Во Православната Црква исповедаме едно крштение за простување на гревовите. Што значи две крштевања не може да има. Кога ќе се крстиме, без разлика дали сме штотуку родени или на 120 години ни се проштеваат гревовите. Потоа останува светата тајна - исповед, света тајна, која ни е за очистување на гревовите, односно нова бања на крштевањето! Капењето во Јордан на веќе крстени личности може да е за здравје и спасение и напредие. ама нема да ни ги измие гревовите, како што го направила тоа светата тајна крштение.
Зборот текбир што значи и дали се поврзува со радикален ислам или не? Видов најава за протест во петок во град во странство, после молитва во џамија и таму освен изразот Алах Акбар, го имаше и зборот текбир.Тој збор единствено го имам чуено за време на босанската војна и го изговараа радикалните муслимани од арапските земји.
Текбир или арап. Такбиир е име за извикот „Алаху екбер/акбар!„ во превод „Бог е најголем„ (во смисла најголем од сите) кој муслиманите го користат при почеток на редовната молитва (Салат), при искажување на радост, изненаденост но и исплашеност (нешто како „Господ да ни е напомош„). Изразот го користат и христијаните во арапското говорно подрачје. Интересно што самиот израз го нема во Куранот. Еве подетално: https://en.wikipedia.org/wiki/Takbir
Teкбир ме посетува на муџахедините што ги донесе Алија во Босна. Сега во Москва во петок ќе има протест на муслимани, и користат термин Текбир.
За жал верските изрази некои луѓе и групи ги злоуптребуваат. Примери за тоа има во сите светски религии. Иако тој не се противел на нивното присуство, еден од неговите генерали, Стјепан Шибер сметал дека тоа е масло на хрватските тајни служби и хрватскиот претседател Туѓман, со цел да се оправда интервенцијата на Хрватска во БиХ.
Некој да не знае книга во која се толкува Куранот ? Или општо некој водич, сакам да го простудирам Исламот. Исто така би сакала да прашам верници да ми објаснат за Сидр прав? Прочитав во Куранот бил спомнат за "evil eye" и "црна магија" дека помага. Дали се пие? Или како?
За крштевањето мислам дека човек треба да е свесен што прави, зошто го прави тоа, што значи и сам да одлучи. Бебето не е свесно за ништо и кои гревови му се простуваат и како станува христијанин, а кога ќе порасне може да донесе одлука да биде атеист или да прифати некоја друга вера?! Така, крштевањето на бебиња ми е бесмислено.
Тебе ти е бесмислено затоа што не веруваш во првородниот грев, кој единствено се простува преку светата тајна крштение. Бебето може да стане и Путин и Хитлер и Тито и Ленин и Сталин и ќе си одговара за своите гревови, но првородниот грев нема да го носи.
''Прбвородниот грев'' е обкјаснување само за причината што светот е грешен, или нароТски кажано зае*ан if you will. Толку Како не го носи кога живее во истиот тој грешен светсвет во којпостои можност за грешење како и сите и останати(читај нехристијани) , освен ако не си живее во сопствен (измислен) бабл и делузии, индибвидуално, масовно, небитно. Детето ќе си одговара само за своите гревови преку дела, и слободна воља и избор околу тоа дали ќе учествува во гревовите на тој грешен свет, а свеста за тоа ја развива далеку подоцна во животот. Секој може да верува во што сака, и Чарлс Менсон и неговите си имале свои верувања, тоа што веруваале искрено и со секоја клетка во телото не ги прави ни вистинити, ни ок, ни помалку штетни. Don't flatter yourself и дај престанете со овие продавање на магла, продавања на Бог... ако не.
Гревот се простува со покајување, тој првороден грев што секој ги има е платен од Христос, и само ако се прифати Христос како спасител тој грев се брише како и сите понатаму ненамерно направени со покајување. Која е разликата ако се умре со еден (првороденото грев) или со два иле повеќе?! Исходот на крај е ист.
А што е лошо ако се прими крштение како дете? После си го бираш самиот својот пат, ама секако не е никаков проблем ова.
Во некои држави тоа има правни последици, да речеме задолжително плаќање црковен данок но и можност за запишување во одредени образовни установи. Духовно гледано, крштевањето (и сличните ритуали) создава своевиден енергетски белег во душата. По смртта на телото, во подрачјата на бестелесните души (астралот) а кои се наоѓаат вон царството Небесно, врз таа душа тогаш дотичната религиозна група може да полага извесно право, нарушувајќи ја нејзината слобода, освен ако за време на овоземниот живот човекот доброволно не истапил од таквите организации. Тоа e едно од значењето зборовите кои по смисла велат дека она што ќе се врзе на Земјата останува врзано и на небото, она што ќе се разреши на земјата, разрешено е и на небото. Имено сè што постои на земјата, во слична или изменета форма постои и во отадестраното од каде води и потекло.
Право на душата (која патем е спој на два елементи, телото и животниот дух) полага само Бог, кој и ја создал. (И право да ја сочува или уништи согласно начинот на живот и изборот на самата личност.
Здраво, можеби прашањето не е за овде и ако е така, се извинувам. Утре сакам да одам да "кренам" (народски кажано) лепче за здравје, за името (покрај Архангел Гаврил утре е и Преподобна Сара Мисирска, чие име го носам). Прв пат ќе одам и не знам што треба да му кажам на свештеникот, си викам да не ме врати и да ми речи - не креваме на големиов празник за "ситни" празници. Знам дека нема никаква смисла, секој светител и празник си е еднаков со останатите ама што знам, во последно време да ти е страв да одиш и да прашаш за вакви некои работи, одма почнуваат со надмено обраќање и осудување, демек "не ми го троши времето со глупости". Благодарам однапред за одговорот.
Mене не ми е познато тоа што се носи зошто се носи, кое е значењето и каде е пропишано што и како треба да се прави?