Некој ова да го објасни... Спојлер БОЛЕСТИ И НЕСРЕЌИ КОИ СЕ ПОСЛЕДИЦА НА КЛЕТВА Многу болести за кои лекарите не наоѓаат причина, може да потекнуваат од клетвите. Што да најдат лекарите тука? Проклетство? Еднаш во ќелијата ми донесоа некој инвалид. He можеше да седне. Неговото тело беше вкочането како дрво. Еден човек го носеше на грб, а другиот го придржуваше одзади. Поставија две дрвени трупчиња, па овој кутриот малку се потпре. Оние што беа co него ми рекоа: - Bo ваква состојба е од својата петнаесетта година; оттогаш поминаа осумнаесет години. - Ho како му се случило тоа? Од туку така? - ги прашав. - Невозможно, тука има нешто. Прашував, барав, од ваму, оттаму и открив дека некој го проколнал. Што се случило? Еднаш одел на училиште co автобус и бил испружен сам на целото седиште. На некоја станица влегле стар свештеник и еден старец и застанале покрај него. Тогаш некој му рекол: „Стани да седнат овие старци". Тој уште повеќе се испружил на седиштето, без да се обеспокојува. Тогаш старецот што стоел му рекол: „Да останеш така испружен и никогаш да не можеш да седнеш”. И проклетството се остварило. Гледаш, момчето било дрско. Мислело: „Зошто да станам кога веќе платив?" Да, но и овој другиот платил, а покрај тоа е и стар, достоен за почит, стои додека ти си детиште, a седиш. - Од тоа е - му реков. - Гледај да се покаеш за да оздравиш. Потребно ти е само покајание. - Кутриот човек, штом ја сфати вината и штом го призна тоа, веднаш се доведе во ред. Колку од тоа што ни се случува денес, произлегува од клетвите, од јадот. И кога исчезнуваат цели семејства или кога умираат многу членови од едно семејство, знајте дека тоа се случува, или поради некоја неправда, или поради магија, или поради клетва. Еден човек имаше син кој многу сакаше да излегува /да шета, да скита/. Еднаш, co лутина му рекол: „Да даде Господ да дојдеш еднаш засекогаш". Момчето таа ноќ, кога се враќал дома, точно пред вратата, го прегазило автомобил. Останал мртов на самото место. Неговите пријатели мртов го внесле во куќата. Подоцна неговиот татко дојде во мојата ќелија. Се расплака. - Детето ми загина пред прагот на куќата - ми рече. Одврти, заврти, а потоа ми кажа: - My реков нешто. - Што си му рекол? - го прашав. - Бев лут што доаѓа доцна, па му реков: „Да даде Господ да дојдеш еднаш засекогаш". Дали, можеби, тоа се случи поради овие зборови? - Па, од каде инаку? - му реков - гледај да се покаеш, да се исповедаш. „Да даде Господ да дојдеш еднаш засекогаш" и детето му го донесле мртво. Што вреди после тоа што таткото се удира, што плаче.. Пренесено од книгата ,,Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец
Нема ништо спорно овде . Господ казнува тоа ти го пишува и во библијата прва Мојсиева кога Ное го проколнува Хам бидејќи му ја открил голотијата и потоа сите негови потомци ја носат клетвата. Клетвите и проклетствата можат да одат до четврто колено ако некој предок многу се огрешил кон некого и живеел грешен живот нанесувајќи им болка и страдање на други и не се покајал за направениот грев клетвата се префрла на следните генерации. Добрата вест е што може да биде исчистена со враќање на луѓето во верата, исповед, причестување, живеење христијански живот... Секаква клетва се поништува со барање прошка и благодет божја. The LORD is slow to anger, abounding in love and forgiving sin and rebellion. Yet he does not leave the guilty unpunished; he punishes the children for the sin of the parents to the third and fourth generation.’
Ќе замолам некој, имав икона на Богородица 10 год , вчера кречевме и денес си ја ставив во ходник како вообичаено, но сега пред пола саат не падна цела икона само како залепен дел имаше на дрвото сликата на Богородица падна и се скрши, утре ќе ја однесам во црква бидејки не се фрла , несакам ни лепена да ја чувам незнам колку е добро, но дали знае некој што би значело ова , или немора да значи, да не им паднала на мајсторите па да била пододлепена ,???? Ве молам за одговор некаков, многу се исплашив
"Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди." Од Светото Писмо Ако ова го сфатите, ќе сфатите и дена нема од што да се плашите.
Затоа што Бог нѐ сака сите подеднакво. Бог не го сака гревот, а не грешникот, оти гревот е дело на лукавиот, човекот на Бога. Тоа што не нѐ убива зошто сме грешни е зашто ни дава шанса да се покаеме за нашите гревови. Оти Бог е милостив, Бог е љубов. Само да не го искушуваме, оти Бог е и правда.
Бидење геј или транс е проблем од духовна природа не случајно до 70ти години беше сметано за ментална болест и најчесто ваквите случаеви доаѓаат од семејства кои живеат атеистички и обезбожен живот. Фамилија што живее во верата, редовно се исповедува, причестува, константно се трудат да живеат богоугоден живот никогаш нема да имаат дете геј или транс ама пошто атеистиве не веруваат во бог не веруваат во вакви работи џабе им објаснуваш. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=610482784512183&id=100066514000421&mibextid=Nif5oz Кој верува верува кој не сака не мора да верува тоа е
Кој не верува, а знае да чита може и да си провери. Дека муабетов може да пројде пред корпорација само https://www.bbc.com/news/newsbeat-49150753
Очигледно не си ме прочитала ниту разбра што ми беше поентата. Тие родители што имаат геј дете а го осудуваат врз база на религијата добро е да се запрашаат како се огрешиле тие или нивните предци пред бог за да имаат дете геј. Бидење на геј или транс е проблем од духовна природа ама пошто не веруваш во бог не очекувам да веруваш ниту во ангели на поднебесата или демони и како можат да делуваат врз човек, да убацуваат мисли и секакви бизарни идеи чак и целосно да запоседнат некого доколку луѓето не ги почитуваат божјите заповеди и вршат неправди и беззаконие. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=610482784512183&id=100066514000421&mibextid=Nif5oz Еве уште еднаш за подсетување
Меѓутоа Бог на сите подеднакво ни дава шанса да се покаеме за нашите гревови и да се вратиме на вистинскиот пат. Не е дека ако некој потекнува од предци шо не живееле духовно, не може да се спаси и тој е неговите потомци се осудени на вечна смрт.
Се раѓаат ама со благодет божја можат и да се излечат https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10219945338683313&id=1217575692&mibextid=Nif5oz
Од нешто што до 70ти години беше сметано за ментална болест а и сите истражувања направени одпосле не докажаа дека постои некакво биолошко, генетско или хормонално пореметување кај лгбт лицата така да сеуште е валидна старата дефиниција дека се работи за ментална болест и можно е да се третира ама наместо тоа некому упорно му одговара да се турка агенда и форсира како нешто нормално https://abcnews.go.com/Health/Sex/story?id=117465&page=1
Штом нема ништо, нема ни болест. Ова го прочитав, ама изгледа ти не си го прочитал. Пишува дека сепак може да не е вистина ова што се труди психијатарот да го објасни, бидејќи многу фактори се во прашање и нема како да се контролира лажењето.
Забавно. Перфектно нормални луѓе се окарактеризираат како болни и conversion therapy била нормална, очекувана. И после религијата проповедала љубов ( на грбот на несреќни лгбт+ луѓе избркани од дома од своите религиозни родители како и криење после некоја conversion терапија за пак да не се отфрлени од општеството и семејството ама дааааа фУнКцИоНиРа ). Хипокриза.
Сакам да зборам со поп за некои невообичаени работи што ми се случиле. Пошто више ми е језа. И мора некој да ми даде објаснување кај е проблемот. Во Соборна последно кога бев не начекав поп за да зборам. Кај да ги барам? Не мора да е Соборна, може и во друга црква. И што да му кажам? Имам невообичаена ситуација, сакам да ви ја кажам?
Можеш да пробаш да го најдеш отец Михаил во црквата св. Јован во Капиштец, чита молитви обично во четврток околу/после 5. Некогаш е тешко да го начекаш зошто има многу луѓе што чекаат за кај него. Можеш да го прашаш со свои зборови, како сакаш откако ќе ти ја прочита молитвата.
Слободно зборувај со било кој поп. Ќе си ја кажиш маката, се што те мачи, исто како на доктор што кажуваме физички болки и симптоми. Не знам кој отец да ти го препорачам во Скопје, ама ќе ти олесни со кој и да зборуваш. Немој да се стегаш и да береш во себе. Јас имам свој духовник и сум зборувала и за љубов и за здравје, и за загуба на милениче, буквално за се. Поповите се добри слушатели и со своите совети даваат добра духовна помош и смиреност