Форумџика на годината

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Слушај го Апостолот утре! Самоубиството може и да не биде грев, туку мачеништво. Пред педесетина години една девојка во Србија се самоубила скокајќи од висока зграда, за да се зачува од силување и да го зачува најголемото богатство на Христијаните - девственоста. Црквата на Србија тоа самоубиство го смета за мачеништво, а не за грев. Слично читаме и во мачеништвото на светата првомаченичка Текла.
    Ама ниеден блуд не е оправдан! Па макар и да е за пари кои би се давале на сиромаси, или не дај Боже на манастири!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Го ислушав и никаде во параболата не се спомна за најстрашниот и најопасниот грев самоубиството
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Брате, за апостолот разговарам, не за Светото Евангелие.

    ‭1 Коринтјаните 6:12-20 MAK2023‬
    [12] Сѐ ми е допуштено! Но не е сѐ полезно. Сѐ ми е допуштено! Но ништо не сакам да завладее над мене. [13] Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог ќе ги уништи и неа и него. Телото, пак, не е за блуд, туку за Господ, а Господ е за телото. [14] А Бог Го воскресна и Господ, и нас ќе нѐ воскресне преку Својата сила. [15] Зар не знаете дека вашите тела се делови од Христос? И така, ќе ги земам ли деловите од Христос за да ги направам делови на блудница? Никако! [16] Или не знаете дека оној што се соединува со блудница, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“ [17] А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него. [18] Бегајте од блудот! Секој друг грев што го прави човекот е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело. [19] Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас и Кој ви е даден од Бога, и дека не си припаѓате само на себе? [20] Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во вашето тело и во вашиот дух, кои се Божји.

    https://bible.com/bible/3814/1co.6.12.MAK2023
     
  4. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    А Апостол нели е Лука?
    Милост сакам , а не жртви, зошто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешните на покајание Матеј 9:13
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Ама на покајание брате, тоа е клучниот збор. А не секојдневно да прајме глупости и после да го лажиме Христос, дека сме се покајале, т.е. сами да се лажиме.
     
  6. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Никој не рече дека секој ден треба да се прават глупости и да лажеме
     
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Не треба никогаш да правиме глупости, посебно не блуд. Зашто блудот е најгнасен грев!
     
  8. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Освен за самоубиството за другите гревови има можност за покајание како во параболата вчера прочитана за Блудниот Син
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    12.955
    Пол:
    Женски
    @Mic18 самоубиството никаде не се осудува како чин во Библијата.
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Ама кој вели дека гревовите не можат да се простат? Никој! Но, да се греши со помисла дека Господ е милостив и ќе прости е тоа е грев и хула на Духот Свети.
    Голем грев исто така е и да не се вклучува мозокот, односно талантот што Бог ни го дал и да стануваме нечии робови, да создаваме идоли и да бидеме папагали кои ќе прераскажуваат само тоа што други (овде не мислам на тоа што ни го кажува Господ во Свештените Писанија) ни го кажуваат.
    Во времето на создавањето на Светото Писмо, самоубиството и не било баш толку популарно. Не се сеќавам дали некој друг се има самоубиено во истото, но најголемиот грешник, оној, кој Христа Го продаде, проклетиот Јуда се самоуби. Во секој случај не треба да го следиме неговиот гнасен чин. Но, некогаш човекот е многу слаб и може да направи глупост самоубивајќи се. Не секогаш на тоа се гледа како неопростив грев. Знам за едно момче, кое се самозапали. После се испостави, дека татко му полово го злоставувал... И како за таков страдалник да речеме, дека направил неопростив грев?

    Еве го и примерот со Милица Костиќ, која се самоубила, но чие самоубиство е всушност мачеништво.
    https://milicakostic.rs/живот-и-страдање-милице-костић.html
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    За Нафората!
    од книгата Црковен живот за почетници .

    Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата тајна Причест.
    Нафората треба да се зема со побожност,крстообразно ставајки ја горната дланка преку долната и целивајки ја раката на свештеникот,кој ни го дава овој дар.Според правилата на Црквата,нафората треба да се изеде во Црквата,на гладен стомак и со побожност,бидејки тоа е свет леб,леб од Божјиот жртвеник,дел од приносот на Христовиот олтар,од кого тој добива небесно осветување.
    Честичките од нафората,кои се добиваат во Црквата,верниците можат да ги чуваат со побожност,како духовен лек од болести и немоќ.Нафората,соблагослов на свештеникот/духовник,може во одредени прилики,заедно со света вода,да се користи во посебни случаи на болест и секогаш со зборовите„ХРИСТОС ВОСКРЕСНА“!
    Нафората се чува во аголот покрај светите икони.Расипаната нафора не треба да се фрла во ѓубре или во веце шојла,туку треба да се запали во оган,или,ако нема можност,со побожна почит да се закопа во земја,каде што не се гази.
     
    На IRBBB, KittyAgnes, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
  13. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Еден ден секој ќе си одговара за себе има кој да суде не сум јас тој што треба да суде кој што треба да носе и што да праве
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Ако не сакаш да судиш братче, повеќе да не споделуваш вакви текстови! ;) Или ако веќе ги објавуваш, да си стоиш на ставот до крај.

     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Тоа е став на црквата а кое исто јас го подржувам, а тоа кој шо праве тоа не ме интересира
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Став на Црквата се носи:
    1. Став на целата Црква - Една, Света и Соборна (Вселенска) се носи на Вселенски Собор, или е став кој е извлечен директно од Свештените Писанија.
    2. Став на помесната Црква, пример Македонската го носи Светиот Архиерејски Синод и истиот важи само на територијата на таа помесна Црква.
    3. Став на локалната Црква - епархијата, пример Струмичката го носи епископот, со или без советување со епархискиот управен одбор/намесниците/свештениците и важи исклучиво на територијата на таа епархија и нигде на друго место.
    Ставот за мартинките е од третата точка, и верниците на таа епархија треба да си го почитуваат. Но, не смеат да го наметнуваат на другите епархии, уште помалку да го нарекуваат став на целата Црква. Тоа би било ко на пример некои од Преспанско-пелагониската епархија да појдат во Струмица и да им викаат на тие што се венчаваат/крштеваат по манастирите или се исповедаат кај калуѓерите, дека се еретици, безбожници, отстапници од Православната вера и слично.
     
  17. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Ајде бе не сум знаел
     
  18. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Простете ако прашањето не е за овде ама ме интересира дали има некој од Преспанско - пелагониска епархија (конкретно од Битола) да знае во колку часот и во која црква во петок почнува Акатистот кон Пресвета Богородица? Благодарам однапред на одговорот. :)
     
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Вечерните богослужби ќе почнуваат од 17ч во црквата Пресвета Богородица.
     
    На Босилче му/ѝ се допаѓа ова.
  20. _adi_5

    _adi_5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Se izvinuvam dali moze da mi kazete sto da napravam so ikonata? Ne e osvetena od prodavnica e kupena mi padna i se iskrsi. Dali da js frlam ili sto da napravam?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.