Не знам како можиш пагански богови да ги ставаш во ист контекст со Јахве. Зад сите пагански богови стои Луцифер. Сет, Бал,Озирис, Сатурн, Зевс you name it сите се едно исто дел од некаков пагански политеистички концепт на верување. И како ти дојде идеја дека Луцифер и Јахве се еден ист бог толку работи изнакажа не можам да те следам више. Незнам што си по определување ако си хиндуист немам намера да те преобраќам и да ти наметнувам мое мислење. Верувај си во тоа што сметаш дека е исправно. Не се сметам нешто над тебе дека сум дека ми рече имам загарантиран тикет у рајот. Секој по делта свои ќе си добие на крајот на историјата не мислам дека останатите нехристијански народи и религии ќе горат во пеколот сепак бог на крај ќе биде праведен за сите што живееле исправно праведно ќе пресуди поздрав
Можам, пошто се исто и гледам од антрополошки и објективен аспект, не фанатички, ти објаснив во цитатот, не мораш да сфатиш, ни па да признаеш дека не си во право и зошто не си во право, тоа не ни очекувам. Ајде. И не Луцифер и Јахве, Јахве и Баал. Луцифер е едруга прича и тоа не сфати изгледа.
Како можи Јахве и Бал да се исто кога Баал бил главен бог на хананците и најголем непријател на Јахве ме тераш да копам по интернет за да докажувам нешто https://www.newworldencyclopedia.org/entry/Baal
Се ти е објаснето во цитатот, да не се повтoрувам пак, едино да го препрочиташ останува. А тоа што авторот сакал да каже(во налет на несоница во раните утрински часеви) е следно: Сет/Баал(Црното Сонце) е темната страна на Озирис, Хорус(Сонцето=животот), исто како што наопачката ѕвезда(симбол на Сатанизмот) има поинакво/спротивно значење од исправената(исто така симбл за животот и исправно живеење). Исто и со Месечината и планетите, како што (исправената) Венера во Христијанството се поврзува со Исус и Богородица, додека (наопачка) е Луцифер.
Еднаш велиш дека Јахве и Баал се исти богови во различни религии и митологии. Па после велиш дека Озирис/Сет и Јахве и Баал се спротивставени и претставуваат борба на доброто и злото. После велиш дека Зевс, Тор, Прометеј и Јахве се друго име за Луцифер па дека бог и Луцуфер се едно исто... напуштам терен сувишно е да се расправаме и докажуваме кој е во право секој има право да си верува во што сака не ми е намерата да убедувам никого само споделив некои перспективи поздрав
Не, јас цело време велам едно исто, ти цело време не сфаќаш/ извртуваш. Ај напуштај терен и држи си се до упростени терминологии и не пробувај во равиени терминологии да се мешаш, а уште помалку да плукаш по исти затоа што не си способен да ги разбереш.
Не се согласувам дека животните нема да бидат воскреснати. Според Христијанството и животните ќе бидат воскреснати заедно со луѓето на судниот ден со второто доаѓање на Исус. Што значи ако некој имал домашно милениче што му било драго повторно ќе биде воскреснато заедно со домаќинот и сите роднини и пријатели што живееле морално и исправно во овај живот ќе го населат царството небесно.
Што ако миленичето е змија? Од една страна е драго милениче, од друга страна е Сатаната, како ќе влезе во рајот?
Змијата не е сатаната змијата е животно како и сите други створено од бог кое лукавиот го искористил како медиум за да го изманипулира човекот како најголема божја креација да го направи првородниот грев и да го повлече цел човечки род во отпадништво од бог
Не се сеќавам каде точно, ама имав прочитано дека животните одат во рајот. Не знам колку е точно тоа. Јас искрено верувам и се надевам дека животните одат во рајот, го чувствувам тоа.
https://en.wikipedia.org/wiki/Zagreus In ancient Greek religion and mythology, Zagreus (Greek: Ζαγρεύς) was sometimes identified with a god worshipped by the followers of Orphism, the "first Dionysus", a son of Zeus and Persephone, who was dismembered by the Titans and reborn.[1] In the earliest mention of Zagreus, he is paired with Gaia and called the "highest" god, though perhaps only in reference to the gods of the underworld. Aeschylus, however, links Zagreus with Hades, possibly as Hades' son, or as Hades himself.[2] Noting "Hades' identity as Zeus' katachthonios alter ego" Спојлер: Хадес https://en.wikipedia.org/wiki/Hades https://en.wikipedia.org/wiki/Dīs_Pater Јахве(или Баал во Стариот завет само затоа што се бара единствено он да биде поштуен над сите, претставува како(највишиот) Бог при јавувањето на Мојсеј, не значи и дека е, што више не е(Јахве/Зевс/Јупитер секако не е), туку Уран/Каел, или (персонификација на)небото, со се жена му Тера/Гаја=Земјата). Романите не му служеле на Зевс/Јупитер, туку Хадес/Плутон, него и го нарекувале татко(или господар/Lord/owner како што Израелците го нарекуваат Јахве/или Баал) Ако Зевс, Тор, Перун, Јупитер и Зевс се Луцифер/ Сатаната тогаш по таа логика автоматски и Јахве/Баал е, зошто он е (само) еврејско име и еквивалент на сите овие. Јахве/Јехова е само еврејско/семитско име за(богот на громотевица и олуја )исто како Зевс,Тор и Перун, Хор Сет и Баал. Дека се еден ист Бог/ или две страни(Бог/Сатаната) на еден ист Бог може да се види по симболите за Хор/египетскиот еквивалент на Бог/ Сонцето (орелот/фалконот/ фениксот), Сет/египетскиот еквивалент на христијанскиот Сатан(грмотевицата) и двата се симболи за Зевс/Јупитер/Тор и Перун. Спојлер: . https://en.wikipedia.org/wiki/Zeus https://en.wikipedia.org/wiki/Thor https://en.wikipedia.org/wiki/Perun https://en.wikipedia.org/wiki/Yahweh https://en.wikipedia.org/wiki/Baal https://en.wikipedia.org/wiki/Horus https://en.wikipedia.org/wiki/Set_(deity) Иначе еквивалентот за Брама/Род во романската митологија е Уран, не Зевс. Во еврејската постои само еквивалент на Зевс-Јупитер=Јахве/Баал( Богот на Израелците) и стариот завет. Спојлер: .
Кога го загубив другото милениче, некое време како да го чувствував неговото присуство, набрзо на местото каде што го загубив, слета некоја птица и баш таму стоеше, не дека во двор не ми прелетувале врапчиња или други птици, прелетувале, ама овој пат имав поинакво чувство, бев седната да јадам, си поплакав и отидов во црква, му раскажав на духовникот и тогаш исто ми рече дека животните по смртта престануваат да постојат, ми рече дека оној што не треба името да му го спомнам дека преку болката ме искушува да запаѓам во привиденија. Верувам и сакам да верувам дека тие невини души не престануваат да постојат, дека се некаде на подобро место. Не дека не му верувам на духовникот, многу работи знае повеќе од мене, ама одбивам да прифатам дека тие невини душичиња ги нема веќе таму некаде...
Сакаше да каже дека нечестивиот ме искушува да ми се причинува да верувам дека можеби духот на миленичето го видов во птицата затоа што баш слета на тоа место, и да престанам да тагувам по него, дека тоа веќе никаде не постои....
Истото и мене ми се случува, и ден денес, по две години го чувствувам неговото присуство. Кога ќе легнам навечер, на креветот се слуша ѕвук како се поткачува и легнувa до мене. Не знам, можеби и ми се причинува или сатаната намерно ме искушува.
Јас таков одговор добив дека ме искушува. Не знам навистина, знам дека ми беше многу тешко, ама после разговорот со духовникот ми олесни, сфатив дека морам да се соземам и да ја пуштам да замине... Сеуште не ја заборавив, ама се сеќавам само по убави работи на неа. Сега повторно го поминувам истото, ама ќе се опоравам. Кој што сака нека каже, верувам дека Бог има планови и за нив, и дека чува место за тие невини душичиња. Ако ти е за утеха, навечер чади си со темјанче во соба, и помирно ќе спиеш. Јас чадев со темјанче во собата каде што ја остави душата, првите саати пред почадувањето ми беше многу тешко и немир чувствував, откако почадив, со денови таму ми мириса убаво, иако притоа често проветрував. Не знам, некако имам чувство дека и тоа најде мир, иако животните не спаѓаат во црковниот живот како нас луѓето. Ама сакав да го направам тоа и за негово и за мое добро.