Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Да грчката митологија има доста сличности со Христијанството вклучително и првородниот грев е опишан во грчката митологија отворање на Пандора на забранетата кутија и отпадништво на цело човештво во грев. Сепак библијата е далеку посупериорен извор на информации бидејќи имаш директно обраќање од бог во прво лице далеку попрецизно и поконцизно е објаснато се плус верба само во еден бог креатор тоа ми е многу поприфатлива идеја одколку верување во многу богови. Чак и кога не се декларирав како христијанин од секогаш ми била одбивна таа идеја во верување во разни богови незнам секој башка...
     
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Tоа си е твое. Но упорно испушташ дека сите као и монотеистичните си имаат/ле врховен изворен Бог(како на пример Род)
    и верувањето во повеќе богови е само признавањето на мулти-комплексноста на животот, односно Божјата креација.

    Тоа е пококмплексна космологија (и поблиска до реалноста). Ако збориме веќе за супериорност.
    Исто што повторно испушташ е дека во истото обраќање и старозаветниот бара човечки жртви, не тоа не е никако Божјо а поготово не супериорно и прифатливо.
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  3. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Ако мислиш на барањето од Аврам да го жртвува син му Исак да го побарал тоа бог но како знак на лојалност и верба во него. Секако Аврам бил спречен потоа да го жртвува син му тоа било само тест за лојалност кон бог. А на повеќе места бог јасно заповеда дека се забранети човечки жртви. Такви практики и разни други бизарни работи практикуваја Хананците впрочем тоа беше и една од причините зошто и беше наредбата од бог да се истребат сите до еден за израелците да ја наследат земјата не само поради тоа што обожувале други богови туку правеле и разни други настраности така да најверојатно не биле добар народ слично и со цивилизацијата пред потопот исто како и Содом и Гомор кога бог уништува одреден народ сигурно тоа не е без причина
     
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Не, зборам за ова знаеш ти
    И за ова
    Тој некој што ќе рече паметно ќе рече и е некој/и со здрав разум за разлика од некој/и.

    Значи настраности се кога се прават за другите богови, ама не се настраности кога Јахве бара оти он е one and only.:drunk: Морален релативизам што беше таа ѓаволска ствар?

    И не, не му пречеле настраностите очигледно пошто продолжува да ги бара, му пречи што не се поштува како еден и единствен само.

    Друже доволно беше, колку повеќе продолжуваш толку по тажно и фанатично е.
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  5. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Па Хананците убивале навистина деца и ги жртвувале за други богови, практикувале и групен секс незнам уште што не. А според христијанството гревот е наследен и на следно колено така да од тука наредбата да се истребат и децата што не значи дека тие деца нема да бидат воскреснати со доаѓањето на Исус. Секој што бил праведен и не бил директно виновен за одредено неморално однесување на своите предци повторно ќе добие шанса за нов живот.

    Библијата има доста сублимирани пораки за кои треба многу подетално изучување без априори стварање на омраза и негативизам само после неколку прочитани пасуси што не ни се допаѓаат за да биде разбрана во целост.
     
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    И тоа што Хананците убивале и жртвувале деца ќе се исправи така што ќе се убиваат деца и луѓе за Јахве? А и Јахве не е за убивање деца и човечки жртви...освен кога е. А е кога е за него.

    Да, има, исто така има и (не толку) сублимален Сатанизам.
    Доволно.
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  7. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Ако разглабаме уште подлабоко денот кога ќе дојде страшниот суд и второто доаѓање на Исус и конечната разврска со злото повторно ќе настрадаат многу луѓе што биле нечесни и живееле неморално дали бог ќе биде во право да ги истреби сите што не живееле по божјите закони јас мислам дека ќе биде пошто сите ние имаме доволно време да се преобратиме и почнеме да живееме исправно.

    Така да како и да гледаш бог е секогаш праведен а на крајот на историјата злото ќе биде искоренето засекогаш и тоа ми е многу поприфатлив принцип на верување одколку да верувам дека ќе дојде некаква нова Satya Yuga и се одново во круг и така до бесконечност.

    Исто поприфатливо ми е да верувам во воскресение и вечен живот во ново нераспадливо тело во кое јас ќе си бидам повторно јас во исто тело со иста душа и исти особености од овај живот одколку реинкарнација и некаква безлична душа што непрестано се сели во различно тело. Јас незнам зошто на многу луѓе им е поприфатлива реинкарнацијата како концепт кога воскресението е многу подобра и пофер опција гледано од возвишена божја природа али океј секој си одлучува во што ќе верува.
     
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Епа како и секогаш не знаеш и покажуваш посветено незнаење а се буткаш сегде да (пробуваш да ) солиш памет де. Доблесно е кога не знаеш да ќутиш, можа пробаш да дознаеш/сфатиш и да не се мешаш во се ко вегета, ама не и за тебе очигледно.:?:
    Сеа се мислам дали да ти кажам дека во вербата во реинкарнација и е вклучена верба во вечна своја лична душа или нераскинливо(духовно) тело. :?: Ај, нека трепка.

    И не, не е исто понесување човечки (невини) жртви со ова другово(апокалипса по човечки избор/или циклично оддалечување од Бог), и тоа што тебе ти има смисла/тврдиш дека има смисла не значи и дека има смисла.:?:

    И како и секогаш тоа што ова не го сфаќаш си е твое, но не го прави невистинито она што не го сфаќаш де.:?:
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Скоро видов едно видео, вели ако Исус е Бог, тогаш на кого му се обратил кога распнат рекол Боже шрости им, не знаат што прават или како и да беше.
    Може некој што знае повеќе да ми објасни?
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.686
    Допаѓања:
    79.809
    Пол:
    Женски
    Исус е синот божји. Создаден од Светиот Дух (од Бог) и роден како човек.

    Цитати од Библијата:
    Исус му рече: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене.

    Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.
    Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
    Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, оти не поверувал во името на Единородниот Син Божји.
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Ок.
    И уште ова, многу ме буни.
    Кои се тројцата во светото тројство?
    Вели отецот, синот и светиот дух.
    Погоре имаш пишано светиот дух дека е Бог, но и отец.
    Никогаш не го разбирам ова
     
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    И каква врска има ова со прашањето? :?:
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  13. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Па не сум истражувал доволно Хиндуизам дај сподели нешто да видам баш како изгледа таа вечна неменлива душа баш ме интересира пошто ако реинкарнираш 100 пати во различно тело и имаш различен карактер логично би било дека се губи идентитетот и душата станува некаков вид на безлична енергија што циркулира во Самсарата не гледам како би го зачувал идентитетот човек ако непрестано менува тело
     
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Не постои верување во реинкарнација само во Хиндуизмот или и тоа не го знаеш?
    Иначе колку да ти одговорам на прашањето- вечна и своја лична да не ја мислиш. Сфаќал ти или не, концептуирал или не, извртувал или не, ништо не мења.
    А со тебе и такви како тебе јас да споделувам баш и нема да видиш, убаво ми се избрани оние со кои споделувам, за тебе си имаш ти на тебе адекватни.:mm:
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  15. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Аха значи ти постанав непријател дека имаме различни ставови околу религијата а не ме ни познаваш ниту пак сум те навредил нешто ахх бе и после јас сум бил шовинист океј како било
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Не си ми непријател, не си ме навредил. Ај, до наредно неслагање.:hai::D
     
  17. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Па дека не се слагаме затоа и споделуваме концепти и мислења тоа е и целта на секоја дебата да научиме нешто ново ама ова што рече дека не споделуваш со "вакви како мене" баш делува онака шовинистички од твоја страна... лошо :D
     
  18. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Светиот дух е "божји агент" нешто како ангел чувар пратен од бог кој претставува директна врска помеѓу нас и бог значи бог е присутен во нас преку светиот дух
     
    Последна измена: 12 февруари 2023
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.686
    Допаѓања:
    79.809
    Пол:
    Женски
    Светото тројство се Отецот, Синот и Светиот Дух.
    Бог, кој го нарекуваме и Отец, е создателот на светот.
    Исус Христос е Синот божји, го викаме и Господ. Зачнат е бестелесно, од Светиот Дух, по божја волја и промисла, во дева Марија и роден како човек.
    Светиот Дух е, да речам, врската на луѓето со Бог. Не е исто со Бог, поназад кога пишував ставив во заграда Бог за да не дојде многу комплицирано. Наједноставно кажано би било, се' што прави Бог, го прави преку Светиот Дух. Просветлението на луѓето се случува преку Светиот Дух. Кога ќе се покаеме за сторените гревови, кога ќе почнеме да живееме спрема божјите закони, тогаш велиме дека сме го примиле во себе, во своето срце, Светиот Дух.
    Значи, поврзаноста меѓу трите, што ги прави единство, е што, преку следењето на Христовиот пат и живот, верувањето дека тој е Синот божји, како и со примањето на Светиот Дух, ние се приближуваме до Бог. И веруваме во сите три, како единство. Не може да веруваме само во Бог, а да не го признаваме Исус како негов син и да не го признаваме Светиот Дух. Не можеме ниту да веруваме во само Христос, непризнавајќи ги Бог и Светиот Дух. Или да веруваме само во Свет Дух. Секогаш одат заедно, тоа е поврзаноста. Бог - создателот, Синот- создаден преку Светиот Дух.
    Се надевам малку успеав да поразјаснам. :D
     
    На sonuvana, Emotional123, Wideperpetual и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Не, не! Извини, морам да те исправам.
    Господ Исус Христос не е создаден од Светиот Дух, туку роден од Отецот. ("роден, нестворен, единосуштен на Отецот" ). Господ Светиот Дух исходи од Отецот. Господ Отец е начело, од Него се раѓа и исходи.
    Значи Бог е троичен, со три лица и една суштина.
    Можеби најлесно ќе се разбере ова кога ќе направиме споредба со сонцето: тоа има една суштина, а од него произлегуваат светлината и топлината кои имаат поинаква природа (или поинакво пројавување) од јадрото (начелото) на сонцето.
    Еве што вели Символот
    на верата:
    Screenshot_20230212_132013.jpg
     
    На IRBBB, Rama и sonuvana им се допаѓа ова.