Колку е битна религијата, учењето дека постои духовен свет во кој се води непрестана борба меѓу доброто и злото , јасно е видливо во денешниот современ свет, поточно во светот на кој припаѓа нашата цивилизација, обезбожена, отуѓена, размазена. Се повеќе интелектуалци, луѓе преполни со знаење и информации, на кои ништо не им е јасно, кои се прашуваат " каде оди овој свет " , кои се згрозуваат од несреќи , војни , нечовечност која владее насекаде... Ако макар и помислиш да објасниш дека сето ова е позната духовна борба , тие што те почитуваат можеби и ќе те сослушаат,гледајќи те бледо , со коментар дека застарени се тие приказни, дека не постои Бог и ѓавол, добро и зло...оние кои не те познаваат ќе те исмејат, мислејќи дека си примитивна и проста....а суштината е дека не им е јасна природата на злото... Заедничко им е што и понатака ќе останат со прашалници,затворени за она што на верницитее им е очигледно, далеку од Бога, се поблиску до договорот кој не треба да го склопат. Изгубеност,апатија,тага....ништо не може да исполни трајно,ако го нама Бога околу. " Човек,колку гордо звучи "....каде се изгуби оваа реченица? Зошто толку лесно се согласуваме со давањето на предност на се што е вештачко? Каде е мисионарењето на Црквата, нејзините водачи и каде се верните?
Дали додека го читаме Акатистот на Пресвета Богородица во домашни услови или било каде надвор од црква треба да стоиме?
Кога го читаме Богородичниот (Благовештенски) акатист, кој што се чита во Великите пости в црква и кога се чита акатистот кон Преслаткиот Иисус Христос треба да се стои. На другите не мора да се стои, без разлика дали се посветени на Пресвета Богородица (некоја Нејзина икона), или на некој светец.
А кои акатисти се препорачуваат да се читаат во домашни услови секојдневно? Јас го имам Псалтирот како апликација од манастирот од Елеуса и таму го има Акатистот кон Пресвета Богородица. Дали тој исклучиво би требало да се чита и слуша во црква и само во период на Велики пости или?
Акатистот кон Пресвета Богородица ( https://preminportal.mk/polezno-i-potrebno/2593-akatist-kon-presveta-bogorodica ) може да се чита секој ден, кога и да сакате и се препорачува додека го читате да стоите. Другите акатисти кон Пресвета Богородица (на пример https://preminportal.com.mk/polezno...bogorodica-pred-ikonata-na-site-tazhni-radost ) или кон некој друг светец може да ги читате и седејќи. Ви препорачувам да го прочитате и овој текст: https://orthodul.wordpress.com/2010/03/20/архим-кипријан-керн-за-акатистите/
@Wideperpetual Дали ти тоа озбилно?! Човече еве ги мразам,ок е? Ќе спиеш вечер мирно сега? Спојлер: .
Не е поентата да ги мразиш, да го мразиш онај што те створил и ти дал живот е исто ко да се мразиш самата себе небитно дали веруваш во хинду бог, будистички бог или христијанскиот бог. Туку да престаниш да го обвинуваш Јудео-Христијанството како единствен извор на дискриминација на жените пошто не е така.
Ама поентата што не ја сфаќаш е дека јас не го мразам Бог/ што ме создал, (тоа ти во твојата глава така си го не/сфаќаш само) верник сум јас.Ниту мислам дека Бог ме мрази и ги мрази жените и е мизогон . Додека религиите и како Бог е претставен во нив се друга ствар. Затоа и сум арелигиски верник со причина. Но видиш, не (ми) мења ништо дали ти ова го сфаќаш или не.
Бог нема апсолутно никаква причина да биде мизогон тоа што има елементи на дискриминација на жената во сите религии е засебно прашање. Дали е Ева што избрала од дрвото за познавање на доброто и злото, дали се тоа некои природни божји закони што не можеме да ги разбереме или некоја трета петта причина не можеме да знаеме во целост веројатно после смртта ќе знаеме точно што како. Не ми е воопшто мило што гледам вака девојки не можатда се пронајдат во религија мислат дека бог ги мрази па одлучуваат да му завртат грб на религијата и да станат атеисти што е жалосно. Затоа се трудам колку можам да ја приближам идејата за бог да дадам некоја друга перспектива но џабе е владари из сенке имаат таква погубна антирелигиска пропаганда напраено страшна работа а цехот што ќе се плати ќе биди гаден. И самата знаеш кога не се почитуваат морални закони што следува потоа. Дали ти е Откровението репер или Kali Yuga или нешто друго nvm не ни се пиши арно во секој случај
О баш фино од твоја страна. Ама не се атеисти они да не ги мислиш, си веруваат они и си имаат љубов за Бог, исто и си почитуваат морални закони небитно дали ти си способен ова да го сфатиш, само не сметаат дека им е потребна религија како на тебе што ти е за тоа. Е така. A владарите од сенка гледам успеале да ти влезат во мозокот и живеат rent-free, ти го просипале нивниот вирус на опсесивен ирационален страв, баш те заразиле. Погледни во својот двор и погрижи се прво тој да е чист, потоа грижи се за другите и ќе биде се во ред.
Лага? 4000 страници напишана Библијата и то сето ова пред повеќе од 2000 години па не биле пишувани во 21век па некој да пишувал романи научна фантастика. Сите тие настани се доста прецизно и конзистентно опишани нема шанса обичен човек во тоа време да имал таква бујна фантазија да напише религиска книга. Во 21ви век.. можеби ама пред 3000 години кога луѓето се бореле за гол опстанок да се занимаваат со пишување на бајки не би рекол. Сите религиски книги се некои сведочења и лични искуства што ги имале луѓето во тој период.
Фантазии не се преточуваат во литературни дела од 21. век, туку милениуми наназад (постои уметност). Печурки се јаделе и во древноста и се пиело винце А ти не се прави до толку, ме разбра убаво што сакав да кажам. Не се во Библијата е измислено, нешто има и реална подлога, затоа Стариот завет е познат како Историја на еврејскиот народ.
Да да точно знам дека Библијата е дел од историјата на евреите но зошто во историски текст би вметнувале некаков бог ако не постоел. Или можда Мојсеј и сите патријарси после него биле шизофреничари па халуцинирале. А Исус? А ведските списи и нивните богови А Буда. По твојава логика сите ликови што зборувале за богови и некакви религии тропале глупости и треба да ги прогласиме за шизофреничари.
Хмм, според "мојата" логика. Јас не одговарам за она што ти го читаш и како го толкуваш, јас сум одговорна само за тоа што го имам напишано. Никој не докажал дали постои Бог или не постои и не може да докаже, нема такво нешто на повидок засега. И од кога тоа дека за некој да пишува книга треба да страда од шизофренија, па и за да измислува? Патем, има многу мотиви зошто да се лаже народот.
Прашањето е зошто би измислувале богови ако не постојат. А уште подобро прашање е зошто би смислувале морални закони еве да речиме боговите ги измислувале а моралните закони од која причина би ги измислувале. Можеле фино онака без да си ја стегаат душата да убиваат луѓе из чистог мира, да вршат прељуба, да блудничарат, да не се венчаваат немале апсолутно никаква потреба да смислуваат некакви морални закони доколку не постоел бог што им ги диктирал истите. Парадокс е да е Бог измислен а да постојат морални закони особено ако веруваш во теорија на еволуција бидејќи човекот многу поинаку би се однесувал доколку еволуирал од човеколики мајмун и е производ на случајни космички и биолошки процеси без постоење на интелигентен дизајн би се однесувал баш онака како животните само по инстинкт не би имал никакво чувство за морал.
Ајдеее... Ги воведувале сите тие ограничувања затоа што сакале да живеат посигурно, незагрозени од други луѓе или од болести. Превенирале во рамки на нивните можности и знаење. Дали ти е појасно сега малку од малку? А животните од кого се создадени "без морал"?
Каква превенција во опстанокот е не врши прељуба, не врши блуд, не пожелувај ништо туѓо, немој да легнуваш маж со маж, немој да имаш секс пред брак не глеам никаква опстаночна потреба да се измислуваат вакви правила баш напротив по теорија на еволуција ние буквално ќе се однесувавме како животните