Форумџика на годината

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.686
    Допаѓања:
    79.809
    Пол:
    Женски
    Од евангелието според Матеј:

    18. А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од Светиот Дух.
    19. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.
    20. Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: „Јосифе, син Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух;
    21. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.”
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.380
    Пол:
    Женски
    Исус е Бог, но во моментот на распнување и додека е на земјата е човек кој има мисија да го отплати долгот на човештвото преземајќи го сиот грев на себе така што го дава животот во очајнички маки. Тој на земјата не дојде како Бог туку во улога на човек мора да го претрпи сето она кое ние како грешници треба да го претрпиме.


    Бог е светото тројство Отецот, Синот и Светиот Дух.
    Неговата природа е тродимензионална од тоа што може да се протумачи во Библијата.
    И кога Исус вели Боже прости им, се обраќа на Отецот, најстрашното на крстот не се физичките болки туку кога Отецот духовно го напушта Исус.
     
    На emiliana, sonuvana и Emotional123 им се допаѓа ова.
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Се си е во ред. Ама, роден и создаден не е исто, тоа сакав да го потенцирам.
    Јас го раѓам своето дете кое ги има истите гени, истата суштина како мене. Јас ја создавам вазната или сликата (пример) кои немаат иста природа и суштина со мене, туку се одраз на мојата креативност. Тука е огромната разлика меѓу овие два поима.
    И секако, Господ Исус Христос е "роден од Отецот пред сите векови" , значи не почнува неговото суштествување со овоплотувањето. Туку тогаш ја прима човечката природа, станува човек. Или поточно Богочовек кој во себе ја има и божјата и човечката природа, бидејќи е овоплотен од жена и од "Светиот Дух, Господ Кој живот твори".
    Сакам да кажам дека Троичниот Бог постои отсекогаш како таков, троичен - Бог Отец, Бог Син и Бог Свет Дух, и дека Исус Христос е Второто лице на Света Троица. И како таков предвечно постоел како Бог Син во синергиско единство со Бог Отец и Бог Свет Дух.
     
    На IRBBB, Anah и sonuvana им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Бог праќа дел од себе да се роди во тело на жена.
    Се раѓа Исус Христос, совршен човек, бидејќи во себе го содржи Бога.
    Христос е пример кон какво совршенство треба да тежнее секој човек и дека тоа е можно.
    Пример се светителите. Смртен и грешен човек преку покајание и со помош на Светиот Дух ( третото лице на Бога, кое е утешител и заштитник на луѓето во името на Бога ) може бесмртен да стане.
    Исус Христос е повторно подадена рака на Бога кон својата единствена несовршена креација,човека.
    Поради тоа и неговата главна порака е љубов и простување.
     
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    A по која дефиниција е тоа лошо? Тоа прво да разграничиме.:wasntme:

    Исто и ова реков.

    А за светото тројство рековме и политеизам е и ама и монотеизам ама не и паганскиот, тој е демонски, сатанистички, лажен, неприфатлив и што ли уште не, јер побогу која би била алтернативата. Како викаат кога се сака (за) се се може (да се најде изговор).:D
    Поздрав од Род(со жената и фамилијата) :D
    (Rodnovery) has a theology that is generally monistic, consisting in the vision of a transcendental, supreme God (Rod, "Generator") which begets the universe and lives immanentised as the universe itself (pantheism and panentheism), present in decentralised and autonomous way in all its phenomena, generated by a multiplicity of deities which are independent hypostases, facets, particles or energies of the consciousness and will of the supreme God itself.[2]
    https://en.wikipedia.org/wiki/Slavic_Native_Faith's_theology_and_cosmology
     
    Последна измена: 13 февруари 2023
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Машки
    Според твојот коментар, подеднакво возможно е христијанството да е само уште една интерпретација на истите историски настани.

    Тоа дека Библијата ги раскажува, ги поврзува и објаснува овие настани не држи вода, бидејќи дури во 5 век од н.е. повеќето христијански ограноци се согласуваат од кои книги и по кој редослед ќе се состави библијата, иако канонот е првично направен некои 200 години пред тоа, што пак е прилично долго време по пишувањето на поединечните книги.

    Така да, библијата е само уште една збирка на книги - напишани од различни луѓе, од различни нации, во различни епохи. Збирка на епови и преданија од неколку континенти кои собрани заедно оставаат простор за интерпретација на читателот.
     
    На daylight, INNERBEAUTY и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Односно Јахве Е исто така само еден од многуте пагански(еврејски) богови, пред преминувањето во Јахвевски монотеизам.


     
    Последна измена: 13 февруари 2023
  8. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Време е еднаш засекогаш да ставиме крај на полемиките и нејаснотиите околу тоа зошто бог во стариот завет наредил погубување на хананците и нивните потомци.

    https://endtimebibleprophecyblog.wordpress.com/2015/04/19/satans-attempt-to-corrupt-mans-dna/

    Сатан и неговите пајтоси уште пред потопот а и потоа правеле генетски инжињеринг и хибриди од луѓе и животни. https://en.wikipedia.org/wiki/Nephilim

    Воедно тоа било и главната причина за потоп на целиот свет. А после потопот цела Хамова лоза во Вавилон биле биле изложени на менување на генетиката практика што требало да ја уништи цела божја креација и човековата генетика таква каква што ја создал бог за навек а со тоа да биде и спречен планот на бог да го испрати Исус како спасител на човештвото.

    https://greektraveltellers.com/blog/greek-mythology-monsters

    Сите овие створови и чудовишта опишани во грчката митологија постоеле во предпотопниот свет и биле уништени за време на потопот а некои од нив биле повторно создавани и после потопот ги имало првично во Вавилон а подоцна и кај египјаните и хананците кои биле директна лоза на Хам.

    Ваљда ќе станат некој работи сега јасни зошто бог наредил егзекуција на хананците бидејќи подоцна истите тие хананци кохабитирале со Израелците и станале еден народ а ако се дозволело нивно мешање со Израелците ќе останеше корумпираната генетика и со тоа ќе беше уништен планот на бог за испраќање на Исус како месија за спас на човештвото.
     
    Последна измена: 18 февруари 2023
    На _Schmetterling_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    @Wideperpetual Не, вереме е за вистината, а ова не е вистината.
    Потопот е пред тоа и опишан и во други религии и од други народи. Подоцна е искористен од јудејците(подоцна и римо-католичката црква ) со извртување и (само)прогласување за единствен избран народ на Бог и преносители и диктатори на Божјите правила и закони како изговор на се она што е правено и начинот на кој што е правен (присилно преобраќањето на народите во јудео-христијанство).
    Ова другово нема никаква врска со Бог.
    Повторно изрецитирана јудео-христијанска пропаганда.
     
    Последна измена: 18 февруари 2023
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    У име Бога и периодов (вклучително и велигденските пости) дали има тема околу ова (самоконтролата и духовноста/религијата)? И колку денес луѓето/ верниците имаат навистина самоконтрола(не само за време на овие постови и за храната туку и општо)?

    07-13-18-God-has-not-given-us-a-spirit-of-fear-Square.png
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски

    Сум заборавила да пишам, исправената Венeра, какои Месечината се поврзува со Светиот Дух/Богородица и Исус додека наопачката/извртена е змијата, Лилит/темната Венера/Месечина/Мадона или женскиот аспект на Сатаната односно змијата во градината и окултистичките ствари дал свесно или не се поврзуваат со нејзе(Лилит) иако биле правени ''во име'' на Ашера/Светиот Дух, исто и со окултистичките ствари за''Јахве''.
     
    Последна измена: 27 февруари 2023
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Каква самоконтрола? Елаборирај малку повеќе?

    И некој кој се разбира во православие-може ли малку да ми објасни што значи смирение? Сум го чула ама не сум сигурна дека го разбирам правилно. Благодарам однапред:)
     
  13. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Машки
    И за ваквата теза треба докази, на што се темели.
     
  14. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Машки
    Сум заборавила да пишам, исправената Венeра, какои Месечината се поврзува со Светиот Дух/Богородица и Исус додека наопачката/извртена е змијата, Лилит/темната Венера/Месечина/Мадона или женскиот аспект на Сатаната односно змијата во градината и окултистичките ствари дал свесно или не се поврзуваат со нејзе(Лилит) иако биле правени ''во име'' на Ашера/Светиот Дух, исто и со окултистичките ствари за''Јахве''.[/QUOTE]
    Змијата можеби била машка, не знаеме. Случајно во нашата граматика е женски род, ама не е секаде така.
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Теза.:D Мислам дека фанатичното милениумско лудило што го ширеле и како го ширеле е доволна теза, ама за тоа теба комон сенс, a не секој го има.

    Змијата можеби била машка, не знаеме. Случајно во нашата граматика е женски род, ама не е секаде така.[/QUOTE]

    Се зборам според митологиите на народите(не само јудејската), има и женска и машка верзија, исто како и Бог и Светиот Дух(добро) односно нивна опозиција(зло) логично, како и се во Универзумот.
     
    Последна измена: 28 февруари 2023
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски

    Еве го концептот
    https://en.wikipedia.org/wiki/Sophrosyne
    Се смета/ла за ''првороден грев'' односно оној што отвара врати за нови понатаму, односно нејзино отсуство тоа е.
    Што е логично бидејќи (и во христијанството) е потребна за победување искушенија.
    Шо значи нужна е во/за од духовен аспект поготово, што и го покажува фактот дека нејзината потреба и нужност е спомента во сите религии. Е сеа ме интересираше верници поготово колку ја имаат навистина на дело и отелотворено( не само зборат дека е битна) заедно со вербата во Бог, познавањето на Библијата, меѓу други исто така поребнии врлини (и надвор од овие пости), односно постојано и општо (само-контрола и самодисциплина) не само (но исто така) и за (ис)храна меѓу другото.
    Или само си дискутираат и паметуваат напразно, ја цитираат Библијата и решаваат тези на нет/ меѓу луѓе.
     
    Последна измена: 28 февруари 2023
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Се зборам според митологиите на народите(не само јудејската), има и женска и машка верзија, исто како и Бог и Светиот Дух(добро) односно нивна опозиција(зло) логично, како и се во Универзумот.[/QUOTE]
    Родот е граматички, полот е биолошки, ни едното ни другото немаат врска со духовноста:)
     
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Родот е граматички, полот е биолошки, ни едното ни другото немаат врска со духовноста:)[/QUOTE]


    Oни биле/се прилично јасни дека имале и Богови машки и женски Божици ( однесно женски аспект на Бог, Универзумот и Божјата креацијата).
    Исто како што и и кинезите биле/се јасни со yin-yang концептот.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Yin_and_yang
    Исто како што и Јахве е име за машко име за еврејски машки Бог.
    Исто како што и имал женска божица за жена, односно аспект- Ашера/ Светиот Дух со кого ја ствара својата креација.
    Доказ сме и ние ( дел од таа креација и духовност) направени машки и женски иначе ќе бевме направени само машки евентуално хемафродити изгледа ако немало толку веза. Има зошто не сме. Исто така не мора се да се сфаќа буквално и симболички е, така и било наменето.
    Толку имам желба да елаборирам .:)
     
    Последна измена: 28 февруари 2023
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
     
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски