Форумџика на годината

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.967
    Допаѓања:
    15.988
    Пол:
    Женски
    Дали утре може после гробишта да се замине во црква да се запали свеќа?
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.877
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Машки
    Да. И во обратен редослед можи.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Дали може ние што сме немуслимани, да идеме во Мека или Медина?
    чисто на прошетка, ми делува на преубаво место, раскошно
    би ме примиле?
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.077
    Допаѓања:
    268.901
    Ако нешто значи, во сите џамии во регионов ме примиле без никаков проблем, некаде евентуално барале само да ја покријам косата, некаде ни тоа.
    Биле и љубезни и волни да раскажат за храмот, или општо што и да те интересира, дозволуваат фотографирање внатре.

    Не верувам да има некаков проблем и во Мека/Медина.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Конкретно во Мека - пристап имаат исклучиво муслиманите и никој друг, што пак се верифицира со документ издаден од ИВЗ+виза од Сауд.Арабија која може да се добие само преку одредени агенции а контролите како при влез во државата така и пред влезот во самиот град (за муслиманите најсвет од сите градови) се повеќекратни и мошне строги.

    Но како турист можеш да ги посетиш другите саудиски градови како Џеда, Ријад, но и Медина која е отворена за разновидни посетители со исклучок на пророковата џамија и нејзината околина која е исто пристапна само за муслиманите, а делот каде е гробот на Мухамед кој се наоѓа во самата џамија, можат да го посетат само мажи муслимани.


    SignMecca.jpg
     
    На CameliaMiller и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Прво, дали е океј на работа да се врти лепче со паричка? И на колку вртења и места можеш да учествуваш?
    Второ, дали смеат муслимани да учествуваат во вртењето и дали океј е на муслиман да му падне паричката и да биде кум?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.877
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Машки
    1. Зошто да не е, ако се договорат колегите и не му смета никому. Може да се учествува на неограничен број вртења.
    2. Смеат, ако сакаат.
    Вртењето на лепчиња и мазници е само еден убав обичај и традиција. Нема потреба да му се додаваат никакви суеверија или пак да се создаваат теологии.
     
    На Bitter-Sweet, Осе, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    4.307
    Пол:
    Женски

    Во ред е доколку сакат да бидат дел тие самите.

    Кај нас на работа минатава година вртевме и баш кај муслиман се падна паричката и оваа година он е кум. :)
     
    На MissChievous и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  9. Mateja.Mat

    Mateja.Mat Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2022
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Здраво,не знаев каде да прашам.Имав две операции,една пред неколку години,другата минатата година но поради ист проблем.Е сега прашањето ми е дали да продолжам да давам вечера за здравје на датата од првата операција или на датата од втората операција?
     
  10. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    На која дата сакаш ти, не е битно.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.077
    Допаѓања:
    268.901
    Кај нас и често е. И си слават кумски наредната година :)

    Муслиман колега за бебето донесе мекици, што не е нивен обичај воопшто.
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали е само некое верување или има поврзаност.
    Баба ми како деца на денешен ден секогаш не бањаше со крстена вода т.е во водата кај што се бањавме додаваше.
    Викаше на богојављение сите води се крстени и убаво било да се избањаме така.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам за ова. Можеби е некое верување во вашиот крај така да се става од крстената вода, во секој случај не е нешто лошо или погрешно тоа, бидејќи на Богојавление навистина се крстени сите води.
    Јас знам само за водата од малата молитва која се прави кога ќе се роди бебе, дека додека да направи голема молитва му се става од крстената вода во водата за капење.
     
    На Mic18 и Осе им се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    19. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себеси?
    image.png

    download.jpg

    download (5).jpg
     
    Последна измена: 27 јануари 2023
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    ec2ff409705ba47934b37ce4b49f12dc.jpg

    Иначе нели имаше тема сите религии/иста порака мислам дека беше насловот и концептот?
     
    На buba4e89, daylight и Mic18 им се допаѓа ова.
  16. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    https://puls24.mk/lukaviot/
    Каков памфлет од изнапишани глупости и небулози чиста кривотворештина на сатанистите што сакаат да ја извртуваат вистината и да наведуваат лесноумни луѓе на погрешни заклучоци.
    https://christiancourier.com/articles/does-the-bible-refer-to-ufos
    Еве добро објаснување дека се работи за небесна кочија а не некаков NLO вселенски брод
     
    Последна измена: 29 јануари 2023
  17. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    И друга перспектива да се надополнам не гледам ништо спорно ангелите божји да имаат некаква небесна кочија или возило.

    Овие ангели што му се појавиле на пророк Езекиел се херувими по класификација и не знаеме какви карактеристики им дал бог на сите видови на ангели. Ама ако ова биле херувими а добро е познато дека во својата природа и Луцуфер е херувим тогаш може лесно да се дојде до заклучок дека поседува слични карактеристики како и херувимите кои се на божја страна и многу лесно може да се прикажуваат заедно со другите паднати ангели како вонземјани и разни други битија да поседуваат некакви летачки објекти, да се материјализираат и т. н. Само разликата е во тоа што божјите ангели и самиот бог се појавувале во пророчко време кога била пишувана библијата.

    Сега пошто сме во завршна фаза на постоење на светов се појавуваат само паднатите ангели. Бог и ангелите на божја страна не се појавуваат веќе и нема да се појават се до судниот ден.
     
    Последна измена: 29 јануари 2023
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто некои луѓе се наметливо нетолерантни, како да ја знаат вистината само затоа што имаат некакви верувања.
    Сега можам и јас да седнам да си пишувам религиозни толкувања, да измислувам теории и фантазии која е смислата на животот, како настанал овој свет и што се случува во духовниот, па дека влијае врз материјалниот, ама тоа не значи дека треба да ми верувате без грам сомнеж. Не само мене, за се што ќе прочитате и слушнете важи истото.
     
    На sonuvana, INNERBEAUTY, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    .
    Мислам дека е само-објаснувачко за човек со здрав разум и нема пореба од извртување. :?:Ова за да се прифати и брани како Божјо потребна е тешка доктронација. Овие гадости НЕ се од Бога и за Бог, Бог нема потреба од вакви ствари и се чист Сатанизам, како во паганските што се демонизирани од јудео-христијанството баш за ова, така и во јудео-христијанството.
    https://svarogi.wordpress.com/2013/11/12/талмудот-јудео-сатанска-доктрина/
     
    Последна измена: 29 јануари 2023
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сме најслабите суштества на планетава, зависни од другиот, а притоа и луциферијански делчиња не бојат, помалку или повеќе.
    Форум е, пишуваме од моменталната позиција во која се наоѓаме, а во зависност од позицијата во која се наоѓа оној кој не чита, разбрани сме на различен начин.
    Фанатичноста е честа кога почнуваш да осознаваш било што и имаш потреба да разгласиш насекаде, несвесен дека многумина го прошле тој пат.
    Доблесно е секогаш да промислиме пред да осудиме или исмееме...но, бидејќи слаби и горди, често надмено паметуваме.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.