Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Денес овие зборови (низ Европа секта, низ САД култ) некоректно честопати се употребуваат во погрдна, негативна конотација, обично за помала група луѓе со поинакви религиозни сфаќања или за нешто чудно, лошо, опасно а блага си врска всушност нема тоа. Во секоја група на луѓе, мала или голема, може да има добри или лоши луѓе.

    Зборот секта потекнува од латинскиот збор sequi (се чита: секви) што во превод значи некого или нешто да се следи. Од тоа произлегува дека секоја група на луѓе која следи некое религиско, филозофско или политичко учење може да се нарече секта.

    Соодветен термин во македонскиот јазик е следба.

    Зборот следба како превод на секта е употребен и во книгата „Веронаука„ од Диме Кочовски протојереј во МПЦ.

    Една од најпознатите следби во Македонија е исламската рифајска следба, прикажана во краткиот документарец на Ацо Петровски од 1955 година насловен како „Дервиши„.
    Во овој стар документарец редвоно се употребува терминот секта (почнувајќи од 1:03).



    Меѓутоа поради извитоперувањето на овој збор во лоша смисла, најчесто од страна на припадниците на една вера за да ги омаловажат, исмеат и исклеветат припадниците на некоја друга вера или поинакво сфаќање кои некои луѓе го имаат за истата вера, најдобро е тој збор да се одбегнува па така може да се каже и дека не постојат секти во Македонија, ниту било каде на друго место низ светот. Но постојат над 20 верски заедници и религиозни групи: Македонска Православна Црква, ИВЗ - Исламска верска заедница, Евангелско-методистичка црква(покојниот престседател Трајковски беше следбеник на истата) Јеховини Сведоци, Адвентисти(во народот познати како Саботјани), Бектешиска заедница (познати во народот како Дервиши) Ваишнавска верска заедница (познати како Харе Кришна движење) и уште многу други кои како во секое нормално цивилизирано и демократско општество треба и ги уживаат своите слободи и права. Дејноста на истите е уредено со уставот и законот за верски заедници и религиозни групи, а надлежна е републичката комисија за односи со верските заедници во РМ.

    Зборот култ исто доаѓа од латинскиот јазик - cultus и во превод дословното значење е одгледување, грижење (оттаму и зборот култивирање и култура). Во религиска смисла значи грижа за божествата и обичаите и местата (на пр. храмовите) поврзани со нив.

    Па така во Македонија некогаш многу одамна бил присутен култот на Големата Мајка, а денес постои култот на Богородица. На тие теми еве еден текст од Елизабета Ч. Матевска:

    Култот кон Мајката Божја

    Во политиката пак постои култ на личноста - тоа е кога лидерот на некоја партија и/или држава е насекаде присутен со портрети и скулптури на неговиот лик на кои им се изразува чест и почит, се полага цвеќе (екстремни примери се Сталин за време на СССР или севернокорејските водачи денес).
    Слично е и со славните живи и покојни пејачи/ки некои луѓе прават култови од тоа, им подигаат скулптури, фонтани, музеи, и истите ги обожуваат, оплакуваат, величат...
     
    Последна измена: 6 февруари 2023
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Како и Sun worship.
    Интересен феномен е што датумите на празниците (Сабатите ) што Евреите си ги имаат задржено со се целосно значење, додека за останатите народи со јудео-христијанизирање се демонизирани изаменети а со тоа и изгубено вистинското значење.
    Зошто се договоривме Сонцето и Бог им припаѓа само на јудејците.:)

    Иначе еве еден пагански што е вратен (скоро па со се значење ) но во просветена верзија во во Ирска.

    As of February 2023, Ireland will have a Bank Holiday to celebrate St. Brigid's Day. The new Irish Bank Holiday will be observed the first Monday in every February, except where St Brigid's Day, the 1st day of February, happens to fall on a Friday, in which case that Friday 1 February will be a public holiday.

    Се празнува на пола/mid-winter season од Зимската краткоденица(заменет со Божиќ) и Пролетната рамноденица(Ostara/Eostre/Easter, Велигден) и датумот паѓа од 1ви до 7ми Фебруари во име на Божицата/Св. Бриџет, божица на излекувањето.. Денес заменета и со пред-велигденските постови за прочистување пред и официјално доаѓањето на пролетта/пролетната рамноденица /Велигден.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Imbolc
     
    Последна измена: 9 февруари 2023
  3. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Секако дека ако правиш компарација меѓу религиите ќе најдеш сличности и заеднички настани нормално, кога сите потекнуваме од еден бог. Сите тие настани дрвото на животот, Aтлантида, потопот, Вавилон и настанувањето на јазиците и народите се вистина и едно сеќавање кое многу народи го опишале само што библијата најдобро и најконзистентно ги поврзува и објаснува сите овие настани.

    А тоа што се на поинаков начин прераскажани во разни култури и извртени од тоа што е изворно кажано во библијата е поради тоа што лукавиот секаде кадешто можел замешувал прсти и создавал негови пагански религии.

    Бидејќи одкако е настанато човештвото неговата вистинска намера е што е можно повеќе луѓе да одвлече од страна на бог за кога ќе дојде крајот на историјата и страшниот суд да има свој аргумент и да каже пред бог како повеќе луѓе застанале на негова страна одколку на страната на вистинскиот бог и Исус кој го даде животот за спас на човештвото а неговата теза ќе биде кога за сите луѓе го даде својот живот на крстот види колкумина не те избраја тебе и застанаа на моја страна, ако животот го даде за сите нив а ги спасуваш праведниците спаси не и нас но секако лукавиот ака Сатан не се кае за ништо и сака да добие простување без да се смени одприлика вака стои христијанското толкување на нештата.
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Окултизам, каде што можел стварал окултизам . Тој окултизам го имаш во сите религии вклучително и јудејството и јудео-христијанството, до тоа се имаме веќе допрено на темава) Тој окултизам не може да биде прифатен од здрав разум и чисто срце(универзални одлики на Бог и вистиски верници во Бог без разлика од која религија), затоа се потребни и користени контрола на ум, догми, игнорантност, супертсиции, страв, омраза, и демонизација на непријателот (универзални одлики на Лукавиот-злото, највеќе во и преку јудео-христијанството према паганските).
    На пример вака.
    Со врвот на производ на окултизмот заблуден испран ум и поматено срце убеден од Лукавиот(злото) дека убиство на новороденчиња е Божја желба и потреба.

    А да и шовинизмот и мизохинизмот се од него (Лукавиот) во било каква shape or form или изговор. Исто како и сите војни(религијски и не) водени во ова име.

    Исто како и оттргнување на луѓето од Бог, оттргнувајќи ги од Божјта креација- природата.

    Се ова горе е постигнато и можеме и слободно да го препишеме на Лукавиот(универзалното)човечко зло и слабости (што во некој помалку, во некој повеќе) постои во секој човек. Како и човечкото его и неговите заблуди и желба за моќ и доминација во било каква shape or form.

    Бог(доброто) не се знае напамет, Бог се знае во срцето а потоа и покажува преку дела. Како и вербата во Бог. Не можеш да го лажираш, или го имаш или го немаш.
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Колку да се потсетиме

     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  6. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Што ќе ви се да ги знаете сите овие глупости?
     
  7. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Сигурно некој како тебе има бог во срцето, затоа се расправаш во темите и хистеришеш.
     
    На sweet dreams ** и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Нит се расправам, нит хистеришем, :Dдискутирам(на форум на кој што си моментално), google it пошто очигледно не ти е јасен концептот. Е така, ај сеа пис аут.
     
  9. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Мене си ми од понегативните на форумот што ве читам. Катастрофа.
     
  10. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    vie site ste nebitni ii narcisi jas najdobra1!bog vo srceto <3
     
  11. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Не вредиш за трудот, со малку скроз те опишав, цел свет е wo6 освен тебе,најдобра таа дома кај мама со мисија на форум. Ај чао.
     
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    :rofl:
    Леле бе, па ја промаши поентата. Еми за тие пари толку што би се рекло. Ајде:hai:
     
  13. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Сериозно прашувам сериозни дискутанти не вики копи пејст ботови.
    Како и колку религијата го подобрува светот во денешно време? Освен каритас и сл.?
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  14. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Не постојат еквиваленти на Јахве тој е еден и е суверен и креатор сите овие богови што ги спомена како еквиваленти од други народи и митологии се само сеќавање на народите дека постоел еден врховен бог затоа во сите пагански религии постои врховен бог а тоа што имаат други имина причината е Вавилон и настанувањето на многу јазици плус мешање на Сатан и извртување на фактите.
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Вики копи пејст е потребно зошто денес милиениуми отпоосле сеуште не се јасни основни ствари, а религијата не го подобрува во право си, тоа е и поентата( што не ја разбра).

    |( Не. Постојат. Буквално е Бог истиот на сите кога ќе се потрудиш да ги сфатиш и научиш историја, наместо да потпаѓаш под јудео-христијанска пропаганда и страв. Збори ми за извртување на фактите, a постов ти е извртвање на фактите на дело. Се читаш ли уопште што пишуваш и колку само нема смисла? Си имаат сеќавање затоа што Бог е еден на сите и си го имале и си го имаат и ден-денес и без просветлување од јудео-христијанството. Затоа што Бог е на сите.

    И да, ова е изрецитирана јудео-христијанска докторина до точка.
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  16. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Како може да е истиот кога имаш различни системи на верување монотеистички версус политеистички.
    Воскресение версус реинкарнација.
    Очигледно е дека не во сите религии се зборува за еден ист бог. А не можи да има 10 различни концепти и сите да бидат точни можи да се преклопуваат во нешто но суштината им е многу различна а вистина постои само една и таа е единствена во океан од лаги.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Затоа што е и може, во секоја религија имаш некој што ова ќе ти го каже и ќе најде универзални паралели и Бог во сите религии и оние што не се негови. Во 21ви век. Јас во такви широкогледи кругови бар се движам и за тоа знам.
    А потоа имало и ќе има и фанатици што упорно тупат и бараат зрно во сено и дивизија исто во секоја религија( добро посебно во некои, ама да оставиме сеа тоа).
    Секој за себе и исклучиво за себеси збори со она што го гледа изгледа.
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски

    И секако желбата за моќ и контрола на црквата како многу битен фактор.
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  19. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Ај вака ако сите овие работи што ги наброја погоре ги сметаш како дело на Христијанството и старозаветниот бог низ историјата тогаш чии правила на игра царуваат денес низ светот глобално гледано.

    Атеизам, уништување на бракот, предбрачни односи, прељуба, разводи, оргии и разни други сексуални настраности и перверзии, LGBT вредности... со еден збор целокупна морална деградација. Ако на сето ова се спротивставува старозаветниот бог и Христијанството општо а знаеме дека се спротивставуваат тогаш чие дело се овие гадости што ги гледаме денес а се промовираат на голема врата?
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Како што веќе пишав на Лукавиот/Сатан како сакаш наречи го, односно злото, што постои и во секој човек универзално.
    Во митот за Атлантис и Зевс го потопил Атлантис поради неморал. Исто како и Библискиот Јахве.
    Исто овој морал односно осуда на неморал го имаш во паганските и не припаѓа стриктно на јудејството и јудео-христијанството. Пример денес е Хиндуизмот и ведите.
    Со разлика што Грците и останатите пагани не го просветлувале светот и го наметнувале Зевс/ нивниот врховен како еден и единствен.
    Исто како и што ''во име на Зевс'' се правеле неморални ствари, како што се правеле и за Јахве (со разлика што оние на Јахве и сеуште се бранат до ден денес од јудео-христијани, а за Зевс не).
    Тоа е она што во сите религии го имаш Бог, а имаш и окултистиски-сатанистички аспекти што се правеле во ''име на Бог''. Така и со стариот завет и Јахве. Тоа е и поентата.
    Како и овој окултистички/сатанистички дел од Јудео-христијанството
     
    Последна измена: 12 февруари 2023