Здраво, еве јас да ви кажам што ми се случи вчера. Ги постам Богородичните пости и одам на причесна и попот ми вика (не само на мене ) , земи си нафора и ако немаш благослов од свештеник не те причествувам. Ме интересира дали некаде пишува дека е задолжително исповед пред поп за да земеш причесна. Толку понижено се почуствував , со солзи во очите излегов од црква. Така ли треба едено свештено лице да се однесува со верник. Никогаш, значи никогаш нема да се исповедам на поп. За мене единствен е ГОСПОД , јас попови не почитувам. ТОЧКА. Инаку не ми е прв пост и до сега не сум имала прблем да се причестам.
Многу интересно напишано - попови не почитувам за да се исповедам пред нив, ама за да се причестам тогаш должни се да ме причестат. Како не баре поповите се изгорени да ги слушаат нашите исповеди и гревови. Сестро, за да се причестиме ние треба да се подготвуваме, а како се подготвуваме? Со пост, но и со исповедување и каење за нашите гревови! Исповедта и благословот од свештено лице е неопходна за да се причести некој. Зошто? Затоа што ние секојдневно грешиме. Правиме и големи и мали гревови. Големите гревови се оние гревови кои не` одделуваат од заедницата со Христос - односно причесната. Затоа треба да се исповедаме и свештеникот, кој и самиот е грешен, да одреди дали ние сме за причесна или не. Причесната е оган кој ги гори исповеданите и покајаните гревови, но истовремено ги гори и оние кои тонат во гревови. Затоа не треба да си играме и треба прво да ги осознаваме нашите гревови, а потоа и да се каеме и исповедаме за нив и потоа да се причестуваме.
Го почитувам твоето размислување на темава иако не е исто со моето, не ми одговори дали е некаде запишано како правило дека не можеш да се причестиш ако не си исповедана пред поп ? Нели треба да ти укаже на тоа и да те опомене , а не да те понижи пред полна црква . Инаку да , должен е да ме причести, тоа му е работа, платен е за тоа.Те молам да не дебатираме понатаму , ако знаеш одговори ми на прашањето. Толку.
Попот е должен да ги прости гревовите на тие што се исповедаат или да определи воспитно-поправна мерка, доколку гревовите спречуваат тој/таа што се исповеда да се причести. За секој грев има различен период и различна воспитно-поправна мерка. Попот е тој што ќе просуди дали смее или не смее некој да се причести. Грев е ако озборуваме, но тоа најчесто не не` одделува од причесната. Но, ако нашето озборување предизвика поголеми последици (пример: нарушена е нечија чест поради измислени оговарања, некој е повреден, се предизвикало убиство/самоубиство, се растурил брак) тогаш не смееме да се причестиме. Во секој случај - абортус,убиство, блуд, прељуба, разбојништво, крадење на гробови, одење по бајачи итн, се гревови, кои бараат подолг период на каење и не дозволуваат причесна. Во однос на причесната, попот ќе одговара пред Господ кого се` причестил! Зашто причесната е вистинско тело и вистинска крв Господова. И да треба да ви укажи и не смее да понижува никого, и веројатно попот кажал, дека тие што не се исповедани и немаат дозвола од поп - да не се причестуваат. Доколку се чувствувате понижено, јас Ви се извинувам. Никој не смее да биде понижуван, но ако ви укажале дека неисповеданите не треба да се причестуваат - лошо не ви кажале и не треба да се чувствувате понижено. Исповедајте се неделава, слободно мрсете освен в среда и петок, в сабота не јадете месо и в недела причестете се.
https://crkvaveles.wordpress.com/2020/03/07/prichest-ispoved/ https://pokajanie.mk/2019/11/10/24372/ Исповедта пред Света Причест не е неопходна, ама е пожелна. Во најмала рака и да не си се исповедала, треба да имаш благослов за Причест од духовникот или исповедникот. Не мора да веруваш на поповите, тоа си е лично твоја работа и јас не им верувам на шалтерските работници во администрација, па пак преку нив ги завршувам неопходните работи. За време на исповед свештеникот е посредник меѓу тебе и Бог. Тој ја има власта дадена од Бог за да ги разреши сторените гревови, да не поучи, ако треба да ни даде и епитимија.
Посредник помеѓу Господ и мене нема. Одам во црква молејќи го Господ , барајќи прошка за моите гревови кој свесно и несвесно сум ги сторила. Да споредуваш шалтерски работници и попови е смешно( за мене ) .Велиш -тој ја има власта дадена од Бог - . Како му ја даде Господ него власта ? Или тој сам си одлучи да биде поп, а со тоа се решил да биде пример за безгешен човек? Види, различно размислуваме и тоа е во ред, едноставно некои работи што сум ги видела лично направени од попови (чест за исклучоци )не можам да ги заборавам.Само Господ може да ги разреши сторените гревови , а не попот.
Со добивањето на свештенички чин ја добива власта. Безгрешен е само еден, Бог. Ни јас, ни ти, ни ниеден свештеник не е безгрешен. И сите на ист суд ќе одиме на крај. И не може да нема посредник меѓу тебе и Бог. Кој крштева, кој дава Света Причест, кој венчава? Си слушнала за светите црковни тајни? Сакале или не, не можиш да го изземиш свештеникот.
Сите имаме слободна волја и слобода на верување, кои Бог ни ги дал. Но, ние не можеме нашите верувања да ги наметнуваме на Црквата. Доколку не ни одговара верата на Црквата, ние можеме да си оформиме наша верска организација, која ќе ги исповеда нашите верувања... Доколку сакаме да сме дел од Црквата мораме да сме и` послушни.
Суштината е да се понизиме....не практикуваш исповед, ти поминувало досега и си се залажуваш дека си добар верник, на ТИ со Бога. Услуга ти направил свештеникот, можеби токму Бог му шепнал. Не треба да постојат калкулации кога одиш по патот на Христос....никако да си бесна на Божји слуга. Размисли, немој и овие зборови да те разгневат. Ако и понатаму се држиш до тоа што го пишуваш, тогаш никакво значење нема дали си се причестила или не,бидејќи Бог ти ја видел намерата. Исто како што лично на Бога му ги исповедаш гревовите, така и лично Бог ти дал причесна.
Напротив, никогаш не сум се залажувала дека сум добар верник, ниту сум се чувствувала дека сум на ти со Господ. Понизно му се молам за простување на гревовите. После вчерашниот ден ништо повеќе неможе да ме разгневи, понајмалку твоето размислување. Убав ден ви посакувам.
Сестро, уште еднаш Ве замолувам, да се соберете од незгодата што Ви се случила. Да се исповедате во текот на неделава и в недела да се причестите! Ништо нема да изгубите, освен гревовите, а во замена за таа загуба ќе Го добиете Христос, соединувајќи се со Него!
Попот не погрешил ништо. Подобро е да праша кој има благослов за причест отколку да не праша и да ги причести и оние кои ниту правилно постеле (и со тело и со душа), ниту вистински се покајале, а за исповед и не станува збор. А ги има вакви. Знам дека се чувствуваш лошо, но сите што се причестуваме треба да знаеме како да се подготвиме за причест. Продолжи да се молиш на Бога, моли се и да не бидеш гневна и разочарана, да не те колеба настанот во понатомошни пости и причесни, ова нека биде поука за присоединување, а не за раздвојување.
Ако бараме каде што и како пишува, ќе ја најдеме. Важно е кое е нашиот темел на верување и прифаќање, кое писание.
Колку максимум Акатисти смееме да читаме и измеѓу по колку треба да правиме пауза? Дали се читаат само во петок.?
Kolku drsko i bezobrazno kazano,nema pogolema gordost od ovaa.Ti si plakas i se e pokrieno so ova ,i nepocit sprema covek bil ili ne bil svestenik nevazno,ili pak za nekoj monah sto go posvetil zivotot na crkvata i bog.Vo sekoja oblast ima luge za pocit,i onie koi nesto samo odrabotuvaat da pomine denot.Ne moras ni vo crkva da odis,posti si i moli si se doma ,ako ne pocituvas nikoj.Hramot vo koj sluzat crkovni lica e za site,duri i takvi sto glumat vernici i redovno postat.Vo katolicizmot ima potvrdeni slucai na pedofilija od najvisok rang,pa nikoj ne se osidil da kaze deka ne go pocituva papata i drugite svesteni lica zaradi izolirani slucai na zlo .Kade ima zito ima i truli zrna po nekoe,ama toa ne go pravi zitoto da ne bide hrana.
Порано таквите критичари летале од Црквата, а и главата им летнувала. Читај ги делата на словенечкиот правник Владко Беган, германскиот историчар Карлхајнц Дешнер: Opus Diaboli; Црквата на несветците; Зошто истапив од Црквата? и германскиот поранешен католички теолог Хубертус Минарек Господари и служители на Црквата; Гланцање на Папата и тн. Насловната на книгата на В.Беган: Католичката црква: Рај за педофили и пекол за нивните жртви? Дали папата Франциск го прикривал половото злоставување на деца? Не се тоа изолирани случаи, туку плодови на еден верско-хиерархиски систем кој почива на извитоперување на Христовата порака и трулите коски на своите жртви. линк
Здраво Би сакала да знам Дали мора чисто бели чорапи да се носат за св Василије Острошки или можи да има на нив некоја назнака (буква,бројка,црта) ?