Форумџика на годината

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Смирение посакува секој христијанин, небитно дали го вербализира тоа или не.
    Кога ќе завапи по Бога со зборовите " Боже,само немој да ме напушташ никогаш " ,во моменти на мала благодет.
    Кога ќе посака да биде барем најмалата и најдалечна ѕвездичка на широкиот Божји небески свод.
    Лично на Литургија најчесто добивам трошка смирение, но знам дека индивидуално е тоа и брзо може да исчезне. Или кога ненадејно ќе усреќам некого со збор или дело, кога ќе бидам сведок на туѓа среќа за која и самата сум допринела барем малку...тогаш благодарам на Господа, бидејќи ми дал шанса да покажам љубов.
    Секако дека со молитва,пост,исповед, причест, со чинење добри дела ,со простување и пред се со љубов полесно се доаѓа да смирение. Убаво е да ги користиме сите тие " алатки ", дадени ни се со причина.
    Но,исто така знам дека Господ умее да го доведе човека до смирение и на многу други начини и не треба да се меша смирението со кроткост,послушност и незлобивост само....сето тоа заедно помешано со животна радост и благодарност и пред се љубов...

    https://svetosavlje.org/smirenoumlje-krotost-smirenje-sozercanje/
     
    На sweet dreams ** и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Ова не сум го слушнала до сега, ми се допаѓа и ми има смисла називот. Ова ако добро разбрав е исто/слично со и гледиште за дармата(добра карма), за правилно и добро делање(заедно со верба и поврзаност со Бог) е уствари внатрешниот мир, радоста и среќата..
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Јас повеќе го разбирам во насока на внатрешен мир (како мир со себе и мир со светот околу тебе)...и нешто со/околу контролирање/надминување на егото, има нешто околу тоа @sonuvana ?
    Сдк не е само самоконтрола, има и нешто повеќе од тоа, или од нештото повеќе од тоа произлегува и самоконтролата, не како одрекување од нешто туку како природно наоѓање баланс. Ова вака повеќе како интуитивно видување, инаку којзнае колку лончиња сум помешала:tmi:
     
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Ја разбрав и јас така, да и така е, но како што спомна она накнадно и со добри дела се здобива. Иако дармата е дополнително и исправни и добри дела и попштено, но слично е.
    Без тоа е слепа верба во Бог, треба и да се отелотвори вер(б)ата и живее. А потоа си има разни компоненти.
    Егото не ја разбрав да го спомнае, тоа е друга ствар и компонента, но резултатот е ист, внатрешен мир,радост, среќа и поблиска конекција со Бог.
    Самоконтролата исто така.
    Укратко вака некако, (уз пат и поопширно за битноста на самоконтролата/ самоисциплина односно да, постигнување модерација и баланс ).

    https://en.wikipedia.org/wiki/Temperance_(virtue)
     
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Преку смирение до внатрешен духовен мир. Не знам може ли со самоконтрола, верувам дека само со помош на Бога можеш да се смириш. Не сум јас пример, па да паметувам тука, се борам како и многумина.

    @INNERBEAUTY

    Ако под дарма подразбираш среќен и исполнет физички живот,без големи страдања, тогаш не е баш исто.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Не, тоа(болд) е поврзано додатно поопшто за кармата.
    Дармата, односно почитување на Дармата( Божјите/космички закони) заедно и со верба во Бог што сама од себе дава смирение,+ и со добри дела, не само ситни мали добри дела, т.е додатно и општо исправни и добри дела и испрано живеење.
    И со тоа (почитување на Дармата) се здобива внатершен мир, радост односно тоа е кармата/заслугата, што го поврзав со смирението.
    Те разбрав, вака и јас го знам, иако називот прв пат го слушам, плус го поврзав ова со Дармата.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Dharma

    Самоконтролата од други причини ја споменав претхдно, не во тој контекст.

    Ова за егото плус го донесе @Biljarkata во дискусија за да биде гозба на велико и да испомешаме се до крај ко што наликува.
    :D
     
    Последна измена: 28 февруари 2023
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Значи синоним за смирение во хиндуизмот е дарма. Добро.
    Туку зошто хиндуизам,кога имаш православие? :D

    А егото....се согласувам за егото :)
     
    На zoran43m.k му/ѝ се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Ова не го сватив баш, ама добро. Инаку а зошто не Хиндуизам?
    Да,тоа подразбира (почитување на) Дармата.
    Затоа што збориме на тема општо за религија и духовност тоа е и темата, поврзав за да видам дали сум сфатила убаво, пошто попознат концепт е овој за Дармата отколку за смирението.
    Ако не нека се преименува темава во се што сакате да знаете за христијнството и да си биде само за христијани на раат, да не се стресираат од надворешни влијанија, па посебна да направиме општо за религија ако е too much trigger за некои.:D
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Па незнам бе Лепото, на мк форум кајшто пишуваме македонски, очекувам барем 70 посто да зборуваат за христијанство, јер автохтоност...и ... Индија е 2000 километри далеку на пример:wasntme:
     
    На baby-star и sonuvana им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    @INNERBEAUTY
    Се шалев малку, не се лути.
    Што не свати? За егото? Мислам дека сите религији говорат за тоа, намалување на егото ,љубов кон другиот....
     
    На BlackNight и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски

    Затоа што името на темата е се што сакате да знаете за религија, да беше што сакате да знаете за Христијанството друга ствар ќе беше, очекувања и претпоставки на страна.
    Само христијани ли има во иста таа Македонија?
    Арелегиски верници имаат ли право на мислење на темава? Поранешни верници/христијани? Атеистите исто? Или треба доказ за исклучиво христијанска припадност пред да се влезе во темава и збори исклучиво и само за една религија/ Христијанство (во 21ви век, ес ин 2023 година, било тоа во доминантно христијанска Македнија, Индија или Африка)?
     
    Последна измена: 28 февруари 2023
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Па каде се другите? Има муслимани, католици сигурно и некои ретки од други религии секако.
    Но,не пишуваат...не се православните криви за тоа.
    Духовноста не е интересна изгледа....ретро приказна,нови времиња....
     
    На BlackNight, daylight и Biljarkata им се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    :D
    А што е религијата/ со што се бави религијата извини и повторно кој е насловот на темава ?
    Значи со други зборови само за христијанството може да збориме и да сме христијани. Не битно верници, духовни, битно христијани .:D Значи се договоривме во Македонија само Јesus е патот, другите с(т)е на погрешен пат
    (и со тоа понастрана од темава)
    , суптилно, ама а и не до толку суптилно, ама ако можете прочијтајте меѓу редови.#хаха #шалење #амаистотакаиозбилно:D
     
    Последна измена: 28 февруари 2023
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Не разбирам што се превозбуди сега. Нема ништо лошо во тоа да позборуваме за добри концепти, од која и да се религија. Еве јас сум арелигиски верник, што и да значи тоа. Можеби сум и зен православец, кој ќе го знае. Стицајем околности, јер сум живеела во доминантно православна средина, сум чула и недоразбрала некои концепти и принципи, па прашувам колку сум недоразбрала. Ништо лично против никого, ваљда има место за сите:).
     
    На daylight, INNERBEAUTY и sonuvana им се допаѓа ова.
  15. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Celo vreme se obiduvas da pravis paraleli koi gi nema, suptilno da ni go doblizis hinduizmot.
     
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Е сега и ти :D...суптилно,несуптилно :D
    Секој си зборува за она во што верува,како поинаку?
    Нема лутење, компаративна е темава, да :)
     
    На Biljarkata и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски

    It's not that deep, држи си се ти до христијанството никој не ти го дира, само помалку со паранојата.
    Паралелите постојат, затоа и си постои гранка компаративната религија, не зборами само за Хиндуизмот, зборам и за (сите)други, зборам општо на темава.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Ti go sfakjas deep i se trigernuvas na sekoe spomnuvanje na hristijanstvoto.
    Ja sum skroz chill, pozz.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Се тригернувам(мада не до толку сепак сме на социјални мрежи) на било каква нетолеранција кон спротивно мислење на било која тема, а дека сме на темава и во држава која е доминантно христијанска тоа рековме, на нетолеранцијата на христијанството кон други религии, што се имам и допрано на темава.
    За христијанството имам и добро мислење и пишувано околку ова, ама секој се гледа она што сака да гледа. Како и да е позз4е назад.:hai:
     
    На sweet dreams ** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ МАРТИНКА И БРОЈАНИЦА

    Црквата само посочува , а на луѓето останува кој како милува тоа нека носи.

    Тоа е суеверие , кога веруваш дека два конци црвен и бел ќе ти донесат среќа, а бројаницата која кога се плете се плете со молитва и таа не се носи за ,,среќа,, туку служи да се молиме со помош на неа.

    Според едно старо предание, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да би ги одбројувал своите молитви, но ѓаволот секогаш му ги одврзувал направените јазли. Еднаш му се јавил ангел Господов и го научил да плете јазли, што се состоеле од по седум исплетени крстови. Таквиот јазол е ден од најсложените во светот. Вака направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете.

    Затоа ,секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.