Односно Девицата од која е роден Исус Е Светиот Дух. Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот од Небото. Не чуди се што ти реков морате наново да се родите! Исус
Светиот дух не е ниту машко ниту женско оти е дух, не може да има пол. И девицата не е тоа, девицата била жена, како и сите жени, човек, таа била избрана од Бога за раѓање на Синот поради нејзината вера, љубов и предаденост на Бога. Светиот дух е всушност онаа моќ преку која се случуваат чуда, како што е, на пример, создавањето на живот, бестелесно, во дева Марија.
Ама може Отецот Бог да е машко? Никаков проблем нели. Бог е Отец И Мајка. Односно Светото тројство Отец, Мајка и Син За девственото раѓање веќе пишав во постот.
Бог го создал човекот според својот, божјиот лик... Отец, Син и Свет Дух иако се три својства на едно нешто, сите си имаат своја одлика, затоа и се одделни, не е само еден Бог Отец... Во Библијата, од каде што ти е цитатов, си има јасно кој е кој и што е што... Мајката е дева Марија и секако има значајна и своја улога, но не е божество како Бог...
Ам не, нема. Убаво си стoи напишано јасно, кој сака да се прави слеп при очи, слободно, негов проблем. Ова за девственото раѓање исто така веќе пишав во постот.
На арапски (мислам и на арамејски) дух е од женски род, истовремено и Светиот Дух е во женски род... Затоа Арапите често Го нарекуваат и Мајка. Светиот Дух не е моќ, туку е личност-ипостас исто како и Отецот и Синот. Единствено се разликува од Отецот и Синот што исходи. Отецот е првоначален, ниту е роден, ниту исходи. Синот се раѓа од Отецот предвечно. Светиот Дух исходи од Отецот.
Па ако Светиот Дух е женско тогаш да, ништо уау и контроверзно. Исус никаде не споменува (физичко) девствено раѓање, но низ целиот Нов завет (се) збори за (духовно) раѓање преку Светиот Дух. Што е подевствено од Светиот Дух? Сепак збориме за духовност after all. Исто и ова пишала членката Исто како што и ку*вата на Бабилон уствари се однесува на уништување на светоста на Светиот Дух(љубовта) во луѓето, односно вртење на грб на Бог, што резултира и со негова пропаст.
Нормално дека не, но Светиот Дух на надумен начин учествува во зачнувањето на Бог Син. За полот на лицата на Најсветата Троица не можеме да дискутираме, освен за Синот, Кој се воплоти во вистински човек (маж) и беше обрезан на 8. ден. Безумно е да се одредуваат полови на Отецот и Светиот Дух.
Црквата е женскиот принцип кој го бараш , ако веќе правиш аналогии. Во неа пребива Светиот Дух , таа е мајка која ги собира и штити своите деца, им дава сила, ги усмерува и припрема за живот вечен. @INNERBEAUTY
Ам, не. (Треба да) пробива и водена од Светиот Дух, но црквата НЕ е Светиот Дух. Да не мешаме баби со жаби. Настрана што за да пробива женски принцип пред се потребна е жена нели. Кратко и јасно, за оној што не е ослепен од догми и доктрини, ама можам да видам како ова е тешко за разбирање и проголтување на некои.
Црквата НЕ е Светиот Дух, туку тој пребива, не пробива, туку е присутен во неа. Црквата како жив организам на души кои стремат да се соединат со Бога ( со помош на Светиот Дух ) е невестата , а Христос е младоженецот.
Кога ќе ја избришеш вистинската невеста тоа е, ама добро таа дискусија да ја оставиме сега. Ок, се сложуваме за ова останатото(болд) , со додаток само дека Светиот Дух/Бог е во црквата, но црквата НЕ е Светиот Дух/Бог, со додаток само дека Светиот Дух/Бог не е (само) во црквата.
Читајќи духовни поуки, наидов на оваа: (Ќе скратам и ќе ги напишам само оние делови што го доловуваат она што сакам да го кажам) Св. Силуан Атонски: Борете се само против гревот и барајте Го Господ да ви помогне. И ќе ви помогне, бидејќи Он е милостив и ве љуби. И ви пишувам за милоста Господова, што Господ ми даде да ја познаам преку Светиот Дух. И Светиот Дух ме научи да ги љубам луѓето. Ви ја кажувам вистината: Јас не знам ништо добро за себеси. И имам многу гревови, но благодатта на Светиот Дух ги избриша. Знам дека на оние што се борат против гревот, Господ не само што им дава простување, туку и благодат на Светиот Дух, која што ја радува душата и ѝ дава длабок и сладок мир. И кој може да ја разбере Твојата љубов, или да се наслади од неа, ако Самиот Ти не го научиш преку Твојот Свет Дух? Те молам, Господи, прати им ја на Твоите луѓе благодатта на Светиот Дух, за да ја познаат твојата љубов. Стопли ги ожалостените срца на луѓето. Нека Те слават во радост заборавајќи ги земните маки. Има безброј поуки каде се спомнува Светиот Дух. Затоа го напишав поназад ова: Затоа што, се' е преку Светиот Дух. Се' добиваме преку Светиот Дух. Затоа напишав дека е тоа таа моќ, таа врска со Бога. За што бев поправена - не е моќ туку личност. Затоа го имаме и Символот на верата, преку кој си е објаснето ова: Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на сè видливо и невидливо; И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот ,преку Кого сè станало; Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек; И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен; И воскресна во третиот ден,според Писмото; И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот; И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај; И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците; Во едната, света, соборна и апостолска Црква; Исповедувам едно крштение,за простување на гревовите; Го чекам воскресението на мртвите; И животот во идниот век.