Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    @INNERBEAUTY знаеш нешто поврзано со античките Египѓани и христијанството?
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Мислиш компаратив? За што поспецифично мислиш?
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Слушав еден подкаст со Рами Романи кој е копт и раскажа повеќе приказни од антички Египет кои ги има во библијата, секако ликовите се со други имиња. Ме замисли.

    Исто така, неповрзано со муабетов - слушајќи го Graham Hancock во разни контексти, кажува дека приказната за голем потоп и едвај спасување на човекот се провлекува постојано низ стари п.н.е. приказни кај многу народи, што не е чудно дека приказната за дедо Ное ја има во библијата.

    Она што се прашувам е, колку од приказните од религиите кои денес се најзастапени, се протегаат низ вековите п.н.е.
     
    На INNERBEAUTY и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Вистинскиот одговор е сите.:D
    Ќе пишам попосле поопширно, во меѓувреме да ти ја доловам поентата (скрол до крај);

    https://en.wikipedia.org/wiki/Comparative_mythology



    Иначе за потопот не знам дали имаш слушнато околу теоријата за Атлантис( поточно Атлантис однесувајќи се на тој регион Египет-односно Сахара)?:)
     
    Последна измена: 3 февруари 2023
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Имаш доста линкови ставено, ќе ги прочитам у текот на денот.

    Имам слушано за Атлантис, прво она основното како легенда. А после подетално пак од Грахам Хенкок, кој тврди дека пред 11 ипол илјади години се десило потоп (тука се поклопува и тоа што Платон го пишува за Атлантис) кој срамнил напредно цивилизирани заедници.
    Интересното кај старите народи ми е тоа што многу, ај ќе ги наречам религиски, градби и верувања им се поврзани со сонцето и соѕвездијата, односно со универзумот.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Како што вели Владета Јеротиќ, човекот во својот архетип го носи и паганскиот и старозаветниот и новозаветниот човек и во зависност од степенот на духовната свест, но и животните случувања, истите се пројавуваат наизменично. Накратко, кога чувствува страв пред непознатото и од Бога , од него " прозборува " паганинот. Во услови на згрозеност пред злото, примарно станува барањето на правда и освета. Тогаш му станува сличен на старозаветниот човек. Но, бидејќи Бог ни се прикажал и преку Христос, а човекот е способен да се усовршува и да тежи кон безусловна љубов, кога чувствуваме стравопочит кон Бога и од љубов и восхит посакаме да го дадеме најдоброто од себе и да му бидеме слични...тогаш на површина излегува новозаветната личност човекова.
    Тоа не значи дека не можеме повеќе да регресираме кон старозаветно или паганско, борбата се одвива постојано.

    Бидејќи Бог секогаш се бара, постои тој божји никулец во секој човек....поради тоа се сите тие пантеони кај старите народи,како и вечно вперениот поглед кон небото и ѕвездите.

    А ова е само едно видување кое мене ми е блиско.
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Љубовта ја имаш во сите. Од паганските денес е Хиндуизмот останата, не и фали љубов to say at least.
    Не, може да се рече дека од него прозилегува суперстицијата односно кратко речено стравот. (и јудео-христијанинот, поготово старозаветниот),
    Ниеднa религија немa толку ширено и просперирно од страв како Јудео-христијнството( поготово стравот кон се друго освен јудео-христијанството).
    Стравот и љубовта се две спротивставени емоции, едната доаѓа од Бога и води кон Бог( пораката на Исус изгледа), другата е од Ѓаволот и алатка на Ѓаволот и води кон него.
    Бог и Сатаната си ги имамае сите во нас, секој одлучува и си одбира за себе на кого ќе му служи.
    Без фанатаизам ви се молам више, мислам доволно беше.
     
    Последна измена: 3 февруари 2023
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Зошто фанатизам?....ти слободно пишувај си за хиндуизмот и како се живее според него и кон што се тежнее, немам јас ништо против.
    Јудејците ионака не го прифатиле Христос, не мора да ги истакнуваш секогаш.

    Никаде не напишав дека од хиндуизмот произлегува јудео христијанството....можеби постои причина што тие веруваат како веруваат...но факт е дека сите стари народи имаат сличен развиток.
     
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Затоа што(сега за јудео-христијанскиот збориме) има потешкотии да го сфати и прифати ова. Универзално правило.
    245911032_10158304838936966_7805553891716990404_n.jpg
     
    Последна измена: 3 февруари 2023
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Стравот и љубовта се две спротивставени емоции, едната доаѓа од Бога и води кон Бог( пораката на Исус изгледа), другата е од Ѓаволот и алатка на Ѓаволот и води кон него.
    Бог и Сатаната си ги имамае сите во нас, секој одлучува и си одбира за себе на кого ќе му служи.

    Се сложувам...
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.687
    Допаѓања:
    79.810
    Пол:
    Женски
    Оти сите што веруваме во Бог од христијанска перспектива, очигледно фанатици сме.
     
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Не, нема да ми ставаш зборови во уста,:hai: ова не важи за сите христијани одговорно тврдам, важи за овие што никако неможат да го сфатат ова;
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    За среќа, до никаде, и тоа трајно! И не, не баш така како што си го разбрала тоа.

    Како што се вели во претходно спомнатите наслови („Причина и настанување на сите болести - што човек сее тоа и ќе жнее„ и „Неговото Око: Божјото Книговодство - Микрокосмос во Макрокосмосот„) Бог го има создадено духовниот космос кој е вечен и бескраен (наречен и Царство Небесно или Апсолутност) од прасупстанцијата на вечно струечкиот духовен етер. За разлика од тоа, материјалниот космос и човечките тела не се директни Божји созданија туку настанале низ долги времиња како последица на нашето отпаѓање од Бога. Отпаѓањето го има започнато едно битие коешто сакало да има свое создавање по свој терк. За таа цел првично задобило други битија кои исто така биле противници на Божјото создавање па затоа се нарекуваат во некои стари списи и Сатана (досл. на хебрејски значи: противник). Бидејќи еден од божјите атрибути е слободата, тоа им било овозможено, воедно како милост самите да се уверат во бесмисленоста на своите намери, затоа што без Бога ништо не може да биде совршено. Оттаму и овој материјален космос и тела се несовршени и непостојани.

    Дел од отпаднатите битија го прошириле првичниот план: не само да се има поделено создавање (Небесно царство наспроти Сатанските хиерархии) туку и да се уништи чистото создавање така што ќе се раствори повторно во вечно струечкиот духовен етер. На тој начин создавањето би почнало наново, но овој пат според волјата на противникот - со други зборови, противниците сакале да станат богови, а не она што природно биле - деца Божји.
    Тоа би се постигнало со превртување на божјите сили (на пр. несебична љубов во самољубие, божествен ред и хармонија во неред и немир и тн.) или со други зборови со постојано грешење. Доколку тоа би успеало, отпаднатите божји деца би почнале да се реинкарнираат од луѓе во животни (па и амебите што ги спомна), од животни во растенија, од растенија во минерали и на крај душите би се дезинтегрирале во вечно струечкиот духовен етер. Бидејќи во крајна линија сè е поврзано (слично како што водата на океанот на некој начин ги поврзува сите морски жители) тоа би ја нарушило рамнотежата и со тек на време би го зафатило и Небесното Царство. Оваа тенденција земала сè повеќе замав низ долги временски периоди, па се отсликувало меѓу останатото и во човечките култури, на пр. верувањето дека некои од владетелите се богови или дека власта доаѓа од Бога. Исто така видовитите мудреци на древна Индија на пр. ја гледале низ визија оваа тенденција, па така во на пр. списите на древна Индија стои дека Бог има цуклуси на создавање и уништување, или дека смислата на човековиот живот е да се стопи со безличната божја енергија (безличен браман) или да се загуби индивидуалната душа и се стане некакво ништавило (нирвана).

    До пред приближно 2000 години тоа била реална тенденција на сатанските битија! Кога состојбата ја достигнала најалармантната точка (значи малку фалело да успее), се инкарнирал како Исус од Назарет првосоздадениот син Божји, Христос - соуправител на Небесното Царство и преку својот несебичен избавителски чин, жртватата на Голгота, трајно ја отстранил опасноста од дезинтеграција на душите така што своето енергетско наследство го разделил на сите човечки души во форма на Христовата искра на спасение. Таа духовна искра е активна во близина на срцето и тоа подрачје се нарекува во објавите и Христов центар. Поради тоа Исус Христос станал спасител и избавител на сите луѓе и души, независно дали тоа тие го признаваат или не. Но, спротивно на некои верувања, Христос не ги превзел сите гревови на човештвото (спротивно на црковните учења), ниту пак луѓето станале мноштво на некакви христоси (спротивно на некои њу-ејџ верувања).

    Првичниот противник, која нејзините следбеници ја нарекувале и Луцифер (носител на светлината - во смисла таа требала да ги усреќи т.е. стори богови) капитулирала под крстот на Голгота откако Христос ги изговорил по смисла зборовите „Свршено е!/Сторено е!„. Меѓутоа дел од нејзините следбеници не сакале да го увидат поразот и продолжиле со своите бесмислени активности во делузија дека можат да успеат. Тие се нареукваат себе си демони и ја користат негативната енергија на луѓето за да се држат понастрана од дејстувањето на последиците кои тие - демоните - би ги искусиле поради личното погрешно постапување. Тоа меѓутоа не е возможно трајно, така да тие само го одложуваат неизбежното, сркање на тоа што самите го дробеле низ бројни милениуми. Сепак, ниту една душа нема да биде вечно загубена или уништена. Тоа би било спротивно на божјиот закон на несебична љубов, трпеливост и милосрдие.

    Христовата искра овозможува човечката душа да ја задржи својата индивидуалност и бесмртност како дете Божјо, без разлика на своето оддалечување од Бога и првичната природна (Небесна) состојба, но не го неутрализира дејството на сатанскиот закон наречен и законот на сеење и жнеење или на истокот карма-закон. Секој самостојно мора да се извлече од законот на противникот преку личен труд т.е. живот според божествените закони, но Христовата искра дава сила за тој подвиг доколку некој тоа искрено го сака. Христос сторил уште неколку битни работи: сатанските хиерархии ги трансформирал во тнр. чистилишни подрачја наречени и астрални светови (таму живеат бестелесните души врзани привремено за тркалото на повторното раѓање) како и тнр. подготвителни подрачја за влез во апсолутноста (таму живеат души кои се слободни од реинкарнирање, речиси совршени но не целосно) после кои следи светлосниот ѕид па Царството Небесно. За да една душа може да се врати во Небото, мора да донесе со себе Небо, т.е. да биде во апсолутна хармонија со тамошната состојба. Со тоа успешно започнала реализацијата на Исус Христовата мисија за враќање во вечната Татковина. Христос низ својата избавителска искра им дава на волните души да можат да се „катапултираат„ кон Небесното царство. Тоа значи дека враќањето дома на отпаднатите битија нема да трае толку долго колку и отпаѓањето (низ бројни милијарди години) туку значително пократко (гледано од некоја космичка точка на глеедиште).
     
    Последна измена: 3 февруари 2023
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Ама ова е Будистички аспект , не Хиндуистички, има разлика.
    Хиндуистичкиот аспект и крајната цел е само ослободувањето на душата од карма и пронаоѓање мокша-самореализација(не безличсност, штовише спротивно од безличност).

    Исто и за верувањето во цикличноста на Универзумот, креирање, одржавање, уништување и рекреирање, како и се останато во Универзимот и природата (со се човекот, oдносно реинкарнација).

    Иначе ова има смисла зошто негативни сили би се фокусирале исклучиво на уништувањето на Универзумот( како што и Сатанизмот има фокус и опсесија исклучиво со смртта (наспроти животот).


    https://en.wikipedia.org/wiki/Nirvana
    https://en.wikipedia.org/wiki/Moksha
     
    Последна измена: 3 февруари 2023
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Но и двете потекнуваат од древната Индија, и двете веруваат во минливоста на од Бога создадените форми и двете веруваат во можноста на отелотворување на човечките души во животински и растителни тела. Тоа, како што беше кажано, некогаш била реална тенденција, така да видовитите од тоа време само го пренесувале тоа што го гледале. Работата е што тоа повеќе не е така. Затоа може да се каже дека источните религии и филозофии содржат непотполни информација, згора на тоа, слично како и Библијата, пренесени со јазик и стил карактеристичен на некои минати епохи.
     
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Да, но повторно, не се исти, спротивни се, тоа е и разликата и затоа се засебни, а и ова го допишав (болд).
    Ова за отелотворување на луѓе во животни е отпосле настанато во некои подранки на Хиндуизмот, првично е дека само во луѓе може.
    За непотполни информации тоа секако, има буквално во сите.

     
    Последна измена: 3 февруари 2023
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    @INNERBEAUTY ти ме праша за моите сфаќања на оваа тема кои произлегуваат од објавите примени преку Габриеле во духовната заедница Универзален живот. Јас отприлика толку умеам да кажам, подетално е наведено во спомнатите извори, а дали со тоа некој ќе се согласи или не, тоа е право на личен избор.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Фала ти на исцрпното објанснување, со ова гледиште се имам запознаено но оддамна, имав заборавено точно како идеше затоа и те прашав, сега се припотсетив. Ова забелешкиве дека ми паднаа при очи пишав.
     
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Па добро, не секој добива подеднакво...впрочем апостол Павле во Посланието до Римјаните говори за тоа.
    За себе вели дека е апостол на незнабошците и смета дека тие што немаат вера се тука токму поради верните,да им помогнат во нивното спасение,за и самите да бидат можеби спасени после. ( парафразирам )
     
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Како и спознавање на Бог, оносно реунификација со Бог.

    In Indian religions, nirvana is synonymous with moksha and mukti.[note 1] All Indian religions assert it to be a state of perfect quietude, freedom, highest happiness as well as the liberation from attachment and worldly suffering and the ending of samsara, the round of existence
    However, non-Buddhist and Buddhist traditions describe these terms for liberation differently.[8] In Hindu philosophy, it is the union of or the realization of the identity of Atman with Brahman.