Здраво вчера прочитав на форумов и ме мачи,дали е вистина дека поповите пред да се запопат кога имаат однос си ги врзуваат тестисите. Дали некој знае да потврди дали навистина е така?
Prv pat u zivot veruvam u kolnenje i takvi raboti. Na blizok ne prestannuvaat losi raboti da mu se desavaat i bolesti. Kazete mi sho care da barame. Sakam da odime vo Kapistec kaj toj popot sto peel maici, i da zememe temjan, i stanot da se osveti. kako moze da go najdam popot? Drugo so da napraime? Znaete deka po bajaci toa ne sum. Ubedena sum deka nekoj misli loso. Samo ne znaeme koj i zoso.
Ќе ви препорачам еден манастир,јас лично сум била таму лани кога имав ппд во Радовиш с.Дедино (Св. Петка ) . Не е ни баење ни гатање ,далеку од такви работи .Манастирче мало и таму ќе ви каже домаќинот што е на манстирот што и како да правите и да носите во манастирот. Мене многу мир и спокој ми надојде откако почнав да го посетувам манастирот и да си палам свеќи за здравје на сите нас . Исто и ќерка ми кога беше многу болна отидовме таму од кога не пуштија од болница и преспиевме една ноќ , ќе си однесеш иконка, што милуваш ,нема цена .Божја работа .Во лп ако сакаш ке ти испратам и број и локација ,човекот е предобар и ќе ве пречека многу убаво!
Дали навистина можеш да го замислиш Господ како некој што чека и гледа кој кого ќе проколне и си вели: Аха, ете Трпана го проколна Петре, идам сега да го нападнам Петре со невољи и болести. Аха ете и Петре ја проколна Трпана за најмилото, чек да видам сега што и е најмило на Трпана па да и го земам тоа. Тешко нас ако Бог се водеше по клетвите и омразата на луѓето. До сега еден немаше да остане.
Велам дека воопшто да не се замарате дали некој ве колнел. Бог не се води по колначите. Наше е да гледаме да не правиме никому зло, а ако сме направиле, да се покаеме и поправиме. Ако некој те колне, ти моли се за таа личност. Никој не колне од што му е добро во душата. Луѓето колнат бидејќи се преполни со гнев, лутина, омраза. Тие луѓе страдаат и тоа многу. А тоа што во некои периоди од животот ќе не заредат одредени страдања и неубави работи, тоа нема врска со нечие колнење. Животот е таков: непредвидлив, околностите не се секогаш фер, болестите не бираат добар или лош човек, проколнат или непроколнат итн. Сепак, сегашниве страдања не се ништо во споредба со вечниот живот со Бог што еден ден ќе го имаат оние кои го наследуваат тој живот.
Болестите и невојлите се искушенија од гревот. Според Светото Писмо постојат два вида искушенија: едните, ни го условуваат она што ни е пријатно и мило, а другите ни предизвикуваат непријатности и болести. Првите се волни, а вторите принудни. Од нив (едните и другите) се раѓа гревот, а нам ни е заповедано да се молиме според Господовата заповед, која не учи да велиме: "и не воведувај не во искушение" (Оче Наш) , и не советува: "Бдејте и молете се за да не паднете во искушението"... За оние што се силно заковани од клинците на гревот, спасоносни се зборовите на големиот апостол Јаков, кој повикува: "Радувајте се, браќа мои, кога ќе ве нападнат разни искушенија, знаејќи дека се искушува вашата вера заради трпението; а трпението ќе ве направи совршени“. И едните и другите искушенија лукавиот со зли мисли ги набљудува; во првите (волните) го лови човекот преку привлечноста и возбудата на телесните страсти, соблазнувајќи ја душата да отстапи од богољубивата настроеност; а вторите (принудните) ги користи за да предизвика помисли на бунт и хула против Творецот во душата на човекот, притиснат преку неволјата и бедата. Познавајќи го лукавството на нечестивиот, ние треба да се молиме (кога се работи за волните искушенија) да не отпаднеме од богољубивото расположение; а кога Бог ќе дозволи да нe нападне несаканото (принудно) искушение, треба храбро да трпиме и (иако сме во неволја) да Му се молиме на Создателот. Никој од нас нека не се соблазнува од понудите на лукавиот што прелестуваат, и на тој начин да се спасиме од вечните маки во идниот живот и да бидеме причесници на неискажливите добра, кои сега делумно ги гледаме во нашиот Господ Христос, Кој се слави со Отецот и Пресветиот Дух. "Невојлите го прават човекот човек, а раскошот создава чудовишта“. - Виктор Иго @Feminka22 Како православна христијанка и православни христијани имаме право да побараме прошка од Бог за нашите гревови и да не не остава без заштита чувајќи не од искушенијата (болестите и невојлите) на ѓаволот, штитејќи не со неговата победоносна десница. Слободно одете кај некој отец да му испее и да се помоли за него, а ако човекот нее во можност да оди, отецот може да дојде во домот и дома да му испее, па и да се освети домот итн. Има и акатисти, побарајте во некоја црква/манастир и нека ви објаснат како да се читаат и како да се моли тој што е во тешка ситуација. За секоја невојла има посебен акатист. А ова што не го сфаќаш, е поради тоа што нее од православен аспект напишано, туку нововерски и не обврнувај внимание. Бајачи и гатачи никако, само молитва кон Бог ќе реши се, треба да се има цврста вера.
Сфаќам. Јас лично не верувам дека некој може да е толку отиден. Ама некои работи ме наведуваат да мислам на тоа. Се молам секоја вечер, одам во црква палам свеќи. И само полошо се дешава. Затоа сакам помош од поп, да освети нешто, да попее маица било што. Како Господ никој не е. Верувам дека може да помогне
Друг пат кога ќе цитираш туѓ текст, фер е да го наведеш и изворот. Ова си го копирал од тука: http://jileylover.mpc.org.mk/svetootecko-predanie.asp?id=5658 А и во правилата на форумов пишува: 2. Општи правила за дискусија 9. Ако во рамките на вашето мислење сакате да вметнете туѓ текст, посочете го и изворот.
Ова нее извор. Пишаното мое и пишаното на страницата (линкот мпц) и двете се пишани од книга и на страницава е пишувано од книга. Авторски права е книгата. Од кај знајш дека сум го копирал? Можи рачно го пишував и јас и читав од книга како и тие?.
Не значи дека клетви или лоша енергија од некое трето лице е во прашање. Но, секако, добро е да појдете во некој манастир, мислам дека секаде би ви помогнале и посоветувале, знаат тие како.
@Feminka22 Бог е посилен од секакво (човечко) зло. Човечката гордост, заедно со зависта, гневот, похотата, ненаситност и алчност, и (духовнaта) мрзеливост,се смртните гревови и зло. Зошто ја уништуваат душата. Можно е да делува ако се прикачила негативна енергија и стрес/ови од негативни(гореспомнати) луѓе, да удри по психа, односно психичко здравје, потоа и физичко, и во останатите сфери во животот. Едино така може да делува. Битно е оттргање од ова погоре. И такви мисли. И најбитното, пронаоѓање (потоа и задржување) на личен мир. И отелотворување и живеење на истиот тој мир. Односно, психата да е на место. Ниикој и ништо не може ништо без ова, и без твоја дозвола. И секако понастрана од, и игнорирање на такви луѓе. Со таква негативност можат да си послужат само за својата дополнителна духовна/ пропаст и ништо друго. Тоа е тој бесцелен вечен танц на ваљање на свињите во калта и бездната, од кој како христијани треба да се оттргаме. А и целата сврха и филозофија на христијанството.
Мене не ми е јасно зошто човек со психички проблеми, дирек кај бајачка го праќаат. Ма која црква, кој манастир. Дирек бајачка, шо откако му забаила, некој се оженил и мн мн работи. Па психолог и психијатар, срамота било. Џабе терапии и сесии.
Не можев да најдам тема во врска со давање колак за здравје на манастирот.Ќерка ми лани на 28ми Август Голема Богородица (баш на нејзиниот именден) заврши во болница и на време и го спасија животот. Си таксав дека секоја година на 28ми август ќе си давам колак да се освети па да си го раздадам за здравје на ќерка ...Па ме интересира се во врска со тоа? Што и како треба да направам ?
Си месиш погача (нормално, ако е во посен ден посна), земаш црвено вино, пишуваш список со живи и одиш в црква. Ќе си најавиш кај клисарите дека носиш колак за здравје, ќе го испее попот, ќе го разделиш и сите среќни и весели.
Какви глупости! Кај ги читате? Според Црковното право, оној кој има вонбрачни полови односи не може и не смее да биде поп!