и утре да се пее ,но дали навечерта е или сабајлето ?
Да, добро имаш разбрано. Правилното знаење за можноста човечките души повторно да се раѓаат како луѓе (реинканрираат) е клучот во поглед на многу животни и духовни прашања. Во морето на причини и последици постојат безброј можности кои можеле да резултираат со таков исход. Ние меѓутоа никогаш не би требало да спекулираме за судбината на другите, туку да видиме што можеме реално да помогнеме без да одмогнеме. Поентата на правилното знаење за карма и реинкарнација, спротивно на некои источни учења, не е дека „така им требало, си заслужиле во минатиот живот„ - таквиот став е во спротивност со духовните закони за несебична служба и љубов кон ближните, туку дека работите имаат своја подлабока позадина и дека сега е мигот да се прекине страдањето и постават поинакви позиции. Имено некои злоставувачи се правдаат дека станале такви затоа што и самите биле како деца злоставувани. Додека некои злоставувани луѓе велат дека пеколот низ кој минале никому никогаш не би го посакале ниту направиле. И двајцата биле злоставувани, имале ужасна стартна позиција, па сепак едните се одлучиле за продолжување на злото, додека другите одбрале стопирање и правење добро. Така, секој од нив си ја гради својата натамошна судбина - добра или лоша, соодветно личниот слободен избор. Последиците притоа можат да се јават уште во текот на овој или некој следен живот, или пак во царството на бестелесните несовршени души (тнр. астрални подрачја).
Луѓето секогаш се реинкарираат во луѓе или може и во некое друго битие? Ама до тогаш некој друг им ја изградил таква каква што ја опиша. А има и многу злоставувани што завршуваат мртви и немаат прилика понатаму да влијаат врз својата судбина. Факт е дека ваушност врз многу малку нешта имаме контрола, ако подобро размислиш. Едит: еве на пример вакво нешто: Замисли, има девојчиња што против нивна воља уште на 10 годишна возраст стануваат сексуални робови, ги затруднуваат бидејќи не можат ништо да направат за да го спречат тоа, раѓаат деца кои некој друг решил насилно да им ги направи, итн, итн. Како тие си ја коваат среќата или сами си ја градат судбината? Среќа па има супер херои ко женава што помага на помалу привилегираните.
Mnogu nejasni mislenja postirash. Prvo vo hristijanstvoto nema reinkarnacija. Potoa vo edno mislenje velish se e preodredeno od bog, a vo drugo velish deka nie sami odluchuvame. Doeduciraj se za religiite.