Форумџика на годината

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    :l:
    17:00
     
    Последна измена: 29 август 2024
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Хмм некому засметало видеото, ај нека ги спои модератор или како год.
     
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.679
    Допаѓања:
    11.165
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Дали белите маици откако ќе се осветат во Острошки Манастир, нели се носат, е сега дали потоа се перат?
     
  4. december

    december Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Моја другарка ќе оди Острог,што да и пуштам да однеси од мене за здравје?
     
  5. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    229
    Пол:
    Женски
    Што се прави со старата бројаница?
    Сакам да земам нова оваа скоро година ја носам.
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Се перат.
    Масло, шеќер, чорапи, крпа...
    Закопај ја или запали ја.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Здраво. За неколку дена е празникот на Св. Нектариј Егински. Сакам да кренам лепче за тој ден, како благодарност бидејќи Светецот ми има многу помогнато. Прашањето ми е дали ќе сака свештеникот да ми крени лепче за “непознат и помал” празник? Да не ме вратат? И во колку часот треба да појдам? На 21ви вечерта или на денот, на 22ри?
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Свети Нектариј Егински не е непознат светец. :) Ќе Ви крени свештеникот без проблем, само напоменеме му за кого е лепчето.
    Кога сакате и можете тогаш кренете го. Сеедно е.
     
    На Босилче му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bal4

    Bal4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Здраво. Имам едно прашање ама не знам дали е за тука. Се извинувам ако сум надвор од темата.
    Имено, имам една икона дома, осветена ми е ама самото дрво на која што е изработена не ме бендисува, воопшто не е заштитено и е грубо на допир, 4те страни не се мазни и не можам убаво да ја пребришувам, запнува крпата на него. Прашањето ми е дали смеам воопшто да ја преправам сама дома (склет ми е дека е осветена, затоа прашувам дали смеам) и ако смеам што да направам за да не е повеќе таква?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Смееш. Земи пробај со брусна хартија и потоа со боја. Само внимателно.
     
    На Bal4 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bal4

    Bal4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на одговорот. :)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    Денес 25/11/2024 г. се упокои во Господа митрополит Тимотеј Дебарско-кичевски.
    Вечнаја памјат! FB_IMG_1732555622976.jpg
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.938
    Допаѓања:
    15.925
    Пол:
    Женски
    Добро зошо толку строгост не разбирам?

    БРАЧНИТЕ ОДНОСИ ВО ПОСНИТЕ И ПРАЗНИЧНИТЕ ДЕНОВИ

    „Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување.“

    (1.Кор. 7, 5)

    Тука изнесуваме избор од Отечките текстови, утврдувајќи го вековното учење на Црквата, за тоа дека постот кој Црквата го пропишала се однесува и на телесните односи на сопружниците. Секако дека снисходењето и по тоа прашање се остава на разгледување на духовникот во секој поединечен случај, како што тоа инаку e случај и во врска со постот.

    Преподобен Серафим Саровски:

    Еве какви совети тој му давал на еден млад човек кој стапувал во брак: „... и уште чувајте ја чистотата, чувајте се во среда и петок, во празничните и неделни денови. Поради занемарувањето на чистотата, занемарувањето во среда и петок, на сопружниците ѝм се раѓаат мртви деца, а за занемарувањето во празник или во неделни денови, жените умираат на породување“.

    Тоа истото го пишувал во едно писмо и Св. старец Амвросиј Оптински:

    „Болеста на вашата сопруга, можно е да произлегува по ваша вина: или не сте ги почитувале празниците во сопружничките односи, или не сте ја сочувале сопружничката верност, за што сте и казнети со болести на жената“.

    Преподобен Ефрем Сирин:

    „Не се забранувајте еден на друг, освен привремено по договор“, заради исполнување на религиозните обврски, во времето на постови и молитви. Значи, во празничните денови воздржувајте се да не ве искуша сатаната“.

    Блаженопочинатиот владика Стефан Жички:

    Сопружниците треба строго да се придржуваат кон обичаите и заповедите на Црквата во меѓусебните односи, чувајќи се себеси во чистота во празниците и неделите, во посните денови(среда и петок) имајќи ги на ум зборовите на преподобниот Серафим и старец Амвросиј дека доколку ги прекршат тие заповеди на Црквата, ќе бидат изложени на болести, особено жените и децата.

    Манастир Хиландар:

    Сопружниците се должни и пред разрешувањето на нивната неплодност, строго да внимаваат и да ги чуваат црковните правила, востановени за сопружниците, имено: сопружничките постели треба да бидат одвоени една од друга во ноќта наспроти празничните и неделни денови, наспроти среда и петок, за време на сите четири пости кои ги востановила Црквата, а особено за време на Големата Четириесетница, т.е. Големиот Пост. Останатото време можат во невиност и во страв Божји да го исползуваат сопружничкиот живот. Зашто Господ на човекот му дал жена како помош за заеднички живот и ги благословил и ѝм рекол: „Растете и множете се“, но не заради неумереното сладострастие, кое не знае ниту за време, ниту за мерка во својата невоздржливост.
    /SPOILER]
     
  14. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Пробај да ја прочиташ цела Библија и (се надевам) ќе разбереш.
     
    На eliesaab, Authentic, mickey18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. studygirl

    studygirl Нов член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Како можам правилно да ја следам верата? Се уште ја немам прочитано Библијата, но сакам и Стар и Нов Завет.
     
  16. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Мој совет почни од Новиот од Јован.

    Ако ти треба повеќе совети можеш во лп да ми пишеш, не знам многу, ама ќе ти кажам сѐ што знам.
     
    На studygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    61
    Ме интересира дали вртењето паричка пред денот на празникот е погрешно?
    Ние традиционално вртиме на Василица, друштвото инсистира тоа да го направиме 2 дена порано... според мене не е во ред, затоа сакам да чујам мислење?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Вртењето на паре за Василица или за Бадник е црковно-народен обичај. Што значи не е задолжителен. За нас е задолжително (колку што ни се можностите) на пример да одиме в црква во недела, да постиме, да се молиме итн. Но, не е задолжително да на некој ден вртиме паричка и од тоа да правиме чудо. Треба да си ги почитуваме обичаите, да се радуваме за нив и за празниците, но да не ги воздигнуваме повеќе од одењето в црква или постот или молитвата.
    Така што, дали и кога ќе вртите паре ниту е нешто задолжително, ниту е нешто неопходно, ниту мора да биде во точно определен ден или час. Така што со другарите и пријателите вртете кога сакате, дома потрудете се да си го завртите парето на Василица.
    Да ги тераме сите обичаи Божикно - Водички, но нашите срца да бидат издигнати во Витлеемската пештера, на Јордан, да Го славиме Оној поради кого се воспоставени и празниците и обичаите, а не од обичаите да заборавиме на Христа.
    Потрудете се барем и Вие и Вашите пријатели во овој период да појдете на барем една служба, на една литургија, а парето вртете го кога и да сакате.
     
    На Biljarkata, Elenpelen, SkBoy20 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Машки
    А зошто западна Македонија вртат паричка за Василица, а источна и Скопје - за Бадник?
    Како е поправилно? К
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека сепак е најдобро кој како милува,и каква традиција си има од семејството. Ако си правите за Бадник,продолжете така. На пример сестра ми и зетот си прават и за Бадник и за Василица. Мислам дека е најважно од се е да сме луѓе,да го почитуваме празникот со добра мисла и дела, да појдеме до црква,кога можеме да постиме, да се исповедаме,молиме. :) Барем ова е мое мислење,мислам дека нема правилно или неправилно ,кој како правел,така нека си прави и понатаму. Да сте здрави и живи и среќни празници :)
     
    На GirlLove, Orthophill и eliesaab им се допаѓа ова.